Министрите за одбрана на ЕУ завчера соопштија дека европската воена мисија во БиХ (ЕУФОР) постепено ќе се намалува и ќе биде заменета со цивилна, но конечна одлука за тоа се уште не е донесена. "Најголем дел од воените операции во суштина е завршен.
Министрите за одбрана на ЕУ на неформална средба во Франција го поддржале планот за постепено укинување на мировната мисија на Унијата во Босна, ЕУФОР, но не договориле конкретен датум за тоа, јави АФП, повикувајќи се на изјава на француски дипломат.
Министрите за одбрана на земјите членки на Европската унија (ЕУ) денеска ќе разговараат за евентуално повлекување на нивните сили од Босна и Херцеговина (БиХ). Ова го соопшти францускиот министер за одбрана, Ерве Морен пред почетокот на средбата што се одржува во Довил, западна Франција.