TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Паркиралиштата ќе се бранат со жив штит

Време - 22.11.2008

Роза Петкова Со штрајк, протести и со жив штит, доколку биде потребно, синдикатите на осумте јавни градски претпријатија ќе ги бранат паркиралиштата со кои стопанисува „Градски паркинг“ ако градежната инспекција на Општина Центар повторно спроведе акција за отстранување на нивните рампи и наплатни куќарки.

Синдикатите го бранат „Градски паркинг“

Утрински - 21.11.2008

Синдикатите го бранат „Градски паркинг“. Синдикатите на шесте градски јавни претпријатија, како и на Зоолошката градина и Противпожарна бригада ќе ги бранат паркинзите на ЈП „Градски паркинг“ доколку Општина Центар ги оствари најавите за уривање на уште два паркинга откако го стори тоа со оној кај „Треска“.

Градските претпријатија ќе ги бранат паркинзите?!

Вечер Прес - 21.11.2008

Јавните градски претпријатија ќе ги бранат паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Градски паркинг"?!. Ваква информација стаса токму од ова претпријатие по најавите на Општина Центар дека по неодамнешното уривање на паркингот кај Треска" ќе продолжи со акцијата на уште две локации.

Војна за паркинзи

Утрински - 20.11.2008

Паркинзите станаа фронт за јавна пресметка меѓу градоначалниците Трифун Костовски и Виолета Аларова. И тоа дури две години откако Општина Центар утврдила дека три градски паркинзи во Скопје се дивоизградени. Завчера најмоќната жена-градоначалник го фати во заседа скопскиот татко.

Повторно рампа на паркингот кај „Треска“

Утрински - 20.11.2008

„Градски паркинг“ со штит ќе ги брани паркинзите доколку инспекцијата продолжи со уривање. Паркингот спроти „Треска“ што инспекцијата од Општина Центар завчера го разурна со образложение дека е дивоградба, од денеска ќе продолжи нормално да функционира, најавија вчера од ЈП „Градски паркинг“.

Автобуси, ѓубрарки и пајаци ќе ја блокираат Општина Центар

Вест - 20.11.2008

Откако Општина Центар завчера ја урна рампата на паркингот спроти фабриката "Треска", бидејќи наводно била дивоградба, вчера ЈП"Градски паркинг" информираше дека подготвува тужба против градоначалничката Виолета Аларова и комуналните инспектори. Од претпријатието велат дека нема да го простат завчерашното насилничко и бесправно уривање на рампата и затоа правдата ќе ја бараат на суд.

Општина Центар се пресмета со Градот на паркингот спроти „Треска“

Утрински - 19.11.2008

Костовски смета дека станува збор за самоволие на Аларова, а за неа паркинзите се дивоградби. Деспина Трајковска. „Прекинете со работа. Ве молам да се тргнете одовде. Вие за ова скапо ќе платите! Ќе ги организирам градските синдикати, ќе ви ја ’запалам‘ општината“.

Градоначалниците Аларова и Костовски завојуваа за паркинг

Дневник - 19.11.2008

Еден работник се исече при вчерашната акција за уривање на рампите и куќарките на паркингот во скопската населба Капиштец, во близина на фабриката „Треска“. Работникот се повредил при подигање една од куќичките за наплата. Општина Центар тврди дека објектот е дивоградба и имало одлука да се урива пред две години, а од Градот тврдат дека објектот е легален.

Му скршиле рака на работник оти не ја давал рампата

Вест - 19.11.2008

Еден од вработените во ЈП"Градски паркинг" заврши со скршени прсти и исеченици на раката по вчерашната акција на Општина Центар за уривање на три паркизни со кои стопанисува Градот, бидејќи биле дивоградби. На работникот прстите му биле скршени во мешаницата што вчера утрото настанала, кога градежните инспектори на Центар почнале да ја отстрануваат рампата и куќарката за наплата на паркингот на ...

Костовски и Аларова меѓусебно си уриваат паркинзи

Н.Македонија - 19.11.2008

Само два дена откако градските власти ја отстранија рампата на паркингот кај зградата на „Трготекстил“ што ја постави општината Центар, општинарите возвратија со контра-акција. Вчера почнаа да ја демонтираат и да ја собираат опремата од паркиралиштата на градското јавно претпријатие „Градски паркинг“.

Градот Скопје на диво градел паркинзи

А1 - 18.11.2008

Градот Скопје незаконски гради паркинзи, тврдат од Општина Центар. Паркиралиштата кај Треска, Нова Македонија и Градска Болница немаат одобренија за поставување на контролните бараки и рампите, па затоа општината пристапи кон нивно уривање. „На местоположбата каде што сега незаконски овие два паркинг простори постојат, тие воопшто не се зацртани во деталниот урбанистички план.

Трифун и Аларова во војна

Вечер Прес - 18.11.2008

Под силно полициско обезбедување, вчера, граджените инспектори на Општина Центар почнаа акција за уривање на електронската рампа за наплата на градскиот паркинг спроти фабриката Треска. Ова се случи две години по најавите дека Општината ќе ги побара од Градот паркинзите кај Градска болница, спроти "Нова Македонија", кај последна "23" и паркингот на Јужен булевар, спроти "Треска", за кои сметаат ...

Паркингот кај „Трготекстил“ пак ќе ги скара Градот и Општина Центар

Утрински - 17.11.2008

Општинското претпријатие за паркирање го подготвува паркингот иако нема согласност од Градот. Деспина Трајковска. Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ интензивно го подготвува теренот за наплата на паркирање на паркингот зад „Трготекстил“, иако за тоа нема добиено согласност од Градот.

Натрапниците на удар на пајакот

Време - 17.11.2008

Роза Петкова Доколку имате проблеми со непрописно паркирани возила, чии сопственици не се жители на вашата адреса, и ви го отежнуваат проблемот со паркирање на автомобилите, би сакале да стапиме во контакт за заеднички да најдеме соодветно решение. Вакви соопштенија од Јавното претпријатие „Градски паркинг“, залепени во влезовите на зградите во населбата Капиштец, деновиве ги збунија скопјани.

Ќе влезеш ама не знаеш кога ќе излезеш

Вечер Прес - 17.11.2008

Граѓаните се жалат дека најчесто за време на викендите по цел час се чека за излез од паркингот кај хотелот Холидеј ин. Долги чекања за влез и излез има и пред рампата на паркингот кај Телеком. На паркиралиштата, пак, нема и кој да им помогне да најдат слободно паркинг место. На паркингот спроти хотелот "Холидеј ин" во централното градско подрачје, кој е и еден од најголемите паркиралишта во ...