TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Конвенција на СДСМ

А1 - 12.06.2005

Локалните избори според гласовите и освоените места се најдобри досега, рејтингот на партијата расте, време е да се мисли на парламентарните избори. Ова се тезите на претседателот на СДСМ Владо Бучковски изнесени на партиската конвенција во отчетот по завршениот изборен циклус.

Нестабилноста на Балканот е поскапа од интеграцијата во ЕУ

Утрински - 09.06.2005

Македонскиот премиер Владо Бучковски во официјална посета на Германија на разговори со канцеларот Герхард Шредер За осум месеци Шредер е вторпат домаќин на премиер на Македонија, пред Бучковски во Берлин беше Костов БЕРЛИН - ?Европската унија е со земјите од Западен Балканнн?, истакна германскиот ...

Шредер: Балконот и припаѓа на Европа

Дневник - 09.06.2005

ПРЕМИЕРОТ БУЧКОВСКИ ВО ГЕРМАНИЈА Германија е најважниот партнер на Македонија, особено во економската и развојната политика, и тоа налага да се зајкне економската соработка, оценил вчера во Берлин германскиот канцелар Герхард Шредер на средбата со македонскиот премиер Владо Бучковски.

Македонија станува омилена бизнис дестинација

Утрински - 09.06.2005

БУЧКОВСКИ На средбата со германските бизнисмени во Комерц банка премиерот Бучковски изјави дека Македонија, полека но сигурно, станува омилена бизнис-дестинација и оти од земја која сака странски инвестиции се трансформира во земја што ја посакуваат странските инвеститори.

шредер: Војниците на Балканот повеќе не коштаат од вашето интегрирање во ЕУ

Вест - 09.06.2005

ПРЕМИЕРОТ БУЧКОВСКИ ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА ГЕРМАНИЈА "Македонија е во групата најнапреднати земји од регионорт. Иако и претстои многу работа околу приватизацијата и внатрешните реформи, таа е на врвот. Независно од одбивањето на Европскиот устав од страна на Франција и Холандија доближувањето на ...

Продолжува посетата на Бучковски во Германија

Макфакс - 09.06.2005

Скопје - Македонскиот премиер Владо Бучковски, денеска, втор ден од посетата на Германија, треба да престојува во Минхен, каде со неколку македонски владини претставници ќе се сретнат со премиерот на германската покраина Баварија Едмунд Штројбер.

Нема политички проблеми меѓу Македонија и Германија

Вечер Прес - 09.06.2005

Меѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија нема никакви политички проблеми. Германија е најважниот партнер на Македонија посебно во економската и развојната политика и тоа наложува засилување на економската соработка, оцени вчера во Берлин германскиот канцелар Герхард Шредер, кој имаше ...

Средба Шредер-Бучковски во Берлин

А1 - 08.06.2005

Процесот на проширување на ЕУ не е запрен, но очигледно е дека е забавен. Оттаму неблагодарно е да се прогнозира кога земјите од Западен Балкан и Македонија како лидер во тој регион ќе влезат во ЕУ, рече германскиот канцелар Герхард Шредер по средбата со неговиот македонски колега Владо Бучковски ...

Бучковски ќе го носи „Сименс" во Македонија

Утрински - 08.06.2005

Премиерот во посета на Германија Претседателот на Владата, Владо Бучковски, придружуван од голема владина и бизнис-делегација, од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на СР Германија по покана од германскиот канцелар Герхард Шредер.

Бучковски во Германија

Макфакс - 08.06.2005

Скопје Македонскиот премиер Владо Бучковски, од денеска ќе престојува во дводневна посета на Германија, во обиде да ја поттикне економската соработка меѓу двете земји. Според официјалната агенда, премиерот ќе ги посети Берлин и Минхен.

Средба на премиерите на Македонија и Унгарија

Макфакс - 08.06.2005

Скопје Претседателот на Владата на Македонија Владо Бучковски денеска во Будимпешта ќе се сретне со премиерот на Унгарија Ференц Ѓурчањ. Бучковски, кој од вчера е во официјална посета на Будимпешта, за време на престојот ќе оствари средба и со други високи унгарски претставници.

Шредер во посета на САД

Макфакс - 07.06.2005

Вашингтон Германскиот канцелар Герхард Шредер допатува во САД, каде што ќе се сретне со американскиот претседател Џорџ Буш. Се очекува една од темите на разговорите да биде и анализа на резултатите од претседателските избори во Иран.

Бучковски на средба со бизнисмените од Кавадарци

Макфакс - 07.06.2005

Скопје Македонскиот премиер денеска ќе престојува во Кавадарци каде ќе разговара со локалните бизнисмени, како и со претставници на локалната самоуправа од тој град. Бучковски, како што е соопштено, со кавадаречките стопанственици ќе разговара за подготовките за формирање на државниот гарантен фонд ...

Премиерот Бучковски во Унгарија

Макфакс - 07.06.2005

Скопје Претседателот на Владата на Македонија Владо Бучковски денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Унгарија, соопштено е во Скопје. Бучковски, како што е најавено, за време на престојот во Будимпешта ќе оствари средба со претседателот на владата на Унгарија Ференц Ѓурчањ и со други ...

Рен го уверил Бучковски дека ЕУ ја сака Македонија

Утрински - 06.06.2005

Македонскиот премиер ја заврши неофицијалната посета на Финска Бучковски : Овде се уверив дека во Брисел постои желба Република Македонија и другите земји-аспиранти да бидат дел од Европската унија ХЕЛСИНКИ - Апликацијата на Република Македонија за полноправно членство во ЕУ, подготовките за ...

Ќе продолжи проширувањето на Европската Унија

Дневник - 06.06.2005

БУЧКОВСКИ ГОСТИН НА РЕН Барањето на Македонија за полноправно членство во ЕУ, подготовките за добивање мислење по апликацијата, регионалната соработка и надворешната политика на Унијата беа теми на разговорите меѓу македонскиот премиер Владо Бучковски и еврокомесарот за проширување Оли Рен.