TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

НСДП и ВМРО-НП се уште во игра за новата влада

А1 - 13.08.2006

НСДП или ВМРО Народна. Која од овие две влегува во новата влада на Груевски? НСДП на Петковски го чека повикот на Груевски за продолжување на разговорите. По денешната партиска координација, неофицијално тврдат дека не отстапувале од веќе кажаниот став, од нивните редови да се министерот за одбрана ...

Мандатарот во завршница пред за утре најавеното објавување на новиот владин кабинет

Канал5 - 13.08.2006

Мандатарот Груевски е се поблиску до одлука - во новата влада да ги внесе и НСДП и ВМРО-Народна. Статус - кво ситуацијата со Петковски ќе се обиде да ја реши вечерва, најдоцна утре претпладне. На постигнување договор помеѓу Груевски и Петковски работат лоби групи од двете страни Мандатарот Груевски ...

Груевски в понеделник ќе ги објави имињата на министрите

А1 - 12.08.2006

Во понеделник, два дена пред истекот на рокот, мандатарот Груевски ќе ги објави имињата на министрите во идната влада. До тогаш останува нејасно што ќе биде договорено со новите социјалдемократи на Тито Петковски. Министерството за одбрана засега останува договорено, но не и останатите ресори на ...

Петковски и Груевски без договор за ресорите и за кадрите

Утрински - 12.08.2006

Лидерот на НСДП инсистирал на министерствата за земјоделство и за економија БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Разговорите за состав на новата влада кои ги води мандатарот Никола Груевски зедоа нов тек откако не успеа последната рунда преговори со НСДП на Тито Петковски.

ВМРО-Народна партија ќе влезе во власта, а не во владата

Утрински - 12.08.2006

Во парламентот „народњаците" ќе функционираат како опозиција која ќе ја поддржува владата КАТИЦА ЧАНГОВА По средбата на мандатарот Никола Груевски и в.д. претседателката Весна Јаневска, од вчера ВМРО-Народна партија ги почна конкретните разговори со ВМРО-ДПМНЕ за учество во власта.

Вера се испречи меѓу Груевски и Тито

Вест - 12.08.2006

ВМРО-ДПМНЕ СЕ ПОБЛИСКУ СО ВМРО-НАРОДНА Со Тито не е проблем ресорот економија, туку кадарот што го нуди за министер, појаснуваат во ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-Народна се се поблиску до непосредно коалицирање во новата влада.

ВМРО-Народна - алтернатива за НСДП во владата на Груевски

Канал5 - 12.08.2006

ВМРО-Народна или НСДП, или и двете во власта на различни нивоа. Иако воздржани во вчерашните изјави дека би се задоволиле со пониски ешалони во власта, Канал 5 дознава дека партијата на Георгиевски преговарала за министерски места во случај Груевски и Петковски да не се договорат за идна владина ...

Во игра влезе Георгиевски, се пазари за директори

Време - 12.08.2006

ЗАПНАА ПРЕГОВОРИТЕ МЕЃУ ГРУЕВСКИ И ПЕТКОВСКИ ВМРО-НП ќе ја поддржи новата влада преку поддршката што веќе и ја даде на ДПА, а за возврат бара директорски места. Со овој став претставници на партијата на Љубчо Георгиевски вчера преговараа во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Договор не се постигна.

Груевски го засилува линкот со Народна

А1 - 11.08.2006

Во деликатната фаза од преговорите со Петковски, Груевски го засилува линкот со Народна. Во два дена дури две средби на партиските раководства. По синоќешната со Јаневска, мандатарот во седиштето на партијата денеска разговараше со членови на партиското раководство.

ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-Народна ги продолжуваат преговорите

Канал5 - 11.08.2006

Мандатарот Груевски влегува во последните пет дена од уставниот рок без целосно познат состав на новата влада. Двете крупни прашања на кои се очекуваат одговори до среда се - позициите на НСДП и можната партиципација на ПДП во новиот кабинет Мандатарот Груевски влегува во последните пет дена од ...

Фотелјата за земјоделство ги запна преговорите

Дневник - 11.08.2006

Неизвесно е дали Груевски ќе го даде земјоделството на НСДП, бидејќи социјалистите инсистираат на оваа фотелја да седне Зоран Витанов Мандатарот Никола Груевски и Тито Петковски синоќа требаше да ги одредат ресорите кои во новата влада ќе и' припаднат на НСДП, по што изгледот на владиниот кабинет ...

Груевски ги собира кандидатите за министри

Време - 11.08.2006

НОВАТА ВЛАДА НАЈРАНО В НЕДЕЛА Сунчица Стојановска Земјоделството, економијата, одбраната и социјалната политика се ресорите што Тито Петковски, лидер на НСДП, требаше да ги побара од мандатарот Груевски на средбата најавена за синоќа.

Преговорите Груевски-Петковски во деликатна фаза

А1 - 10.08.2006

Нема договор Груевски-Петковски. А1 дознава дека преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и НСДП се искомплицирале и влегуваат во деликатна фаза. По подолго време, денеска одржана средба во четири очи меѓу Груевски и Петковски, кој синоќа се вратил во земјава.

Груевски и Петковски без договор за ресорската поделба и по денешниот состанок

Канал5 - 10.08.2006

Нема договор за министерските позиции на НСДП во новата влада ни по денешната средба Петковски - Груевски. Иако се очекуваше преговорите денеска да финишираат, сепак бил оставен простор за размислување до понеделник Нема договор за министерските позиции на НСДП во новата влада ни по денешната ...

Тито ора во нивата на Ѕинго

Време - 10.08.2006

ОД УТРЕ СЕ ОЧЕКУВА НОВИОТ СОСТАВ НА ВЛАДАТА Сунчица Стојановска Министерствата за одбрана, за надворешни работи и за земјоделство ќе ги добие Тито Петковски, а за социјалистите на Ѕинго ќе остане економијата, велат партиски извори.

Му се одмаздив на Бучко, на ред е Бранко

Вест - 10.08.2006

ТИТО СЕ ПАЗАРИ СО ВМРО-ДПМНЕ И ДПА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА Лидерот на НСДП ќе ја чека 2009 година и од коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДПА ќе бара поддршка за кандидат за претседател на државата Лидерот на НСДП Тито Петковски може да биде претседателски кандидат на владејачката коалиција ...

И ПДП влегува во владата

Дневник - 10.08.2006

За партијата на Абдулади Вејсели е резервирано едно министерско место, најверојатно за локална самоуправа Партијата за демократски просперитет (ПДП) ќе биде дел од новата влада, дознаваме од наши извори. Лидерот на таа партија Абдулади Вејсели веќе се договорил со мандатарот Никола Груевски и се ...

Два плус еден за Тито, со или без МНР?

Вечер Прес - 10.08.2006

МВР, Финансии, Економија, Транспорт и врски, Правда, Информатичка технологија и локална самиоуправа се министерствата кои мандатарот Никола Груевски планира да ги задржи за својата партија во новата влада, дознава "Вечер". Тој вчера требаше да се сретне со лидерот на НСДП Тито Петковски, кој се ...

При крај усогласувањето на новата влада

А1 - 09.08.2006

Вечерва или најдоцна утре ќе биде усогласен новиот министерски состав на мандатарот Груевски. А1 дознава дека во овој термин Груевски и Петковски ќе пресечат кој кое министерство ќе задржи. Двајцата денеска веќе оствариле телефонски разговор, но се уште останала отворена дилемата кој ќе раководи со ...

Новиот состав на кабинетот на Груевски се уште е влада во најава

Канал5 - 09.08.2006

Груевски побрза да ги финализира преговорите со партнерите за новата влада. Го притиснаа реакциите на ДУИ, иако последните најави од неговата партија беа дека ќе го искористи до крај законскиот рок за составување на кабинетот.

Петковски од плажа преговара за владата?

Дневник - 09.08.2006

Лидерот на НСДП е на одмор и нема да се врати до сабота, а ВМРО-ДПМНЕ се надева дека в петок ќе може да го соопшти составот на владата Само уште ресорите што ќе му припаднат на НСДП се непознаница за составот на новата влада.

Мандатарот Груевски го боли глава од многу квалитетни кадри

Утрински - 09.08.2006

Нема договор со Петковски за ресорите, ПДП бара две министерски места БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Мандатарот Никола Груевски не може да избере помеѓу големиот број квалитетни кадри за функции во идната влада. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вчера од Прилеп се пожали дека има проблем при селекцијата на најдобрите ...

Се потврдуваат имињата на новите министри

Време - 09.08.2006

ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО НА ДПА ДПА за синоќа најави седница на претседателството на која се очекуваше да се потврди изборот на Имер Селмани, Сулејман Рушити и Имер Алиу за министри во новата влада и да се предложат уште по еден кандидат за министер, еден за вицепремиер и за четворица заменик-министри.

Министерството за одбрана во рацете на НСДП

А1 - 08.08.2006

Договорот за новата влада е при крај. Решена е дилемата, Министерството за одбрана и припаѓа на НСДП на Тито Петковски, а речиси е сигурно дека оваа партија ќе го даде и решението за Министерството за надворешни работи. Петковски за ден-два треба да му предложи на Груевски човек што ќе раководи со ...

ДПА ќе добие четири министерски места во идната влада

Утрински - 08.08.2006

Партијата на Џафери ќе ги предводи министерствата за образование, здравство, култура и екологија БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ ВМРО-ДПМНЕ и ДПА се договорија. Партијата на Арбен Џафери и Мендух Тачи ќе добие четири министерски и исто толку заменички места, како и вицепремиер во идната влада што ќе ја предводи ...

ДПА ги доби образованието, здравството, културата и екологијата

Време - 08.08.2006

Г. Г. СТЕФАН: Новите министри за образование, за здравство, за култура и за екологија ќе бидат кадри на ДПА, изјави Мендух Тачи, потпретседател на ДПА, вчера, по средбата со мандатарот Никола Груевски. ДПА ќе добие и четири заменик-министрски места и еден потпретседател на влада.

Американецот Глигор Ташковиќ ќе биде вицепремиер

Дневник - 08.08.2006

Груевски и Тачи се договорија - ДПА ги добива ресорите здравство, образование, култура и екологија Американецот со потекло од Македонија Глигор Ташковиќ во владата на Никола Груевски ќе биде задолжен за привлекување странски инвестиции.

Здравство, екологија, образование и култура за ДПА

Вест - 08.08.2006

УТВРДЕН АЛБАНСКИОТ ДЕЛ НА НОВАТА ВЛАДА Демократската партија на Албанците во новата влада на мандатарот Никола Груевски ќе добие четири министерски, четири заменички и едно вицепремиерско место. Ова е договорено на вчерашната средба на мандатарот Никола Груевски со потпретседателот на ДПА Мендух ...

Груевски и Тачи се договорија за министерските места

А1 - 07.08.2006

ДПА и мандатарот Груевски се договорија. Во новата влада партијата на Џафери и Тачи ќе партиципира со четири министри, исто толку заменици министри, а ќе добие и вицепремиерско место. Според наши информации, најверојатно на оваа позиција ќе застане Имер Селмани, доскорешен градоначалник на Сарај, ...

Преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и НСДП запнаа околу ресорите

Утрински - 07.08.2006

Груевски и Петковски не можат да се договорат кому да припаднат економијата и земјоделството Преговорите за состав на новата влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и новите социјалдемократи на Тито Петковски запнаа при поделбата на ресорите. НСДП инсистира да ги добие ресорите економија и земјоделство, а Никола ...

Министерството за одбрана оди кај НСДП?

Време - 07.08.2006

ВЛАДАТА ЌЕ СЕ КРЧКА ДО ПОСЛЕДНИОТ РОК Составот на идната влада најверојатно ќе се објави кон средината на месецот, најавуваат партиски извори. Мандатарот Никола Груевски, според Уставот, има рок до 17 август да ги достави до Собранието програмата за работа и предлозите за министри, иако од ...

Мандатарот уште ја составува новата влада - Петковски заминал на одмор

Канал5 - 07.08.2006

Груевски одговори на протестите на ДУИ –со конечен договор со ДПА за распределбата на местата во првиот ешалон на власта во која нема место за али Ахмети. Образование, здравство, култура, екологија, едно вице премиерско место и 4 заменик министерски фотелји.

Тито го нуди Марковски за министер за одбрана

Дневник - 07.08.2006

И во последниот телефонски разговор викендов, меѓу лидерот на НСДП Тито Петковски и мандатарот Никола Груевски немало дефинитивен договор за распределбата на ресорите во новата влада. НСДП бара да добие три министерски места или две министерски плус вицепремиерска функција.

Груевски со Влада во петок

Макфакс - 07.08.2006

Скопје Составот на новата Влада на Македонија би требало да биде објавен в петок, јавија електронските медиуми, повикувајќи се на партиски извори во ВМРО ДПМНЕ. В четврток, според истите информации, мандаторот Никола Груевски требало да има состанок со сите идни министри во неговата Влада, а в ...