TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Црвенковски на работен ручек со Британската Бизнис Група

Макфакс - 06.10.2007

Скопје Претседателот Бранко Црвенковски денеска ќе учествува на работен ручек со Британската Бизнис Група во Македонија. На средбата, што ќе се одржи во хотелот Стоун Бриџ, свои обраќања ќе имаат претседателот Црвенковски и претседателот на Британската Бизнис Група во Македонија, Реј Пауер.

Владата предложи амбасадори

Вечер Прес - 06.10.2007

На списокот се наоѓаат кандидати за амбасадите на Македонија во Романија, Србија, БиХ, Црна Гора, Хрватска, Шпанија, Велика Британија, Белгија, Украина, Катар и во Чешката Република, како и за мисиите во НАТО и во Обединетите нации во Њујорк Листата со кандидати за амбасадори подготвена од Владата ...

Македонија пак ќе влезе во политичка криза?!

Вечер Прес - 05.10.2007

Ако се докомплетира Судскиот совет, Македонија ќе има поголем проблем од тој што ќе го реши, порача вчера од Брисел претседателот Бранко Црвенковски. Ќе се прекрши договореното на лидерската средба пред две недели, ДУИ повторно ќе го блокира Собранието, а за тоа земјава ќе добие остри критики од ...

Црвенковски ја продолжува посета на Брисел

Макфакс - 04.10.2007

Скопје Висока македонска државна делегација во која се претседателот Бранко Црвенковски и шефот на дипломатијата Антонио Милошоски, денеска ја продолжува официјална посета на Брисел. Шефот на македонската држава во средата имаше одвоени средби со високиот комесар за надворешна политика и безбедност ...

Нема бланко чек за во ЕУ

Вечер Прес - 04.10.2007

Иако беше предвидено на средбата со Рен, Црвенковски да биде придружуван од министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, тој не дојде поради новородениот син. Рен му ја честиташе приновата Македонија, и покрај силната поддршка од Словенија, не треба да очекува бланко чек за почеток на ...

Солана – Итна разврска за инцидентите во парламентот

Макфакс - 03.10.2007

Брисел Македонија се движи во добра насока, која се надевам дека нема да ја попречат неодамнешните инциденти во парламент, за кои одговорноста мора да се утврди во најкус рок. Ова по средбата со македонскиот претседател Бранко Црвенковски во Брисел го укажа вечерва високиот претставник за ...

Солана: Можен договор за Косово до 10.декември

Макфакс - 03.10.2007

Брисел Постои можност низ преговорите за Косово да се постигне договор за статусот до 10.декември. Ваква оценка денеска даде високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана, додавајќи дека Унијата е подготвена да испрати мисија на Косово кога ООН ќе решИ да ги повлече ...

ЕК бара од Македонија резултати во политичките реформи

Макфакс - 03.10.2007

Скопје Реформите тргнаа повторно напред, посебно во економската сфера, но потребни се поконкретни резултати, пред се, во судството, полицијата, како и натамошен прогрес во борбата против корупцијата. Ова денеска во Брисел го изјави еврокомесарот за проширување Оли Рен, по средбата со шефот на ...

Македонска делегација во Брисел

Макфакс - 03.10.2007

Скопје Македонска државна делегација денеска ќе престојува во Брисел на средби со претставници на Европската унија (ЕУ) и НАТО. Според најавите, делегацијата ќе ја предводат претседателот Бранко Црвенковски и шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски.

Не не' брани жити се'!

Вечер Прес - 03.10.2007

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ е загрижена од најавата на претседателот Бранко Црвенковски дека при посетата на Брисел, ќе се обиде да ја поправи штетата, настаната од минатонеделните инциденти во Собранието. Партискиот портпарол Александар Бичиклиски вели дека загриженоста од посетата на Брисел се темели ...

Груевски му предлага на Црвенковски редовни средби

Макфакс - 02.10.2007

Скопје Премиерот Никола Груевски на претседателот Бранко Црвенковски му предложи да почнат континуирани средби за прашања за кои заемно треба да одлучуваат. „Убеден сум дека започнувањето со реализацијата на ваквата практика ќе даде позитивен импулс во функционирањето на политичкиот систем, како и ...

Црвенковски свика средби со партиските лидери

Макфакс - 02.10.2007

Скопје Средби со партиските лидери свика за денеска македонскиот претседател Бранко Црвенковски, спроти неговата посета на Европската унија (ЕУ) и НАТО. Неодамнешните инциденти во Собранието, како и застојот во судските реформи, се очекува да бидат теми на кои претседателот Црвенковски одделно ќе ...

Црвенковски закажа поединечни средби со лидерите на партиите

Макфакс - 01.10.2007

Скопје Жалење и осуда за настаните и иницијатива за разрешување на кризата настаната со физичките инциденти меѓу пратениците во Собранието, изрази денеска шефот на државата Бранко Црвенковски. Претседателот Црвенковски во обраќањето до јавноста пред посетата на ЕУ во текот на оваа недела, рече дека ...

Црвенковски во посета на Авганистан

Макфакс - 01.10.2007

Скопје Македонскиот Претседател и Врховен командант на вооружените сили на АРМ, Бранко Црвенковски, денеска ќе престојува во Авганистан. Претседателот Црвенковски, Денот на народното востание 11. октомври, ќе го помине со македонските војници припадници во мисијата на ИСАФ, се вели во соопштението.

Црвенковски ги посети војниците во Авганистан

Макфакс - 01.10.2007

Скопје Македонскиот претседател и врховен командант на вооружените сили Бранко Црвенковски, денеска во Кабул во базата на Меѓународна мисија за поддршка на стабилноста во Авганистан ги посети македонските војници. За време на посетата на Авганистан, претседателот Црвенковски е придружуван од ...

Црвенковски го прифати мнозинството предлози за амбасадори

Макфакс - 01.10.2007

Скопје Македонскиот претседател Бранко Црвенковски прифати 11 и одби два предлога за амбасадори, доставени од Владата. Црвенковски денеска го известил премиерот Никола Груевски дека ги прифаќа кандидатите за македонски амбасадори во: Белгија, Шпанија, Велика Британија, Обединети Нации, Хрватска, ...

Солана:Турција да не навлегува во Северен Ирак

Макфакс - 01.10.2007

Брисел Високиот претставник на Европската унија за безбедност и надворешна политика Хавиер Солана ја предупреди Турција да не навлегува во Северен Ирак за да се пресметува со курдските сепаратисти. „Ниту една можност, што дополнително би ја усложнило ситуацијата во Ирак не може да биде преземена, и ...

Црвенковски утре во посета на Авганистан

Макфакс - 01.10.2007

Скопје Македонскиот Претседател и Врховен командант на вооружените сили на АРМ, Бранко Црвенковски, утре ќе престојува во Авганистан, соопштено е денеска од неговиот кабинет. Претседателот Црвенковски, Денот на народното востание 11 октомври, ќе го помине со македонските војници припадници во ...

Црвенковски: Нема сериозно нарушување на безбедноста

Макфакс - 01.10.2007

Скопје Шефот на македонската држава денеска оцени дека не постојат индикации за сериозно нарушување на безбедносната ситуација ниту загрозување на територијалниот интегритет, иако “има раздвижување на поединци“. “Точно е дека постојат поединци и групи кои што во последно време се раздвижени, кои ...