TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Забраната за референдум е кршење на Уставот

А1 - 09.06.2005

Големата листа на забранети теми за кои неможе да се распише референдум - од образованието, културата, симболите, директно го прекршува уставот, сметаат експертите. Со владиниот нов текст, референдум не може да се организира за закони кои се донесени со бадинтеровото мнозинство.

Европската Унија ќе го чува Уставот во фрижидер

Дневник - 09.06.2005

ЕВРОПА ВО ПОЛИТИЧКА КРИЗА Лидерите на Европската Унија на самитот на 16 јуни најверојатно ќе го замрзнат прашањето за усвојувањето на првиот Устав на Унијата, откако Французите и Холанѓаните на референдуми го отфрлија документот, јави Ројтерс.

Варшава се попишамни околу референдумот за ЕУ уставот

Вест - 08.06.2005

ВАРШАВА, 8 јуни (Ројтерс) - Полскиот претседател Александар Квашњевски вчера изјави дека можеби ќе го одложи референдумот за уставот на Европската унија ако самитот на ЕУ овој месец не донесе јасна одлука дали ќе продолжи да работи на уставот.

Блер, сепак, смета дека Уставот може да биде спасен

Утрински - 08.06.2005

По замрзнувањето на реферндумот во Британија ЛОНДОН - Велика Британија соопшти дека проблематичниот Устав на ЕУ би можел да се спаси дури и откако ги замрзна плановите за одржување на референдум за Уставот што беше отфрлен од француските и холандските гласачи.

Португалија го одложи референдумот, Чешка најави сличен потег

Макфакс - 08.06.2005

Лисабон Португалија го одложи референдумот за европскиот Устав, изјави португалскиот премиер Хосе Сократес. „Португалија го одложи изјаснувањето поради одлуката на европските лидери кои на самитот во Брисел го продолжија рокот за ратификација на Уставот најмалку до средината на 2007 година“, рече ...

Полјациите сакаат да гласаат

Вест - 07.06.2005

ВАРШАВА, 7 јуни (Ројтерс) - Полска треба да одржи референдум за уставот на Европската унија иако Британија го замрзна своето гласање по отфрлувањето на Франција и Холандија, соопшти министерот за надворешна политика Адам Ротфелд.

Нема референдум за прашања од Рамковниот договор

Вест - 07.06.2005

ВЛАДАТА ГО РЕГУЛИРА НЕПОСРЕДНОТО ИЗЈАСНУВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ Пратениците од власта сметаат дека е исправно за законите што се донесуваат со Бадинтерово мнозинство да не може да се распише референдум, а опозицијата тврди дека тоа претставува ограничување на демократ Дополнителен референдум на државно ...

Британија го замрзна планот за референдум за Уставот на ЕУ

Утрински - 07.06.2005

Иако беше планиран за следната пролет, по француското и холандското отфрлање Британската конзервативна опозиција се противи на Уставот, но сў досега го поддржуваше референдумот ЛОНДОН - Даунинг стрит потврди дека Велика Британија го замрзна планот за референдумско изјаснување, планирано за следната ...

Британците го замрзнаа законот за референдум за ЕУ- уставот

Вест - 07.06.2005

ЛОНДОН, 7 јуни (Ројтерс) - Британија вчера го одложи усвојувањето на законот за референдум за новиот устав на Европската унија, којшто веќе го отфрлија Франција и Холандија. Оваа постапка е недалеку од јавно објавување дека уставот е мртов, нешто што ниту една влада на ЕУ не сакаше да го направи од ...

Британија го смрзнува Уставот на ЕУ

Дневник - 07.06.2005

КОМПРОМИС ВО ЛОНДОН Британските власти изнајдоа компромисно решение - ниту да го закажат ниту да го откажат, туку да го "замрзнат" законот за референдумско изјаснување за Уставот на Европската Унија, документ што веќе беше отфрлен од гласачите во Франција и во Холандија, јави Ројтерс.

Полска ќе го одржи референдумот за Уставот на ЕУ

Утрински - 07.06.2005

Најголемата нова членка на Европската унија соопшти Ротфелд: Французите, Холанѓаните или Британците не можат да донесуваат одлука за нас ВАРШАВА - Полска треба да одржи референдум за Уставот на ЕУ иако Велика Британија го замрзна гласањето и откако Уставот беше отфрлен од Франција и Холандија, ...

Бадинтеровото мнозинство го компликува законот за референдум

Утрински - 07.06.2005

Комисијата за политички систем го поддржа донесувањето закон за непосредно граѓанско изјаснување Неможноста граѓаните непосредно да се изјаснат за одлуки, кои во Собранието се донесуваат со Бадинтерово мнозинство, беше спорна за пратениците и од власта и од опозицијата, кои вчера на седницата на ...

Рамковниот посилен и од народот

Дневник - 07.06.2005

ЗАКОН ЗА РЕФЕРЕНДУМ Опозицијата смета дека народот за секое прашање треба да има право да се изјасни на референдум. Власта, пак, го ограничува правото на непосредно изјаснување за одлуки што Собранието ги донесува со Бадинтерово мнозинство.

Ротфелд - ЕУ е соочена со криза

Макфакс - 07.06.2005

Варшава Европската унија е соочена со криза, безизлез и недостаток на концепција за иднината, изјави полскиот министер за надворешни работи Адам Ротфелд при денешното отварање на годишната средба на полските пратеници во Варшава.

Полска во октомври на референдум за европскиот Устав

Макфакс - 07.06.2005

Варшава Полска ќе спроведе референдум за европскиот Устав, и покрај одлуката на Велика Британија на неопределено време да го одложи изјаснувањето за документот, соопшти шефот на полската дипломатија Адам Ротфелд. Тој дополни оти референдумското изјаснување најверојатно ќе се одржи во октомври ...

Собранието гласа денеска за законот за референдум

Макфакс - 07.06.2005

Скопје Пратениците во Македонскиот парламент денеска треба да гласаат за Законот за референдум. Дебатата по предлогот на овој закон е завршена но вчера, поради немање, кворум гласањето беше одложено. Против предлогот на Законот за референдум беа главно пратениците од опозицијата.

Дали ќе има измени во законот за референдум?

А1 - 06.06.2005

Нема референдум за прашања кои собранието веќе ги донело со бадентерово мнозинство. На ваквото решение во владиниот предлог за закон за референдум денеска остро се спротивстави опозицијата, но и дел од пратениците од власта. „Да се доведе во состојба во овој момент мнозинската етничка заедница да ...

Собраниска седница за предлог-законот за референдум

Макфакс - 06.06.2005

Скопје Македонскиот Парламент денеска треба да ја продолжи собраниската расправа околу законското решение за референдум со кое треба да се регулира одржувањето на непосредната демократија, начинот и постапката, и прашањата за кои граѓаните може да излезат на референдум.

Британија се откажува од референдум за уставот на ЕУ

Макфакс - 06.06.2005

Лондон Британскиот министер за надворешни работи Џек Строу ќе објави денеска попладне дека владата се откажува од плановите за спроведување референдум за европскиот устав. Ова го соопшти портпаролот на британскиот премиерот Тони Блер.