TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Албанијазабрани увозна месо од Азија

Дневник - 24.09.2005

ПТИЧЈИ ГРИП Албанија забрани увоз на месо од азија, како превенција од птичјиот грип, болест поради која во Азија се убиени милиони птици. Ветеринарниот институт од Тирана постојано врши испитувања на сите живинарски фарми во Албанија. Досега во земјата не е регистриран случај на смртоносниот вирус.

Од Германија ќе долетаат 100 теста за птичји грип

Дневник - 23.09.2005

ПРЕВЕНТИВА Републичкиот завод за здравствена заштита вчера порачал 100 теста од Германија за дијагностицирање птичји грип кај луѓето. Тестовите се од фирмата "Геникам-биотехнолоџи" и нивната набавка чини 150.000 денари. - Два месеца баравме од каде да ги набавиме тестовите и се надевам оти ќе нема ...

Светот има мала шанса да се справи со пандемија на птичји грип

Дневник - 23.09.2005

СТУДИЈА НА ЕКСПЕРТ НА СЗО Првата бројка на луѓе заболени од птичји грип ќе биде занемарлива, но по ова светот ќе има само неколку недели да спречи пандемија на болеста, која би убила милиони, се посочува во студијата на Хитоши Ошитани, еден од експертите на СЗО, кој го скроти ширењето на САРС, јави ...

Се набавуваат 50 теста за птичји грип

Утрински - 23.09.2005

Македонија ги следи препораките на СЗО Републичкиот завод за здравствена заштита ќе набави 50 теста за утврдување на птичјиот грип кај населението. "Постапката е во тек", вели д-р Благоја Алексоски, директор на оваа институција, кој е нарачател на тестовите за кои ќе се издвојат околу 160.000 ...

Птичјиот грип нема да ја прелета Македонија

Дневник - 22.09.2005

СТРУЧЊАЦИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ Ако дојде во Европа, птичјиот грип нема да ја заобиколи Македонија, предупреди вчера директорот на Управата за ветеринарство, Слободан Чокревски. Републичкиот завод за здравствена заштита до Бирото за јавни набавки поднесол барање за интервентен увоз на тестови за ...

Два месеци баравме каде има тестови за птичји грип

Време - 22.09.2005

ЗАВОДОТ СЕ ПРАВДА ЗА НЕПОДГОТВЕНОСТА Катерина Нешкова Два месеци му биле потребни на Републичкиот завод за здравствена заштита за да најде кои фирми во светот продаваат тестови за птичји грип, призна вчера Благоја Алексоски, директор на РЗЗЗ.

Епидемија на птичји грип во Џакарта

Дневник - 22.09.2005

СМРТОНОСНИОТ ВИРУС НИКАКО ДА ЗАПРЕ Џакарта вчера прогласи вонредна состојба поради избивање епидемија на птичји грип во Индонезија, јави Ројтерс. По објавувањето на информацијата, експерти од Светската здравствена организација допатуваа во индонезиската престолнина за да им помогнат на локалните ...

Птичјиот грип одзеде уште еден живот во Џакарта

А1 - 21.09.2005

Петгодишно девојче денеска почина во Џакарта од птичји грип, а индонезискиот „црн биланс“ што се покажи на 5 жртви ја зголеми вознемиреноста кај јавноста и Владата, која завчера прогласи „вонредна состојба на здравствената ситуација“.

Тестовите за птичји грип ни ги побараа вчера

Време - 21.09.2005

МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ ТВРДИ Републичкиот завод за здравствена заштита дури вчера поднел барање до Бирото за јавни набавки за да направи интервентен увоз на тестови за дијагностицирање птичји грип и покрај тоа што тврдеше дека барањето е поднесено уште пред неколку недели, информираат од ...

СЗО алармира, Македонија допрва се подготвува против птичјиот грип

Утрински - 21.09.2005

Светската здравствена организација уште еднаш повика на преземање превентивни мерки Според анализите на Медицинскиот институт „Еразмос“ од Ротердам, ако не се спроведуваат мерки за заштита, птичјиот грип ќе „однесе“ 7,5 милиони луѓе АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА По препорака на Светската здравствена ...

Птичјиот грип однесе уште една жртва во Индонезија

Канал5 - 21.09.2005

Петгодишно девојче денеска почина во Џакарта од птичји грип, а индонезискиот “црн биланс” што се покажи на пет жртви ја зголеми вознемиреноста кај јавноста и Владата, која завчера прогласи “вонредна состојба на здравствената ситуација”.

Тестовите за птичји грип заглавија во финансии

Време - 20.09.2005

КАКО МАКЕДОНИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ЕПИДЕМИЈА? Катерина Нешкова Македонија се уште не ги набавила потребните тестови со кои се дијагностицира птичјиот грип и покрај завчерашното предупредување на Светската здравствена организација дека владите на сите земји треба да бидат подготвени за епидемија од ...

СЗО предупреди на пандемија на птичји грип

Утрински - 20.09.2005

Аларм Вчера зоолошката градина во Џакарта, Индонезија, беше затворена поради птичји грип ЖЕНЕВА - Светската здравствена организација (СЗО) побара вчера од владите на сите земји да бидат подготвени за пандемија на птичји грип. "Ниту една влада или шеф на држава не смеат да бидат изненадени.

Се заканува пандемија на птичји грип

Дневник - 20.09.2005

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Светската здравствена организација побара од сите земји во светот да бидат подготвени за пандемија на птичји грип, јави Макфакс. - Ниту една влада или шеф на држава не смеат да бидат изненадени. Многу е важно за сите нас да бидеме подготвени - изјави генералниот директор на СЗО, Џонг ...

Интервентен увоз на тестови за птичји грип

Вест - 20.09.2005

МАКЕДОНИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА СМРТОНОСНАТА ЗАРАЗНА БОЛЕСТ Светската здравствена организација вчера од владите на сите земји членки на СЗО меѓу кои е и Македонија побара да се подготват за пандемија на смртоносниот птичји грип. Препораката е владите на сите 192 членки на СЗО да изготват планови за ...

Поради птичји грип затворена зоолошката градина во Џакарта

А1 - 19.09.2005

Индонезиската Влада одлучи денеска да ја затвори зоолошката градина во главниот град поради се побројните случаи на птици заразени со болеста - птичји грип, објавија денеска медиумите во Џакарта. Официјални лица велат дека зоолошката градина ќе биде затворена три седмици, откако кај 19 птици биле ...

СЗО предупредува од пандемија на птичји грип

А1 - 19.09.2005

Светската здравствена организација побара денеска од владите на сите земји да бидат подготвени за пандемија на птичји грип. „Ниту една влада или шеф на држава не смеат да бидат изненадени. Многу е важно за сите нас да бидеме подготвени“, изјави генералниот директор на СЗО Џонг Ву Ли.