TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тачи прогласи победа на изборите во Косово

А1 - 18.11.2007

Нешто по полноќ лидерот на Демократска партија на Косово Хашим Тачи прогласи победа на косовските парламентарни избори. Во обраќањето до граѓаните Тачи рече, дека од денеска за Косово почнува новата ера. „Му покажавме на светот дека сме демократско општество и дека сме подготвени да одиме напред, ...

Хашим Тачи прогласи победа на парламентарните избори во Косово

Канал5 - 18.11.2007

Претседателот на Демократската партија на Косово Хашим Тачи прогласувајќи победа на својата партија на парламентарните избори во Косово, синоќа изјави дека ќе биде премиер на сите косовски граѓани - и на оние кои гласале за него, и на оние кои гласот го дале за друг.

Косовските Срби ги бојкотираа изборите

А1 - 17.11.2007

Не гласајте. Ова беше повикот на движењето „Самоопределување“ против денешниве избори на Косово. Се противеа и Србите, нивните радикали повикуваа на бојкот. Но сепак, поголемиот дел излегоа да гласат на заедничките парламентарни и локални избори. Во битка се 96 политички субјекти.

Хашим Тачи: Ќе прогласиме независност по 10 декември

А1 - 17.11.2007

Лидерот на Демократскaта партија на Косово Хашим Тачи денеска изјави дека Косово ќе прогласи независност веднаш по 10 декември. „Овие избори не се одржуваат за статусот на Косово. Ќе прогласиме независност веднаш по 10 декември“, истакна Тачи, откако гласаше на парламентарните и локалните избори ...

Косово без еуфорија излегува денес на избори

Утрински - 17.11.2007

Косовците типуваат на Хашим Тачи, Србите најавуваат апстиненција Од нашиот известувач ДИМИТАР ЧУЛЕВ ПРИШТИНА/ГРАЧАНИЦА - „Не верувам во брза независност, барем не со сегашната власт. Но, работите можат да тргнат на подобро само доколку премиер стане Хашим Тачи“, вака размислува Фатмир Мисими, ...

Косовците чекаат да им го определат статусот

Дневник - 17.11.2007

Албанците веруваат дека САД ќе успеат да ги убедат другите земји да признаат независност на Косово, а Србите сметаат оти Русија ќе успее да го спречи тоа Првиот снег ги покри улиците во Косово. Температурите се спуштија под нулата, а на жителите на провинцијата веќе им е јасно дека и оваа студена ...

Парламантарни и локални избори во Косово

Канал5 - 17.11.2007

Во Косово денеска се одржуваат парламантарни и локални избори. По препорака на Белград, српското малцинство во покраината ќе ги бојкотира изборите. Приштина, 17 ноември (МИА) - Во Косово денеска се одржуваат парламантарни и локални избори.

Косовците избираат кој ќе ги води во завршницата

Време - 17.11.2007

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ВО ПОКРАИНАТА Во Косово денеска се одржуваат парламентарни и локални избори, во ситуација кога косовските Албанци треба да изберат кој ќе ги води до долгоочекуваната цел - независно Косово. Од друга страна, по препорака на Белград, српското малцинство во покраината ќе ги ...

Хашим Тачи: Ќе прогласиме независност веднаш по 10 декември

Канал5 - 17.11.2007

Лидерот на Демократскaта партија на Косово Хашим Тачи денеска изјави дека Косово ќе прогласи независност веднаш по 10 декември. Приштина, 17 ноември (МИА) - Лидерот на Демократскaта партија на Косово Хашим Тачи денеска изјави дека Косово ќе прогласи независност веднаш по 10 декември.

Србите бојкотираат

Вечер Прес - 17.11.2007

Во Косово денеска ќе се одржат парламантарни и локални избори, во време кога се водат завршни разговори за статусот на покраината. По препорака на Белград, како и што се очекуваше, српското население ќе ги бојкотира изборите.

Галах: Очекуваме изборите во Косово да бидат мирни

А1 - 16.11.2007

„Сакаме припадниците на сите етнички групи да покажат интерес за институциите“, изјави во интервјуто за А1 Кристина Галах, портпарол на Хавиер Солана. Ќе испратите ли силен апел кој се однесува на изборите? Очекуваме изборите да се одржат во најголем ред, на мирен начин.

Утре избори на Косово

Вест - 16.11.2007

ПРИШТИНА, 16 ноември (Ројтерс) - Косово утре ќе одржи парламентарни избори пред средбата со Србија за решавање на барањето на мнозинството етнички Албанци за независност на покраината. Косовскиот премиер Агим Чеку ќе поднесе оставка, така што изборит ПРИШТИНА, 16 ноември (Ројтерс) - Косово утре ќе ...

„Фајненшал тајмс“: Закана за мирот на Балканот не е Косово, туку Босна и Херцеговина

Канал5 - 16.11.2007

Сите погледи на меѓународната заедница се насочени кон Косово и кон она што би можело да се случи по 10 декември, но заканата за мирот на Балканот не е покраината, туку Босна и Херцеговина, пишува „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на изјавите на западните дипломати кои работат во регионот.

Пацоли зад Тачи и Сејдиу

Дневник - 16.11.2007

Според рејтингот, прворангирана е Демократската партија на Косово, а на второ место е Демократскиот сојуз на Косово , основан од починатиот претседател Ибрахим Ругова Најбогатиот жител на Косово бизнисменот Беџет Пацоли, според последните истражувања на јавното мислење, ќе биде треторангиран на ...

Медијаторите ќе понудат „неутрален статус“ за Косово

Утрински - 16.11.2007

Новиот предлог ќе го игнорира прашањето за независност За косовските Албанци единствено прифатливо решение е независност на Косово: Фатмир Сејдиу ПРИШТИНА - Медијаторите не гледаат надеж за постигнување договор меѓу Србите и етничките Албанци за идниот статус на Косово и тие ќе предложат договор ...

Приштина не прифаќа неутрален статус за Косово

Време - 16.11.2007

РЕАКЦИИ ПО ПРЕДЛОГОТ НА ПРЕТСТАВНИКОТ НА ЕУ ИШИНГЕР Единствено решение за Косово е независност, е реакцијата на властите во Приштина на предлогот на специјалниот пратеник на ЕУ Волфганг Ишингер за неутрален статус на покраината, јавува Б92.

Белград и Приштина против неутрален статус на Косово

А1 - 15.11.2007

Идејата на европскиот посредник Волфганг Ишингер за неутрален статус на Косово не наиде на одобрување, ниту кај властите во Белград, ниту во Приштина. Српскиот министер за Косово, Слободан Самарџиќ смета дека таквата идеја се заснова на договорот за двете независни германски држави од 1972 година, ...

Чеку: Независноста е единствена опција за Косово

Канал5 - 15.11.2007

Косовскиот премиер Агим Чеку оцени дека преговорите за статусот на Косово се „приближуваат до својот природен крај“ и дека тоа ќе „создаде атмосфера за позитивно прогласување независност кое меѓународната заеница ќе го признае“.

"Неутрален статус" нов предлог за Косово

Вест - 15.11.2007

Вашингтон, 15 ноември - Посредничката тројка на Контакт групата во преговорите за Косово ќе им претстави на Белград и на Приштина нов предлог за таканаречен "неутрален статус", јави вчера радиото Глас на Америка, програма на албански јазик, повикувајќи се на претставникот на Европската унија во ...

Би заминале 70 отсто од косовските Срби

Дневник - 15.11.2007

Ако Косово добие независност, ќе го напуштат дури 70 отсто од Србите што останаа во провинцијата, покажуваат резултатите од истражување на јавното мислење, јави МИА. Во анкетата, која ја спроведе агенцијата „Стратегиски маркетинг“, речиси ист процент испитаници изразиле надеж дека Косово, сепак, ќе ...

„Воспоставување односи“ наместо статус

Дневник - 15.11.2007

Можно е во конечната спогодба да нема „ниту еден збор за статусот“ на Косово Европскиот посредник Волфганг Ишинигер најави дека посредничката тројка ќе им даде на Белград и на Приштина нов предлог за „неутрален статус“ за Косово, јави МИА, пренесувајќи извештај на радиото „Гласот на Америка“.

Дури 70 отсто од Србите ќе си заминат од Косово

Време - 15.11.2007

ДОКОЛКУ ПОКРАИНАТА ДОБИЕ НЕЗАВИСНОСТ Ако Косово добие независност, дури 70 проценти од Србите што останаа да живеат таму ќе ја напуштат покраината, покажуваат резултатите од испитувањето на јавното мислење што го спровела агенцијата „Стратегиски маркетинг“.

Упад во Косовска Митровица по изборите?

Вечер Прес - 15.11.2007

Перидот по саботните избори е најпогоден за акција, бидејќи тогаш се уште нема да биде формирана косовската влада, а тоа значи дека никој нема да биде одгворен за можните крвави настани. За овој план, наводно, знаeл и КФОР Албанците забрзано се подготвуваат за вооружен упад во северниот дел на ...

Нов предлог без збор за статусот

Вечер Прес - 15.11.2007

Посредникот во преговорите за косовскиот статус Волфганг Ишингер најави дека "тројката"" на Белград и Приштина ќе им изнесе нов предлог за т.н. неутрален статус, јави Гласот на Америка на албански јазик. Тој додал дека целта на предлогот е "нормализација на односите" меѓу Приштина и Белград.

„Гардијан“_ Белград отвора нов опасен фронт на Балканот

Утрински - 14.11.2007

За Белград, Косово и Република Српска станаа главни национални интереси Лондон - Белград на Западен Балкан, се чини, отвори „нов и многу опасен фронт“ во настојувањето да го спречи унилатералното прогласување на независноста на својата јужна покраина по 10 декември, пишува британскиот весник ...

Белград отвори нов „фронт“ во Република Српска

Дневник - 14.11.2007

Белград, во настојувањето да го спречи унилатералното прогласување на независноста на Косово по 10 декември, го иницира прашањето за статусот на Република Српска, со што отвори нов и многу опасен фронт на Балканот, пишува британскиот весник „Гардијан“, јави МИА.

Анкета: Доколку Косово добие независност, 70 отсто од косовските Срби ќе ја напуштат покраината

Канал5 - 14.11.2007

Во случај Косово да добие независност, дури 70 отсто од Србите што останаа да живеат таму ќе ја напуштат покраината, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење направено од агенцијата „Стратешки маркетинг“. Белград, 14 ноември (МИА) - Во случај Косово да добие независност, дури 70 ...

Терористичката АНА масовно регрутира во Косово

Дневник - 14.11.2007

Албанската национална армија (АНА) ги засилува своите редови, објави косовскиот весник „Експрес“ посочувајќи оти еден од нивните новинари присуствувал на церемонија на која 20 нови члена дале заклетва и се придружиле кон екстремистичката група, јави МИА.

АНА регрутира борци на Косово

Време - 14.11.2007

СПОРЕД КОСОВСКИ „ЕКСПРЕС“ Вооружената група косовски Албанци, кои повремено се појавуваат на североисточно Косово, регрутира нови членови, пишува косовскиот весник „Експрес“. Според информациите од весникот што ги пренесе МИА, завчера на АНА и се приклучиле дваесетина нови члена.

Статусот нема да се реши до 10 декември

Дневник - 14.11.2007

Во случај на еднострано прогласување независност, српските делови во северниот дел на Косово би можеле да се отцепат, предупредува американскиот аналитичар Рој Стафорд Во преговорите помеѓу Белград и Приштина нема напредок и поради тоа тие нема да завршат на 10 декември, смета Рој Стафорд, професор ...

Извесна победата на Демократската партија на Косово

Време - 14.11.2007

ИСПИТУВАЊА НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ ПРЕД ПРЕТСТОЈНИТЕ ИЗБОРИ ВО ПОКРАИНАТА На претстојните избори на Косово ќе победи Демократската партија на Косово (ПДК) на Хашим Тачи, но таа нема да добие доволно гласови за самостојно да формира влада, покажуваат резултатите од испитувањата на јавното мислење во ...

Македонија по 10 декември може да ја зафати косовскиот виор

Време - 13.11.2007

ПРЕДУПРЕДУВАЊА ОД БЕЛГРАД Момир Стојановиќ, поранешен директор на српската воено-безбедносна агенција, најавил дека околу 10 декември, кога треба да завршат преговорите на Белград и Приштина за Косово, може да се очекуваат инциденти во западна Македонија.

Србија сега го нуди Хонг Конг како модел за Косово

Утрински - 13.11.2007

Белград – Србија на продолжението на преговорите за статусот на Косово на 20 ноември во Брисел, ќе го објасни моделот на Хонг Конг и решението на неговиот статус како пример за Косово. Ова денеска во Белград го изјави портпаролот на владеачката Демократска партија на Србија Андреа Младеновиќ, ...

„Експрес“: АНА собира нови членови меѓу косовските Албанци

Канал5 - 13.11.2007

Вооружената група косовски Албанци, која периодично се појавува во североисточно Косово, собира нови членови, пишува денешното издание на косовскиот весник „Експрес“. Приштина, 13 ноември (МИА) - Вооружената група косовски Албанци, која периодично се појавува во североисточно Косово, собира нови ...

Страв од избори

Утрински - 13.11.2007

Европа-Балкан ИВАН ТОРОВ Дали изборите ќе бидат предворје за еднострано прогласување независност на Косово по крахот на преговарачкиот процес БЕЛГРАД - Како ретко досега, парламентарните и локалните избори на Косово в сабота, 17 ноември, добија третман на првостепен политички настан.