Министерството за внатрешни работи информира дека денеска било пријавено дека на територијата на Кисела Вода биле опожарени три возила. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На паркингот на ул.Христо Татарчев во Општина Кисела Вода рано утрово беше запалено возило ауди а7, а оганот оштети и други две возила. Неофицијално, возилото е во сопственост на суспендиран полициски службеник од Куманово.
Поради професионалноста и брзината на пожарникарите, беше спречено дополнително ширење на огнот и предизвикување на поголема штета. Рано утрово, во 5 часот, жителите на дел од Кисела Вода се разбудија вознемирени.