TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонија е се поблиску до покана за НАТО

А1 - 13.01.2008

Македонија е се поблиску до покана за НАТО, единствен проблем и евентуален кочничар е името. Дефинитивната политичка одлука ќе се донесе во март. Во тој контекст е и најновиот извештај на Северноатлантскиот совет следната недела, кога доаѓа и премиерот Груевски со шефот на дипломатијата Милошоски, ...

Грците ги чекаме со високи надежи од Брисел

Време - 10.01.2008

ЈАНУАРСКИ ОЧЕКУВАЊА ЗА НАТО И ЗА ИМЕТО Преговорите за името ќе продолжат во последната недела од јануари и ќе се одржат во Скопје или во Охрид. Македонските власти чекаат преговарачот Никола Димитров, кој моментално е во Брисел, да пристигне во земјава за да се договорат деталите.

Чекајќи го НАТО

Утрински - 10.01.2008

ЕДИТОРИЈАЛ ДИМИТАР ЧУЛЕВ Приемот во Северноатлантската алијанса е политичка одлука и оттаму депешата на грчкиот амбасадор во Вашингтон, Александар Малјас, дека САД подготвуваат покана за членство на Македонија во НАТО, добива соодветна специфична тежина.

Вашингтон со покана за НАТО, Нимиц со нов предлог

Време - 08.01.2008

СПОРЕД ГРЧКИ „ЕТНОС“ Вашингтон се подготвува во април да испрати до Скопје покана за членство во НАТО, додека Метју Нимиц, посредникот на Обединетите нации во спорот за името меѓу Атина и Скопје, најверојатно подготвува нов предлог, објави вчера грчкиот весник „Етнос“.

„Етнос“_ САД подготвуваат покана за членство на Македонија во НАТО

Утрински - 08.01.2008

Соединетите Американски Држави подготвуваат покана за членство на Македонија во НАТО. Ова го пишува грчкиот весник „Етнос“, според кој за ваквата намера на САД, грчкиот амбасадор во Вашингтон, Александрос Маљас, со телеграма ја информирал Атина.

САД подготвуваат покана за членство на Македонија во НАТО

Дневник - 08.01.2008

Соединетите Американски Држави подготвуваат покана за членство на Македонија во НАТО, објави вчера грчкиот весник „Етнос“. Според весникот, за ваквата намера на САД, Атина со телеграма ја информирал грчкиот амбасадор во Вашингтон, Александрос Малјас.

Вашингтон и Атина се во тивка војна

Вечер Прес - 08.01.2008

За да ја разубеди Америка, Караманлис има намера да ја посети Белата куќа и лично претседателот Џорџ Буш. Главен адут му се грчките гласачи во САД Американските власти се подготвуваат да испратат покана за членство на Македонија во НАТО.

„Етнос“: САД подготвуваат покана за Македонија за НАТО

А1 - 07.01.2008

Американската администрација уште во ноември донела политичка одлука за прием на сите три членки на јадранската група во НАТО, дознава А1 од високи дипломатски извори. Одлуката е донесена по посетата на Скопје на амбасадорката на САД во НАТО Нуланд.

„Етнос“: САД подготвуваат покана за членство на Македонија во НАТО

Канал5 - 07.01.2008

„Вашингтон се подготвува во април годинава да му испрати на Скопје покана за членство во НАТО“ тврди грчки Етнос, но и дека истовремено посредникот за името, медијаторот Нимиц, подготвува нов предлог. Вашингтон се подготвува во април годинава да му испрати на Скопје покана за членство во НАТО тврди ...

„Етнос“: САД подготвуваат покана за членство на Македонија во НАТО

Макфакс - 07.01.2008

Атина Соединетите Американски Држави (САД) подготвуваат покана за членство на Македонија во НАТО. Ова денеска го пишува грчкиот весник „Етнос“, според кој за ваквата намера на САД, Атина со телеграма ја информирал грчкиот амбасадор во Вашингтон Александрос Маљас.