TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Костовски: „Мојот тим ќе бидат искусни и образовани луѓе“

А1 - 17.04.2005

Новоизбраниот градоначалник на Скопје Трифун Костовски денеска најави дека за 2-3 месеци ќе промовира нови принципи и идеи за да се создадат инфраструктурни услови, безбедност, расчистување со корупцијата и криминалот од улиците и институциите.

Костовски и Груевски делат по половина од победничкиот колач

Утрински - 16.04.2005

Победничката групација во Скопје има слатки маки, но и голема одговорност - како да ги распредели градските функции Треба да се предложат 40-ина директори во јавни претпријатија, културни установи, средни училишта, СВР-Скопје...

Костовски се дистанцира од договорањата на партиите

А1 - 15.04.2005

Трифун Костовски сака јавно да се дистанцира од договорањата на партиите за новиот претседавач на Советот на град Скопје. Тој за А1 денеска изјави дека ќе соработува со кој било од кандидатите за оваа функција. Ова е одговорот на Костовски, по повикот од ВМРО-ДПМНЕ тој да се вклучи во преговорите ...

Ристо Пенов останува лидер на ЛДП

Време - 14.04.2005

И ПОКРАЈ ИЗБОРНИОТ ПОРАЗ Ристо Пенов денеска треба да му ја предаде градоначалничката функција на Трифун Костовски, а потоа ќе остане на лидерската позиција во Либерално-демократската партија, рече Наталија Велковска, портпаролка на партијата, на вчерашната прес-конференција.

Пенов не помислува да си замине од кормилото на ЛДП

Утрински - 14.04.2005

Одлука Денеска ексградоначалникот на Скопје ќе му ја предаде функцијата на Трифун Костовски Ристо Пенов, и покрај изборниот пораз во Скопје, останува на лидерската позиција во Либерално-демократската партија. Пенов денеска официјално ќе си замине од градоначалничката фотелја во главниот град и ќе ...

Пенов ќе продолжи да ја води ЛДП

А1 - 13.04.2005

По предавањето на градоначалничката функција во рацете на Костовски - Ристо Пенов ќе продолжи да ја води партијата. Вака најавуваат во ЛДП по неговата предизборна најава дека без разлика на исходот од локалните избори ќе се повлече од политиката.

Сопартиец на Пенов на местото на Трифун

Време - 13.04.2005

НОВИ ПРАТЕНИЦИ Тома Глигориевски од ЛДП најверојатно ќе биде новиот пратеник откако Трифун Костовски стана градоначалник на Скопје. Глигориевски е заменик-директор во ЕСМ. Тој потекнува од Куманово и е 14-ти кандидат на коалицијата „Заедно“ во втората изборна единица, каде што Костовски, кој се ...

Костовски останува претседател на РФМ

Утрински - 13.04.2005

И покрај изборот за градоначалник на Скопје И покрај изборот за градоначалник на Скопје, Трифун Костовски и понатаму останува прв човек на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија, потврдуваат од таму. >“Разговаравме со него за таа работа и на општо задоволство заклучивме дека нема ...

Ременот на градската власт

Вест - 12.04.2005

Листата на луѓето кои ќе раководат со главните функции во градските органи и јавните претпријатија се уште не е составена, но веќе се шпекулира со имињата на Насте Спасовски и Душко Кадиевски како можни претсе Трифун Костовски и официјално ќе седне во градоначалничката фотелја во текот на оваа ...

Костовски стана градоначалник со 96.180 гласа

Утрински - 12.04.2005

Скопје Трифун Костовски стана градоначалник на Скопје со 96.180 гласа, информира вчера Градската изборна комисија, која ги сумираше резултатите од десетте општински изборни комисии во главниот град. За неговиот противкандидат Ристо Пенов од коалицијата †За Македонија заедноои се изјасниле 26.036 ...

Волерс му ја честиташе победата на Костовски

Утрински - 12.04.2005

Амбасада на САД Пол Волерс, вршител на должноста на амбасадата на САД во Македонија, вчера му ја честита победата на новоизбраниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски. Тие вчера имаа средба на која беа разменети мислења за унапредување на соработката и заеднички проекти за развој на Скопје.

Трифун пак славеше

Вечер Прес - 12.04.2005

- Ми причинува голема чест што со огромно мнозинство ја добив вашата доверба во идните четири години да го водам главниот град. Ова е првиот чекор кон нешто што треба да значи ново, ова е само почеток кон она што значи "што можам јас да направам за мојот град и за мојата татковина", порача завчера ...

Ова е прв чекор за нешто ново во Скопје

Утрински - 11.04.2005

КОСТОВСКИ Изборниот штаб на Трифун Костовски синоќа, малку по 22 часот, ја прогласи победата на Костовски во битката за градоначалник на Скопје. Портпаролот на неговиот штаб, Маја Мухиќ, истакна дека со тоа се потврдила волјата на граѓаните на Скопје од првиот изборен круг.

Костовски избран за градоначалник на Скопје

Утрински - 11.04.2005

По третото продолжение од изборите, локалната власт речиси целосно комплетирана КАТИЦА ЧАНГОВА Трифун Костовски е новиот градоначалник на Скопје. Независниот кандидат за кого атрактивната функција беше извесна уште по првиот изборен круг, вчера, во вториот обид, ја потврди победата.

Зурли и тапани за победата

Дневник - 11.04.2005

пред штабот на костовски Независниот кандидат Трифун Костовски ноќеска со зурли и тапани ја прослави победата во Скопје. Познатиот скопски бизнисмен, зад кого застанаа сите партии од опозицијата, во вториот круг на изборите влезе како голем фаворит по откажувањето на противкандидатот Ристо Пенов.

Никола Груевски: Ако нема трик, Костовски ќе победи

Дневник - 11.04.2005

- Овој круг на избори е таков што не може да се очекуваат големи проблеми. Во Скопје, противничкиот кандидат се повлече и нема логика за местење. Не може да се мери успешноста на изборите по она што ќе се случува денеска. Ако не се направи трик, Костовски сигурно ќе победи во Скопје - изјави вчера ...

Костовски чека потврда за победата

Дневник - 11.04.2005

ТРКА ЗА СКОПЈЕ Независниот кандидат Трифун Костовски се очекуваше вчера да стане нов градоначалник на Скопје. Познатиот скопски бизнисмен, зад кого застанаа сите партии од опозицијата, во вториот круг на изборите влезе како голем фаворит по откажувањето на противкандидатот Ристо Пенов.

Трифун Костовски градоначалник на Скопје

Дневник - 11.04.2005

ВТОРА РУНДА ОД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ Коалицијата "За" победи во Охрид, Куманово, Штип, Маврово-Ростуше, Кривогаштани и во Долнени, Здружената опозиција во Кичево, Бутел, Конче, Зелениково, Зрновце и Чучер-Сандево, а ДУИ во Тетово, Чаир, Брвеница, Студеничани и во Липково Трифун Костовски е градоначалник ...