Порака со сочувство за трагедијата во Кочани, испратил вселенскиот патријарх Вартоломеј до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и до митрополитот Брегалнички Иларион, јави дописничката на МИА од Атина.
24 Вести - Спортманија - Рацин - Канал5 - Канал5 - Слободен Печат
Со огромна тага изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата, роднините и пријателите на починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Нема зборови што може да ја искажат тагата во вакви моменти.
Вечерва, на плоштадот „Скендербег“, положивме цвеќе во чест на изгубените животи во трагедијата во Кочани. Заедно ја споделуваме болката и се солидаризираме едни со други. Вечерва зборуваме на различни јазици, но исто тагуваме и жалиме за нашите ...
Министерството за економија и труд изразува целосна подготвеност за соработка со надлежните органи во процесот на истражување и расветлување на трагедијата која се случи во Кочани, објави вечерва Владата на Република Северна Македонија.
По повод трагедијата во Северна Македонија, во која загинаа 59 лица, а над 150 се повредени, понеделник, 17 март, во Црна Гора е прогласен за Ден на жалост. „Со голема тага ја примивме веста за трагичниот настан во Кочани, Северна Македонија.
+инфо - Локално - Нова Македонија - Слободен Печат - Либертас - Вечер Прес
Сите денешни натпревари во Суперлигата и Првата лига на Србија ќе започнат со едноминутно молчење за настраданите во пожарот во Македонија, објавено е на официјалната интернет-страница на Сојузот на фудбалски клубови од Суперлигата и Првата лига на ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со сите свои капацитети стои на располагање за секоја неопходна поддршка и помош, во координација со надлежните институции, потенцира министерот Муцунски. Тежок и тажен ден за државата.
Нова Македонија - Сител - Канал5 - 360 степени - Centar
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, нема зборови за утеха по пожарот во Кочани во кој загинаа 59 лица, а околу 140 се повредени. Тој по посетата на пациентите сместени во Клиниката за хируршки болести „Св.
Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје апелира до сите медиуми да се воздржуваат од сензационалистички начин на информирање за пожарот во дискотеката во Кочани каде загинаа 59 лица, а 155 се повредени.
Министерството за социјална политика, во соработка со Меѓуопштинските центри за социјална работа во Кочани и Штип, ставија на располагање стручни тимови за кризна интервенција, помош и психолошка поддршка на семејствата на загинатите и повредените.
Европската Унија доби барање од Северна Македонија за помош во справување со последиците од пожарот во ноќниот клуб во Кочани, потврди за МИА портпарол на Европската комисија. Повеќе детали за формата на помошта портпаролот најави за во текот на ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изрази жалење за трагичната загуба на животи во пожарот во Кочани. – Моето најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и сите погодени.
Со оглед на сериозноста и сензитивноста на случајот, апелираме до сите новинари и медиуми доследно да ги почитуваат етичките принципи од Кодексот на новинарите и другите професионални стандарди, притоа внимавајќи на почитување на личната болка на ...
Еврокомесарката за проширување Марта Кос изрази „длабока тага“ поради трагедијата во Кочани и упати сочувство за жртвите. – Длабоко натажени од трагичниот пожар во Кочани, Северна Македонија, кој однесе животи на премногу млади луѓе, наведе Кос во ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува длабоко жалење во врска со трагедијата во дискотека во Кочани. Бидејќи станува збор за трагедија од големи размери во која има и човечки жртви, Агенцијата ги повикува медиумите да бидат ...
Агелер на премиерот Мицкоски му понуди помош Амбасадорката на САД Ангела Агелер изрази сочувство на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а на премиерот Мицкоски му понуди помош.
24 Вести - 4NEWS - Канал5 - Слободен Печат - Нова Македонија - Либертас
Фото: Скриншот од X Амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер , утрово на социјалните мрежи објави длабоко сочувство за настраданите во трагедијата во Кочани и понуди помош и целосните ресурси на Амбасадата на САД во Скопје.
Новинарите треба да се водат од принципите на одговорно и хумано новинарство, имајќи предвид дека нивните извештаи директно влијаат на јавното мислење и психолошката состојба на граѓаните Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за ...
Првиот вицепремиер, Изет Меџити, присуствуваше на комеморацијата организирана на плоштадот Скендербег, каде што беше положено цвеќе во чест на жртвите од тешката трагедија во Кочани. „Вечерва, на плоштадот „Скендербег“, положивме цвеќе во чест на ...