TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Џелили на митинг во Гостивар

А1 - 11.04.2004

„Албанците во Македонија можат да избираат меѓу опцијата на ДПА, која нуди партнерство и зачувување на албанскиот идентитет, и опцијата на ДУИ која протежира братство и единство, а води кон асимилација, опција која се покажа неиздржана уште во поранешна СФРЈ“, рече на вечерашниот митинг во Гостивар ...

ДПА обвинува за неправилности во организацијата на изборите

А1 - 10.04.2004

ДПА забележала поголем број неправилности како во врска со кампањата така и со организацијата на изборите, што според нив претставува перфидна подготовка за манипулација на претстојните претседателски избори од страна на актуелната власт.

За Зуди сум инспирација која го понесува

Вест - 10.04.2004

ЖЕНИТЕ НА СИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТИ ДРИТА ЏЕЛИЛИ Кога сум на митинзите со Зуди, тој ми вели дека е многу посамоуверен бидејќи, гледајќи во мене, добива голема сила пред која тремата исчезнува, вели 42-годишната гостиварка Дрита, сопруга на претседателскиот кандидат на ДПА Зуди Џелили Сопруга на ...

Џелили во странство ќе се претставува со албанското знаме

Утрински - 10.04.2004

Кандидатот на ДПА кампањата ја продолжи во Струга и во Дебар СТРУГА - "На овие претседателски избори имам чест со програмата на ДПА и под албанско знаме да го бранам идентитетот на Албанците во Македонија", рече завчеравечер во Струга, Зиди Џелили, претседателскиот кандидат на ДПА.

Џелили се кандидира за да ги штити Албанците

Дневник - 10.04.2004

ДПА ВО ДЕБАР И ВО СТРУГА Албанците очекуваат Демократската партија на Албанците да ги заштити нивните витални интереси и затоа се кандидирав за претседател на сите Албанци од Куманово до Битола - рече Зуди Џелили на завчерашниот митинг во Струга.

Доследен рамковен за подобра позиција

Дневник - 10.04.2004

ЗУДИ ЏЕЛИЛИ, КАНДИДАТ НА ДПА - Јасно е каква е меѓународната позиција на Македонија кога едни не го признаваат името, други знамето, трети границите, црквата, јазикот...Убеден сум дека таквата позиција може да се надмине само ако политичките субјекти во Македонија успеат меѓусебно да се разберат и ...

„Третиот пат“ не поддржува ниту еден претседателски кандидат

А1 - 09.04.2004

Коалицијата „Третиот пат“ оценува дека досегашниот тек на кампањата за избор на претседател на Република Македонија покажува целосно отсуство на конкретни конструктивни и прифатливи визии и стратегии за надминување на кризата во која се наоѓа нашата држава.

Јасни идеи за да промовираме мултиетничка држава

Време - 09.04.2004

ЗИДИ ЏЕЛИЛИ, КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА Сунчица Стојановска За себе вели дека своевремено бил најкреативен текстилен инженер во гостиварски „Готекс“, што му дава право да верува дека со иста креативност ќе ги исполнува обврските што ги има претседателот на државата.

Џелили: Власта ги доведува во прашање правата на Албанците

Време - 09.04.2004

ДПА ВО КИЧЕВО Албанците не прифаќаат да бидат граѓани од втор ред. Гарант за тоа е рамковниот договор, но власта не го реализира овој документ во доволна мера, рече Зиди Џелили, кандидат за претседател од Демократската партија на Албанците (ДПА), на митингот во Кичево.

Албанскиот јазик услов за учество на Џелили на ТВ-соочувањето

Време - 09.04.2004

КАНДИДАТОТ НА ДПА ГИ ИЗБЕГНУВА ДУЕЛИТЕ Зуди Џелили, претседателскиот кандидат на ДПА, можеби нема да се појави ниту на предизборното ТВ-соочување на МТВ, доколку не му се овозможи да дебатира на албански јазик, со превод на македонски.

Партијата за единство на Ромите го поддржа Џелили

Утрински - 09.04.2004

Тетово ТЕТОВО - Партијата за единство на Ромите на Македонија со седиште во Тетово го поддржа претседателскиот кандидат на ДПА, Зиди Џелили. "Ги разгледувавме задачите на нашата партија за претстојните претседателски избори и се договоривме на нашите членови и симпатизери да им препорачаме да ...

Двапати го заменува Џафери

Утрински - 09.04.2004

Профил Зиди Џелили е роден на 19 октомври 1961 година во селото Речане, Гостиварско. Високо образование стекнал во Лесковац каде што дипломирал во 1984 година како текстилен инженер. Од 1985-1992 година работел како раководител за производство во ?Готекс" - Гостивар, бил советник и претседавач на ...

Џелили во битка за рамноправност

Дневник - 09.04.2004

ДПА ВО КИЧЕВО ДПА дава јасни сигнали дека Македонија влегува во нова криза, затоа што ДУИ не може да се справи со антиалбанската политика на СДСМ, а власта нема решение ниту за економската криза. Нудиме партнерство наместо асимилација на Албанците, рече на на митингот во Кичево претседателскиот ...

Кој е и за што се залага Зуди Џелили

А1 - 08.04.2004

Учеше за боите на ткаенините, но стигна до претседателска номинација. Со текстилот завршува 1992 година, кога го напушта гостиварски „Готекс“ со седум години шефување со одделот за производство. Во времето кога прв човек на Гостивар е Руфи Османи, Џелили (43) е советник во општината пред чија ...

Џелили: Концептот на ДПА подолговечен

А1 - 08.04.2004

На нашите опоненти им препорачуваме дека единствено концептот што го нуди ДПА, концептот на партнерство може да биде подолговечен и да гарантира преспективна иднина за сите народи н РМ, а не заситениот и излитен концепт за братство и единство кој се залага ДУИ и СДСМ, рече пред дебарчани ...

Џелили бара прекинување на дискриминацијата на Албанците

Утрински - 08.04.2004

Претседателскиот кандидат на ДПА во Кичево и во Теарце "Овие избори на ДПА и за албанскиот народ се многу важни затоа што треба да се прекине еден погрешен пат што создава длабока криза која води кон дискриминација на Албанците.

Партнерство наместо лажно братство и единство

Дневник - 08.04.2004

ЗУДИ ЏЕЛИЛИ ВО КУМАНОВО Или ќе има целосна рамноправност за Албанците или Македонија ќе ја нема, рече завчера во Домот на културата во Куманово претседателскиот кандидат на ДПА, Зуди Џелили. Иконографијата ја сочинуваа албански, американски и знамиња на ЕУ.

Џелили: „Ние нудиме партнерство наместо асимилација на Албанците“

А1 - 07.04.2004

Овие избори се важни за ДПА и затоа ја бараме вашата поддршка, им рече на жителите на Дебреште претседателскиот кандидат од оваа Зуди Џелили. ДПА, рече Џелили, дава јасни сигнали дека Македонија влегува во нова криза. Во услови кога ДУИ не може да се справи со антиалбанската политика на СДСМ, а ...

Џелили: Сите ги негираат Македонците, ние ништо не им оспоруваме

Утрински - 07.04.2004

Претседателскиот кандидат на ДПА во Боговиње и Неготино-Полошко ТЕТОВО - "Двојазичноста, децентрализацијата, ресоцијализацијата на припадниците на ОНА и правичната застапеност на Албанците во државните органи, со четирите основни столба на Охридскиот договор, кои не се спроведуваат.

Само со рамноправни Албанци ќе влеземе во НАТО и во ЕУ

Дневник - 07.04.2004

демократската партија на албанците во неготино, полоШко ДУИ лажно ја информира меѓународната заедница дека ДПА се залага за поделба на Македонија, рече Џелили Треба да го прекинеме погрешниот пат, кој создава длабока криза, која води кон дискриминација на Албанците, им порача завчера ...

Џелили ќе ги признае хомосексуалците ако ги има во рамковниот договор

Дневник - 07.04.2004

ПО ИНИЦИЈАТИВАТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА ГРАЃАНСКИ И ЧОВЕКОВИ ПРАВА Во СДСМ не сакаат да ја коментираат иницијативата на Центарот, а Сашко Кедев вели дека ќе биде претседател на сите граѓани Не знаеме дали прашањето за хомосексуалците е точка во рамковниот договор, а ако е, и на тоа ќе се осврнеме во ...

За мултиетничка Македонија

Време - 06.04.2004

ДПА ВО САРАЈ Се залагаме за мултиетничка Македонија, за Македонија по 2001 година, како што е предвидено со уставните измени, со целосна рамноправност на Македонците и на Албанците. Само така ќе придонесеме Македонија да влезе во ЕУ и да стане членка на НАТО, рече Зиди Џелили, претседателски ...

Џелили: Ујдурмата на ДУИ е за неколку стола во Владата

Утрински - 06.04.2004

Претседателскиот кандидат на ДПА во Сарај, Желино и во Шипковица Демократската партија на Албанците на завчерашниот митинг во Сарај ја повика Демократската унија за интеграција да му го сврти грбот на Бранко Црвенковски, како што Арбен Џафери тоа му го сторил на Љупчо Георгиевски за време на ...

Џелили ја обвини ДУИ за создавање криза меѓу Албанците

А1 - 05.04.2004

Овие избори за ДПА и за Албанскиот народ се многу важни затоа што треба да се прекини еден погрешен пат кој создава длабока криза и води кон дискриминација на Албанците, рече Зуди Џелили на митингот во Боговиње. Според него пред ДПА се отвора една нова задача да ја извади Македонија од длабоката ...

Џелили: Го бараме вашиот глас за нашите јасни патеки

Време - 05.04.2004

МИТИНЗИ НА ДПА Рамковниот договор не се спроведува, власта ги дискриминира Албанците, ние нудиме јасни насоки за албанската кауза, рече Зиди Џелили, претседателски кандидат на ДПА на митинзите што викендов ги одржа во Охрид, Преспа, Велешта, Слупчане, Арачиново и во Студеничане.

Џелили: Војната ја почнавме за слобода, а не за дискриминација

Утрински - 05.04.2004

Кандидатот на ДПА со изборни активности во Арачиново и Слупчане, а вчера во Сарај ?Не признаваме македонско општество во кое Албанците ќе бидат граѓани од втор ред. Ако Македонците сакаат да бидеме рамноправни, им даваме алтернатива, но ако не го сакаат тоа, не треба да ги обвинуваат Албанците, ...

Кале ќе биде нова неосвоива тврдина

Дневник - 05.04.2004

ЗУДИ ЏЕЛИЛИ За разлика од ДУИ, кои на изборите излегоа за во вториот круг да ги продадат албанските гласови на СДСМ, ДПА излегува за да понуди вистински насоки, рече претседателскиот кандидат на ДПА Зуди Џелили во скопско Арачиново. - Чест ми е да го посетам неосвоивото Арачиново.