TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Владата намени 11 милиони евра за вработување и за социјални станови

Утрински - 06.12.2007

Владата вчера одлучи да намени 360 милиони денари (шест милиони евра) за поттикнување самовработување и 300 милиони денари (пет милиони евра) за изградба на социјални станови. Почнувајќи од февруари идната година, Владата ќе го реализира проектот за самовработување со кој се предвидува одобрување ...

Владата дава 11 милиони евра за вработувања и за станови

Дневник - 06.12.2007

Владата ќе вложи шест милиони евра за поттикнување на вработувањето и пет милиони за изградба на социјални станови. Сумата ќе биде обезбедена од вишокот буџетски пари. - Од февруари в година ќе почне да се реализира проект за самовработување.

11 милиони евра за вработување и социјални станови

Вечер Прес - 06.12.2007

Владата вчера одобри шест милиони евра за новите активни мерки за вработување и уште пет милиони евра за изградба на 600 социјални станови во Скопје и внатрешноста. Според премиерот Никола Груевски, станува збор за средства што се обезбедуваат од вишокот приходи во буџетот.

11 милиони евра за самовработување и социјални станови

А1 - 05.12.2007

Владата одобри 6 милиони евра за поттикнување на самовработувањето и 5 милиони евра за изградба на социјални станови. Невработените кои сакаат да почнат свој бизнис за секое вработување ќе добијат кредит до 3.000 евра. Со шесте милиони евра, кредит ќе може да земат околу 2.000 лица.

Владата одвои 660 милиони денари за поттикнување на вработувањето и за изградба на социјални станови

Канал5 - 05.12.2007

Владата на Република Македонија на денешната седница одлучи да одвои 360 милиони денари (шест милиони евра) за поттикнување на самовработување и 300 милиони денари (пет милиони евра) за изградба на социјални станови. Скопје, 5 декември (МИА) - Владата на Република Македонија на денешната седница ...

Владата обезбеди 11 млн. евра за самовработување и социјални станови

Макфакс - 05.12.2007

Скопје Македонската влада ќе вложи шест милиони евра во новите активни мерки за поттикнување на вработувањето и пет милиони евра за изградба на социјални станови. Ова денеска на прес конференција во Скопје го соопшти премиерот Никола Груевски, прецизирајќи дека парите се обезбеди од вишокот ...