TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Се повлекуваат израелските тенкови

А1 - 21.04.2002

Израелските тенкови почнаа да се повлекуваат од деловите на Рамалах на Западниот брег, како и од градот Наблус. Според изјавите на очевидци, повеќе десетици тенкови и оклопни транспортери синоќа почнале да се повлекуваат од деловите на Рамалах во правец на воените бази околу градот.

Истрага на ОН за последните израелски воени акции

А1 - 20.04.2002

Советот за безбедност на ОН синоќа со согласност на Израел одлучи во палестинскиот логор Џенин да се спроведе целосна истрага по последните воени акции на израелската војска. Во резолуцијата, за која гласаа и САД, се поздравува иницијативата на генералниот секретар Кофи Анан да се утврдат точните ...

Израелската војска почна да се повлекува

Вест - 20.04.2002

Ерусалим, 20 април (АП) - Израелската војска, вчера се повлекла од Џенин и од бегалскиот камп во близината на тој град на Западниот брег. Во соопштението на изралеските сили се наведува дека тие ја завршиле својата мисија во Џенин, додавајќи дека силите сега ќе го опколат градот и бегалскиот камп ...

Британија нуди компромис по заканата од САД за вето

Утрински - 20.04.2002

ОН имаат тешкотии околу новата резолуцијата за Израел Со британските предлози се елиминира најголемиот дел од барањата, освен истрагата во врска со Јенин ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ - Соочени со барања за вооружено присуство на палестинските територии и истрага околу уништениот камп за бегалци во Јенин, ...

Израелската армија се повлече од Јенин

Утрински - 20.04.2002

По хуманитарната катастрофа предизвикана од воените дејства Армијата соопшти дека израелските сили ја завршиле мисијата во Јенин ЈЕНИН - Израелската армија вчера се повлече од Јенин додека палестинските жители на опустошениот камп за бегалци во градот копаат гробови за загинатите, а меѓународните ...

Израелската војска се повлече од Џенин и Калкилија

А1 - 19.04.2002

Израелската војска денеска соопшти дека се повлекла од Џенин и од бегалскиот камп во близината на тој град на Западниот Брег. „Израелските сили ја завршија својата мисија во Џенин“, се вели во соопштението на израелската војска, додавајќи дека силите сега ќе го опколат градот и бегалскиот камп за ...

Израелкста војска се повлекува од палестинските тертории

Вест - 19.04.2002

Ерусалим, 19 април - Израелските трупи, од вчера почнаа да повлекуваат од реокупираните палестински територии што би можело да заврши во следните неколку дена, јави Израелското армиско радио. Според нивнте инфорамции, дел од армиските сили веќе го напуштиле бегалскиот камп Џенин, но портпаролката ...

Палестинците во разурнатиот Јенин бараат преживеани

Утрински - 19.04.2002

По крвавиот масакр и кусото повлекување на израелските сили КАМП ЗА БЕГАЛЦИ ЈЕНИН - Илјадници Палестинци се вратија во уништениот камп за бегалци откако израелските сили накусо се повлекоа. Под жешкото сонце, тие почнаа да прекопуваат по урнатините со нивните чевли, лопати или голи раце.

Тенковите се повлекоа од Џенин, останаа снајперистите

Дневник - 19.04.2002

ЗАПАДЕН БРЕГ Израелските тенкови и пешадијата прексиноќа на полноќ се повлекоа од палестинскиот град Џенин, но на ридовите на предградијата останаа израелските снајперски гнезда, јави Ројтерс. Џенин беше сцена на најкрвавите пресметки за време на тринеделната израелска офанзива на палестинските ...

Пауел се враќа од Блискиот Исток со свиткана опашка

А1 - 18.04.2002

Американскиот државен секретар Колин Пауел денеска треба да го информира претседателот на САД Џорџ Буш за причините за неуспехот на неговата мировна мисија на Блискиот Исток и за чекорите што треба да се преземат да се смири израелско-палестинскиот судир.

Катастрофално торпедо меѓу Арафат и Пауел

Вест - 18.04.2002

АМЕРИКАНСКИОТ ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР ЈА ПРИВРШУВА БЛИСКОИСТОЧНАТА МИСИЈА РАМАЛАХ, 18 април (Ројтерс) - Американскиот државен секретар Колин Пауел вчера ги заврши разговорите со палестинскиот претседател Јасер Арафат во Рамалах кон крајот на својата блискоисточна мисија чија цел е решавање на ...

Колин Пауел ја заврши мировната мисија без успех

Утрински - 18.04.2002

Американскиот државен секретар не успеа да најде излез од блискоисточниот ќор-сокак САД разочарани од дејствувањето на Арафат ЕРУСАЛИМ - Американскиот државен секретар Колин Пауел вчера изјави дека ја завршува мировната мисија на Блискиот Исток без примирје, но дека е известен оти Израел ќе ја ...

Целта е јасна, само Шарон и Арафат не можат да го видат патот до неа

Капитал - 18.04.2002

Како да се реши израелско-палестинската кризаЦелта е јасна, само Шарон и Арафат не можат да го видат патот до неаШарон нагласува дека Израел никогаш повеќе нема да преговара со Арафат, а многумина сметаат и дека израелскиот Премиер нема намера да дозволи какво било возобновување на Палестинската ...

Арафат го обвини Шарон дека ги лаже САД и ги торпедира нивните мировни напори

Дневник - 18.04.2002

НЕУСПЕШЕН КРАЈ НА МИРОВНАТА МИСИЈА НА ПАУЕЛ Палестинскиот лидер тврди дека Шарон љубезно ќе го испрати високиот гостин од САД, а потоа повторно ќе ги пушти силите во офанзива на палестинските територии Палестинскиот лидер Јасер Арафат вчера го обвини израелскиот премиер Ариел Шарон дал лажни ...

Палестинците не се согласуваат на прекин на огнот

А1 - 17.04.2002

Американскиот државен секретар Колин Пауел го започна денеска во Рамала последниот круг разговори со палестинскиот водач Јасер Арафат што би можел да биде решавачки за успех на неговата мировна мисија. Ова е втора средба на Пауел и Арафат за последните три денови.

Израелски тенкови влегоа во палестинска област

Вест - 17.04.2002

АРИЕЛ ШАРОН НЕ ГО ИСПОЛНИ ВЕТЕНОТО РАМАЛАХ, Западен Брег, 17 парил (АП) - Израелски тенкови вчера влегоа во три палестински предградија на Ерусалим и повторно навлегоа во градот на Западниот Брег еден ден откако премиерот Ариел Шарон им вети на САД дека ќе ја повлече војската од повеќето ...

Повторна средба Пауел - Шарон - Арафат

Вест - 17.04.2002

Американскиот државен секретар Колин Пауел, вчера во Тел Авив се сретна со израелскиот премиер Ариел Шарон, додека денес во Рамалах на Западниот Брег ќе разговара со палестинскиот лидер Јасер Арафат, кој од 29 март во градот се наоѓа под блокада од страна на израелските ...

Израелските единици повторно го пребаруваат Тулкарм

Утрински - 17.04.2002

Неколку часа откако Ариел Шарон вети ограничени повлекувања на Западниот Брег ТУЛКАРМ - Израелските сили вчера повторно влегоа во градот Тулкарм, при што заробија девет Палестинци и ранија девет лица, неколку часа откако Ариел Шарон вети ограничени повлекувања на Западниот Брег.

Израелците ќе се повлечат од Наблус и од Џенин

Дневник - 17.04.2002

БЛИСКОИСТОЧНА КРИЗА Израелскиот премиер Ариел Шарон прексиноќа најави дека војската и полицијата за период од една недела ќе се повлечат од палестинските градови Наблус и Џенин, но веднаш потоа израелските трупи навлегоа во Тулкарм и се повлекоа по операција од неколку часа, јави Ројтерс.

Израел би можел да се повлече за една недела

А1 - 16.04.2002

Израел во рок од една недела би можел да се повлече од окупираните градови на Западниот брег, но проблем ќе останат Рамала и Витлеем се додека терористите кои се наоѓаат во тие градови не му бидат испорачани на Израел, изјави синоќа израелскиот премиер Ариел Шарон.

Буш - повлекувањето би ги зајакнало „перспективите за мир“

А1 - 16.04.2002

Американскиот претседател Џорџ Буш изјави синоќа во телефонски разговор со израелскиот премиер Ариел Шарон дека повлекувањето на израелските сили од Џенин и Наблус би ги зајакнало „перспективите за мир во регионот“. „Премиерот му потврди на американскиот претседател дека Израел ќе се повлече од ...

Пауел - средба со Шарон

А1 - 16.04.2002

Американскиот државен секретар Колин Пауел денеска треба да се состане со израелскиот премиер Ариел Шарон , а за утре се планира средба со палестинскиот лидер Јасер Арафат, соопшти синоќа портпаролот на Стејт департментот. Ова соопштение беше објавено откако израелскиот премиер Ариел Шарон предложи ...

Евродипломатите ќе расправаат за случувањата на Блискиот Исток

Вест - 16.04.2002

ЛУКСЕМБУРГ, 16 април - Во Луксембрург, вчера почна средба на министерите за надворешни работи на Европската унија, посветена на новиот бран насилства на Блискиот Исток. На состанокот, со кој претседава шефот на шпанската дипломатија Хозе Пике, ќе бидат разгледани резултатите од разговорите на ...

Пауел им го опипа мировниот пулс на Сиријците и Либанците

Вест - 16.04.2002

ДАМАСК, Сирија, 16 април (АП) - Американскиот државен секретар Колин Пауел вчера беше во посета на Сирија и Либан каде што разговараше за предлозите за одржување на мировна конференција за Блискиот Исток ... ДАМАСК, Сирија, 16 април (АП) - Американскиот државен секретар Колин Пауел вчера беше во ...

Израел обвинет за масовни убиства

Утрински - 16.04.2002

ОН за човековите права ЖЕНЕВА - Организацијата за човекови права на ОН вчера го обвини Израел поради "масовни убиства" на Палестинците и побара да стави крај на воената офанзива на окупираните територии. На годишната сесија на Комисијата за човекови права, со седиште во Женева, беше усвоена ...

Арапите бараат поактивна улога на Москва

Утрински - 16.04.2002

Јасер Арафат ја повикува напомош Русија во решавањето на блискоисточната криза Од нашиот дописник Бранко Влаховиќ МОСКВА - Палестинскиот лидер Јасер Арафат го повика министерот за надворешни работи на Русија, Игор Иванов, итно да допатува "за да се спаси црквата "Христовото раѓање' во Витлеем и да ...

Двегодишна временска рамка за решавање на кризата

Утрински - 16.04.2002

ЕУ го разгледува германскиот мировен план за Блискиот Исток ЛУКСЕМБУРГ - Министрите за надворешни работи на Европската унија ќе се состанат во Луксембург за да го разгледаат германскиот мировен план за Блискиот Исток како и можните трговски санкции против Израел поради неговата воена офанзива во ...

Хезболах ќе го засили блискоисточниот конфликт

Утрински - 16.04.2002

Американскиот државен секретар Колин Пауел одржува разговори во Либан и во Сирија Прекуграничните престрелки меѓу либанските герилци на Хезболах и израелската војска би можело да доведе до отворање втор фронт БЕЈРУТ - Американскиот државен секретар Колин Пауел одржува разговори во Либан и во Сирија ...

ОН го обвинија Израел за масовни убиства

Дневник - 16.04.2002

ЖЕНЕВА Комисијата на ОН за човекови права вчера го обвини Израел за масовни убиства на Палестинци и побара од израелските власти веднаш да се повлечат од окупираните територии, јави Ројтерс. За таа резолуција предложена од група арапски и муслимански земји гласаа 40 од вкупно 53 членки на ...

Пауел ја смирува ситуацијата на Блискиот Исток

А1 - 15.04.2002

Американскиот државен секретар Колин Пауел денеска од Тел Авив отпатува за Бејрут каде со либанските челници треба да разговара за нападите на „Хезболах“ врз Израел во обид да ја смири состојбата на израелско-либанската граница.

Американското посредување и натаму без резултат

Утрински - 15.04.2002

Американскиот државен секретар Колин Пауел во бункерот на Јасер Арафат РАМАЛАХ - Американскиот државен секретар Колин Пауел вчера оствари, како што ја нарече, "корисна и конструктивна" средба со Јасер Арафат во опколениот штаб на палестинскиот лидер на Западниот брег.

Пауел сепак се сретна со Арафат

Дневник - 15.04.2002

БЛИСКИ ИСТОК Американскиот државен секретар Колин Пауел вчера одржа средба со Јасер Арафат, откако палестинскиот водач јавно ги осуди терористичките напади против израелските, но и против палестинските цивили, јави Ројтерс. Средбата на Пауел со Арафат беше одложена откако палестинска ...