TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Протестот на визбеговци ставен во мирување

Време - 12.11.2005

ДОДЕКА НЕ СЕ ИСПИТА СЕ Протестот на жителите на Визбегово против изградбата на прифатилиштето за азиланти од вчера е во мирување, информираат од месната заедница. Оттаму велат дека граѓаните се уште размислувале дали поддршка за запирање на изградбата на кампот да побараат и од политичките партии.

Визбеговци се поделија

Дневник - 11.11.2005

СКОПЈЕ Жителите на Визбегово не можат да се договорат дали се за или против изградбата на прифатниот центар за баратели на азил во атарот на селото. Тие имаат поделени мислења за тоа дали ќе продолжат со блокадите на градилиштето.

Визбеговци ќе бараат поддршка од политичките партии

Утрински - 11.11.2005

Случајот со изградбата на прифатен камп добива политички димензии Жителите на Визбегово завчера одлучија дефинитивно да останат на ставот дека се против изградбата на прифатниот камп за азиланти. И покрај вчерашниот неуспешен обид за блокада, најавуваат дека и во текот на денешниот ден ќе се обидат ...

Визбеговци ќе бараат поддршка од партиите

Време - 11.11.2005

ЗА ДА ЈА СПРЕЧАТ ИЗГРАДБАТА НА КАМПОТ ЗА АЗИЛАНТИ Жителите на Визбегово ќе побараат помош од политичките партии за да ја спречат изградбата на прифатилиштето за азиланти во атарот на нивното село, најавуваат од месната заедница.

Помош ќе се бара во политичките партии

Вечер Прес - 11.11.2005

Визбеговци никако да се договорат. Не најдоа заедничко решение ниту на последниот состанок што завчеравечер се одржа во Месната заедница, на кој од вкупно 2500 жители, присуствуваа само педесетина. -Уште еднаш ги разгледавме сите опции и се обидовме да ги ставивме на кантар нашите и предлозите на ...

Визбеговци сами се виновни за неуспешните блокади

А1 - 10.11.2005

Во Визбегово денеска нема блокади, ниту протести против изградбата на азилантскиот камп. Жителите синоќа не успеаја да се договорат дали и како ќе го продолжат протестот. Признаваат дека самите се виновни за неуспешните блокади. „Би ве прашал сите вас дали штрајкуваме или не. Прво тоа да го решиме.

Продолжи изградбата на кампот во Визбегово, населението се подели

Утрински - 10.11.2005

Блокади вчера немаше, визбеговци допрва ќе одлучуваат што ќе преземат понатаму Полициското обезбедување од 4 часот утрината го спречило населението да се организира на повторни блокади ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА Во Визбегово вчера немаше блокади.

Полицијата ги спречи блокадите

Дневник - 10.11.2005

во СКОПСКО визбегово Со полициска интервенција жителите на скопското село Визбегово вчераутро биле спречени да постават блокади на приодите кон селото. Полицајците се заканувале дека ќе ги приведат тие што ќе го блокираат градилиштето, тврди месното население.

Може камп за азиланти, ама и канализација

Време - 10.11.2005

ПРЕДЛОГОТ НА ШЕЌЕРИНСКА ГИ ПОДЕЛИ ВИЗБЕГОВЦИ Мими Шушлеска Визбеговци се поделија околу идејата на вицепремиерката Радмила Шеќеринска тие да се согласат со изградбата на прифатилиштето за азиланти во нивното село, а за возврат да добијат канализација.

Едни за, други категорично против

Вечер Прес - 10.11.2005

По неколкудневните протести против изградбата на кампот за азиланти и еден ден по состанокот со вицепремиерката Радмила Шеќеринска, приодите во Визбегово вчера беа слободни. Барикадите што вчераутро беа поставени, беа растерани од полицијата.

Нема конечна одлука за кампот во Визбегово

А1 - 09.11.2005

Сеуште не е донесена конечна одлука. Во месната заедница вечерва не дојдоа претставниците од МВР и од Министерството за социјала. Само жителите и градоначалникот на општина Бутел вечерва разговараа за тоа дали ќе продолжат утре блокадите или не.

Визбегово од денес 24 часа блокирано

Вест - 09.11.2005

ВИЦЕПРЕМИЕРКАТА ШЕЌЕРИНСКА ГИ УБЕДУВА ВИЗБЕГОВЦИ ДА ДОЗВОЛАТ ДА СЕ ГРАДИ КАМПОТ ЗА АЗИЛАНТИ На вчерашната средба вицепремиерката Шеќеринска се обидела да објасни дека нема време да се бара нова локација за кампот за азиланти, зашто ако тој не почне да се гради до Нова година, ќе пропадна два ...

Привремен прекин на блокадите на визбеговци

Канал5 - 09.11.2005

По два дена блокади камионите на „Гранит“ кој го градат прифатилиштето за азиланти во село Визбегово слободно одат до градилиштето. Блокади денеска немаше но визбеговци уште не одлучиле дали ќе ја дозволат изградбата или ќе повторно ќе блокираат.

Шеќеринска ги омекна ставовите на визбеговци

Време - 09.11.2005

СРЕДБА ЗА АЗИЛАНТСКИОТ КАМП Владата нема време да бара нова локација на која ќе се гради прифатилиштето за азиланти, бидејќи парите добиени како донација мора да се искористат. Во спротивно, тие ќе бидат повлечени, им рекла на вчерашната средба вицепремиерката Радмила Шеќеринска на претставниците ...

На визбеговци ќе им се дообјаснува проектот за прифатен камп за азил

Утрински - 09.11.2005

Средбата на жители на Визбегово и вицепремиерката Шеќеринска заврши без конечен договор Населението синоќа требаше да се сретне со претставници од Министерството за труд и од Одделението за азил при МВР ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА Вчерашната две и полчасовна средба меѓу претставници од селото Визбегово, ...

Владата не се повлече пред блокадите

Дневник - 09.11.2005

АЗИЛАНТСКИОТ КАМП, СЕПАК, ЌЕ СЕ ГРАДИ ВО ВИЗБЕГОВО Владата останува на ставот дека прифатниот центар за баратели на азил треба да се изгради во Визбегово и не размислува за нова локација, и покрај блокадите на месното население.

Визбеговци се сретнаа со Шеќеринска

А1 - 08.11.2005

И по два часа преговори, жителите на Визбегово и вицепремиерката Шеќеринска не се договорија. Изградбата на азилантскиот камп и натаму е стопирана, блокадите остануваат. Кој ќе попушти - Владата или визбеговци, ќе се знае вечерва по средбата меѓу претставници на МВР и Министерството за социјала со ...

Визбеговци се лути на своите претставници

А1 - 08.11.2005

Вечерва има кавга помеѓу жителите на Визбегово и претставниците на МВР и Социјала. Визбеговци се лути на своите претставници, кои денес имаа состанок со вицепремиерката Шеќеринска. Најмногу се лути - зошто нивните претставници вечерва донеле претставници од министерствата.

Децата од Визбегово учат блокади

Дневник - 08.11.2005

нездоволство поради ИЗГРАДБАТА НА АЗИЛАНТСКИОТ КАМП во скопско Децата од скопското село Визбегово вчера не отидоа на училиште бидејќи со своите родители од шест часот утрото беа на блокадите на двата влеза во селото. Визбеговци ги блокираа влезовите со трактори и автомобили, револтирани од ...

Визбеговци на средба кај Шеќеринска

Канал5 - 08.11.2005

Да не се гради камп за азиланти во Визбегово – ова барање штрајкувачкиот одбор на селото денеска го пренесе и во Владата. Визбеговци на чело со градоначалникот на Бутел повеќе од два часа разговараа со потпретседателката на Владата Радмила Шеќеринска.

Запрена изградбата на азилантскиот камп во Визбегово

Утрински - 08.11.2005

Месното население ги блокираше приодите кон селото со жив штит и трактори Визбеговци најавуваат секојдневни блокади и бараат Министерството да најде нова локација за изградба на прифатниот центар Трактори, бали од сено и жив штит од месното население на сите влезови во Визбегово вчера ги ...

Визбеговци на барикади

Време - 08.11.2005

ИЗГРАДБАТА НА КАМПОТ ЗА АЗИЛАНТИ ГО РАЗДВИЖИ СЕЛОТО Жителите на Визбегово со мотокултиватори, трактори и други земјоделски машини вчера од раните утрински часови блокираа три улички во селото и ги спречија градежниците од „Гранит“ за да дојдат до локацијата на која почна да се гради кампот за ...

Азил за кампот

Дневник - 08.11.2005

Даница Тунтевска Блокадите и протестите во скопско Визбегово поради изградбата на азилантскиот камп ја фрлија во вода тезата дека "молчењето е злато" и практично покажаа оти "ќутенката" на Владата единствено резултира со револт и со незадоволство кај граѓаните.

Визбегово под блокада од трактори

Вест - 08.11.2005

ВИЗБЕГОВЦИ НЕ САКААТ КАМП ЗА АЗИЛАНТИ СРЕДЕ СЕЛО Жителите се закануваат дека селото ќе остане блокирано се додека Владата не најде друго решение за кампот за азиланти Дваесетина жители од скопско Визбегово вчера ги блокираа приодите до нивното село, во знак на протест против идејата на ...

Шеќеринска во Визбегово за азилантскиот камп

Макфакс - 08.11.2005

Скопје Вицепремиерката Радмила Шеќеринска претпладнево треба да оствари средба со жителите на скопско Визбегово, кои и денеска, втор ден по ред, со блокади на патиштата не дозволуваат да продолжи изградбата на кампот за азиланти.

Визбегово од утрово е целосно блокирано

А1 - 07.11.2005

Сите приоди кон скопско Визбегово од утрово се блокирани. Жителите не дозволуваат да продолжи изградбата на азилантскиот камп во нивното село. Владата одлучи тука да изгради две згради во кои ќе ги сместува странските државјани кои ќе добијат азил во Македонија.

Продолжуваат протестите на визбеговци против изградбата не азилантски камп

Канал5 - 07.11.2005

Со блокади визбеговци денеска го продолжија протестот против изградбата на камп за азиланти во нивното село. Од седум часот утрината блокирани се сите приоди кон селото и не се пропуштаат камионите на „Гранит“ кој треба да градат на локацијата.

Визбеговци на протест против кампот за азиланти

Дневник - 07.11.2005

ОД ДЕНЕСКА Жителите на скопската населба Визбегово денеска ќе протестираат пред локацијата на која во петокот со полициско обезбедување беа удрени темелите на прифатниот центар за баратели на азил. Вака одлучиле претставниците на Штрајкувачкиот одбор на саботната средба, на која присуствувале голем ...

БЛОКАДА НА ВИЗБЕГОВО

Вечер Прес - 07.11.2005

Со блокади на сите приоди и околни патишта, Визбеговци ќе се борат против изградбата на кампот за азиланти во селото. Оваа одлука едногласно беше донесена на завчерашниот состанок на месното население на кој присуствуваше и градоначалникот на Општина Бутел, Петре Латиновски.