Екипата на Штип не успеа со победа да тргне во Супер-лигата. Новиот член во кошаркарската елита на домашен терен беше совладан со убедливи 65-93. Кавадарчани овој дуел го добија благодарение на одличната игра во првата четвртина во која имаа предност од 24 поени (6-30).
Кошаркарите на Штип со пораз го започнаа настапот во македонската елитна конкуренција. На свој терен, штипјани беа убедливо надиграни од Тиквеш, кој славеше со 65-93. Гостите од Кавадарци уште од самиот почеток го наметнаа ритамот и направија недостижна предност.
Штип од денеска и официјално е на суперлигашката мапа во Македонија. Дебитантот во најквалитетната кошаркарска конкуренција ГКК Штип, пред своето публика во новата сала „Џексон“ вечерва е домаќин на кавадаречки Тиквеш.