TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Американски бродови натоварени со оружје пловат кон Персискиот Залив

А1 - 19.01.2003

Пет товарни бродови, кои превезуваат американски тенкови, артилерија и оклопни транспортери денеска го преминаа Суецкиот Канал и се упатија кон Персискиот Залив, каде ќе им се приклучат на веќе распоредените американски трупи во регионот, кои треба да учествуваат во евентуалната воена операција ...

Бомбардирани воено комуникациски објекти во Ирак

А1 - 18.01.2003

Американски и британски воени авиони синоќа бомбардираа два воено комуникациски објекти во зоната забранета за летови во јужен Ирак, соопштија американски воени извори. Бомбардирањето било одговор на нападот, кој го извршила ирачката противвоздушна одбрана со артилерија и ракети врз цели на ...

НАТО трупите на Балканот се селат на Блискиот Исток

А1 - 18.01.2003

Северноатлантската алијанса веќе започна подготовки за поддршка на евентуалната операција на САД против Ирак, во чии рамки се предвидува и префрлање на трупи во регионот на Персискиот Залив, пред се на британските војници, кои се во составот на мисиите во Босна и Херцеговина и на Косово, тврдат ...

Протести против евентуалната војна во Ирак

А1 - 18.01.2003

Демонстрации против евентуалната војна војната во Ирак се одржани денеска во САД, Велика Британија, Ирска, Австрија и Пакистан. Илјадници учесници на протестите, како што јавуваат агенциите, ги повикаа САД да се откажат од нападот врз Ирак кој може да биде закана за мирот во светот со несогледливи ...

Садам: Американските трупи ќе паднат пред портите на Багдад

Вест - 18.01.2003

Некои Ирачани говорот на Садам го слушаа во чајџилници, а илјадници му демонстрираа поддршка на улиците на Багдад Багдад, 18 јануари - Ирачкиот претседател Садам Хусеин во говорот по повод 12-годишнината од почнувањето на Заливската војна, вчера ги повика Ирачаните да се подготват за можна војна.

Инспекторите на ОН во Ирак најдоа 11 празни хемиски боеви глави

Вест - 18.01.2003

Инспекторите ги испитуваат боевите глави најдени во складот за муниција во областа Укајдер Багдад, 18 јануари - Инспекторите на ОН кои во Ирак трагаат за евентуално постоење оружје за масовно уништување, вчера објавија дека во еден склад пронашле празни хемиски боеви глави.

Бликс в понеделник ќе ја извести ЕУ за посетата на Ирак

Вест - 18.01.2003

АТИНА, 18 јануари (Ројтерс) - Главниот инспектор за оружје на Обединетите нации Ханс Бликс в понеделник во Атина ќе ја извести Евопската унија за резулатите од својата посета на Багдад, соопшти грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Папандреу.

Бликс не е сигурен во невиноста на Багдад

Утрински - 18.01.2003

Шефот на инспекторскиот тим на ОН во Париз ПАРИЗ - Шефот на инспекторите за оружје на Обединетите нации, Ханс Бликс, вчера изјави дека неговиот тим сў уште не е сигурен во тоа оти Ирак се ослободи од забранетото оружје и го повика Багдад да покаже дека сето биолошко и хемиско оружје е уништено.

Софија се подготвува за можна војна против Ирак

Утрински - 18.01.2003

Бугарската влада ќе ги заштити стратегиските објекти од евентуален напад ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ Бугарија се подготвува за евентуалната војна на САД против Ирак. Советот за безбедност при бугарската влада прексиноќа расправал за заштита на основните стратегиски објекти на државата, како и на амбасадите ...

Садам најавува пораз за напаѓачите

Утрински - 18.01.2003

Говор на ирачкиот претседател на годишнината од Заливската војна БАГДАД - Ирачкиот претседател Садам Хусеин предупреди дека секој што ќе се обиде да ја нападне неговата држава ќе биде поразен. Во говорот за одбележување на 12-годишнината од почетокот на Заливската војна, ирачкиот лидер изјави дека ...

Ирак ги подобрува односите со Русија

Утрински - 18.01.2003

Багдад и Москва пред нов нафтен договор БАГДАД - Ирак вчера направи обид да ги подобри односите со Русија, нарушени поради откажувањето на еден важен нафтен договор во декември, потпишувајќи нов договор за нафта и започнувајќи преговори за нови договори.

Инспекторите пронајдоа празни проектили за хемиски агенси

Дневник - 18.01.2003

ИРАЧКА КРИЗА Меѓународните инспектори за оружје во Ирак завчера пронајдоа празни боеви глави дизајнирани да носат хемиски агенси, но веднаш констатираа дека тоа не е "смртен грев" на Багдад, јави Ројтерс. Анонимен американски извор, исто така, изјави дека празните проектили не се доволен доказ дека ...

Ирачаните договараат егзил, а Сиријците готват пуч за Садам

Дневник - 18.01.2003

багдад Ирачката Влада бара гаранции дека на претседателот Садам Хусеин и на други функционери ќе им биде овозможено да заминат во прогонство за да се смири мирно ирачката криза и да се спречи интервенција и разурнување на земјата, јави Ројтерс, пренесувајќи извештај на германското списание "Шпигел".

ОН без коментар за празните боеви глави во Ирак

А1 - 17.01.2003

Членовите на Советот за безбедност на ОН не сакаа да ја коментираат веста за откривањето на 11 празни хемиски боеви глави, наведувајќи дека чекаат нови информации за тоа. Празните хемиски боеви не се нешто многу важно, изјавил денеска извор од инспекторската мисија на ОН.

Садам Хусеин ги повика Ирачаните да се подготват за војна

А1 - 17.01.2003

Ирачкиот претседател Садам Хусеин, во говорот по повод 12-годишнината од почнувањето на Заливската војна, ги повика денеска Ирачаните да се подготват за можна војна. „Историјата се повторува... Секој кој ќе се обиде да се качи на овие sидови, нема да успее во својот обид.

Бликс на Ирак ќе му каже дека "состојбата е многу опасна"

Вест - 17.01.2003

Ирачко семејство стои во својата куа во Басра разурната при американското бомбардирање во заливската војна во 1991 БРИСЕЛ, 17 јануари (Ројтерс) - Гласвниот изнпектор за вооружување на ОН Ханс Бликс вчера изјави дека ситуацијата во Ирак е многу напната и опасна и дека само целосна соработка со ...

Според Ханс Бликс, состојбата во Ирак е "многу опасна"

Утрински - 17.01.2003

Главниот инспектор за оружје вчера во Брисел разговараше со Хавиер Солана БРИСЕЛ/багдад - Главниот инспектор на ОН за оружје, Ханс Бликс, изјави вчера дека за состојбата во Ирак ќе соопшти дека е "многу напната и многу опасна" и дека само поцелосна соработка со неговата екипа може да ја избегне ...

Ирачаните се истоштени од бескрајните воени страдања

Дневник - 17.01.2003

ГОДИШНИНА ОД ЗАЛИВСКАТА ВОЈНА Дванаесет години по почетокот на Заливската војна, властите во Багдад им се заканија на американските војници дека нема да ја избегнат смртта ако повторно го нападнат Ирак, но граѓаните на персиската земја се веќе истоштени од "бескрајното" војување и се надеваат дека ...

Инспекторите пронајдоа боеви глави со хемиско полнење во Ирак

А1 - 16.01.2003

Инспекторите на ОН кои во Ирак трагаат за евентуално постоење оружје за масовно уништување, објавија денеска дека во еден склад пронашле празни хемиски боеви глави. Портпаролот на Комисијата на ОН за надзор и верификација на инспекциите Хиро Уеки, потврди дека боевите глави се пронајдени во ...

Буш ќе се консултира со ОН пред евентуален напад врз Ирак

А1 - 16.01.2003

Американскиот претседател Џорџ Буш ќе одржи консултации со Советот за безбедност на ОН пред евентуална воена акција против Ирак, соопшти денеска Белата Куќа. „Претседателот јасно укажа дека ќе има консултации со Советот за безбедност.

ОН почна да тренира строгост врз Ирак

Вест - 16.01.2003

БАГДАД/МОСКВА, 16 јануари (Ројтерс) - Инспекторите на ОН од вчера настапија построго како на збор така и на дело во потрагата по забрането оружје во главната резиденција на претседателот Садам Хусеин и бараат активна помош од Ирак за да можат да ја завршат работата.

Буш вели дека е "уморен" од измамите на Ирак

Утрински - 16.01.2003

Американскиот претседател изјавува дека истекува времето за Багдад ВАШИНГТОН - Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека е "уморен" од измамата на Ирак околу сомнителното оружје за масовно уништување и предупреди дека истекува времето за Багдад да ги почитува барањата на ОН за разоружување.

Инспекторите упаднаа во палатата на Хусеин

Утрински - 16.01.2003

Продолжува потрагата БАГДАД - Инспекторите за оружје на Обединетите нации вчера упаднаа во главната палата на претседателот Садам Хусеин во Багдад, како дел од потрагата за наводните оружја за масовно уништување што го поседува Ирак која навлезе во својата осма недела.

Висок руски дипломат отпатува на преговори во Багдад

Дневник - 16.01.2003

ИРАЧКА КРИЗА Русија вчера го испрати на мисија во Багдад заменик-министерот за надворешни работи, Александар Салтанов, јави Ројтерс. Салтанов, водечки руски експерт за ситуацијата во Ирак, требаше доцна синоќа да отпатува во Багдад.

Инспекторите ја проверија претседателската палата во Ирак

А1 - 15.01.2003

Меѓународните инспектори на Обединетите нации за контрола на ирачкото оружје денеска, на 47-от ден од инспекциите, извршија проверка во претседателската палата во центарот на Багдад. „Старата палата“, како што ја нарекуваат Ирачаните палатата „Ал Саџун“ на ирачкиот претседател Садам Хусеин, на 3 ...

Бликс: Ирак мора да даде нови докази за своето оружје или ризикува војна

Вест - 15.01.2003

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ, 15 јануари (АП) - Главниот инспектор за вооружување на ОН Ханс Бликс вели дека Ирак мора да изложи нови докази за своите нуклеарни, хемиски и биолошки програми или ќе се соочи со евентуална војна. "Сметам дека треба да погледнат околу границите на својата држава и да сфатат колку е ...

САД и Британија им ги дадоа разузнавачките информации на ОН

Утрински - 15.01.2003

Експертите на Обединетите нации за оружје ја прошируваат потрагата во Ирак БАГДАД - Инспекторите на ОН за вооружување ги користат новите разузнавачки информации на САД и на Велика Британија за да ја продлабочат потрагата по оружје за масовно уништување во Ирак, во услови на контрадикторни сигнали ...

Садам не го чека азил во Москва

Утрински - 15.01.2003

Русија ги демантира пишувањата на западниот печат дека бара решение за ирачкиот претседател ОД НАШИОТ ДОПИСНИК БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Русија воопшто не разговараше, ниту, пак, има намера да му понуди политички азил на Садам Хусеин.

Американците до гуша заглавија во ирачката кал

Дневник - 15.01.2003

ПОРАДИ ЛОШИ ПОЛИТИЧКИ ПРОЦЕНИ Соочен со политички притисоци и логистички проблеми, Вашингтон не може да го нападне Ирак, не може да ги ротира стотината илјади војници од персискиот кордон, ниту, пак, може да ги врати дома САД не можат да издржат да чуваат стотина илјади војници и опрема околу Ирак ...

И АРМ во сојузничката кампања против Ирак

А1 - 14.01.2003

Две летала на АРМ би можеле да учествуваат во мировната операција по завршувањето на нападот врз Ирак, но во Министерството за одбрана велат дека е прерано да се зборува за тоа, пишува денешен „Дневник“. Македонија ќе испрати два воени транспортни хеликоптери, најверојатно од типот „МИ-8“, како дел ...

Политичките притисоци ја одлагаат војната против Ирак

А1 - 14.01.2003

Официјални претставници и воени експерти од САД соопштија дека политичките притисоци и проблемите со логистиката можат да ја одложат евентуалната воена интервенција против Ирак за неколку месеци, иако од почетокот на годинава во регионот на Персискиот Залив се испратени повеќе илјади американски ...

Инспекцијата во Ирак ќе трае уште 6 месеци

Вест - 14.01.2003

Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) вчера соопшти дека на инспекторите за вооружување им се потребни најмалку шест месеци да ги завршат инспекциите во Ирак и покрај инсистирањето што побрзо за ја завршат работата.

Потребна е цела година за да се претресе Ирак

Дневник - 14.01.2003

РАСТЕ ОТПОРОТ ПРОТИВ ВОЕНИТЕ ПЛАНОВИ НА ВАШИНГТОН Инспекторите за оружје на ОН вчера соопштија дека ќе треба да работат цела година за да ја завршат својата мисија во Ирак и да можат со сигурност да кажат дали Багдад има оружје за масовно уништување, јави Ројтерс.

АРМ со два хеликоптери ќе учествува во операцијата "Ирак"

Дневник - 14.01.2003

"ДНЕВНИК" ДОЗНАВА Две летала на АРМ би можеле да учествуваат во мировна операција по окончувањето на нападот врз Ирак, но во Министерството за одбрана велат дека е прерано да се зборува за тоа Македонија ќе испрати два воени транспортни хеликоптери, најверојатно од типот "ми-8", како дел од ...

Започна префрлањето на американски војници во Персискиот Залив

А1 - 13.01.2003

Од денеска почнува операцијата за префрлање на американски војници и воена техника преку белгиското пристаниште Антверпен кон Персискиот Залив, соопшти белгиското министерство за одбрана. Во Кувајт пристигнаа британските трупи за поддршка со цел да изградат позадинска база за можни операции против ...

САД испраќаат нови 27 илјади војници во Заливот

Вест - 13.01.2003

ВАШИНГТОН, 13 јануари - Американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд наредил испраќање на нови 27.000 војници во Персискиот Залив со што од петокот во Заливот заминаа вкупно 62.000 американски војници. Истовремено Пентагон покрена интернет кампања во која преку и - мејлови апелира до ирачките ...

Багдад повторно ги обвини инспекторите на ОН за шпионажа

Утрински - 13.01.2003

Во предвечерието на можната војна на Америка против Ирак Багдад: ние знаеме дека тие се занимаваат со разузнавачка работа. Начинот на кој тие ги спроведуваат своите инспекции немаат ништо заедничко со оружјето БАГДАД - Потпретседателот на Ирак, Таха Јашин Рамадан, ги обвини инспекторите за оружје ...