TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Градоначалникот "ги побркал" надлежностите

Вечер Прес - 13.08.2005

"Заедничка средба со Градот и претставниците на "Пролетер" за решавање на прашањето околу новата локација на ова транспортно претпријатие, нема основ, бидејќи, проблемот, е целосно во надлежност на градските власти", сметаат во Министерството за транспорт и врски.

Тестиран новиот "сухој - 34"

Вечер Прес - 13.08.2005

Новиот руски борбен авион "сухој-34" веќе ги поминува завршните тестови, соопшти завчера командантот на руското воено воздухопловство Владимир Михајлов. "Новиот авион, порано попознат како "су-27иб", во борбената примена е мошне ефикасно летало со ново оружје и модернизирана радиоелектронска ...

Блокада на "Градиште"!

Вечер Прес - 13.08.2005

Пештанци за денеска и утре најавија продолжување на блокадите на автокампот "Градиште" во периодот од 10 до 13 часот. Како што изјави претседателот на Здружението за враќање на одземените имоти Ѓорѓи Танески, причина за повторната блокада е незадоволството од одлуката на Општинскиот суд, со која се ...

"Бош" ден за штипски крадци

Вечер Прес - 13.08.2005

Во Фабриката за обувки "Баргала" во Штип се случи грабеж. Но, крадецот, или крадците, останале со кратки ракави. Велат, не им минало "типувањето". Тие го промашиле денот кога во касата има повеќе пари и со нив се исплаќа платата на вработените. Меѓутоа, не излегле ниту со празни раце.

"Источните Германци - фрустрирани"!

Вечер Прес - 13.08.2005

Баварскиот премиер и претседател на Христијанско - социјалната унија (ЦСУ) Едмунд Штојбер, деновиве е на удар на критики од јавноста, откако на еден предизборен митинг граѓаните на источна Германија ги нарече "фрустрирани". "Не можам да дозволам повторно истокот да одлучува кој да биде германски ...

Влатче од "Морал" сака да се сели во Лос Анџелес

Вечер Прес - 13.08.2005

Лос Анџелес од поодамна му е сон. И сака сонот да му стане стварност. Фрлил око на овој светски град каде што се случуваат чуда, и вели кај и да, здравје Боже, ако добие виза, некаде доцна наесен, ќе оди да си ја проба среќата. И ќе остане ако треба. Деновиве заминува на одмор.

Странски сервисери ја "лекуваат" магнетната резонанца

Вечер Прес - 13.08.2005

Апаратот за магнетна резонанца, единствен во атарот на Клиничкиот центар - не работи, а прегледите на пациентите се презакажуваат за наредната недела. Причината е дефект во системот што ги поврзува камерата и компјутерот, а сервисерите од Германија веќе работат на "премостување" на проблемот.

На "Хитроу" заробени илјадници патници

Вечер Прес - 13.08.2005

Сите летови на компанијата "Бритиш ервејз" од лондонскиот аеродром Хитроу вчера беа одложени до 18 часот по локално време поради штрајк на аеродромот, соопшти британската авиокомпанија, додавајќи дека неколку илјади патници чекале во зградата.

Црвенковски и Митрева разликите ќе ги "пеглаат" во Парламентот

Вечер Прес - 13.08.2005

Во МНР не сакаат да ги коментираат написите во медиумите дека претседателот на државата, Бранко Црвенковски, не бил задоволен од предлог-законот за надворешни работи. Според нив, ова е само прва фаза на разгледување, а сите разлики околу текстот допрва ќе бидат усогласувани, преку јавни дебати и, ...

"Коштуница го ослободи Марко Милошевиќ"!

Вечер Прес - 13.08.2005

"Коштуница и Милошевиќ телефонски се договорија да се укине потерницата против Мира и Марко Милошевиќ. Тоа беше услов за поддршка на СПС на Владата на Србија", вели за "Блиц" Владан Батиќ. "Шокиран сум од веста дека Окружното обвинителство во Пожаревац ја повлекло тужбата против Марко Милошевиќ.

Студентите се "лепат" на квалитет

Вечер Прес - 13.08.2005

Приближувањето на високото образование до граѓаните, особено со актуелниот процес на децентрализација, добива разни иницијативи. По дисперзирањето на студиските програми на скопските факултети - Правниот, Економскиот, Медицинскиот и Земјоделскиот во Штип и Струмица, што го одобри Владата, најновиот ...

Малоречанец се веселел со "шкорпион"

Вечер Прес - 13.08.2005

Триесет и едногодишниот А.Ј. од тетовското Мала Речица завчеравечер со "шкорпион" пукаше пред селска чајџилница. Заради ваквата негова постапка полицијата против него поднесе две пријави, една кривична за нелегално поседување на оружје и една прекршочна, за нарушување на јавниот ред и мир.

Неделно "Соул рели" со Врчаковски на Антена 5

Вечер Прес - 13.08.2005

"Соул рели", култната радио емисија која луѓето ја паметат од 70-тите, од Втората програма на Радио Скопје, повторно е реанимирана од нејзиниот автор, проф. др. Миодраг Врчаковски. "Соул рели" ве буди секоја недела од девет со десет наутро, на брановите на Антена 5.

Преживеал војни, не го "преживеал" син му

Вечер Прес - 13.08.2005

Завчера на улицата "11 Октомври" бр. 11 во Битола, во куќа непосредно до црквата "Св. Великомаченик Димитриј", во семејна расправија животот го загуби Тодор Дериовски - Кумот, деведесет и едногодишен старец, носител на партизанска споменица.

Децата од "11 Октомври" ќе играат за старите

Вечер Прес - 12.08.2005

По повод Меѓународниот ден на младите, денеска Трговскиот центар "Рамстор" во 10 часот, организира настан на кој децата од Домот за деца без родители "11 Октомври" ќе рецитираат песни и ќе играат за старите лица од домот "Мајка Тереза".

"Кога сонувам" нов спот на Геле

Вечер Прес - 12.08.2005

"Фидбек" продукцијата го најавува новиот спот на Геле, некогашен лидер на "Фобија" група која оставила безброј хитови во македонската поп-рок сцена. Песната наречена "Кога сонувам", чиј автор во целост е Геле е снимена во неговото студио.

Дипломатите "плачат" за поголеми плати!

Вечер Прес - 12.08.2005

Немањето пари подолго време е горлив проблем во Министерството за надворешни работи на Србија. Платите на дипломатите во странство - кои постојано "плачат" - се движат од 1 600 до 3 500 евра, но и тие не се секогаш редовни. За илустрација го земаат примерот на Њујорк, каде трошоците во изминатите ...

Улицата "Македонија" ќе се комплетира?

Вечер Прес - 11.08.2005

Улицата "Македонија" наскоро ќе биде завршена. Ова го ветија надлежните од Општина Центар и најавија дека деновиве, конечно, ќе стартуваат со третата, последна фаза од градежните активности. Таа опфаќа реконструкција на потегот од улицата "Даме Груев" до Музејот на Град Скопје, на површина од 1 300 ...

Севе "солена" 15.000 евра!?

Вечер Прес - 11.08.2005

Кој вели дека Севе не е "солена"? "Солена" е и тоа како. Кога пред неколку години го одржа првиот концерт во Универзална, на сметката на нејзината тогашна менаџерка Лидија Самарџија наводно беше префрлена сума од 8.000 евра, за тогаш се уште недоволно познатата пејачка кај нас.

Руската морнарица купува "шкорпиони"

Вечер Прес - 11.08.2005

Руската морнарица одлучи од Велика Британија да купи две пловила за спасување од типот "шкорпион". На таа одлука Москва директно ја поттикна несреќата со подморницата АС-28. Поради недостаток на опрема за спасување, руските власти на помош ги повикаа Велика Британија, Јапонија и САД.

"Инстант терапија" за медицинските борчови

Вечер Прес - 11.08.2005

Првите луѓе на некои од здравствените установи во земјава се сетија како да се спасат од блокираните жиро-сметки и да го одложат плаќањето на натрупаните обврски кон фирмите. Упатените велат дека ваквиот нивен лек е со краток здив, а менаџерската тајна е во отворањето на нови жиро-сметки со кои ...

Се урна дел од хотелот "Родина"

Вечер Прес - 11.08.2005

Речиси 20 метри долгиот бетонски блок се урна прексиноќа од покривот на зимската градина на хотелот "Родина" во центарот на Софија. Во инцидентот нема повредени. Сите гости на хотелот се евакуирани и пренесени во друг хотел. Како можна причина за паѓање на покривот се посочуваат работниците кои ...

Горивата скокаат, никој "мува не го лази"

Вечер Прес - 11.08.2005

Горивата повторно поскапеа. И безоловниот бензин далеку ја помина границата од едно евро, а за суперот и да не збориваме - еден литар е дури 66 денари. Како тргнале работите, употребата на автомобил за голем број семејства во земјава, чиј стандард од ден на ден се повеќе опаѓа, ќе стане луксуз.

"Вектра" прегази пешак

Вечер Прес - 11.08.2005

Четриесет и четиригодишниот Зекимурет Демиров од Штип, во средата вечерта загина во сообраќајна несреќа на крстосницата од булеварот "Туристичка" и улицата "Стив Наум" во Охрид . Во него удрил автомобил "опел-вектра" со охридски таблички, зад чиј волан седел Е.Ќ (20).

Капка колешка во гланц "пежо"

Вечер Прес - 11.08.2005

"Еј, слушна? Имаме нова колешка. Ја видов. Капка. Околу двесет и три-четири години, со руса, долга коса, едно тенко, витко, за мерак. Ах, бре како не сум дваесетина години помлад... Како ти ги немам годините"- се смее и ѓаволски ми поднадмигна колегата.

Печатницата "11 Октомври" ќе ги печати 10-денарките

Вечер Прес - 10.08.2005

Прилепската печатница "11 Октомври" го доби тендерот за печатење на најмалата банкнота кај нас - 10 денари. Вака вчера одлучи посебно формираната комисија на Народната банка на Македонија, која оцени дека прилепската фирма, традиционалниот печатар на нашите пари, имала финансиски најповолна понуда, ...

"Казанот не се прави од секој бакар"

Вечер Прес - 10.08.2005

Некогаш казанџискиот занает во Македонија бил баран и ценет. Казанџиите ги изработувале сите садови за во домаќинството: тенџериња, тепсии, котли, ѓумови, казани..., а прочуени казанџии биле крушевчани. Но, денес за казанџискиот занает никој нема интересирање, а од познатите и многумина крушевски ...

Продаден хотелот "Бренд" во Охрид

Вечер Прес - 10.08.2005

Поради неплатен данок, Управата за јавни приходи по пат на јавно наддавање го продаде хотелот на Тутунскиот комбинат од Прилеп "Бренд" во Охрид. Директорот на регионалната управа за јавни приходи Тошко Биноски рече дека на јавното наддавање на кое учествувале пет компании и едно физичко лице, ...

"Златната труба" по петти пат во семејството Петровиќ

Вечер Прес - 10.08.2005

"Златната труба" што ја доделува весникот "Вечерње новости", на традиционалната трубачка манифестација во Гуча, му припадна на семејството Петровиќ. Поточно на Дејан. Милован Петровиќ, таткото на Дејан, бил мајстор над мајсторите за труби.

"Алфите" го фатија Бреза, Дехари го пушти

Вечер Прес - 10.08.2005

Хамди Бајрамовски, викан Бреза, водач на криминална банда по кого има распишано потерница за сторени тешки кривични дела, во средата минатата недела е уапсен во Скопје, во ресторанот "Галија". Десетина минути потоа Дехари дал налог тој да биде пуштен на слобода, дознава "Вечер" од свои извори.

Изградбата привршува, опремувањето "виси"

Вечер Прес - 10.08.2005

Изградбата на новиот објект на Клиниката за гинекологија и акушерство влегува во завршна фаза, а нејзиното екипирање со апаратура и опрема е неизвесно. Според директорот д-р Марјан Стојовски, градежните работи привршуваат и ако не искрснат некои неочекувани проблеми, се би требало да биде ...

"Ванила нинџа" издаде двојно CD

Вечер Прес - 10.08.2005

Естонската женска група "Ванила нинџа", која на Европа и се претстави преку "Евросонг 2005", каде што настапуваше за Швајцарија, издаде двојно CD со нивните најнови хитови, наречено “Blue Tatoo - Limited Edition”. Вклучена е евровизиската “Cool vibes”, со која достигнаа осмо место во финалето.

"Балада за Бабино"

Вечер Прес - 10.08.2005

"Балада за Бабино" е насловот на поетската збирка на авторката Љубица Неделковска. Во оваа нејзина петта стихозбирка, поетесата, всушност, го опишува нејзиното родно место Бабино, Демирхисарско, навраќајќи се на спомените, иако од најраното детство живее во Скопје.

"Цар Самуил" искористен половично

Вечер Прес - 10.08.2005

Угостителско-туристичките капацитети на познатиот лечно-рекреативен центар Бања-Банско кај Струмица и оваа сезона, како и во изминатите години, се половично искористени. Искористеноста на капацитетите изнесува 55 отсто, што е далеку под очекувањата и реалните можности.

Се "сопнаа" на математиките

Вечер Прес - 10.08.2005

Податоците во финансиските симулации на Министерството за образование и наука не се поклопуваат со оние со кои располага Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), било констатирано на вчерашните преговори во Владата за конечното изнаоѓање на решение за одредување на најниската плата во ...

Дислоциран и хаварисаниот "меган"

Вечер Прес - 09.08.2005

Екипа од професионалци со специјална механизација ги извлекоа сите автомобилски и камионски гуми Акцијата за чистење на падините на Водно, што беше спроведена минатата недела, заврши со успех. Екипа од професионалци со специјална механизација ги извлекоа сите автомобилски и камионски гуми, како и ...

Тута ќе ги "снима" Русите

Вечер Прес - 09.08.2005

По ангажирањето на селекторската функција во изминатите квалификации на машката репрезентација на Македонија за ЕП 2006 во Швајцарија, на средбите со Унгарија, можно е Србинот Зоран Живковиќ да застане на кормилото на петкратниот државен првак Вардар.

Почеток со "Пријатели"

Вечер Прес - 09.08.2005

Во новиот простор за културни дејности на хотелот "Десарет" отворен на празникот Илинден, во тек е изложбата насловена како "Пријатели", а на која изложуваат младите уметници Маја Николовска, Емил Шулајковски, Влатко Чочоровски и Иван Најденовски.

"Стотката" му припадна на Гетлин

Вечер Прес - 09.08.2005

Пред почетокот на СП во Хелсинки, многумина сметаа дека Џастин Гетлин во овој момент е најдобриот светски спринтер. Американецот, во голем стил ја оправда улогата на фаворит во неделата вечер. Најпрво, во полуфиналето "со половина гас" истрча најдобар резултат, а во финалната трка беше уште ...

"Самостојниот играч" ќе стане лидер

Вечер Прес - 09.08.2005

Демократска иднина, Демократска алијанса и Партија за демократска иднина, се трите можни имиња на новата албанска партија, чие промовирање се очекува да се случи деновиве. Основач на партијата е Алајдин Демири, поранешен градоначалник на Тетово и амбасадор на Македонија во Швајцарија, кој беше ...

"Фордот" најден пеплосан кај Арачиново

Вечер Прес - 09.08.2005

Полицијата го најде автомобилот "форд-орион" со кој, во неделата, убијците на Миле Петковиќ - Брус дошле и заминале од местото на злосторството. Најден е кај бензинската пумпа "Давос", во близина на Арачиново, целосно уништен - пеплосан. Изгорено е се во него.

Финансии и Економија се вселуваат во "Нова Македонија"

Вечер Прес - 09.08.2005

Веќе на почетокот на идниот месец Јавното станбено претпријатие, како што се дознава, ќе почне со реконструкција на големата зграда на некогашното Новинско-издавачко претпријатие "Нова Македонија" во што се планира да се вложат околу 2,5 милиони евра.

Со "Тешкото" ја плени публиката

Вечер Прес - 09.08.2005

Мандолинскиот оркестар "Скопје" од Република Македонија влезе во друштвото на шесте светски оркестри. Младите музичари под водство на двајцата искусни и потврдени диригенти, Рамадан и Ерхан Шухри успеаја да ја пленат француската публика и останатите гости на 16.

"Сенатор" со нови изданија

Вечер Прес - 09.08.2005

Музичко-издавачката куќа "Сенатор" од Битола летово објави неколку изданија- албум со Вики Костадиновска од Австралија, ДВД и видеокасета со новогодишните програми со речиси цела фолк-естрада, како и нови цедиња со антологиски македонски народни песни (11 и 12 дел), испеани од Сузана Спасовска, ...

"Преселниците" ќе добијат "замена" на матичниот лекар?!

Вечер Прес - 08.08.2005

Пензионерите кои еден дел од годината не го минуваат во местото на живееење, веројатно, ќе добијат можност да изберат свој "втор" матичен лекар, кои ќе им ги обезбедува потребните услуги. Формално правно тој би бил замена за вистинскиот избран лекар во периодот кога тие "летуваат".

"Еден леб и конзерва не се доволни"!

Вечер Прес - 08.08.2005

Повеќето од илјада жители од кумановската дива населба Средорек и месноста Бавчи се уште не можат да се вратат во нивните опустошени живеалишта. Тие и натаму остануваат во временото сместувалиште во просториите на Основното училиште "Христијан Карпош" во населбата Перо Чичо.

"Бекамовите" од Бундес Лигата!

Вечер Прес - 08.08.2005

За Рафаел (22) и Силви Ван дер Варт (27), во Холандија знае речиси секое дете. Тие се убедливо најгламурозната и најславната брачна двојка, чии фотографии и приказни не се симнуваат од првите страници на списанијата. Има и зошто: Силви Мајс е една од најпознатите и најбараните холандски манекенки, ...

"Пролетер" не сака да се сели!?

Вечер Прес - 08.08.2005

Во претпретпријатието "Пролетер" се децидни во намерата да се противстават на уривање на старата автобуска станица и покрај тоа што нивната дозвола за стопанисување со овој објект стана неважечка со пуштање во функција на новата зграда кај Транспортниот центар.

"Балкан сквер" - вистинско уживање за публиката

Вечер Прес - 08.08.2005

ОХРИД. - Музичкиот фестивал "Балкан сквер" по петти пат во Охрид, во организација на продуценската куќа "Трето уво", а во знак на традиционалните и културните вредности на Балканот и годинава со реномирани музички имиња. Првата вечер ја отвори Александра Пилева со "Билјана платно белеше".

Најевтини кафиња и лимонада во "Ла страда"

Вечер Прес - 08.08.2005

Во бифето "Ла страда", на главната улица во Пештани со порачката на јадења, може да се вкуси природна лимонада по цена од 60 денари. Кафињата овде се најевтини - турско кафе 20 денари, "еспресо" и "макијато" по 30, а "нескафе" по 40 денари.

"Иднината на Русија се решава во Украина"!

Вечер Прес - 08.08.2005

Рускиот милијардер Борис Березовски кој живее во бегство во Велика Британија, соопшти дека го продал рускиот опозиционен весник "Независимаја газета", на човек зад кој стои близок соработник на министерот за економски развој и трговија.

Намалување на "дивото" вработување

Вечер Прес - 08.08.2005

Новиот Закон за работни односи кој дава повеќе заштитни мерки за работниците, особено во делот на пречекорувањето на работното време од неделава, веќе е во сила. Со него трудовите инспектори освен што можат да изрекуваат мандатни казни, ќе имаат одврзани раце да издаваат и забрани за вршење на ...