TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ДПА И ПДП бараат повеќе набљудувачи во западна Македонија

А1 - 16.02.2005

ОБСЕ денеска им порача на лидерите на опозициската коалиција од албанскиот политички блок ДПА-ПДП, Џафери и Вејсели, да внимаваат на своето однесување на локалните избори - да нема нереди на денот на изборите, за тие да поминат во фер и демократска атмосфера.

СДСМ и ВМРО-народна задоволни од бројот на набљудувачите

Дневник - 16.02.2005

МОНИТОРИНГ НА ИЗБОРИТЕ Владејачкиот СДСМ не е против барањето на опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и ДПА да се зголеми бројот на странските набљудувачи на локалните избори, но велат дека проценката за тоа ја вршат странските мисии.

Почна набљудувачката мисија на ОБСЕ

Време - 15.02.2005

ВО ПРЕСРЕТ НА ИЗБОРИТЕ Посматрачите на ОБСЕ/ОДИХР вчера и официјално ја почнаа мисијата во пресрет на локалните избори во Македонија, кои треба да се одржат кон средината на идниот месец. Мисијата, која ја предводи Џулијан Пил Јеитс од Велика Британија, ја сочинуваат 11 меѓународни експерти, кои ќе ...

На локалните избори ќе се тестира зрелоста на државава

Утрински - 15.02.2005

На 13 март ќе има 250 меѓународни набљудувачи од ОБСЕ Ова се ваши избори, гласање, право и иднина и треба да се спроведат според заложбите на ОБСЕ, изјави шефот на мисијата, Јејтс ТАМАРА ГРНЧАРОСКА Двесте и педесет краткорочни монитори на Организацијата за демократски институции и човекови права ...

Опозицијата бара двојно повеќе набљудувачи

Дневник - 15.02.2005

МОНИТОРИНГ НА ИЗБОРИТЕ Гласањето на 13 март ќе го посматраат 250 краткорочни и 20 долгорочни набљудувачи од 14 земји, соопшти вчера на ОДИХР при ОБСЕ. Најголемите опозициски партии ВМРО-ДПМНЕ и ДПА ќе инсистираат на денот на изборите да присуствуваат двојно повеќе меѓународни набљудувачи и да ...

На изборите ќе можат да гласаат околу милион и 700 илјади избирачи

А1 - 14.02.2005

И на претстојните локални избори, во Македонија ќе дојдат ист број странски набљудувачи како и на референдумот и вонредните претседателски избори - 250 на денот на гласањето и 30 кои веќе се овде и почнаа со работа. Првиот човек на мисијата ОДИХР ги повикува власта, партиите и сите граѓани - на фер ...

ОДИХР ја почнаа набљудувачката мисија за изборите

А1 - 14.02.2005

Посматрачите на ОБСЕ/ОДИХР денеска и официјално ја започнаа набљудувачката мисија во пресрет на локалните избори во Македонија, што треба да се одржат кон средината на наредниот месец. Мисијата, што ја предводи Џулијан Пил Јеитс од Велика Британија, ја сочинуваат 11 меѓународни експерти кои ќе ...

ОДИХР со 350 краткорочни и 32 краткорочни набљудувачи

Вечер Прес - 14.02.2005

Околу 350 краткорочни и 32 долгорочни набљудувачи на ОДИХР е најавено дека ќе ги следат претстојните локални избори во Македонија. Според планот, набљудувањето ќе се врши преку мобилни екипи, претежно на гласачките места што се обележани како проблематични.