TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Струшкиот суд ја сопре продажбата на хотелот "Дим"

Утрински - 17.10.2003

Неизвесна приватизацијата на најатрактивното угостителско претпријатие во Струга СИМОН ИЛИЕВСКИ СТРУГА - Основниот суд во Струга донел привремена мерка за спречување на берзанската трансакција за продажба на мнозинскиот дел акции во АД "Инекс-Дрим", на хотелите "Дрим" и "Београд", автокампот АС, ...

Проблеми во тргувањето со акциите на „Инекс Дрим“

А1 - 16.10.2003

Решението на Основниот суд во Струга со кој времено се забранува тргување со обичните акции на „Инекс Дрим“ на македонската берза е донесено по тужба на фирмата „Илинден“. Таа е најзаинтересирна за купување на најголемото струшко хотелско угостителско претпријатие.

Запрена продажбата на "Дрим"

Дневник - 16.10.2003

ОСНОВЕН СУД СТРУГА Основниот суд во Струга донесе привремена мерка за стопирање на продажбата на имотот на хотелот "Инекс Дрим". Одлуката е донесена по тужбата што завчера ја поднесе акционерското друштво "Илинден" и норвешко-германска фирма заинтересирани за купување на струшките хотели.

Печалбари од САД газди во "Дрим" и "Београд"

Дневник - 15.10.2003

СТРУШКИТЕ ХОТЕЛИ ПРЕД ПРОДАЖБА Вкупно 204 акционери ќе добијат 2,8 милиони евра за продажба на 54 отсто од капиталот Пет македонски бизнисмени од Њу Џерси, САД, ги купуваат струшките хотели "Дрим" и "Београд" и автокампот "Ас", за што ќе платат 3,4 милиони евра.