TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во Ирак киднапирани двајца турски камионџии

А1 - 01.08.2004

Терористичката група на јорданскиот екстремист Абу Мусаба ал Заркави соопшти дека во Ирак киднапирала двајца турски возачи на камион и се закани оти ќе ги убие во рок од 48 часа доколку нивната компанија не ја прекине работата во таа земја, јави синоќа арапската телевизија Ал Џазира.

Ирачки милитанти грабнаа четворица Јорданци

Дневник - 31.07.2004

СЕРИЈА КИДНАПИРАЊА ВО ИРАК Ирачка исламистичка група завчера соопшти дека киднапирала четворица јордански државјани и побара од транспортната компанија за која работат Јорданците да се повлече од Ирак, јави Ројтерс. На видеоснимка која ја емитуваше телевизија од Дубаи, киднаперите, кои се ...

Ако има докази, МВР ќе гони и функционери

Време - 30.07.2004

СЛУЧАЈ „КИДНАПИРАНИ“ Министерството за внатрешни работи нема да поштеди ниту едно лице за кое ќе се утврди дека е вмешано во киднапирањето на 12-те Македонци од Тетовско, без разлика дали станува збор за државен или партиски функционер, изјави вчера Горан Павловски, портпарол на МВР.

Ирачките екстремисти ги убија киднапираните Пакистанци

А1 - 29.07.2004

Екстремистите во Ирак ги убија двајцата пакистански заложници и ослободија еден Ирачанец, јави катарската телевизија Ал Џезира. Телевизијата соопшти дека добила видео-снимка на која се прикажани убиствата, но оти нема да ја емитува затоа што „глетката е ужасна“.

Истрагата за 12-те киднапирани Македонци продолжува

А1 - 29.07.2004

Истрагата за 12-те киднапирани Македонци продолжува, иако МВР засега не ги коментира обвинувањата дека во злосторството во 2001-ва учествувал висок функционер во МВР, кадар на ДУИ. „Истрагата напредува, засега без конкретни резултати, но секојдневно се проверуваат информациите добиени од роднините ...

Функционер на МВР бил вмешан во киднапирањето Македонци во 2001?

Време - 29.07.2004

ПРИВАТНАТА ИСТРАГА УТВРДИЛА Емил Зафировски Висок функционер во МВР и еден поранешен командант на ОНА, со прекар Лека, биле вмешани во киднапирањето и во убиството на дванаесетте Македонци од Тетовско, покажала истрагата на приватниот детектив ангажиран од роднините на киднапираните.

Ирачките милитанти го ослободија египетскиот дипломат

Дневник - 28.07.2004

ПО НЕКОЛКУДНЕВНИ ПРЕГОВОРИ Египетскиот дипломат Мухамед Мамдух Катб, кого ирачките екстремисти го киднапираа во петокот во Багдад, е ослободен прексиноќа, соопшти египетското Министерство за надворешни работи, јави МИА. Претставник на Министерството истакна дека египетскиот дипломат е ослободен по ...

Роднини на киднапираните Јорданци му се заканија со сечење глава на нивниот директор

Вест - 28.07.2004

АМАН, Јордан, 28 јули (АП) - Роднините на двајцата јордански возачи кои беа киднапирани во Ирак, вчера се заканија дека ќе му ја отсечат главата на директорот на фирмата во која работат киднапираните и дека ќе ги убијат сите вработени ако тој не се согласи со барањата на киднаперите фирмата да ...

Ослободен египетскиот дипломат во Ирак

Утрински - 28.07.2004

По неколкудневно заложништво БАГДАД - Египетскиот дипломат Мохамед Мамдух Кутб беше ослободен во текот на ноќта, откако беше киднапиран од ирачки милитанти во петокот додека излегуваше од една џамија во Багдад. Кутб, трета личност во амбасадата на Египет, рече дека бил киднапиран бидејќи неговите ...

Ослободен киднапираниот египетски дипломат

А1 - 27.07.2004

Египетскиот дипломат Мухамед Мамдух Катб, кого ирачките екстремисти го киднапираа во петокот во Багдад, е ослободен синоќа, соопшти египетското Министерство за надворешни работи. Официјален претставник на Министерството истакна дека египетскиот дипломат е ослободен по успешно завршените преговори и ...

Нови две киднапирања во Ирак и неколку напади со автомобили-бомби

Вест - 27.07.2004

БАГДАД, 27 јули (Ројтерс) - Во северен Ирак и Багдад вчера се случија неколку напади со автомобили-бомби во кои тројца загинаа, а најмалку петмина беа повредени, што претставува нов предизвик за безбедноста на ирач БАГДАД, 27 јули (Ројтерс) - Во северен Ирак и Багдад вчера се случија неколку напади ...

Киднапираните возачи наскоро ќе бидат ослободени

Дневник - 27.07.2004

КУВАЈТСКИТЕ РАБОТОДАВЦИ НАЈАВИЈА Кувајтската компанија "Линк", за која работат седумтемина возачи што во почетокот на неделава беа киднапирани во Ирак, завчера соопшти дека добила гаранции оти заложниците наскоро ќе бидат ослободени, јави МИА.

Ирачка екстремистичка група киднапира двајца јордански возачи

А1 - 26.07.2004

Ирачка екстремистичка група денеска соопшти дека киднапирала двајца јордански возачи и се закани дека ако јорданската компанија за којашто работат заложниците не прекине да работи во Ирак, тие ќе бидат убиени во наредните 72 часа.

Во Багдад киднапиран египетски дипломат

Дневник - 26.07.2004

ЗАЛОЖНИЧКА КРИЗА ВО ИРАК Ирачките бунтовници досега киднапираа десетици странски државјани што работат во земјата, но ова е прв случај да биде грабнат дипломат Ирачка милитантна група пред три дена во Багдад киднапира египетски дипломат, јави Ројтерс.

Уште две киднапирања во Ирак и нови 13 мртви во жестоки борби

Вест - 26.07.2004

БАГДАД, 26 јули (Ројтерс) - Двајца Пакистанци вработени во кувајтска фирма биле киднапирани вчера со што се продлабочува ирачката заложничка криза во која досега директно биле инволвирани 22 држави во светот. Пакистан соопшти дека двајцата исчезнати, инженер и возач кои работат за "Ал Тамими груп", ...

Расте бројот на киднапираните во Ирак

Време - 26.07.2004

НА ЗАЛОЖНИЧКИТЕ ДРАМИ ИМ НЕМА КРАЈ Генерален директор на ирачка државна градежна компанија завчера е киднапиран во Багдад, соопшти ирачкото министерство за внатрешни работи. Раан Аднан, генерален директор на државната компанија „Ал Мансур“, која е најмена за изградба на брани, мостови и на други ...

Ирачката заложничка криза се продлабочува

Утрински - 26.07.2004

Досега најмалку дваесет и две држави се погодени од киднапирањата во Ирак БАГДАД - Двајца Пакистанци кои работат за компанија од Кувајт се исчезнати и се стравува дека се киднапирани, бидејќи заложничката криза во Ирак се продлабочува. Најмалку 22 земји досега се погодени од бранот киднапирања.