TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Турција во вторник решава за распоредување на војници на САД

А1 - 23.02.2003

Турскиот министер за надворешни работи Јашар Јакиш изјави денеска дека е многу веројатно турскиот Парламент во вторник да гласа за предложеното распоредување на американските војници во Турција при евентуалниот напад на Ирак.

Новата резолуција на САД за Ирак в понеделник?

А1 - 22.02.2003

Нацртот на новата резолуција за Ирак, со која ќе се отвори пат за воена интервенција, пред Советот за безбедност на ОН ќе му биде претставена веќе наредната седмица, можеби уште в понеделник, сопшти портпаролот на Белата куќа Ари Флечер.

Циркус околу Ирак

Вест - 22.02.2003

РАШТИМАН ДРЖАВЕН ВРВ Владата уште нема официјална јавна позиција за ставот на Македонија во врска со застанувањето на страната на САД, или на онаа на Европејците, предводени од Франција и Германија. Црвенковски неофицијално...

Турција и САД "се разбираат" ама, договор нема

Вест - 22.02.2003

ИСТАНБУЛ/БУКУРЕШТ, 22 февруари (Ројтерс) - Турскиот премиер Абдула Ѓул вчера изјави дека "меѓусебно разбирање" во разговорите со Вашингтон за отворањето на турските воени капацитети за американските војници при евентуален напад од Ирак и додаде дека преговорите ќе продолжат.

САД идната недела ќе бараат одобрување од ОН за војна

Утрински - 22.02.2003

Вашингтон соопшти дека распоредил доволен број сили во Заливот за напад врз Ирак КЕНЕСО - САД во четвртокот соопштија дека распоредиле доволен број сили во Заливот за напад врз Ирак кој може да се случи во кое било време, а повисоки американски претставници изјавија дека Вашингтон следната недела ...

САД веќе можат да ја почнат војната, а имаат и планови како ќе го чуваат мирот

Дневник - 22.02.2003

ВАШИНГТОН ЈА КРОИ СУДБИНАТА НА ИРАК Американците и Британците веќе имаат доволно сили во регионот на Персискиот залив за да ја спроведат планираната интервенција врз Ирак, но распоредувањето војска и опрема ќе продолжи со предвиденото темпо, предупреди шефот на Пентагон, Доналд Рамсфелд, јави ...

Турција бара писмена потврда за помошта од САД

Вест - 21.02.2003

АНКАРА, 21 февруари (АП) - Турскиот челник на владеачката Партија за обнова и развој Таип Ердоган, вчера изјави дека Анкара нема да ги отвори своите бази за американските војници се додека не добие писмена потврда од ВаШингтон за економска помоШ на Турција и улогата Што оваа земја би ја имала во ...

Русија вели САД ги притиска инспекторите на ОН во Ирак

Вест - 21.02.2003

МОСКВА, 21 февруари, (Ројтерс) - Русија вчера ги нападна САД за притисокот што го прават врз инспекторите на ОН во Ирак, барајќи од нив извештаи кои ќе се користат како предтекст за напад врз земјата.Русија, исто така вчера побара од Багдад целосна соработка со меЃународните инспектори.

Керим: Багдад ја прекршува Резолуцијата на ОН

Утрински - 21.02.2003

Македонскиот амбасадор зборуваше во Обединетите нации во расправата за Ирак Македонскиот амбасадор Срѓан Керим, во расправата за Ирак во ОН, го обвинил Багдад дека ја прекршил релевантната Резолуција на Обединетите нации и го повикал Советот за безбедност да преземе неопходна и соодветна акција ...

Турција бара писмени гаранции од САД за помошта

Утрински - 21.02.2003

Анкара не му верува на зборот на Вашингтон АНКАРА - Вчера турскиот лидер Таип Ердоган беше цитиран како вели дека Турција нема да ги отвори своите бази за американските сили доколку Вашингтон писмено не гарантира дека ќе достави помош, како и за турската улога во каква било војна против Ирак.

Повеќето земји во ОН се против војна во Ирак

А1 - 20.02.2003

Мнозинство од околу 60 земји, што изминатите два дена учествуваа во ирачката расправа во Советот за безбедност на ОН, се спротивставија на можната војна против Ирак и го поддржаа продолжувањето на работата на меѓународните инспекции.

САД разместува војници во Турција

А1 - 20.02.2003

Припадници на американската 522. оклопно-транспортна единица се истоварија во Турција, без претходно Парламентот во Анкара да дозволи распоредување странски војници и воена опрема на нејзина територија за потребите на САД при евентуална воена интервенција во Ирак.

Пауел ги обвини Франција и другите дека се плашат

Утрински - 20.02.2003

Вашингтон е остар спрема оние што бараат повеќе време за инспекциите на ОН ПАРИЗ - Американскиот државен секретар Колин Пауел ги обвини земјите како Франција дека сакаат повеќе време за инспекциите за оружје во Ирак поради тоа што се ?плашат" од одговорноста за можната војна за разоружување на ...

За новата резолуција ќе бидат потребни минимум девет гласа "за"

Утрински - 20.02.2003

САД и Британија работат на нова резолуција на Советот за безбедност за Ирак ОН/АНКАРА - Соединетите Американски Држави и Велика Британија вчера работеа на резолуција на ОН за да го смират глобалното спротивставување за војна, со одобрување на напад врз Ирак од страна на западните сили кои се ...

Шредер против нова резолуција на ОН за Ирак

Утрински - 20.02.2003

Германско несогласување со намерите на Вашингтон и на Лондон БЕРЛИН - Германскиот канцелар Герхард Шредер во вторникот изјави дека не верува оти во овој момент има потреба од тоа Советот за безбедност на ОН да преземе мерки за втора резолуција со која ќе се одобри нападот на Ирак.

НАТО: Дали сојузот повеќе не е вистински сојуз?

Капитал - 20.02.2003

Што покажа најновиот спор во АлијансатаНАТО: Дали сојузот повеќе не е вистински сојуз?Дел од европските членки не се подготвени за вклучувањето на НАТО во воени активности надвор од неговиот "театар", а воедно сметаат дека Алијансата треба да остане одбранбена организација "Надвладеа солидарноста ...

Глобалните антивоени протести не влијаат врз претседателот Буш

Дневник - 20.02.2003

ДИПЛОМАТСКА ПОДГОТОВКА НА ТЕРЕНОТ ЗА ВОЈНА ВРЗ ИРАК Американскиот претседател Џорџ В. Буш изјави дека антивоените протести на 6 милиони луѓе низ светот за време на викендот нема да го разубедат од ставот дека само со сила може да се разоружи ирачкиот лидер Садам Хусеин, со или без резолуција од ...

НАТО одобри одбрамбени системи за Турција

А1 - 19.02.2003

НАТО денеска во Брисел одобри распоредување одбранбени системи во Турција при евентуална војна во Ирак. Одбранбени системи на Турција вклучуваат авиони од типот „АВАКС“, ракетни системи „Патриот“ и елементи за хемиска и биолошка заштита.

САД наскоро со нова предлог-резолуција за Ирак

А1 - 19.02.2003

САД и нивните сојзници наскоро пред Советот за безбедност на ОН ќе излезат со нова предлог-резолуција за Ирак, изјави американскиот амбасадор во Светската организација, Џон Негропонте. Негропонте потврди дека со делегацијата на Велика Британија во текот на последните два дена го усогласувале ...

Британија сака нова резолуција на ОН за Ирак, ЕУ против

Вест - 19.02.2003

ЛОНДОН, 19 февруари (Ројтерс) - Британскиот премиер Тони Блер вчера изјави дека преферира да се донесе нова резолуција на ОН пред да почне воена инвазија на Ирак и дека се уште не е донесена конечна одлука за дејствување против Ирак.

Европските лидери ја смирија кавгата околу Ирак

Утрински - 19.02.2003

ЕУ не ја исклучи војната како последно средство БРИСЕЛ - Лидерите на Европската унија се обединија во понеделникот за да го предупредат Ирак дека инспекциите на ОН за оружје не можат да продолжат неограничено време без соработка од Багдад и првпат се изјаснија дека војната би можела да биде ...

Без ОН војната со Ирак ќе се смета за агресија

Утрински - 19.02.2003

Шефот на дипломатијата на Саудиска Арабија ги предупредува САД ДУБАИ - Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Саут ал Фајсал, ги предупреди САД дека започнувањето на војна со Ирак без поддршка од страна на ОН ќе биде "агресивна војна" и ќе го дестабилизира целиот Блиски Исток.

Сојузниците ја одложуваат војната во Ирак за наесен?

Дневник - 19.02.2003

ПОРАДИ ОТПОРОТ ОД ЈАВНОСТА Американските и британските воени планери ја разгледуваат можноста воената операција во Ирак да почне наесен, кога се очекува јавноста да поддржи таква акција, јави Макфакс, пренесувајќи извештаи на британските весници.

„Војната не е неизбежна“ е ставот на ЕУ за Ирак

А1 - 18.02.2003

Лидерите на државите-членки на ЕУ синоќа во Брисел заземаа заеднички став дека ОН се надлежни за решавање на ирачката криза и дека „војната не е неизбежна“, ако режимот во Багдад ги исполни барањата за потполно уништување на забранетото оружје за масовно уништување.

Турција ќе испрати свои војници во Ирак

А1 - 18.02.2003

Турција ќе испрати меѓу 40 и 55 илјади војници на север од Ирак, за да создаде тампон зона при евентуална војна во оваа држава. Предвидено е тампон - зоната да го спречи и евентуалното основање независна курдска држава на територија на Турција.

НАТО конечно се договори за помош на Турција против Ирак

Вест - 18.02.2003

БРИСЕЛ, 18 февруари - "Можам да потврдам дека 18 земји-членки на НАТО постигнаа договор за почеток на планирање на обранбени мерки за заштита на Турција, изјави доцна вечерта во неделата во Брисел генералниот секретар на Алијансата Џорџ Робертсон.

ЕУ се мачи да се усогласи за Ирак

Вест - 18.02.2003

Престедателот на Евопската комисија Романо Проди се бацува со грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Папандеру пред вчерашната лидерска средба на ЕУ во Брисел БРИСЕЛ, 18 февруари (АП) - Длабоко поделената Европа вчера со напор се трудеше да ги надмине несогласувањата во врска со Ирак и да се ...

ЕУ ги премостува поделбите

Утрински - 18.02.2003

Милионите луѓе на протестите силен сигнал за лидерите БРИСЕЛ - Лидерите на Европската унија вчера одржаа итен состанок во Брисел за да дискутираат за длабоките поделби во однос на можната војна против Ирак. Дописниците јавуваат дека на самитот се очекуваат остри разговори иако постои желба да се ...

НАТО излезе од ќор-сокакот за Турција

Утрински - 18.02.2003

По маратонските преговори меѓу членките на алијансата БРИСЕЛ - НАТО го надмина едномесечниот ќор-сокак околу плановите за одбрана на Турција во случај на војна предводена од САД, по маратонските разговори во неделата на комитетот каде што Франција, која не е членка, го блокираше предлогот.

Алијансата излезе од ќорсокакот

А1 - 17.02.2003

Советот на НАТО синоќа постигна договор за планирање мерки за одбрана на Турција при евентуалната војна во Ирак. „18 сојузници се договорија експертите по воено планирање да почнат со работа“, изјави генералниот секретар Џорџ Робертсон, додавајќи дека и покрај настојувањата одлуката да ја поддржат ...

Вонреден самит на ЕУ околу ирачкото прашање

А1 - 17.02.2003

ЕУ денеска одржува вонреден самит целосно посветен на политиката околу Ирак, за да ги премости оддалечените позиции помеѓу земјите што го поддржуваат американскиот став, предводени од Британија и Шпанија, и државите кои се спротивставуваат на можната војна во Ирак, што ги предводат Германија и ...

"Не" за војната

Вест - 17.02.2003

МАКЕДОНИЈА СЕ ПРИКЛУЧИ НА СВЕТСКИТЕ АНТИВОЕНИ ПРОТЕСТИ "Насилството е последен излез за глупавиот" беше мото на собирот Завчера во Скопје се одржаа мировен протест против можната воена интервенција во Ирак, под мотото "Насилството е последен излез за глупавиот".

НАТО сака да ја купи подршката на Турција

Вест - 17.02.2003

БРИСЕЛ, 17 февруари (АП) - Државите од НАТО вчера дебатираа по предлогот на Брисел за ставање крај на спорот околу воената помош за Турција во случај на напад од страна на Ирак кој ги заостри ... БРИСЕЛ, 17 февруари (АП) - Државите од НАТО вчера дебатираа по предлогот на Брисел за ставање крај на ...

САД бараат да остане заканата со сила

Утрински - 17.02.2003

Реакции на извештајот на Ханс Бликс дека во Ирак не е најдено оружје за масовно уништување Американскиот државен секретар Колин Пауел изјави дека неговата земја ќе почека уште неколку недели пред да одлучи дали Ирак ја почитува резолуцијата 1441 на Советот за безбедност (СБ) на Обединетите нации ...

НАТО не излезе од ќор-сокакот

Утрински - 17.02.2003

Франција уште еднаш ја блокираше одлуката за одбрана на Турција БРИСЕЛ - НАТО вчера изгледаше подготвен да постигне компромисен договор за да го реши ќорсокакот во кој западна во врска со планирањето за одбрана на Турција во случај на војна против Ирак предводена од САД, меѓутоа сепак останаа ...

Можеби ќе биде неопходна втора резолуција за Ирак

Утрински - 17.02.2003

Кофи Анан Абу Даби - Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан смета дека можеби ќе биде неопходна втора резолуција за Ирак и оти инспекторската мисија во оваа држава не може да трае бесконечно, доколку не постои соодветна соработка од страна на Багдад.

Стоп за војната во Ирак, дајте му шанса на мирот!

Утрински - 17.02.2003

Во саботата се одржа мировен протест на неколку стотини граѓани на Македонија "Стоп на војната во Ирак, дајте му шанса на мирот", "Доста војни, насилство и криминал, доста крв за нафта", "Доста се војни, да водиме борба за нивно укинување", се само дел од пораките што беа упатени на саботниот ...

Шест милијарди долари за поддршка на акција против Ирак

Утрински - 17.02.2003

САД предлагаат голем економски пакет на Турција ВаШингтон - САД предлагаат Турција да добие пакет економска помош во вредност од околу шест милијарди долари и кредитни гаранции од околу 20 милијарди долари во замена за поддршка од Анкара за евентуална воена акција врз Ирак, јавија дел од западните ...

"Војната во Ирак не е наш интерес"

Дневник - 17.02.2003

ВО САБОТАТА И МАКЕДОНИЈА ДЕМОНСТРИРАШЕ Неколку стотини скопјани во саботата протестираа против можната воена интервенција против Ирак, приклучувајќи се на серијата протести во околу 500 градови во 75 земји во светот. Под мотото "насилството е последниот излез за глупавиот", учесниците во протестот, ...