TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Аплаузи и скандирања за "Фигаро се разведува"

Вест - 21.11.2008

Во Македонскиот народен театар прексиноќа премиерно беше изведена претставата "Фигаро се разведува" на германскиот автор Еден фон Хорват, во режија на младиот Куштрим Бектеши, кој првпат режира надвор од Албанскиот театар. МНТ не беше полн, но во публиката, сепак, имаше познати лица, режисери, актери и уметници.

Развод на класично добар начин

Н.Македонија - 21.11.2008

Поставена во класична театарска форма, скандинавски прецизна, со драматуршка доследност и филмска нарација во сцените, претставата „Фигаро се разведува“ од Еден вон Хорват во режија на младиот Куштрим Бектеши, прикажана премиерно завчера на сцената на МНТ, е дело на режисер што, се чини, знаел што сака да постигне.

Премиера на „Фигаро се разведува“ на Куштрим Бектеши во МНТ

Канал5 - 19.11.2008

Во Македонскиот народен театар вечер ќе биде изведена премиерата на претставата „Фигаро се разведува“ по текст на Еден фон Хорват, а во режија на Куштрим Бектеши. Според директорот на МНТ Сашо Миленковски станува збор за визуелно прецизен режисер кој ќе внесе нов квалитет во МНТ.

Премиера на „Фигаро се разведува“ во МНТ

Алфа - 19.11.2008

Во Македонскиот народен театар вечер ќе биде изведена премиерата на претставата „Фигаро се разведува“ по текст на Еден фон Хорват, а во режија на Куштрим Бектеши. Според директорот на МНТ Сашо Миленковски станува збор за визуелно прецизен режисер кој ќе внесе нов квалитет во МНТ.

Премиера на „Фигаро се разведува“ во МНТ

Кирилица - 19.11.2008

Претставата зборува за луѓе кои целиот живот го поминуваат во некаква транзиција, менување општествени системи, немаат сигурна иднина, цело време се во очекување дека ќе им се случи нешто добро, се прашуваат и стравуваат за она што ги очекува утре и во иднината. Претставата почнува пред Втората светска војна, продолжува за време на војната, а крајната сцена е во денешно време.

Премиера на "Фигаро се разведува" на Куштрим Бектеши

Вест - 18.11.2008

Во Македонскиот народен театар утревечер во 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата "Фигаро се разведува" од германскиот автор Еден фон Хорват, во режија на младиот Куштрим Бектеши. Како што беше речено на вчерашната прес-конференција, текстот е напишан во 1937 година, но режисерот смета дека текстот е вонвременски затоа што раскажува за човечки судбини во бурни времиња.

Куштрим Бектеши премиерно во МНТ со „Фигаро се разведува“

Утрински - 18.11.2008

Претстава за човечките судбини во бурните транзициони времиња, кога луѓето како да живеат во еден вагон. Лилјана Митевска. Човечките маки и страдања под стегите на бруталните општествени механизми и вечната потрага по една посветла и пред се' похумана иднина, се во фокусот на претставата „Фигаро се разведува“, работена врз основа на текстот на Еден фон Хорват, во режија на Куштрим Бектеши, која ...

Режисерот Куштрим Бектеши ќе има премиера во МНТ

Дневник - 18.11.2008

Режисерот Куштрим Бектеши ќе има премиера во МНТ. Режисерот Куштрим Бектеши ќе дебитира на сцената на Македонскиот народен театар со претставата „Фигаро се разведува“ од Еден фон Хорват, утревечер во 20 часот. Бектеши е и првиот режисер Албанец што работи во најголемиот национален театар. - Задоволство ми е што работам на оваа сцена.

Премиера на „Фигаро се разведува“

Време - 18.11.2008

Претставата „Фигаро се разведува“ од Еден вон Хорват на младиот и се повеќе ценет режисер Куштрим Бектеши, премиерно ќе биде изведена утревечер на сцената на МНТ, од 20 часот. - Претставата ги разработува индивидуалните судбини во едни бурни времиња, времиња на транзиција, на менување на општествените системи, каде луѓето живеат во постојан страв од иднината и како да живеат во вагони, а не знаат ...

„Фигаро се разведува“ - премиера во МНТ

А1 - 17.11.2008

„Фигаро се разведува“, во режија на Куштрим Бектеши е најновата премиера во продукција на МНТ. Исклучително тешка и високо естетска претстава за одржување на престижниот углед на МНТ, а Бектеши е вонредно прецизен визуелен режисер, велат од МНТ.

Премиера на „Фигаро се разведува“ во МНТ

Форум - 17.11.2008

Македонскиот народен театар останува отворен за млади режисери. Младиот албански режисер Куштрим Бектеши на сцената на МНТ ја поставува „Фигаро се разведува“ чија премиера е закажана за 19 ноември „Не ми значи што сум Албанец кој режира во македонски театар, туку што сум млад режисер кој има прилика да работи во МНТ“, вели Бектеши кој истакна дека актерската екипа му дала ...

Фигаро се разведува по Фон Хорват

Вечер Прес - 17.11.2008

Оваа мрачна транзициска драма, која и покрај тоа што е напишана пред Втората светска војна (1937), според младиот режисер Куштрим Бектеши е многу современа и денешна. Претставата "Фигаро се разведува" од Еден фон Хорват, а во режија на младиот Куштрим Бектеши е најновиот проект во МНТ, чија премиера е закажана за утревечер (20 ч.) на сцената на театарот во Центар.