Стартува реконструкција на спортската сала „Расадник“, која долги години досега беше под клуч, а некогашниот нејзин сјај беше прекриен со отпад, руинирана инфраструктура. Надлежните очекуваат некогашниот дом, каде кариерата ја почнале еминентни ...
Денеска почна реконструкцијата на спортската сала „Расадник“ во скопска Кисела Вода. Реконструкцијата ќе чини околу два милиона евра, а парите се обезбедени од Министерството за спорт. Градежните работи ќе траат 15 месеци.
Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска го означија почетокот на реконструкцијата на спортската сала „Расадник“.
„Голем поздрав до почитуваните претставници на медиумите, до граѓаните, до гостите коишто се заедно со нас денеска на овој би рекол за нас посебен момент, бидејќи сепак нешто коешто со децении е оставено да пропаѓа со времето сега започнува да се ...