TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

УНМИК води интерна истрага за мартовските нереди

А1 - 28.07.2004

Единиците за професионални стандарди на полицијата на УНМИК водат интерна истрага, по повод мартовското насилство, во која се опфатени речиси 100 припадници на Косовската полициска служба, соопштија денеска претставници на полицијата на УНМИК.

КФОР, УНМИК - сторивме се што можевме

Време - 28.07.2004

ПО ИЗВЕШТАЈОТ НА ХЈУМАНС РАЈТ ВОЧ Властите на КФОР и УНМИК на Косово го демантираат извештајот на Хјуман рајт воч дека за време на мартовските напади врз косовските Срби нивните војници и полицајци седеле со скрстени раце, додека Албанците ги ограбувале и ги палеле српските села.

КФОР и УНМИК сметаат дека ги заштитиле малцинствата на Косово

А1 - 27.07.2004

КФОР и полицијата на Мисијата на Обединетите нации на Косово ги отфрлија тврдењата изнесени во извештајот на организацијата за заштита на човековите права „Хјуманс рајт воч“ дека за време на мартовските насилства не успеале да ги заштитат малцинствата.

„Хјуман рајт воч“ бара истрага за мартовските настани на Косово

А1 - 26.07.2004

Меѓународната организација за заштита на човековите права „Хјуманс рајт воч“ денеска побара целосна и независна истрага за одговорноста на КФОР, полицијата на Мисијата на ОН на Косово (УНМИК) и Косовската полициска служба во врска со мартовското насилство во покраината.