TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Израелските резервисти се враќаат дома

А1 - 12.05.2002

Израелската војска денеска започна да го враќа дома својот резервен состав, кој неодамна е итно повикан поради планираните одмазднички акции по самоубиствениот напад во близината на Тел Авив, јави израелското радио. Во нападот во вторникот за кој одговорноста ја презеде Хамас, во близината на Тел ...

Хамас ќе продолжи со самоубиствени напади во Израел

А1 - 11.05.2002

Основачот на Хамас Ахмед Јасин изјави дека палестинската милитантна група ќе продолжи со самоубиствени напади во Израел. Шеикот Јасин за кувајтскиот весник „Ал-кабас“ изјави дека Хамас прими многу барања од палестинската младина за изведување на самоубиствени напади, додавајќи дека тоа го бараат и ...

Заврши опсадата на Исусовата црква во Витлеем

Вест - 11.05.2002

Групата пет недели одбиваше да излезе од црквата пред да се постигне договор за прекин на кризата во овој свет храм што се смета за родно место на Исус Христос. ВИТЛЕЕМ, 11 мај (Ројтерс) - Десет странски активисти за мир коишто беа последните луѓе под опсада во црквата на Христовото раѓање вчера ...

Палестинските милитанти од Витлеем испратени во егзил во Европа

Дневник - 11.05.2002

ЗАВРШИ ОПСАДАТА НА ЦРКВАТА НА РОЖДЕСТВОТО Триесет и деветте палестински милитанти осомничени за злосторства во Израел вчера со авион беа префрлени во Газа, а најозлогласените 13 од нив на Кипар, со што заврши 38-дневната опсада на Црквата на рождеството, јави Ројтерс.

Заврши кризата со црквата на Христовото раѓање

А1 - 10.05.2002

Кризата со базиликата на Христовото раѓање во Витлеем е окончана изутрината со излегувањето на 123 Палестинци од црковниот комплекс, меѓу кои се и 13 палестински активисти кои израел ги смета за „многу опасни“. Тие треба да бидат префрлени на Кипар од каде ќе го продолжат патот кон неколку европски ...

Израел се подготвува за жестока одмазда

Утрински - 10.05.2002

Откако бомбаш-самоубиец разнесе 16 лица во еден билијард-клуб ЕРУСАЛИМ - Израелскиот кабинет за безбедност вчера го одобри продолжувањето на воените операции против "терористичките цели", по последниот палестински самоубиствен напад кој се заканува да им нанесе најнов удар на обидите за мир на ...

Палестинците апсат членови на Хамас

Утрински - 10.05.2002

По наредбата на Арафат да се спречат нападите врз израелски цивили ГАЗА - Палестинските безбедносни сили вчера на појасот Газа уапсиле 14 члена на исламската милитантна група Хамас, откако претседателот Јасер Арафат донел мерки за спречување на нападите врз израелски цивили, соопшти претставник на ...

Палестинците уапсија 14 членови на Хамас

Вест - 10.05.2002

ГАЗА/ЕРУСАЛИМ, 10 мај (Ројтерс) - Палестинските безбедносни сили вчера уапсија 14 припадници на исламската милитантна група Хамас во Појасот Газа откако палестинскиот лидер Јасер Арафат даде наредба да се прекинат нападите на израелските цивили. "Овие апсења можете да ги наречете превентивни мерки.

Постигната спогодба за деблокада на црквата во Витлеем

А1 - 09.05.2002

Преговарачите постигнаа спогодба за решавање на пет недели долгата блокада на базиликата на Христовото раѓање во Витлеем во која се засолнија вооружени Палестинци, изјави еден преговарач. Спогодбата е постигната, соопшти еден преговарач, не наведувајќи кога луѓето ќе почнат да ја напуштаат црквата.

Во билијард-клуб убиени 16, а повредени 60 лица

Утрински - 09.05.2002

Нов терористички напад на палестинската милитантната група Хамас во Израел Арафат им нареди на своите безбедносни сили да ги спречат сите терористички операции против Израел ЕРУСАЛИМ, ВАШИНГТОН - Израелскиот премиер Ариел Шарон вети дека ќе го искорени тероризмот откако напаѓач-самоубиец во Израел ...

Шарон итно се врати во Израел

Утрински - 09.05.2002

По бомбашкиот напад ВАШИНГТОН - Израелскиот премиер Ариел Шарон вчера ја прекина посетата на САД и одлета назад во Израел по самоубиствениот напад, кој се случи јужно од Тел Авив, во кој беа убиени 16, а повредени најмалку 60 лица.

Шарон ќе бара протеруање на Арафат

Вест - 09.05.2002

Вашингтон, 9 мај (Ројтерс) - Израелскиот премиер Ариел Шарон, вчера ја прекина посетата на Вашингтон и замина за Израел, со образложение дека одговорност за синоќешниот самоубиствен бомбашки напад во израелскиот град Ришон Летзион треба да сноси палестинскиот лидер Јасер Арафат.Според него, нападот ...

Палестинец бомба разнесе 14 Израелци

Дневник - 09.05.2002

ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ТЕЛ АВИВ Бомбаш-самоубиец прексиноќа уби 14 Израелци во Тел Авив и го разниша привидното примирје на Блискиот Исток, јави Ројтерс. Израелскиот премиер Ариел Шарон, кој за нападот разбра пред да се сретне во Вашингтон со американскиот претседател Џорџ В.

Загинаа 16 лица во бомбашки напад

А1 - 08.05.2002

Бомбаш самоубиец синоќа во ноќен клуб во израелскиот град Ришон Летзион, јужно од Тел Авив усмрти 16 и повреди над 50 лица, соопшти претставник на полицијата. По експлозијата се урнал столб во зградата поради што луѓето останале блокирани во салата за банкети и околните простории.

Опсадата на Христовата црква во Витлеем ќе заврши

Утрински - 08.05.2002

Израелските и палестинските преговарачи постигнаа значаен договор ВИТЛЕЕМ - Вчера беше постигнат договор за ставање крај на едномесечниот спор меѓу израелската армија и палестинските милитанти затворени во црквата "Христовото раѓање" во Витлеем, соопштија палестински извори.

Италија рече "не" за Палестинците од црквата во Витлеем

Вест - 08.05.2002

НИКОЗИЈА, 8 мај (Ројтерс) - Британски воени власти во Кипар вчера негираа дека палестинските милитанти ќе бидат префрлени од црквата на Христовото раѓање во Витлеем за Италија преку Кипар. Високо италијанско официјално лице изјави, пак, дека Рим го блокира воздушниот простор за британскиот воен ...

Постигнат договор за прекин на опсадата на црквата во Витлеем

А1 - 07.05.2002

Палестинските и израелските преговарачи утринава постигнаа договор за прекин на опсадата на Црквата на Христовото раѓање во Витлеем. Според договорот, кој бил прифатен од палестинскиот лидер Јасер Арафат, 13 палестински милитанти кои веќе 36 дена се наоѓаат опколени од израелските сили ќе бидат ...

САД го спорат лидерството на Арафат

Утрински - 07.05.2002

Кондолиза Рајс го критикува палестинскиот водач Советникот на национална безбедност на САД, Кондолиза Рајс, изјави дека водството на Јасер Арафат не е вистинското за создавање палестинска држава, бидејќи тој не дејствува во согласност со неговите одговорности и мора да го промени начинот на ...

Колин Пауел: Буш ќе бара од Шарон прекин на еврејските градби на Западниот брег и во Газа

Вест - 07.05.2002

ВАШИНГТОН, 7 мај - Американскиот претседател Џорџ Буш од израелскиот премиер Ариел Шарон ќе побара прекин на изградбата на еврејски населби на Западниот Брег и во појасот Газа, изјави синоќа во Вашингтон американскиот државен секретар Колин Пауел.

Убиени четворица вооружени Палестинци

А1 - 06.05.2002

Израелците во текот на ноќта убиле четворица Палестинци во два одвоени судири во појасот Газа, објави денеска израелската војска. Двајца Палестинци се убиени во кратка престрелка во близина на градот Кишуфим. Палестинците подоцна соопштија дека се работи за двајца припадници на исламскиот Џихад.