TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Од "тепка" избрани 15 идни контролори на летање

Вечер Прес - 05.03.2005

легенда: Изборот на идните контролори правен според тоа кој знае англиски - Илир Мехмеди Зденка ПАВКОВИЌ Управата за цивилна воздушна пловидба само од почетокот на годинава без конкурс примила 16 лица со кои склучила договор на дело.

Обжален изборот на "Јака" и "ОХИС Фарма"

Вечер Прес - 05.03.2005

За избраните понуди со палетата на "Јака 80" и ИЦН, односно "ОХИС Фарма" веќе се најавуваат голем број жалби од другите учесници на меѓународната лицитација. Тие го оспоруваат изборот на палетата од овие две фармацевтски куќи, поради неисполнувањето на законските обврски за ГМП-стандарди во ...

Тодорова останува - "намесниците" висат

Вечер Прес - 05.03.2005

Претседателката Софија Тодорова ќе ја преброди зацртаната реконструкција на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување што ја барааат монетарците, а како што стојат работите во него сигурно ќе остане и д-р Никола Стојановски, кој како поранешен лекар ги застапува пензионерите, дознава ...

Бунт на "чистачите" на мини!

Вечер Прес - 05.03.2005

Синдикатот на вработените во службата за деминирање, заедно со Синдикатот на пиротехничарите и Здружението на работодавци ќе организираат прекинување на деминирањето во цела Хрватска, ако не дојде до промени во третманот и односот кон нив, е соопштено завчера на заедничката прес-конференција.

Скопје во потрага по своето "јас"

Вечер Прес - 05.03.2005

Текстовите што се собрани на едно место и под наслов "Градот - знаци во времето и просторот" (издание на Филозофскиот факултет во Скопје) на авторот Илија Ацески се објавувани во дневните весници, во период од десетина години, почнувајќи од 1993 година и се посветени на развојот на Скопје, од ...

Идејата е супер, парите "отепувачка"

Вечер Прес - 05.03.2005

Иницијативата на Министерството за култура за формирање филмски фонд кој, во прво време, би се создал под закрила на државата, а би го растоварил сегашниот буџет за култура, поточно за филмската дејност во нашата држава, генерално наиде на одобрување од страна на учесниците во оваа фела.

Дотеруваат, градат, "оживуваат" времиња...

Вечер Прес - 05.03.2005

Иако временските услови не се најпогодни, сепак во неколку битолски културни установи започна реализацијата на проектите што ги финансира Министерството за култура. Пред се, станува збор за продолжување на ревитализацијата на главната битолска улица Широк Сокак.

Џонатан Вудгејт во "аут" до крајот на сезоната

Вечер Прес - 04.03.2005

Како што пренесува англискиот ТВ-канал "Би-Би-Си", англискиот дефанзивец во Реал (М), Џонатан Вудгејт (25 г.), ќе ги пропушти сите натпревари на кралскиот клуб до крајот на сезоната, поради повреда. "Вудгејт е во 'аут' до крајот на сезоната, но тоа не значи дека повторно ќе замине 'под нож'.

Полицајци спасувале жива глава во "Ескејп"

Вечер Прес - 04.03.2005

Во инцидент што минатата недела се случи во ноќниот клуб "Ескејп" потешко е повреден еден припадник на Единицата за брза интервенција. Нему со кундак од пиштол му била нанесена повреда на главата, по што бил пренесен в болница. Во тепачката е повреден уште еден полицаец.

Директор на "Застава" шверцувал пушки во Либерија!

Вечер Прес - 04.03.2005

Директорот на "Застава - оружје", Раде Громовиќ(41) е обвинет поради злоупотреба на службената положба и добивање лична полза, при извозот на 1 500 автоматски пушки во Либерија, велат во Општинското обвинителство во Крагуевац.

Некој го учи македонскиот, некој го "заборава"

Вечер Прес - 04.03.2005

Дека кинескиот јазик е поблизок до македонскиот отколку албанскиот, се покажа на вчерашната церемонија, што се случи во ОУ"Петар Здравковски-Пенко" по повод потпишувањето на Уверението за предавање на 3.300 компјутери и 300 принтери, донација од НР Кина.

Џип на "Проксима" удрил во ограда

Вечер Прес - 04.03.2005

Во скопската населба Железарница, вчераутро, џип "нисан", сопственост на Европаската мисија"Проксима" откако излетал од патот удрил во поставена метална ограда. Во незгодата, освен материјалната штета, нема повредени. Сообраќајката била евидентирана во полиција, по што е извршен увид на местото на ...

Шуми: "Батон ќе мора да почека за титулата"

Вечер Прес - 04.03.2005

МЕЛБУРН, 4 МАРТ (МАРТ).- Џенсон Батон можеби ќе мора малку да почека за првата победа во Формула 1, иако тој поседува се што е потребно за да биде победник, изјави Михаел Шумахер пред првата трка во Формула 1, што ќе се вози в недела во Австралија.

Пукна во "економијата" на Владата

Вечер Прес - 04.03.2005

Нетрпеливоста која во старт се создаде меѓу двете комори, новоформираната Сојуз на стопанските комори и старата Стопанска комора на Македонија, успеа да ја раскара и Владата. Вчера од Кабинтот на вицепремиерот задолжен за економски систем Минчо Јорданов проциркулира едно луто писмо потпишано од ...

"Беспрекорно чисто досие"

Вечер Прес - 04.03.2005

Контроверзниот Семи Хебиби, мозокот за бомбашкиот напад врз полициската станица во тетовското село Теарце е кандидат за градоначалник на Тетово. Зад неговата кандидатура застанале независни избирачи. Хебиби, покрај што беше осомничен за нападот во Теарце кога загина полицаецот Момир Стојановски, а ...

Пиеле "Јени раки" со 97 отсто метил!

Вечер Прес - 04.03.2005

АНКАРА, 4 МАРТ (МИА). - Два тони фалсификувана ракија биле конфискувани во округот Малатија, во централна Турција, откако во изминатите неколку дена како резултат на труење од алкохолниот пијалак во Истанбул починаа најмалку седум лица, објавија вчера дел од турските медиуми.

Зоран Николовски нов директор на "Поштенска банка"

Вечер Прес - 04.03.2005

Управниот одбор на "Поштенска банка" вчера, конечно, го избра Зоран Николовски, за нов генерален директор на "Поштенска". Предлогот веднаш е доставен до гувернерот на Народната банка на Македонија кој во наредните денови ќе треба да ја издаде лиценцата на Николовски за извршување на оваа функција.

Елена Папаризу во Киев со "My number one"

Вечер Прес - 04.03.2005

Од прексиноќа и дефинитивно се знае која е песната што на Евросонг во Киев на 21 мај ќе ја изведе грчката претставничка Елена Папаризу. Националната телевизија на нашиот јужен сосед пред неколку месеци ја одреди Елена за нивен претставник, во име на успехот што им го донесе со песната "И дие фор ...

"Заспан" сајт на Министерството за финансии

Вечер Прес - 03.03.2005

Министерството за финансии како едно од клучните министерства, се разбира, има свој сајт на Интернет преку кој заинтересираните институции и граѓаните можат да се информираат за сите поважни работи, што ги има сработено министерот за финансии и неговиот тим, како и плановите за наредниот период.

Русија ќе произведе "незапирлива" ракета!

Вечер Прес - 03.03.2005

МОСКВА, 3 МАРТ (МИА). - Русија годинава ќе произведе ракета против која нема да има никаква одбрана, најави завчера рускиот министер за одбрана Сергеј Иванов. Тој рече дека ракетите ќе се користат за одбранбени цели, а не против некои одредени земји.

Шварци "побудалел" од никотински мастики

Вечер Прес - 03.03.2005

Арнолд Шварценегер, кој е познат како страствен пушач, неодамна пред да замине на пат од својот пријател Том Арнолд позајмил кутија никотински гуми за џвакање. Набрзо откако ги пробал, Шварценегер почнал да се чувствува многу чудно по што му се јавил на Арнолд.

"Ракетна војна" меѓу САД и Франција!

Вечер Прес - 03.03.2005

Франција и САД се во диплопатски спор по пропаднатата акција за апсење на трговците со противавионски ракети во регионот на Добој, во почетокот на октомври 2004 година, објави париски "Монд". Според нивните тврдења, осуммина припадници на контингентот на САД во Сараево ,на еден контролен пункт во ...

Сакскобурготски им се "додворува" на пензионерите

Вечер Прес - 03.03.2005

Бугарскиот премиер Симеон Сакскобурготски најави зголемување на стандардот на бугарските граѓани. Конкретно: зголемување на пензиите и поволни кредити за младите семејства со две деца. Тоа ќе биде сторено со парите од приватизацијата, лиценцирањето на такси- возилата и вишокот во државниот буџет.

Лажна тревога за поставена бомба во "Радо банка"

Вечер Прес - 03.03.2005

Анонимно лице вчера ја алармирало полицијата дека во објектот на "Радо банка" лоцирана на улицата "Народен фронт" во Скопје е поставена експлозивна направа. По известувањето, полицијата ги евакуирала и вработените во банката и сите станари од зградата, а стручна екипа од Секторот за антитероризам ...

Јушченко тргна во "одмазда"!

Вечер Прес - 03.03.2005

Виктор Јушченко, конечно, го направи долго очекуваниот потег, од кого стравуваат сите водачи на поранешниот режим во Украина, и го отвори Националното биро за разузнавање. Според неговите зборови, тоа "ќе се занимава со сите настани што се случиле во земјата во послените пет години, а исто така ќе ...

Обид за затворање на "техничкото прашање"

Вечер Прес - 03.03.2005

Во рамките на посетата на Косово премиерот Владо Бучковски, во Приштина се сретна со шефот на УНМИК, Сорен Јесен Петерсен. Бучковски со Петерсен разговарале за билатералните односи, за привремениот протокол за слободна трговија, за проблемот со Ромите-бегалци од Косово во Македонија, чиј број е ...

Шварценегер "одлепил" од никотински гуми за џвакање

Дневник - 02.03.2005

ОД СВЕТОТ НА ПОЗНАТИТЕ Американскиот актер и гувернер Арнолд Шварценегер, кој е познат и како страсен пушач, неодамна пред да патува позајмил кутија никотински гуми за џвакање од својот пријател Том Арнолд. - На Шварци му позајмив кутија никотински гуми за џвакање, но место да земе само една, тој ...

Излегување од етничките "бункери"

Вечер Прес - 02.03.2005

"Заедничкиот живот и литературата" е темата на тркалезната маса, што македонскиот ПЕН-центар ја организира утре, во НУБ "Св.Климент Охридски" ( 10 ч.) во Скопје. Поканети се 70 писатели кои творат на различните јазици во државава, кои ќе проговорат за процесите што се одвиваат во тие литератури, за ...

Над 500 000 "вработени" во илегални работилници

Вечер Прес - 02.03.2005

Работат тајно и по 18 часови дневно. Најчесто не знаат за кого, ниту пак смеат да прашаат. Честопати се случува и трудот да не им го платат. А, за тоа немаат кому да се пожалат. За работодавачот работат или во своите домови или во импровизирани работилници.

Нови идеи за уредување на Кејот "13 Ноември"

Вечер Прес - 02.03.2005

Проблемот со ширењето на летните бавчи на угостителските објекти сместени по должина на Кејот "13 Ноемвери", кој секоја година предизвикува незадоволство кај граѓаните кои го користат овој простор како шеталиште, има шанси годинава да биде решен.

"Метаморфози" во Словенија и Москва

Вечер Прес - 02.03.2005

Со претставата "Метаморфози", работена според Овидиј, по режисерско видување на гостинот од Словенија Миха Голоб, Народниот театар од Штип во текот на мај го очекува седумдневна турнеја. Во периодот од 23 до 26 мај, штипјани ќе гостуваат во Словенија - Крањ, Велење, Камник и Целје и, најверојатно, ...

Мартина Стела на задното седиште на "докторот" Роси

Вечер Прес - 02.03.2005

Петкратниот светски шампион во мотоциклизам, Италијанецот Валентино Роси, кој во својата земја е ултра-популарен, покрај тоа што важи за човек со исклучителна смисла за хумор и за откачени работи, е многу омилен ерген. А има и зошто.

"Нова Љубљанска" не се откажува од "Поштенска банка"

Вечер Прес - 02.03.2005

"Нова Љубљанска банка" не се откажува од купувањето на "Поштенска банка". Ова вчера и официјално го потврдија претставниците на оваа словенечка банка кои минатата недела извршија комплетно снимање на состојбите во Поштенска. Наши извори велат дека претставниците на "Нова Љубљанска" утре доаѓаат во ...

Популарни пејачи на "Сонце на годината"

Вечер Прес - 02.03.2005

Традиционалната манифестација "Сонце на годината" што ја организира Министерството за економија на Република Македонија, во која се наградуваат најуспешните на тоа поле, ќе значи и добра забава со најпопуларните пејачи од нашата естрада.

Марк Вебер "го затвори" мостот во Сиднеј

Вечер Прес - 01.03.2005

Новиот возач на "Вилијамс" Ф1 тимот, Австралиецот Марк Вебер, во неделата направи вистинско шоу на прочуениот "Харбор" мост во Сиднеј. Имено, во рамките на рекламната кампања за претстојната, прва трка од новата сезона во Формула 1, која в недела ќе се вози во Мелбурн, Вебер извозе пет круга на ...

"Реј" се враќа во Домот на АРМ

Вечер Прес - 01.03.2005

Филмот "Реј" (режија Тејлор Хакфорд), овогодишен добитник на Оскар, поради зголемениот интерес на публиката, од петок повторно ќе се прикажува на редовната програма во киното во Домот на АРМ (17, 20 23 ч.). Од "Манаки филм" најавуваат дека секој посетител ќе добие специјален подарок: Видео ЦД во ...

"Синтезис" го распродадоа концертот

Вечер Прес - 01.03.2005

На традиционалниот етнофестивал што се одржува во Бургос, Шпанија, "Синтезис" настапија пред преполната сала на театарот на големо одушевување на публиката која, благодарение на шпанскиот радио" Канал 103", сосема добро знаеше да ја отпее "Помолила бога".

Милионите "голф ГТИ"

Вечер Прес - 01.03.2005

Од фабриката на "Фолксваген" во Цвикау, Германија вчера излезе милионитиот "голф ГТИ" . Ова возило, како и претходните "голфови" е многу барано, не само на пазарите во Европа, туку и на сите континенти. ...

Тино Кајшаров со "Туѓи дворови" на филм

Вечер Прес - 01.03.2005

Младиот и талентиран интерпретатор Тино Кајшаров, кој на последниот "Макфест" ја збогати својата колекција на фестивалски награди, со уште една -награда за дебитант, со најновата песна се враќа во сферата на народната музика, каде всушност и почна.

Управниот одбор на Фондот се реконструра со "налог"

Вечер Прес - 28.02.2005

Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување ќе треба да се реконструира во наредните неколку месеци. Според сонанијата до кои дојде "Вечер", промените во неговиот персонален состав се налог од ММФ, кој утврдил дека онака како што го искомпонира власта не ги застапува интересите на ...

Светска турнеја на "оперскиот" накит

Вечер Прес - 28.02.2005

Изложба на накитот на грчката оперска певица Марија Калас е отворена во Салата "Густав Махлер" на Државната виенска опера. Накитот, изработен од кристали, специјално за нејзините настапи во разни опери, го направија Работилницата Марагони од Милано и Сваровски од Тирол.

Стилски канделабри и кај "Идадија"

Вечер Прес - 28.02.2005

"На старите дрвени бандери и воздушните линии за поврзување на електричните водови, местото им е во "музејот на историјата", а наша обврска е на нивно место да поставиме нови, економични и модерни канделабри" - велат надлежните од Општина Центар и додаваат дека само во минатата година на пошироката ...

"Непобедена" и "Се за Македонија"

Вечер Прес - 28.02.2005

Во саботата навечер, во нецелосно исполнетата Универзална сала, се одржа 16-тиот фестивал "Гоце фест". По изведбата на 18 песни, публиката и жирито ги дадоа своите гласови. Според публиката со подеднаков број гласови, победија (новинарот) Мишко Талевски со песната "Непобедена" и Војо Стојановски со ...

Ќе се отвори нуклеарката "Бушер"?

Вечер Прес - 28.02.2005

Техеран, 28 февруари (Макфакс) - Иран и Русија вчера го потпишаа нуклеарниот Договор, со кој би требало да се овозможи отворање на првата иранска централа што Русите ја градат во Бушер. Потпишувањето на Спогодбата беше одложувано повеќе од две години.

Останавме "слепо црево"

Вечер Прес - 28.02.2005

Вработувања, јавни објекти, села поврзани со асфалтни патишта, ресторани, туризам, зголемување на бројот на жителите... Поречието ќе стане Швајцарија во мало, ветуваше државата и ЕСМ кога почна да го гради хидросистемот "Козјак".

Украден автомобил на "Гранит"

Вечер Прес - 28.02.2005

Патничко возило на македонската градежна фирма "Гранит" е украдено вчераутро во Софија. Автомобилот "СЕАТ Толедо" со скопски регистерска ознака СК - 810 ОИ, исчезнало од паркингот на хотелот "Хемус" во Софија. Според бугарската агенција Фокус, со украдениот "СЕАТ" во Бугарија престојувал некој од ...

"Стрептоксазолот" на "Зегин" се продава на црно!

Вечер Прес - 28.02.2005

Лековите кои не се регистрирани во земјава не смее ни да се издаваат, ниту да се продаваат во аптеките. Законот за лекови е дециден и во него нема никакви исклучоци или пак "грејс период" за препарати на кои им е истечено регистрационото решение, во кој тие би можеле да останат во промет.

"Фантом" во српското Собрание?!

Вечер Прес - 28.02.2005

На српската јавност сега и е сосема јасно дека претседателот Борис Тадиќ е во право што не сака да го потпише Законот за работа,бидејќи "некои луѓе" во службите на Собранието на Србија во него направиле корекции, без да имаат право на тоа.

Две минути аплауз за "цепелинот" на Пенов

Вечер Прес - 28.02.2005

На петте одиграни средби во 13. коло од најквалитетната лига не се случи изненадување. Домаќините максимално убедливи во ниту еден момент не дозволија гостите барем приближно да се заканат, да ја зголемат резултатската неизвесност.

Синот и ќерката ги "честел" 60 милиони евра

Вечер Прес - 28.02.2005

Рим, 28 февруари (Макфакс) - Италијанскиот премиер Силвио Берлускони одново се соочи со италијанскиот правосуден систем, откако против него беа обелоденети нови сознанија во истрагата за измами "тешки" 60 милиони евра, јавуваат италијанските и британски медиуми.

"Словенечка" излегува од имотно-правниот лавиринт

Вечер Прес - 28.02.2005

Градската сообраќајница "Словенечка" со чија изградба населбата Чаир треба да се поврзе со централното градско подрачје, полека излегува од имотно-правниот лавиринт. Според надлежните во Градот започна обесштетувањето на сопствениците на имотите преку кои ќе поминува трасата на оваа улица.