TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ЕЛЕМ ќе инвестира 16,6 милиони евра во Брод Гнеотино

Време - 23.02.2007

СО КРЕДИТ ОД КХВ БАНКА Претставници на германската „КХВ Банка“ и „Електрани на Македонија“ вчера потпишаа договор за заем од 16,6 милиони евра кои ќе се искористат за набавка на механизација потребна за новиот јагленокоп кај Битола, Брод-Гнеотино.

ЕЛЕМ СЕ ЗАДОЛЖИ 16,6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КОПОТ БРОД-ГНЕОТИНО

Вечер Прес - 23.02.2007

Државната енергетска компанија ЕЛЕМ вчера потпиша договор со германската КФВ банка за кредит од 16,6 милиони евра со кој ќе се купи опрема за отворање на јагленокопот Брод-Гнеотино. Со отварања на наоѓалиштето, треба животот на термоелектраната во Битола да го продолжи до 2025 година.

Македонски електрани ќе се задолжат за јагленокопот Брод-Гнеотино

А1 - 22.02.2007

16,6 милиони евра ќe се задолжат Македонските електрани кај кредитната банка за обнова и развој од Франкфурт, за да набават опрема за јагленокопот Брод-Гнеотино. Јагленокопот треба да обезбеди суровина за работа на „РЕК Битола“ и „РЕК Осломеј“ за наредните 20 години.

Кредит од 14,4 милиони евра за Брод-Гнеотино

Вечер Прес - 21.02.2007

Претставници на државната компанија Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), неделава, треба да потпишат договор со германската кредитна банка за обнова и развој за добивање на кредит од 14,4 милиони евра. За кредитот, кој ќе се троши за набавка на опрема за површински коп на јаглен во наоѓалиштето ...

ЕЛЕМ со кредит ќе го активира рудникот за јаглен кај Брод

А1 - 19.02.2007

14,4 милиони евра ќе се задолжат Македонските електрани, кај Кредитна банка за обнова и развој од Франкфурт. ЕЛЕМ кредитот го зема, за да набави опрема за површинскиот коп на јаглен во Брод. Гаранцијата ја даваат Комерцијална и Тутунска, за што добиваат провизија. Државни гаранции нема.