TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Меланија Трамп ги коментираше протестите во САД

МКД - 29.05.2020

Меланија Трамп повика на мирни протести во Минеаполис. Првата дама на Соединетите Американски Држави на Твитер испрати порака и со тоа за прв пат ги коментираше протестите кои се разгореа низ целата земја поради смртта на црнецот Џорџ Флојд при ...

Починатиот црнец и полицаецот уапсен поради неговото убиство работеле во ист ноќен клуб

Макфакс - 29.05.2020

Џорџ Флојд, Афроамериканецот чија смрт во поднеделникот предизвика насилни протести низ САД, и Дерек Чавин, полицаецот уапсен за неговото убиство, работеле во ист ноќен клуб во близина на Минеаполис.

Убиениот Афроамериканец и полицаецот кој го убил, работеле во ист ноќен клуб (ВИДЕО)

Канал5 - 29.05.2020

Афроамериканецот Џорџ Флојд , чија смрт поттикна насилни протести низ САД и Дерек Човин, полицаецот уапсен за убиството на Флојд, работеле во ист ноќен клуб во близина на Минеаполис. Ова за американските медиуми го потврди поранешниот сопственик на ...

Меланија за прв пат ги коментираше протестите во Америка

Макфакс - 29.05.2020

Првата дама на САД, Меланија Трамп преку социјалните мрежи повика на мирни протести во Минеаполис. Таа објавата ја сподели на „Твитер“, а со неа по прв пат ги коментираше протестите што избувнаа низ целата земја, разгорени од насилната смрт на ...

Уапсен полицаецот кој го уби Флојд

Press24 - 29.05.2020

Уапсен е полицаецот кој му го притискаше вратот и го уби Џорџ Флојд. Полицаецот Дерек Чаувин е приведен во Минесота. Обвинет е за убиство од трет степен и убиство со предумисла, потврди обвинителот Мајк Фримен.

НБА ѕвездата Стивен Џексон зборуваше на митингот во Минеаполис (видео)

TopSport - 29.05.2020

Поранешниот НБА кошаркар Стивен Џексон беше еден од говорниците на протестот во петокот попладне во Минеаполис во чест на неговиот пријател, Џорџ Флојд, Афроамериканецот кој почина откако беше уапсен и полицаецот го задуши со неговото колено.

Полицаецот што клечеше врз црнец е обвинет за убиство

МКД - 29.05.2020

Поранешниот полицаец во Минеаполис, кој беше снимен како со колено го гмечи вратот на Афроамериканецот Џорџ Флојд, е обвинет за убиство од трет степен и за убиство без умисла, им соопшти попладнево на новинарите обвинителот на областа Хенепин, Мајк ...

Уапсен е еден од четворицата полицајци , кои го апсеа Афроамериканецот во Минеаполис (ВИДЕО)

Канал5 - 29.05.2020

Еден од четворицата полицајци инволвирани во апсењето на Џорџ Флојд, кој го загуби животот , е уапасен. Дерек Чавин е уапсен денеска во Минесота, објави „Стар трибјун“, најголемиот весник на Минесота. Сè уште нема информации за што се товари.

Танц на синот на Мадона во чест на Џорџ Флојд: Кралицата на поп музиката испрати силна порака преку снимката

Локално - 29.05.2020

Кралицата на поп музиката Мадона (61) објави видео на Твитер во кое нејзиниот син Дејвид Банда (14) игра на песната од Мајкл Џексон „They Don’t Care About Us“ во чест на починатиот Џорџ Флојд, но нивните добри намери не беа добро прифатени од страна ...

(Видео) Уапсен полицаец поради насилната смрт на Џорџ Флојд во Минеаполис

Макфакс - 29.05.2020

Еден од четворицата полицајци инволвирани во апсењето на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина во Минеаполис кратко време потоа, е уапсен. Дерек Чавин бил уапсен денеска во Минесота, објави „Стар трибјун“, најголемиот весник во оваа сојузна ...

Уапсен полицаецот вклучен во задржувањето на починатиот Џорџ Флојд

Либертас - 29.05.2020

Полицаецот кој со колена го приклешти Афроамериканецот Џорџ Флојд, легнат и во лисици, по што задржаниот почина на место, е уапсен, јави денеска Си-ен-ен. Апсењето на полицаецот се случи пет денови по убиството на Флојд.

Уапсен полицаецот кој го уби Афроамериканецот Џорџ Флојд, што доведе до насилни протести во Минеаполис

Сакам да кажам - 29.05.2020

Еден од четворицата полицајци кои добија отказ по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во американскиот град Минеаполис е уапсен денеска, објавија официјални лица. Дерек Човин е снимен како со колено го притиска вратот на 46-годишниот Флојд при ...

Расте гневот на Американците поради смртта на црнецот, кршат и палат по градовите (ВИДЕО)

МКД - 29.05.2020

Делови од американски Минеаполис буквално гореа цело утро денес, со што жителите на тој град го искажаа гневот поради смртта на 46-годишниот Афроамериканец Џорџ Флојд. Флојд умре во понеделникот.

Граѓани на Минеаполис одржаа и мирен протест со танцување и пеење (ВИДЕО)

Слободен Печат - 29.05.2020

За разлика од останатите протести во градот, на овој имаше многу малку полициски сили. Неколку стотина бесни Американци поради смртта на Џорџ Флојд се собраа утрово пред градското собрание во Минеаполис и одржаа мирен протест.

Полицијата во Минаеполис приведе , па ослободи црномурен репортер на ЦНН (ВИДЕО)

Канал5 - 29.05.2020

Известувачот на Си-Ен-Ен Омар Хименез и неговиот тим се ослободени, откако беа уапсени од полицијата во Минеаполис. Тој јасно се идентификувал себеси, а биле уапсени и неговите колеги, продуцентот Бил Киркос и снимателот Леонел Мендез.

Твитер прекри со предупредување пост на Трамп

Р.С.Европа - 29.05.2020

Социјалната мрежа Твитер го прекри постот на американскиот претседател Доналд Трамп поврзан со немирите во американскиот град Минеаполис, наведувајќи дека твитот ги нарушува правилата, но не го отстрани.

Снимките од мобилни телефони покажуваат зголемен расизам во САД

Глас на Америка - 29.05.2020

Последните инциденти покажуваат дека ако не беа снимени од случен минувач, можеби ќе поминеа незабележано Од смртта на Афроамериканец во Минеаполис, па се до расниот инцидент во Централ парк во Њујорк, камерите на мобилните телефони наголемо се ...

Трамп: Националната гарда пристигна во Минеаполис, подготвени се

Слободен Печат - 29.05.2020

Гувернерот на оваа сојузна држава Тим Волц во четвртокот попладне потпиша уредба со која ѝ дозволува интервенција на Националната гарда. Претседателот на САД Доналд Трамп потврди на Твитер дека Националната гарда пристигнала во Минеаполис.

Ова е полицаецот кој го притисна вратот на Флојд: Против него биле поднесени дури 18 пријави

Точка - 29.05.2020

Поранешниот полицаец Дерек Чувин, одговорен за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд имал 18 пријави поднесени против него, откри полициската управа на Минеаполис. Проблематичниот, сега веќе поранешен полицаец, обвинет е заедно со уште тројца ...

Уапсен е полицаецот кој беше вмешан во смртта на Џорџ Флојд

Локално - 29.05.2020

Отпуштениот полициски службеник во Минеаполис, Дерек Шовин, кој учествуваше во апсењето со фатални последици по Џорџ Флојд, по што избија неколкудневни насилни протести во тој американски град, е уапсен.

Меланија Трамп ги коментираше протестите во САД

Слободен Печат - 29.05.2020

Меланија Трамп повика на мирни протести во Минеаполис. Првата дама на САД на Твитер испрати порака и така првпат ги искоментира протестите кои се разгореа ширум земјата поради смртта на Џорџ Флојд во текот на полициското ...

(Видео) Екипа на Си-ен-ен уапсена во пренос во живо на протест во Минеаполис

Макфакс - 29.05.2020

Припадници на државната полиција во Минесота ги уапсиле новинарот на Си-ен-ен, Омар Хименез, и двајца членови на екипата за време на преносот во живо од протестите во Минеаполис, кои беа предизвикани по смртта на Џорџ Флојд во рацете на полицијата, ...

Полицијата во Минеаполис приведе новинар на Си-Ен-Ен при пренос во живо/ВИДЕО

Вечер Прес - 29.05.2020

Трета вечер по ред, на улиците на американски градови се одржаа насилни протести поради смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд (46), кој беше задушен додека белец полицаец го притискаше неговото грло со колено.

Вонредна состојба во Минеaполис: протестите ескалираа со палења и грабежи, активирана војската

Глас на Америка - 29.05.2020

Демонстрантите се револтирани поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина откако полицаец клечеше на неговиот врат за време на апсење Градоначалникот на Минеаполис изјави дека градот е во „шок и болка“, но дека грабежите и палењата во ...

ФОТО: Гласот на замолченитe: војна на улиците на Минеаполис, демонстрантите бараат правда за Џорџ Флојд

ММС - 29.05.2020

„Кажете го неговото име!“, протестирачите на улиците на градот во Минесота го извикуваа името на Џорџ Флојд, афроамериканецот кој беше брутално убиен од полицијата во понеделникот. Сомнежот на еден сопственик на продавница во Минеаполис, базиран врз ...

Трамп: Националната гарда е подготвена

Локално - 29.05.2020

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди на Твитер дека Националната гарда пристигна во Минеаполис. „Националната гарда пристигна на местото на настанот. Тие се во Минеаполис и се целосно подготвени. Џорџ Флојд не умре залудно.

Репортер уапсен за време на јавување во живо од Минеаполис: Цел свет гледаше како полицајците му ставаат лисици...

Точка - 29.05.2020

Трета ноќ по ред на улиците на повеќе американски градови се одржуваат масовни протести поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој остана без здив додека полицаец со колено му го имаше приклештено вратот за асфалтот.

Во јавување во живо: Полицијата во Минеаполис ја уапсила телевизиската екипа на „СNN“ -„Ова е кршење на Уставот“ ...

Локално - 29.05.2020

При големите немири во Минеаполис откако полицајците го убија Афроамериканецот Џорџ Флојд, полицијата ја уапсила и екипата на влијателната ТВ-мрежа Си-Ен-Ен, што предизвикало дополнителна напнатост.

Џорџ Флојд – за жал ниту првиот, ниту последниот: Историјат на бруталностa на американската полиција врз ...

Локално - 29.05.2020

Смртта на Џорџ Флојд е само последната во серијата поврзани со полициската бруталност против Афроамериканците во САД. Пред шест години во Фергусон бил убиен 18-годишен Афроамериканец, Мајкл Браун, кој бил невооружен.

Кога ќе почне крадењето, ќе почне пукањето

Оff.net - 29.05.2020

Доналд Трамп, како што само тој умее, истури кофа напалм на и онака насилните протести во Минеаполис, притоа уникатно успевајќи да не смири ниту еден единствен човек на која било страна на протестите.

Минеаполис гори- воведена вонредна состојба

Deutsche Welle - 29.05.2020

Американскиот претседател Трамп се закани со последици по безредијата во Минеаполис по убиството на афроамериканец од страна на полицијата во градот. Гувернерот на Минесота ја мобилизираше Националната гарда.

Мрачната приказна на полицаецот кој го уби Џорџ Флојд: „Ме тепаше со пиштолот, сакаше да ме убие и на крајот ме ...

Локално - 29.05.2020

Полицискиот лужбеник Дерек Човин, кој стана озлогласен низ целиот свет поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, веќе еднаш се обидел да убие црнец пред дванаесет години. Медиумите се преплавени со снимки од Минеаполис во кои Човин клекнува на ...

Вонредна состојба во Минеаполис: Активирана Националната гарда поради насилните протести, немирите се проширија во ...

Точка - 29.05.2020

На улиците на Минеаполис излегле припадници на Националната гарда на САД по судирот на демонстрантите со полицијата, по повод насилната смрт на невооружениот Афроамериканец Џорџ Флојд во текот на полициска интервенција.

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО МИНЕАПОЛИС: Демонстрантите бесни по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд

Фактор - 29.05.2020

Три ноќи по ред траат насилните протести поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, по што властите прогласија вонредна состојба. Демонстрантите кои вчлегле во полициската станица во Минеаполис, ја запалиле со цел да го изразат бесот од ...

(Видео) Немири во Минеаполис поради смртта на црнецот, запалена полициската станица, прогласена вонредна состојба

Макфакс - 29.05.2020

Демонстрантите упаднаа во полициската станица во Минеаполис, запалија пожари и уништија сè што е на нивниот пат во текот на третата ноќ на насилни протести поради смртта на црнецот, барајќи одговорните полицајци да бидат казнети.

Случајот „Џорџ Флојд“: Повиците за правда одекнуваат низ огнот и хаосот

Н.Македонија - 29.05.2020

Кажете го неговото име! Демонстрантите ја извикуваа оваа парола додека полицајците во полна опрема ги спуштија маските преку лицата подготвувајќи се да тргнат напред кон толпата во Минеаполис која го скандираше името на Џорџ Флојд, пренесува ...

Минеаполис: Се засилуваат протестите против полициска бруталност по смртта на Џорџ Флојд

Радио МОФ - 29.05.2020

Во Минеаполис деновиве се заоструваат протестите против полициска бруталност откако случајот со починатиот Aфроамериканец Џорџ Флојд ја потресе јавноста. Демонстранти ноќеска ја запалија градската полициска станица во која работеле четворицата ...

Полицаецот виновен за смртта на Афроамериканецот во Минеаполис имал 18 пријави против него

Слободен Печат - 29.05.2020

Бившиот полицаец Дерек Чаувин, одговорен за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд , имал 18 пријави кои биле поднесени против него, јавува полициската управа во Минеаполис, а пренесува Си-Ен-Ен.

САД: Минеаполис трет ден во вителот на насилства поради расно убиство

360 степени - 29.05.2020

Тие се поттикнати од апсењето на Афроамериканец на 26 мај, кое беше снимено од страна на минувач од кое се гледа полицаец кој го притиска со коленото на вратот, додека мажот го моли да го пушти бидејќи не може да дише.

САД: И војската активирана против насилните протести во Минеаполис по убиството на Флојд од полицаец

Денешен - 29.05.2020

Гувернерот на Минесота, Тим Волц синоќа ја активирал Националната гарда поради насилните протести во Минеаполис по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд при апсење. Протестите почнаа во средата, а гневните демонстранти ограбувале продавници и ...

Минеаполис гори: Активирана Националната гарда поради големите немири на улиците

Локално - 29.05.2020

Гувернерот на Минесота, Тим Волц синоќа ја активирал Националната гарда поради насилните протести во Минеаполис по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на неговото апсење. Протестите започнале во средата, а огорчените учесници на ...

Во нередите во Минеаполис запалена полициска станица, војската Ќе воведува ред

Сакам да кажам - 29.05.2020

Гувернерот на Минесота Тим Валц прогласи вонредна состојба и распореди 500 припадници на Националната гарда во Минеаполис, каде што трет ден по ред се случуваат насилни протести, како реакција на смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина во ...

Протести во САД по насилната смрт на афроамериканецот Џорџ Флојд (ВИДЕО)

Expres - 29.05.2020

Припадниците на Националната гарда на САД излегоа на улиците на Минеаполис по судирот меѓу демонстрантите и полицијата поради насилната смрт на невооружениот Афроамериканец Џорџ Флојд за време на полициската интервенција.

Продолжуваат протестите во САД по обвинувањата за полициско расно убиство

Р.С.Европа - 29.05.2020

Демонстранти лути поради смртта на еден афроамериканец во американскиот град Минеаполис веќе трета вечер по ред излегоа на протести. Демонстрантите влегоа во полициската зграда во градот, палејќи во внатрешноста, откако ги игнорираа барањата на ...

Војска на улиците на Минеаполис по хаосот и демонстрациите поради убиството на Афроамериканец од страна на ...

AKO - 29.05.2020

Гувернерот на Минесота прогласи вонредна состојба во оваа американска сојузна држава по бурните и насилни демонстрации поради убиството на Џорџ Флојд, кој буквално беше загушен пред камерите на мобилните телефони на сведоците од страна на насилни ...

Шефот на полицијата во Минеаполис се извини на семејството на убиениот црнец

Нетпрес - 29.05.2020

Шефот на полицијата во Минеаполис во четвртокот му се извини на семејството на невооружениот црнец кој претходно оваа седмица почина откако при апсење полицаец белец со колено му го приклешти вратот, а поради што избувнаа насилни протести кои траат ...

Запалена полициска станица: Продолжуваат големите немири во САД поради бруталната смрт на Џорџ Флојд (видео)

Локално - 29.05.2020

Продолжуваат протестите низ САД поради бруталната смртт на Џорџ Флојд. Семејството на Афроамериканецот, кој почина по бруталното апсење, за кое кружи вирално видео на Интернет, побарале полицајците вклучени во неговото апсење да бидат обвинети за ...

Продолжуваат протестите во Минеаполис по бруталната смрт на Флојд (видео)

Опсервер - 29.05.2020

Вашингтон, 29 мај 2020 () – Протести во Минеаполис синоќа завршија со повеќе ограбени и запалени објекти откако афроамериканецот Џорџ Флојд во неделата беше убиен од страна на бел полицаац, во очевиден расистички чин на полициска бруталност.

Минеаполис гори поради смртта на црнецот под коленото на полицаец (ФОТО+ВИДЕО)

МКД - 29.05.2020

Насилни протести поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд при полициско апсење го тресат американскиот град Минеаполис веќе трет ден. Гневната толпа ограбува продавници, пали огнови и остава километри пустош и разурнување зад себе.

Минеаполис гореше на вториот ден од насилните протести по убиството на Афроамериканец при приведувањето

Сакам да кажам - 28.05.2020

Неколку згради се запалени на вториот ден од насилните протести во американскиот град Минеаполис, кои уследија по смртта на невооружен Афроамериканец додека бил приведуван од полицијата. Четворицата полицајци кои учествуваа во трагичниот инцидент во ...