TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Костовски: Владата тргувала со акциите на ЈСП

А1 - 01.04.2007

Скопскиот градоначалникот Трифун Костовски ги возвраќа обвинувањата што владата ги упати на негова сметка. Тврди дека владата тргувала со акциите на Јавното сообраќајно претпријатие. На ЈСП му одзела речиси 10 илјади акции, кои потоа ги продавала. Не кажа кога било тоа направено.

Управата за јавни приходи конфискуваше возила на ЈСП „Скопје“

Утрински - 31.03.2007

Претпријатието должи ДДВ во вкупен износ од 260 милиони денари СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА Нова драма во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. Синдикалците вчера со жив штит од околу 300 вработени се обиделе да ја спречат конфискацијата на имотот што присилно сакале да ја извршат вработените од ...

УЈП повторно го „окупира“ ЈСП

Дневник - 31.03.2007

За да врати дел од долгот за ДДВ, УЈП планира да заплени пет високотуристички и 19 линиски автобуси, седум автомобили, две цистерни за нафта и 10 минибуси Управата за јавни приходи вчера претпладне ја запоседна автобазата на ЈСП „Скопје“ во населбата Автокоманда со намера да конфискува дел од ...

УЈП го наплатуваше долгот

Вечер Прес - 31.03.2007

Инспекторите од Управата за јавни приходи вчера влегоа во просториите на Јавното сообраќајно претпријатие "Скопје" со намера да го наплатат долгот. Вработените, пак, го блокираа приодот кон управната зграда на ЈСП во Автокоманда со автобуси и камиони, со цел да ја оневозможат конфискацијата на ...

Инспектори на УЈП влегоа во ЈСП Скопје

А1 - 30.03.2007

Инспектори на Управата за јавни приходи влегоа во ЈСП Скопје. Направија попис на возниот парк на претпријатието, кое за неплатен данок должи четири милиони евра. Додека инспекторите беа на терен, вработените беа на барикади. Го штитеа имотот на фирмата за да не го запленат даночниците.

Возачите тврдат: Раководството ги поттикнува штрајкувачите

Време - 30.03.2007

СИНДИКАТИТЕ ВО ЈСП СЕ РАСКАРАА ПРЕД ШТРАЈКОТ Раководството на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ е инспиратор на штрајкот што за среда го закажаа другите синдикати, тврди независниот синдикат на возачите во ЈСП. Оваа реакција вчера на градоначалникот Трифун Костовски му ја пренесе советникот ...

Следните седум дена нема штрајк на ЈСП

Утрински - 30.03.2007

ЈСП нема да штрајкува во следните седум дена додека градските власти и Владата бараат излез од состојбата во која се наоѓа претпријатието. Директорот Орце Георгиевски вчера соопшти дека има доволно нафта за следната недела јавниот превоз на патници да се одвива нормално и изрази верување дека ...

Конфронтација на Управата за јавни приходи со скопското Јавно сообраќајно претпријатие

Канал5 - 30.03.2007

Вработените во ЈСП денеска со жив штит ги бранеа своите возила кои управата за јавни приходи сакаше да ги заплени поради долг на претпријатието. По оние 4 службени автомобили кои минатата недела УЈП ги заплени поради неплатен ддв, овој пат сакаше на ЈСП да му земе 19 градски и 5 туристички автобуси ...

Автобусите ќе застанат штом ќе снемаат нафта

Вечер Прес - 30.03.2007

Според директорот на ЈСП ова може да се случи веќе за седум дена, бидејќи уште толку се резервите на ова јавно претпријатие. Веќе за среда е закажан предупредувачки штрајк Градските автобуси ќе застанат на улица штом ќе снема нафта во нивните резервоари.

Ќе превезуваат само 30 отсто од автобусите на ЈСП

Вест - 29.03.2007

В СРЕДА ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ШТРАЈК Синдикатите на ЈСП "Скопје" в среда 4-ти април ќе организираат предупредувачки штрајк, но одлучиле да не го блокираат градот, иако најавија и блокада за да не дозволат приватниците да профитираат.

ЈСП в среда ќе одржи предупредувачки штрајк

Утрински - 29.03.2007

Во период од 12 до 16 часот по улиците ќе возат само 30 отсто од автобусите Синдикалната организација при ЈСП „Скопје“ и Независниот синдикат на претпријатието донесе одлука в среда, 4 април, да одржи предупредувачки штрајк од 12 до 16 часот.

ЈСП нема да опстане во сегашните услови

Дневник - 29.03.2007

Генералниот директор на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, Орце Ѓоргиевски, бара државата да размисли за субвенционирање на јавниот превоз во метрополата, бидејќи само така претпријатието може да се извлече од тешката финансиска состојба.

ЈСП „Скопје“ в среда ќе штрајкува во гаражи

Дневник - 29.03.2007

Со четиричасовен прекин во превозот на патници, вработените во ЈСП „Скопје“ в среда ќе одржат предупредувачки штрајк, инициран од катастрофалната состојба во претпријатието. Во шпиц-периодот од 12 до 16 часот, автобусите ќе останат во гаража, а по улиците ќе сообраќаат само 30 отсто од возилата, ...

ЈСП најави штрајк за велигденските празници

Канал5 - 29.03.2007

Скопјани за велигденските празници ќе останат без градски превоз доколку до наредната среда автобусите на ЈСП не ја добијат потребната нафта. Вработените најавуваат штрајк со кој ќе се парализира градскиот сообраќај. Скопјани за велигденските празници ќе останат без градски превоз доколку до ...

Предупредувачки штрајк на 4 април

Вечер Прес - 29.03.2007

ЈСП Скопје најавува предупредувачки штрајк на 4 април, доколку во меѓувреме не бидат повикани од надлежните институции за решавање на проблемите откако им беше блокирана сметката. Штрајкот ќе се реализира во периодот од 12 до 16 часот кога ќе бидат пуштени во сообраќај само 30 отсто од автобусите.

ЈСП ќе го блокира Скопје

Вест - 28.03.2007

АКО НЕ МУ СЕ ОДБЛОКИРА СМЕТКАТА Синдикатите во ЈСП најавија дека автобусите ќе возат уште два-три дена бидејќи само за уште толку време имаат нафта, а потоа ќе почнат штрајк и ќе ги блокираат улиците за да не можат да возат и приватниците Синдикатите на ЈСП вчера најавија дека ќе го блокираат ...

ЈСП се подготвува за генерален штрајк, Градот и Владата ветуваат решение

Утрински - 28.03.2007

Задолженоста на ЈСП изнесува над 327 милиони денари, а ненаплатените побарувања од државата 356 милиони денари СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ се подготвува за генерален штрајк. Претпријатието од завчера има блокирана сметка и резерви нафта само за уште два дена.

Откако ќе им снема нафта, ќе го блокираат Скопје

Дневник - 28.03.2007

Најавите за штрајк се реакција на завчерашната блокада на сметката на ЈСП од страна на Министерството за финансии Се готви генерален штрајк во ЈСП „Скопје“ и комплетна парализа на сообраќајот во главниот град. Само 24 часа по одлуката на Министерството за финансии да ја блокира сметката на јавното ...

ЈСП блокиран за долг стар 10 години

Вечер Прес - 28.03.2007

Сметката на Јавното сообраќајно претпријатие "Скопје" од завчера е блокирана поради долг што е направен пред десет години. Според директорот на ЈСП, Орце Ѓоргиевски се работи за 70 автобуси МАН кои беа набавени 1997 година со кредитот од англиско-југословенска банка, при што гарант била ...

Костовски бара спас за ЈСП

А1 - 27.03.2007

Градоначалникот Костовски бара спас за Јавното сообраќајно претпријатие. Денеска беше на итна средба со вицепремиерот Ставревски и министерот за финансии Славевски. Костовски барал начини како ЈСП нормално да продолжи да функционира, откако вчера Министерството за финансии ја блокираше сметката на ...

ЈСП од вчера со блокирана сметката

Вест - 27.03.2007

ОТКАКО УЈП МУ ЗАПЛЕНИ ЧЕТИРИ НОВИ ВОЗИЛА Сметката на ЈСП ја блокирало Министерството за финансии поради долг што претпријатието го има кон државата од 1997 година за набавка на нови автобуси Министерството за финансии вчера му ја блокираше сметката на ЈСП поради неплатен долг за заем од 1997 година.

Жители од Ново Лисиче бараат „15“ да вози и во викенд

Утрински - 27.03.2007

Жители од Ново Лисиче бараат од ЈСП „Скопје“ линијата број „15“ да сообраќа и во сабота и во недела. Граѓаните се жалат дека немаат автобус во викенд-деновите токму кога најмногу им треба да стигнат до Воената болница за да ги посетат своите блиски.

УЈП ги заплени новите „шевролети“ на ЈСП

Дневник - 27.03.2007

Управата за јавни приходи ги заплени четирите нови автомобили на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, поради неплатен долг за ДДВ . Во текот на минатата недела, ЈСП купи четири автомобили од моделот „шевролет спарк“, за службените потреби на вработените.

Запленети четири шевролети на ЈСП

Вечер Прес - 27.03.2007

Управата за јавни приходи во петокот заплени четири возила, марка шевролет спарк, сопственост на јавното сообраќајно претпријатие "Скопје". До одземање на возилата, како што дознаваме, дојде како резултат на наплата на даночен долг што го има ова јавно градско претпријатие кон УЈП.