TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Израелски авиони го нападнаа Рамалах

А1 - 03.03.2002

Израелски борбени авиони „Ф-16“ нападнаа палестински цели на Западниот брег, по загинувањето на 20 Израелци во палестинските напади во последните 24 часа. Палестински безбедносни извори соопштија дека авионите ја нападнале полициската станица, која се наоѓа на стотина метри од седиштето на ...

Израелците не дозволиле да му се помогне на еден ранет цивил

А1 - 02.03.2002

Еден Палестинец го загубил животот, затоа што израелската војска не и дозволи на медицинската екипа да и помогне, откако што бил ранет од израелците во северот на Газа, соопштија денес палестински медицински извори. Калил Илмаси (28) загинал од две рани здобиени од огнено оружје, а кон него било ...

Меѓународната заедница бара крајна воздржаност од Израел

А1 - 01.03.2002

Најмалку еден Палестинец го загуби животот, а повеќе од 20 се повредени во утринскиот напад на израелската војска во бегалскиот камп Џенин, соопштија палестински извори. Генералниот секретар на Обединетите нации, Кофи Анан побара израелската војска веднаш да се повлече од двата палестински бегалски ...

Жена-бомбаш се разнела пред израелски воен пункт

Утрински - 01.03.2002

Уште осум мртви во новиот бран насилства во Западниот Брег Судирите избувнале кога израелски војници нападнале два кампа за бегалци - "Балата" и "Џенин" ЏЕНИН - Спорд извештаите, седум Палестинци и еден израелски војник биле убиени во престрелки на Западниот Брег.

Израелските сили убија најмалку шест Палестинци

А1 - 28.02.2002

Израелските сили денеска убија најмалку шест Палестинци, од кои петмина полицајци во нападите на северниот дел од Западниот брег, соопштија палестинските сили за безбедност и болнички претставници. Според истите извори тројца полицајци биле убиени во напад на специјалните израелски сили врз ...

Територии за арапското признавање на Израел

Утрински - 28.02.2002

Саудискиот принц Абдула понуди прифатливо решение за блискоисточниот спор ЏЕДА - Специјалниот пратеник на Европската унија за надворешни работи, Хавиер Солана, допатува во саудискиот град Џеда, за да разговара околу мировниот план за Блискиот Исток, предложен од крунисаниот принц Абдула.

Израел и Палестина без договор за мир, саудиската инцијатива единствена надеж

Вест - 28.02.2002

ЕРУСАЛИМ, 28 февруари (АП) - Напнатата средба меѓу израелските и палестинските шефови на обезбедувањето заврши вчера без постигната согласност за тоа како да се стави крај на 17-месечните борби, и покрај тоа што новата саудиска иницијатива за мир донесе чувство на надеж кај двете страни.

Вооружена група блиска на Фатах одговорна за атентат

А1 - 27.02.2002

Вооружена група поврзана со движењето Фатах на палестинскиот водач Јасер Арафат ја презеде денеска одговорноста за нападот во источниот дел на Ерусалим, при што загина еден Израелец. „Група наши борци утринава пукаа на Израелец во индустриската зона на атарот во северниот дел на Ерусалим“, се вели ...

Арафат согласен на разговори со Израел

Утрински - 27.02.2002

По барање на ЕУ ЕРУСАЛИМ - Палестинскиот претседател Јасер Арафат се согласи на обновување на безбедносните разговори со Израел и засилувањето на саудиската мировна иницијатива, и покрај новиот бран насилство во 17-те месеци на крвопролевање.

Солана ќе преговара со Арабија за предлогот "земја за мир"

Вест - 27.02.2002

ЕРУСАЛИМ, 27 февруари (Ројтерс) - Шефот за надворешна политика на Европската унија Хавиер Солана денеска ќе го посети градот Џедах каде што ќе разговара со принцот Абдула во врска со саудискиот предлог за ставање крај на израелско-палестинскиот конфликт.

Саудискиот престолонаследник има план прифатлив за сите на Блискиот Исток

Дневник - 27.02.2002

МИРОВНА ИНИЦИЈАТИВА Израелскиот министер за одбрана, Бинјамин Бен-Елизер, вчера го поздрави саудискиот мировен план за Блискиот Исток, што предвидува арапските земји да ја признаат еврејската држава ако сите израелски војници се повлечат од окупираните палестински територии, јави Ројтерс.

Израел може повторно да ги окупира сите палестински градови

А1 - 26.02.2002

„Израелската армија би можела повторно да ги окупира сите градови на подрачјето на палестинската самоуправа за да се сопре тероризмот“, изјави израелскиот министер за правосудство Меир Шетрит, член на десничарската партија Ликуд.

Уште двајца убиени Палестинци

Утрински - 26.02.2002

Блиски Исток НАБУС - Двајца Палестинци беа застрелани во одделни инциденти на Западниот Брег, неколку часа откако Израел ја намали блокадата врз палестинскиот лидер Јасер Арафат. Израелски војници убиле палестински маж, а ги раниле неговата бремена сопруга и татко, додека една палестинска жена била ...

Солана бара Израел да го симне ограничувањето за движење на Арафат

Вест - 26.02.2002

22-годишната Палестинка Мајсун Хајек вчера се породи откако во неа и нејзиниот сопруг пукаа израелски војници. Сопругот почина, а Хајек беше лесно повредена. Ова е втор случај за 24 часа Израелци да пукаат во бремени Палестинки ЕРУСАЛИМ, 26 февруари (Ројтерс) - Пратеникот на Европската унија Хавиер ...

Израелски војници убија Палестинец и Палестинка

А1 - 25.02.2002

Израелските војници убија еден Палестинец и една Палестинка во одвоени инциденти што се случија денеска на Западниот брег, соопштија палестински безбеднодсни извори. Според истите извори, израелските војници го убиле Мухамед Хајек (22), а неговиот татко и бремената сопруга биле тешко ранети додека ...

Израел реши да продолжи со блокадата на Јасер Арафат

Утрински - 25.02.2002

И покрај наредбата за апсење на осомничените за убиството на израелскиот министер Израел ќе ја повлече двомесечната тенковска блокада на седиштето на Арафат во Рамалах, но нема да му дозволи да го напушти градот ЕРУСАЛИМ - Израел вчера реши да продолжи со блокадата на Јасер Арафат во градот Рамалах ...

Арафат не смее да го напушти Рамалах

Вест - 25.02.2002

Израелскиот совет за безбедност донесе одлука да не му дозволи на палестинскиот лидер Јасер Арафат да го напушти градот Рамалах каде присилно престојува од 3 декември лани, јави израелското радио. Арафат ќе може да го напушти својот генералштаб и да се "шета" по целиот град, инаку опколен од ...