TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Двајца прилепчани се борат за живот откако се затруле со печурки

Утрински - 01.11.2008

Двајца прилепчани се борат за живот откако се затруле со печурки. БИТОЛА - Двајца прилепчани се борат за живот откако се затруле со печурки што ги собрале од демирхисарските планини. Владимир Коруновски (43) и Благоја Марковски (42), поради сериозната клиничка слика, од битолската болница итно се пренесени во Скопје.

Затруени со печурки двајца прилепски планинари

Дневник - 01.11.2008

Затруени со печурки двајца прилепски планинари. Двајца прилепски планинари што се затруле со печурки се пренесени на скопската Клиника за токсикологија, од каде што изјавуваат дека здравствената состојба им се подобрува. Прилепчаните Благој Марковски (43) и Владимир Коруновски (45) се затруле со печурки што ги собрале во Демирхисарско.

Двајца прилепчани затруени со печурки

А1 - 31.10.2008

Два нови случаи од Прилеп на труење со печурки. Синоќа тие биле примени на Клиниката за токсикологија. Според лекарите, се уште е рано да се предвиди колкаво е труењето. Последнава недела дена од труење со печурки помош побараа 15 лица. Најлошо поминаа брачниот пар од кумановско, каде нивната состојба и понатаму е критична.

Нови пациенти, затруени од печурки, на клиниката за токсикологија

Канал5 - 31.10.2008

Нови два пациента вчера беа примени на Клиниката за токсикологија поради труење со печурки. Овој пат станува збор за возрасни мажи од Демир Хисарското село Слепче, кои јаделе печурки не знаејќи дека се отровни. Според докторите нивната состојба е стабилна, но се уште е рано да се прогнозира какви би биле последиците. - Симптомите не се исти како кај претходните пациенти.

Бран труење со печурки

Време - 31.10.2008

Брачната двојка од Куманово е во критична состојба на Клиниката за токсикологија по труењето со печурки што сами ги береле, а ги изеле во неделата. - Двапати направивме промена на плазмата за да го отстраниме отровот. Кај мажот има минимално стабилизирање на состојбата, а жената е во истата состојба откако е примена - вели Андон Чибишев, директор на Клиниката за токсикологија.

Смртоносната капа ги затрула двајцата кумановци

Утрински - 31.10.2008

Неизвесна е како ќе заврши борбата за живот на затруениот брачен пар. Александар Пешев. Судбината на брачната двојка од Куманово, примена на Kлиниката на токсикологија поради труење од печурки, засега е неизвесна. Според информации од Клиниката, пациентите се во критична состојба. Станува збор за стари и хронично болни лица.

Двајца прилепчани затруени од печурки

Кирилица - 31.10.2008

Двајца прилепчани со тешко труење од консумирање печурки синоќа биле примени во Клиничката болница во Битола. Затруените Влатко Коруноски (45) и Благоја Маркоски (43), како што информираше портпаролот на полициската станица во Битола Ѓоко Стрезовски, печурките ги собирале во шумата над манастирот „Свети Јован Претеча“ во близина на селото Слепче, Демир Хисар.

Нови труења со печурки

Макфакс - 31.10.2008

Регистрирани се два нови случаи на труење со печурки во Македонија. Двете лица од Прилеп се примени на скопската Клиника за токсикологија, а според лекарите, сè уште е рано да се предвиди колкаво е труењето, јави денеска телевизијата А1. Изминатите неколку денови лекарска помош поради труење со печурки побараа 15 лица.

Двајца прилепчани затруени од печурки

Сител - 31.10.2008

Двајца пријатели од Прилеп синоќа со брза помош завршија на Клиниката за токсикологија поради труење со печурки. Тие прво биле во прилепскиот медицински центар од каде биле префрлени во битолскиот за на крај да завршат на токсикологија. Лекарите сеуште ги прават потребните лабораториски наоди но се уште не е познато од каков вид на печурки настапило труењето.

Критична состојбата на затруените со печурки

Н.Македонија - 31.10.2008

Брачната двојка затруена со една од најотровните печурки во светот „аманита фалоидес“ е сè уште во критична здравствена состојба. Лекарите од Клиниката за токсикологија велат дека мажот е со малку подобро здравје, но сè уште далеку од стабилно. Заздравувањето било отежнато и поради тоа што двајцата имале слабо срце. Постарите сопружници од Куманово јаделе печурки што им ги дал пријател.

Критична состојбата на затруените од печурки

А1 - 30.10.2008

Состојбата на брачниот пар од Кумановско е критична. Тие на Клиниката за токсикологија и понатаму се на интензивна нега, откако беа затруени со печурки кои сами си ги береле. Останатите 10-тина пациенти кои изминативе недела дена поради труење со печурки помош побараа на Токсикологија, се пуштени се на домашно лекување.

Сопружници тешко затруени од печурки

Дневник - 30.10.2008

Брачна двојка од Куманово се бори за живот откако се затрула со печурки, а со слични симптоми се јавиле уште 13 луѓе и се сместе ни на скопската Клиниката за токсикологија. Меѓу затруените нема деца. - Кај сопружниците печурките предизвикале тешки оштетувања на црниот дроб, а можно е да бидат загрозени и други витални органи.

Затруената од печурки во критична состојба

Дневник - 30.10.2008

Затруената од печурки во критична состојба. По тешкото труење со печурки на сопружници од Куманово, здравствената состојба на жената вчера се влошила, иако на двајцата им била филтрирана крвта за отровот побрзо да се отстрани, велат на Клиниката за токсикологија. Затруените не ги собирале печурките, туку во неделата им ги донел познаник.

Петнаесет лица се затруле со печурки

Утрински - 30.10.2008

Двајца од затруените се во тешка здравствена состојба. За шест дена на Клиниката за токсикологија се хоспитализирани 15 затруени со печурки, а исто толку биле амбулантски лекувани и поради полесна форма на труење се пуштени на домашно лекување. Затруените лица се над 30 години од разни градови – Струмица, Кочани, Куманово, Скопје.

Затруените со печурки се борат за живот

Сител - 30.10.2008

Здравствената состојба на брачниот пар од Куманово кои се затруле од отровни печурки и понатаму е критична. Од клиниката за Токсикологија велат дека интензивното лекување ќе проджи во координација со Клиниката за нефрологија. - Кај едниот пациент им аминимално стабилизирање на состојбата,но кај пациентката здравствената состојба е влошена и натаму е критична - вели. проф.

Се борат за живот двајца затруени од печурки

Н.Македонија - 30.10.2008

Мислеле дека ќе соберат „вргањ“, а налетале на една од најотровните печурки во светот „аманита фалоидес“. Така се затруле сопружници од Куманово, кои јаделе печурки што ги собирале во околината на градот. Сега се борат за живот на Клиниката за токсикологија. Но тие не се единствените затруени. На Клиниката само за една недела се јавиле уште 13 затруени од печурки во тешка состојба.

15 затруени од печурки слични на шампињони

А1 - 29.10.2008

Брачен пар од кумановско се наоѓа во критична состојба по труење со печурки. Тие на Клиниката за токсикологија биле примени во неделата, со тешки симптоми на труење. Најверојатно се затруени со печурки од групата амонида, кои се многу отровни, а по изглед се слични со шампињоните. „Една печурка може да затруе цело семејство фатално.

Двајца кумановчани се борат за живот, затруени од отровни печурки

Канал5 - 29.10.2008

15 тина луѓе од кумановско се примени на Клиниката за токсикологија поради труење со печурки. Двајца од пациентите се во критична здравствена состојба. На брачниот пар од кумановско, според докторите загрозен им е и животот. Според неофицијални информации изворот на труењето е печурката од одреден вид на вргањ, која затруените сами ја набрале.

15 пациенти хоспитализирани поради труење со печурки

Сител - 29.10.2008

Брачен пар од Куманово е во многу критична состојба поради труење од печурки. Покрај нив на клиниката за Токсикологија се хоспитализирани уште 13 пациенти. Сите се во тешка здравствена состојба по консумирањето на отровни печурки. Мислеле дека јадат Вргањ,а всушност ја јаделе една од најотровните печурки Аманита Фалоидес, која е многу слична на Вргањот.

Петнаесет лица се отруле со печурки – двајца критично

Макфакс - 29.10.2008

Петнаесет лица од Кумановско се примени денеска на Клиниката за токсикологија во Скопје поради труење со печурки. Од нив, како што јавуваат електронските медиуми, двајца се во критична состојба и лекарите се борат за нивните животи. Останатите 13 лица се пуштени на домашно лекување. До труењето дошло најверојатно поради погрешна проценка на видот на печурката „вргањ“.