TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Специјална обука на судии за четирите хашки случаи

Вест - 15.09.2006

ПРЕДМЕТИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ЌЕ СИ ПОСЕДАТ УШТЕ КАЈ ДЕЛ ПОНТЕ Враќањето на четирите предмети за воени злосторства од 2001 година, нема да оди брзо, ќе следуваат серија подготовки на наш терен Премиерот Никола Груевски вчера ги информирал главната хашка обвинителка Карла дел Понте и претседателот на ...

Хаг бара повеќе од закон за да ги ослободи Бошковски и Тарчуловски

Дневник - 15.09.2006

Груевски ветил дека Владата ќе направи се' што треба за враќање и процесуирање на предметите во надлежност на македонските правосудни органи Македонија интензивно ќе соработува со Хашкиот трибунал за што ќе донесе и закон. Во исто време Владата ќе ги подготвува правосудните органи и законодавството ...

Дел Понте: Четирите предмети се враќаат во Македонија

Време - 15.09.2006

ГРУЕВСКИ ВО ПОСЕТА НА ХАШКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО Македонија и Хашкиот трибунал ќе ја интензивираат соработката што од македонска страна наскоро ќе биде ставена во законска рамка и ќе работат на создавање услови за враќање на четирите предмети за кои тамошното обвинителство не поведе постапки.

Скопје и Хаг ќе ја интезивираат соработката, наскоро за тоа се чека закон

Утрински - 15.09.2006

Хаг нуди помош за обука на судии и обвинители за случаите што ни ги врати Хаг - Македонија и Хашкиот трибунал ќе ја интензивираат соработката која од македонска страна наскоро ќе биде ставена во законска рамка и ќе работат на создавање услови за враќање на четирите предмети за кои Обвинителството ...

Љубе и Јохан остануваат во Шевенинген

Вечер Прес - 15.09.2006

Македонија и Хаг ќе работат на создавање услови за враќање на... Македонија и Хаг ќе работат на создавање услови за враќање на четирите предмети за кои обвинителството не поведе постапка, заклучија на вчерашната средба премиерот Груевски, претседателот на судот Фаусто Покар и главната обвинителка ...

Груевски со празни раце се врати од Хаг

А1 - 14.09.2006

Со многу еуфорија накај Хаг, со празни раце назад. И Груевски ја виде Карла дел Понте и се остана исто. Не ја праша за можноста Тарчуловски и Бошковски да бидат пуштени привремено од Шевенинген, иако од Владата се најавуваше такво нешто.

Груевски и Дел Понте ќе разговараат за Љубе и за Јохан

Време - 12.09.2006

ВО ЧЕТВРТОК ВО ХАГ Премиерот Никола Груевски в четврток ќе се сретне со хашката обвинителка Карла дел Понте, потврдуваат владини извори. Средбата е закажана во 11.30 часот, а претходно премиерот Груевски треба да се сретне и со Фаусто Покар, претседателот на хашкиот суд.

Дел Понте на брифинг со ОБСЕ за четирите случаи

А1 - 11.09.2006

Груевски лично сака да слушне зашто Хаг не ги пушта Бошковски и Тарчуловски да се бранат од слобода. Премиерот имал намера да праша, што не е во ред со македонските гаранции и што треба македонската влада дополнително да направи двајцата обвинети да бидат привремено ослободени.