TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Коби Брајант уште седум години во Лејкерси

Утрински - 17.07.2004

Ѕвездата на Лос Анџелес, сепак, потпиша нов договор со "езерџиите" Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, Коби Брајант, сепак, останува во Лос Анџелес, откако вчера потпиша нов седумгодишен договор со Лејкерси, вреден 136 милиони долари.

Коби Брајант останува во ЛА Лејкерс

А1 - 16.07.2004

Коби Брајант елегантно, многу тактички причека Шекил О'Нил и Фил Џексон да си заминат од Лос Анџелес Лејкерс и наспроти очекувањата, веднаш се договори за продолжување на договорот со трикратниот НБА првак во последните пет години.

Супермен слета во "жешкото" Мајами

Вест - 16.07.2004

НБА - Реализирана најголемата размена на деценијата Лос Анџелес лејкерс за Суперменот ги доби Ламар Одом, Брајант Грент и Кирон Батлер "Големиот Супермен замина на источниот брег", стои во насловот на најголемиот американски спортски медиум, ЕСПН, откако вчера генералниот менаџер на Лос Анџелес ...

Шек трампан во Мајами за Одом, Батлер и за Грент

Утрински - 16.07.2004

Шпекулациите за трејдот меѓу Лејкерси и Мајами станаа реалност Шпекулациите дека најдоминантниот играч во НБА лигата, центарот на Лејкерси, Шекил О'Нил, ќе ја продолжи кариерата во Мајами, се покажаа како точни. Еден од најдобрите високи играчи во историјата се пресели на Флорида, а Лос Анџелес во ...

Шек навистина меѓу "жешките"

Дневник - 16.07.2004

Како што одамна беше најавувано, Шекил О'Нил и службено стана член на Мајами хит. Најдоминантниот играч на НБА-лигата, така, по осум години ќе ги напушти Лејкерс, а многумина веруваат дека по ова, Коби Брајант нема да може да одолее да не стави потпис на нов договор со "езерците".

Шекил О'Нил стана кошаркар на Мајами

А1 - 15.07.2004

ЛА Лејкерс го трампаа 8-кратниот НБА Ол Стар центар Шекил О'Нил во Мајами во замена за Ламар Одом, Карон Батлер, Брајан Грант и првиот пик на драфтот следната сезона. 32-годишниот О'Нил мина 8 години во Лејкерс и беше значаен дел од трите последновно шампионски титули во од 2000 до 2002.

Тони Кукоч заедно со Шек во Мајами

Утрински - 15.07.2004

Покрај за О’Нил, "жешките" заинтересирани и за хрватската ѕвезда Официјалната објава на трансферот на Шекил О'Нил од Лос Анџелес Лејкерс во Мајами е само прашање на денот. Но, уште поинтересна е веста дека истиот клуб е заинтересиран и за Тони Кукоч.

Мелоун лут на Лејкерс што го трампаат Шек

Дневник - 14.07.2004

НБА Карл Мелоун е разочаран и лут од одлуката на ЛА лејкерс да го трампаат центарот Шекил О'Нил (32) во Мајами. Ветеранот Мелоун летово го минува во рехабилитација од операциите на коленото и средниот прст на десната рака. Вториот стрелец на сите времиња, размислува за повлекување, а во Лејкерс ...

Шекил утре потпишува за Мајами?

Дневник - 13.07.2004

НБА Суперцентарот на ЛА лејкерс, Шекил О'Нил, е се поблиску до трансфер во Мајами хит. Според агентот на О'Нил, Пери Роџерс, договорот помеѓу Шекил и Мајами е завршена работа, и можеби уште утре ќе стане официјален. - Се уште не можам официјално да кажам дека е готово, но оптимисти сме оти ...

Шекил се поблиску до Мајами

Време - 12.07.2004

НБА Сензационалната трампа со која ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс Шекил О'Нил би заминал во Мајами хит е многу блиску до реалност. Топло време, пониски центри, одличен плејмејкер (Двејн Вејд), Пет Рајли за тренер... животот на Флорида звучи се попривлечно за О'Нил.

Шекил О'Нил во Мајами хит?

Дневник - 12.07.2004

НБА Најдоминантниот играч во НБА-лигата, центарот на Лос Анџелес лејкерс Шекил О' Нил, изјави дека би бил пресреќен ако следната сезона заигра за тимот на Мајами хит. О' Нил сам изразил желба да замине за Флорида. - Шек сосема би се согласил да биде трампан во Мајами.