TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Оли Рен ја критикува Македонија поради Масри

Време - 25.02.2006

РАСТЕ ПРИТИСОКОТ ОД ЕУ Европската комисија се уште не е задоволна од одговорот што македонската влада и го даде за случајот на Калид ел Масри, изјавил вчера Оли Рен, еврокомесарот за проширување, одговарајќи на прашања од претставници на Комитетот за надворешни работи на Европарламентот.

Македонија немала срце да ја одбие ЦИА

Вест - 23.02.2006

ГЕРМАНИЈА БАРА ПОДАТОЦИ ЗА ЗАТВОРАЊЕТО НА КАЛЕД ЕЛ- МАСРИ "Ги сметаме Американците за наши партнери. Не можеме да ги одбиеме", изјавил висок претставник на македонската Влада за "Њујорк тајмс" коментирајќи ги 23-те дена притвор на германскиот државјанин во Скопје, пред Германскиот државјанин Калед ...

Германската амбасада не била информирана за апсењето на Ел Масри

А1 - 22.02.2006

И покрај меѓународните обврски, македонските власти не ја информирале германската амбасада во Скопје за апсењето на германскиот државјанин со либанско потекло Калед Ел Масри. Германскиот амбасадор во Скопје за А1 вели дека Германија за апсењето на Масри дознала на 31 мај 2004-та , дури откако ЦИА ...

И германски разузнавачи вмешани во случајот „Масри“?

Време - 22.02.2006

СКАНДАЛ ВО БОН БНД, германска надворешноразузнавачка служба, им била „тивок партнер“ на САД и на Македонија во киднапирањето на Калид ел Масри, германски граѓанин од арапско потекло, кој тврди дека бил уапсен и мачен во Македонија, а потоа и во Авганистан, смета обвинителството во Нов Улм, градот ...

Германски агенти учествувале во испитувањето на Ел Масри

Утрински - 22.02.2006

Обвинителството во Минхен истражува дали германската амбасада во Скопје била информирана за судбината на Ел Масри Дали Германија била тивкиот партнер на САД во киднапирањето на Калед ел Масри? Либанецот со германско државјанство, кој на 31 декември 2003 година бил уапсен на македонската граница, ...

Отворена истрага за киднапирањето на Ел Масри

А1 - 21.02.2006

Германската полиција и Јавното обвинителство, вчера, отвориле истрага за инволвираноста на германските власти во киднапирањето на Германецот со арапско потекло, Калед ел Масри. Според весникот „Њујорк тајмс“, германското обвинителство ќе истражува дали гермаската амбасада во Скопје била информирана ...