TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ништо од најавите дека ќе не признае некоја Европска држава

А1 - 22.05.2005

Ништо од најавите на државниот секретар во МНР Емил Киријас дека до крајот на оваа недела Македонија ќе биде призната од една европска држава. Неделата помина, ниту непознатата европска држава не не призна, ниту пак другите европски држави ни се обраќаат со уставно име.

Зачувување на уставното име

Дневник - 20.05.2005

Колумна - Никола Груевски Деновиве видовме многу нервозна реакција на владејачката структура за идејата таа самата да организира референдум со кој практично ќе им се одземе мандатот на владата и на преговарачите да можат во која било смисла, во кое било време и на кој било начин да преговараат или ...

Со Груевски навреме во Јајце?

Вечер Прес - 19.05.2005

Кој го советува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ? Ова прашање произлезе од прославата на 14-годишнината на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, кога Груевски во 90-минутен говор изнесе неколку барања што беа игнорирани или едногласно отфрлени од јавноста.

Груевски ќе се откаже од референдумот ако не го поддржи Владата

Утрински - 18.05.2005

По консензуалното партиско отфрлање на иницијативата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски вели дека успешниот референдум ќе ја бетонира преговарачката позиција на Македонија со Грција Сашко Димевски По консензуалното одбивање од власта и опозицијата на иницијативата за организирање референдум за ...

Референдумот ги плаши тие што го менуваат мислењето како чорапи

Дневник - 18.05.2005

НИКОЛА ГРУЕВСКИ Од референдумот за непроменливоста на уставното име на Република Македонија се плашат политичарите што го менуваат мислењето како чорапи, изјави вчера Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Тој смета дека тие што вчера ја отфрлија неговата идеја страхуваат од "бетонирање на нашата ...

Распиши референдум, ама за партијата!

Вечер Прес - 18.05.2005

ПИШУВА: Татјана Цветковска Да се распише референдум за уставното име на Македонија за да им се покаже на Грците нашиот непоколеблив став за името! Од оваа идеја поглупа немам слушнато изминативе неколку месеци. Самото тоа што некој сака за национално прашање да ги прашува граѓаните дали се ЗА или ...

Груевски не се откажува од референдумот

А1 - 17.05.2005

Успешен референдум за уставното име поддржан од власта и од опозицијата ќе ја засили позицијата на Македонија во преговорите за името, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој не отстапува од оваа идеја, иако другите политички партии вчера ја отфрлија како штетна и навредлива за граѓаните.

ЛДП: Уште една европска земја ќе не признае

Време - 17.05.2005

НОВ БРАН ПОДДРШКА ЗА ИМЕТО Најмалку уште една европска држава, со која Македонија нема воспоставено дипломатски односи, ќе ја признае нашата земја под уставното име до крајот на неделава, најави либерал демократската партија на вчерашната прес конференција.

Референдум за името ќе биде штетен за преговорите

Време - 17.05.2005

ПАРТИИТЕ ЗА ПРЕДЛОГОТ НА ГРУЕВСКИ Непотребно е и навредливо, а може да биде и штетно за преговорите, ако се организира референдум за зачувување на уставното име, како што предлага претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Уште една европска држава ќе ја признае Македонија под уставното име

Утрински - 17.05.2005

Според државниот секретар Емил Кирјас Договор на конгресот на Либералната интернационала Барем уште една европска држава, со која Македонија нема воспоставено дипломатски односи, неделава ќе ја признае нашата земја под уставното име, а можно е подоцна да го сторат тоа уште две- најави државниот ...

Неприфатлив предлог на Груевски

Утрински - 17.05.2005

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива да се организира граѓанско изјаснување за непроменливост на името Сите партии се против иницијативата за референдум Сашко Димевски - Слободанка Јовановска Партијата ВМРО-ДПМНЕ завчеравечер излезе со иницијатива за организирање референдум за непроменливост на ...

Европска држава ќе не признае под уставното име

Дневник - 17.05.2005

ЛИБЕРАЛ-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА Уште една држава ќе ја признае Македонија под уставното име, најави Либерал-демократската партија, додавајќи дека со земјата немаме дипломатски односи, а ќе не признае до крајот на неделава. - Благодарение на билатералната соработка на ЛДП, деновиве се очекува некои ...

И по вчерашните критики, Груевски останува на ставот дека референдум за името треба да има..

Канал5 - 17.05.2005

,,Тоа не е никаква навреда за македонските граѓаните.. Убеден сум дека тие цврсто ќе застанат за задржување на постојното име.. После успешен референдум Македонија ќе има забетонирана позиција во преговорите со Грција,, вели лидерот на ВМРО ДПМНЕ..

Референдумот за името ќе им наштети на преговорите

Вечер Прес - 17.05.2005

Политичките партии се против иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за свикување референдум за задржување на уставното и сметаат дека нема причина граѓаните да се изјаснуваат во однос на ова прашање. СДСМ смета дека референдумската иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ е непотребна, може да биде штетна за преговорите со ...

Предлогот на Груевски за референдум не доби политичка поддршка

А1 - 16.05.2005

Предлогот на Груевски, да се распише референдум за уставното име, не доби политичка поддршка, откако денеска и власта и опозицијата ја отфрлија ваквата идеја. Тие се противат на референдум да се отвори прашање за името на државата, за кое нема дилеми во јавноста, зашто сметаат дека може да има ...

И експертите против референдум за името

А1 - 16.05.2005

Организирање на референдум за уставното име во Македонија е контрапродуктивна и штетна идеја која праќа погрешна порака. Да се преиспитува ставот за уставното име може да значи дека некој во Македонија има дилема за идентитетот, што не е точно.

РЕАКЦИИ ЗА РЕФЕРЕНДУМ ЗА ИМЕТО

Канал5 - 16.05.2005

идејата на груевски, владата да организира референдум за зачувување на уставното име е навредлива за македонските граѓани и штетна за преговорите кои се водат во обединетите нации.. ова го констатираат и владејачките и опозициските партии..