TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Дали воздухопловните техничари ќе штрајкуваат во вторник ќе зависи од исходот по нивната попладневна средба во Владата ...

Канал5 - 16.01.2005

Сепак, дознаваме дека денеска нема да има конечна одлука за штрајк поради фактот што нивните барања кои ќе му ги предадат лично на премиерот, ќе ги разгледуваат и министрите на утрешната владина седница. Наводно е постигната согласност платите на тех Сепак, дознаваме дека денеска нема да има ...

Воздухопловните техничари го прекинаа штрајкот

А1 - 15.01.2005

Техничарите го прекинаа штрајкот по средбата со директорот на Управата за цивилна воздушна пловидба, Илир Мехмеди и претставник од Министерството за транспорт и врски. Штрајкувачите и директорот ги усогласуваа ставовите речиси четири часа. Конечно, штрајкот беше прекинат околу 15 часот.

Нема епилог од штрајкот на вработените во А.Д. „Диос“

А1 - 15.01.2005

И по 2 месеци нема епилог од штрајкот на вработените во А.Д. „Диос“. Наместо преговори со штрајкувачкиот одбор за решавање на проблемите, раководството им забранило на работниците да штрајкуваат во кругот на друштвото. Сега тие штрајкуваат на улица и не можат да влезат, бидејќи раководството ...

Мехази: штрајкот има политичка заднина

Вест - 15.01.2005

ШТРАЈК НА ВОЗДУХОПЛОВНИТЕ ТЕХНИЧАРИ Воздухопловните техничари вчера штрајкуваа, но сообраќајот на Скопскиот аеродром се одвиваше нормално. На Охридскиот и онака вчера немаше најавени слетувања и полетувања. Четириесетината воздухопловни техничари во Контролата на летање се одлучија на штрајк за да ...

Воздухопловните техничари штрајкуваа работно

Време - 15.01.2005

УПРАВА ЗА ЦИВИЛНА И ВОЗДУШНА ПЛОВИДБА Воздухопловните техничари, иако го почнаа најавениот штрајк, вчера работеа нормално. Тие претпладнето мораа да ги опслужуваат воените, хуманитарните и државните летови, а попладнето се сретнаа со министерот за транспорт и врски и со директорот на Управата за ...

Владата в понеделник ќе расправа за платите на воздухопловците

Утрински - 15.01.2005

За барањата на воздухопловно-техничкиот персонал Зголемувањето на платите на воздухопловно-техничкиот персонал во Контролата на летање и на вработените во Секторот за воздухопловна техника при Управата за цивилна воздушна пловидба ќе биде една од главните точки на седницата на Владата в понеделник.

На воздухопловците им ветија поголеми плати

Дневник - 15.01.2005

ШТРАЈК ВО КОНТРОЛАТА НА ЛЕТАЊЕ Штрајкувачите од Секторот за воздухопловна техника во Контролата на летање вчера се сретнаа со министерот за транспорт и врски Џемали Мехази и со директорот на УЦВП Илир Мехмеди за да преговараат за нивните барања.

Србите останаа без авионски превоз

Дневник - 15.01.2005

штраЈк ВО ЈАТ Пилотите на српскиот авиопревозник "ЈАТ ервејз" вчера стапија во генерален штрајк бидејќи владата на Србија не ги исполнила нивните барања за исплата на платите и на дневниците за ноември и декември и за смена на раководството на компанијата.

Привремен прекин на штрајкот на воздухопловните техничари.

Канал5 - 15.01.2005

Ова е исходот од денешните неколку часовни преговори меѓу штрајкувачкиот одбор, директорот на Управата за цивилна и воздушна пловидба, Илир Мехмеди и претставници од министерството за транспорт и врски. Штрајкот ќе биде во мирување до вторник, б Ова е исходот од денешните неколку часовни преговори ...

Двата аеродроми функционираат нормално

Вечер Прес - 15.01.2005

Воздушниот сообраќај на двата скопски аеродроми и покрај штрајкот на водухопловните техничари вчера се одвиваше нормално и сите најавени полетувања и слетувања се реализирани. Четириесетина воздухопловни техничари вчера го започнаа најавениот штрајк, со кој бараат зголемување на платите, ...

Воздухопловните техничари штрајкот го почнаа работно

А1 - 14.01.2005

Денешниот штрајк, воздухопловните техничари го почнаа работно. За време штрајк, тие мораат да ги опслужуваат воените, хуманитарните и државните летови. Така утрото, половина час пред почетокот на штрајкот, им бил најавен воен лет, кого мораа да го опслужат, со што всушност ги опслужуваа и цивилните ...

Штрајк на аеродромските техничари

Време - 14.01.2005

УЦВП Владата повторно им се заканила на техничарите од Управата за цивилна и воздушна пловидба дека нема да разговара доколку го почнат најавуваниот штрајк. Тие завчера добиле писмо од Џемаили Мехази, министер за транспорт и врски, во кое пишува дека ќе се сретнат со премиерот Владо Бучковски, но ...

Власта не го затвора македонското небо

Вест - 14.01.2005

ШТРАЈК НА ВОЗДУХОПЛОВНИТЕ ТЕХНИЧАРИ Воздухопловната власт одлучила да ги остави отворени Скопскиот и Охридскиот аеродром за слетување и полетување, иако воздухопловните техничари писмено им кажале дека "со штрајкот се нарушуваат и најосно Воздухопловните техничари најавија дека денеска во 9 часот ...

Воздухопловците ќе штрајкуваат, авионите ќе летаат

Утрински - 14.01.2005

Воздухопловно-техничкиот персонал бара поголеми плати и подобри услови за работа Воздухопловците денеска ќе разговараат со премиерот, министерот за транспорт и со директорот на УЦВП ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Воздухопловно-техничкиот персонал во Контролата на летање и вработените во Секторот за ...

Воздухопловците летаат кај Бучковски

Дневник - 14.01.2005

ДЕНЕСКА ШТРАЈК ВО АВИОСООБРАЌАЈОТ Вработените во воздухопловната техника во Контролата на летање денеска ќе штрајкуваат поради неангажираноста на надлежните да го решат нивниот статус во службата. Штрајкот, во организација на Струковиот синдикат на воздухопловно-техничкиот персонал, ќе почне во 9 ...

Штрајк на воздухопловните техничари

Вечер Прес - 14.01.2005

Воздухопловните техничари од Контролата на летање од утрово стапија во штрајк, но остануваат во работните простории се до исполнување на барањата. Струковиот синдикат на воздухопловно-техничкиот персонал сепак, остава резерва, ако со надлежните биде постигнат договор, штрајкот ќе биде прекинат.

Утре штрајк на техничарите од контролата на летање

А1 - 13.01.2005

Владата повторно им се закани на техничарите од цивилна воздушна пловидба дека нема да разговара со нив ако не го одложат за утре најавениот штрајк. Тие добиле покана за средба во кабинетот на премиерот, Бучковски заедно со министерот за транспорт, мехази и директорот на управата, Мехмеди но само ...

Шефовите ни ја изедоа платата

Вест - 13.01.2005

ВОЗДУХОПЛОВНИТЕ ТЕХНИЧАРИ ЗА ПЕТОК ПАК НАЈАВУВААТ ЗАТВОРАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО НЕБО За да ни ги зголемат платите, требаат 100.000 евра годишно, колку што се трошат за две школувања во странство на раководителите, велат незадоволните воздухопловни техничари кои се жалат на игнорантскиот однос н ...

Или 7.000 евра за отпуштените или штрајк

Дневник - 13.01.2005

ЖЕЛЕЗНИЦА Вработените во "Македонски железници" ќе почнат генерален штрајк ако Владата отпушти 830 вработени со отпремнини од осум плати, а не со исплата на 7.000 евра на секој од отпуштените. - Револтот е голем. Нема да почитуваме законски рокови за најава на штрајк, туку за два дена откако ...

Денеска штрајк во ЈАТ

Вечер Прес - 13.01.2005

Пилотите на "ЈАТ ервејз" денеска ќе стапат во едночасовен предупредувачки, а од утре, и во генерален штрајк, незадоволни од постапките на српската Влада во решавањето на нивните барања и проблемите во националната авиокомпанија.

Штрајк во ЈАТ

А1 - 12.01.2005

Пилотите на „Јат ервејз“ утре ќе стапат во едночасовен, а в петок, и во генерален штрајк, незадоволни поради реакцијата на српската влада на нивните барања да ги реши проблемите во националната авиокомпанија. Поради предупредувачкиот штрајк в четврток од 08.00 до 09.00 часот во прекин ќе бидат сите ...

Воздухопловците в петок штрајкуваат

Дневник - 12.01.2005

КОНТРОЛА НА ЛЕТАЊЕ Вработените во воздухопловната техника во Контролата за летање ќе штрајкуваат в петок поради игнорантскиот однос на надлежните за проблемите во службата, соопшти Струковиот синдикат на воздухопловно-техничкиот персонал.

И стјуардесите ќе штрајкуваат?

Вечер Прес - 12.01.2005

Стјуардесите и стјуардите на "ЈАТ ервејс" најавија штрајк за 20 јануари и ќе штрајкуваат независно од пилотите, кои штрајкот ќе го почнат на 14 јануари, бидејќи Владата не им одговори позитивно на нивните барања. Велимир Илиќ, како ресорен министер смета дека Владата не може секоја недела да се ...

Штрајк на администрацијата во Кипар

А1 - 10.01.2005

Околу 9.500 вработени во 21 јавно претпријатие во Кипар денеска започнаа 24-часовен штрајк, објавија грчките медиуми. Штрајкот претставува предупредување до властите за започнување на поголеми протести, доколку не се постигне договор за новите колективни договори за работа.