TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

:"АРАЧ" за паркинг

Вечер Прес - 25.06.2005

Новоотворениот ТЦ "Рамстор Македонија", кој беше промовиран на голема врата, се помалку е светски, а се повеќе придобива балкански манири. Две недели по неговото свечено пуштање во употреба, службите најавуваат ценовник за паркинг-просторот наменет за автомобилите на бројните посетители.

Српско "пунто" за 8 000 евра?!

Вечер Прес - 25.06.2005

Од монтажните ленти на крагуевска "Застава", веројатно, есенва ќе излезе првото "пунто", чија малопродажна цена би била 8 000 евра за основниот модел, што е за 2 000 евра поевтино од италијанскиот. Во "Застава" велат дека се на прагот на потпишување договор со "Фиат", кој би им овозможил, барем за ...

Римските "ботичели" добиваат пелени

Вечер Прес - 25.06.2005

Коњите што ги влечат типичните туристички кочии во Рим ќе мораат да носат пелени за градските улици да останат чисти, објавија локалните медиуми. Пелените, всушност, се кантички преслечени во црвено-сива ткаенина, што се врзани за задникот на коњите.

"Олимпијадата" ја дигна цената на Боровец

Вечер Прес - 25.06.2005

Цената на имотите во близина на познатиот бугарски спортски и туристички центар Боровец, деновиве нагло се зголемија, не за неколку проценти, туку за неколкупати. Причина: кандидатурата на Бугарија за Зимската олимпијада во 2014 година.

Во декември ќе се роди "јубилејниот"!

Вечер Прес - 25.06.2005

Во средината на годинава на Земјата, според податоците на Францускиот институт за демографски истражувања имало околу 6.477 милијарди жители. Според претседателката на француското Државно здружение, 6,5-милијардитиот жител на Земјата ќе се роди во декември во Азија, континент на кој годишно се ...

"Мамузите" третпат на тронот

Вечер Прес - 25.06.2005

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс со победата над сега веќе поранешен шампион Детроит Пистонс од 81:74 (4:3 во победи) по третпат ги освоија шампионските прстени (1999, 2003 г.). За МВП играч на финалната серија е прогласен играчот на "мамузите" Тим Данкан, кој ова признание го доби и во финалната ...

Џеки, "големиот гол" на Киерон Даер

Вечер Прес - 24.06.2005

Киерон Даер, црномурестиот напаѓач и плејмејкер на Њукасл и на англиската репрезентација, според англискиот печат е-среќен човек. Покрај тоа што е омилен кај навивачите на премиерлигашот и покрај стандардно добрите партии во дресот на "Гордиот Албион", тој е среќен и во најважната не-споредна ...

Со "Вечер" и невозможното станува возможно

Вечер Прес - 24.06.2005

Тринаесетиот златник отиде во рацете на пензиониран златар. Кочанчанецот Јане Анастасов вчера го доби своето 14-каратен златник и се потсети на деновите кога златото му било секојдневна обврска. Нашата екипа го посети домот на семејството Анастасови во Кочани, во кое купувањето "Вечер" е ...

"Икеја" - програма за поубав дом

Вечер Прес - 24.06.2005

Она што го посакува секое семејство е во својот дом да има мебел за кој до вчера само сонувал. Мебел со кој ќе го разубави просторот во кој живее, ги "полни батериите", мебел со врвен дизајн и квалитет и, се разбира, она најважното со достапна цена.

"Австриските младенци" се повлекуваат!?

Вечер Прес - 24.06.2005

Состанокот што треба да ја извлече Галичката свадба од ќор-сокак, уште не е закажан, иако имаше најави дека би можело да се одржи вчера. Организациониот одбор мора што поскоро да се произнесе за жалбата што ја поднесоа младенците Тодор Јуруковски и Лидија Даниловска, кои тврдат дека се ...

"Како убив светец" на турнеја во САД

Вечер Прес - 24.06.2005

По успешното прикажување на повеќе од педесет фестивали низ целиот свет и четири награди, како и кино прикажувањето во пет европски земји, филмот "Како убив светец" во август ја започнува својата американска турнеја, која ќе трае една година.

Карерас - ексклузивен гостин на "Метропол"

Вечер Прес - 24.06.2005

Оперската ѕвезда Хозе Карерас три дена ќе биде висок гостин на "Метропол", хотел со четири ѕвездички. Иако од дирекцијата на "Охридско лето" тврдеа дека името на хотелот во кој ќе биде сместен еден од трите најпознати светски тенори, од безбедносни причини нема да го откриваат, сепак, дознавме дека ...

"Откорната" марихуана од двор во Охрид

Вечер Прес - 24.06.2005

Полициски инспектори во вторникот на две локации, во куќа во Охрид и во месноста Трно пронајдоа 45 корени на марихуана. Поради вмешаност во случајов се уапсени четири лица, еден државјанин на Србија и Црна Гора и тројца охриѓани.

“Ненадејна" - песна со тектонска композиција

Вечер Прес - 24.06.2005

Најновата поетска збирка "Ненадејна" на поетот, новинар и публицист Ристо Лазаров, завчеравечер ги собра вљубениците во поетскиот збор во книжарницата на издавачот "Култура", лоцирана во центарот кај Ристиќевата палата. Оваа книга содржи седум циклуси од по седум песни творени во Дантеови терциди и ...

"Синтезис" ќе настапи во Хераклеја

Дневник - 23.06.2005

БИТОЛА На сцената на Античкиот театар во Хераклеја на 1 јули, концерт ќе одржи познатиот етномузички состав "Синтезис". Битолскиот концерт на групата "Синтезис" е во чест на десетгодишнината од нивното постоење и во рамките на манифестацијата Гоцеви денови, чиј покровител е Министерството за ...

Се "симулира" дефицит

Вечер Прес - 23.06.2005

Царинската управа на Македонија прави симулација на дефицитот во буџетот кој би се јавил ако во овој момент би се укинале царините за суровини и репроматеријали. Ова вчера ни го потврди првиот човек на македонската царина Илија Илоски, кој рече дека во следните два-три дена ќе се прави интензивна ...

Тоше го крсти албумот "По тебе"

Вечер Прес - 23.06.2005

Петтиот албум на Тоше Проески ќе го носи насловот "По тебе", а во српска верзија "Пратим те". Тоше самиот реши за името. Мастерот со 14 композиции е биде испратен на печатење, а веднаш по неговото пристигнување во Скопје ќе се случи и голема промоција.

Лето 2005 на "Антена 5"

Вечер Прес - 23.06.2005

Од 24 јуни "Антена 5" радио за своите слушатели подготвува повеќе активности. На програмата на Антена 5 ќе има извештаи во живо од концертите на "Колдплеј" во Лондон (27 јуни), U2 во Кардиф, Велс (29 јуни). Потоа ќе има и 15-часовен пренос од Лајв 8 - спектаклот кој 20 години подоцна повторно го ...

"Ќе бидеме чистачи на ДУИ"

Вечер Прес - 23.06.2005

Името ни е "Партија Национал Демократике" кое не треба да се преведува (Националдемократска партија), ќе бидеме партија која ќе го очисти ДУИ од овие простори, ние сме чистачите, а после тоа ќе дојдат суперчистачите кои ќе ги чистат чистачите.

Запрено продавањето акции на "Лукоил"

Вечер Прес - 23.06.2005

"Лукоил нефтохим Бургас" АД запре со продавањето на акциите на бугарската берза. Рафинеријата ќе биде отпишана од регистарот на акционерските друштва. Решението е донесено на годишното општо собрание на Рафинеријата што се одржа завчера, на кое присуствувале претставници на сопствениците на 11.

Санадер не го "рецка" законот!

Вечер Прес - 23.06.2005

Претседателот на хрватската Влада, Иво Санадер, во друштво на своите министри и партиски пријатели, "се журкале" до зора во угостителскиот објект НК "Јарун". Како што пишува "Нови лист", Мартин Бабиќ, татко на четири деца, доцна во петокот навечер, изнервиран од вревата што доаѓала од локалот, ја ...

Изрешетана куќата на газдата на "Брус"

Вечер Прес - 23.06.2005

Околу 6,45 часот, вчераутро, непознати лица со автоматско оружје пукаа во куќата на сопственикот на кафеаната "Брус", Миле Петковиќ, во Маџари на улицата "Благоја Стефковски". Во инцидентот освен оштетувањата на ѕидовите и прозорците, за среќа, нема ниту загинати ниту повредени, а полицијата ...

Општина со "мираз" од 700.000 евра!

Вечер Прес - 23.06.2005

Поранешната Општина Џепчиште, една од најразвиените во тетовскиот регион со десетина мали стопански капацитети и повеќе стотини вработени меѓу кои и од Тетово, е една од ретките не само во полошкиот регион, туку и во Републикава, кој место со долгови, кон општината Тетово се приклучи со околу ...

Празник на музиката во Битола - "Солстис 2005"

Вечер Прес - 23.06.2005

И оваа година Битола го славеше 21 јуни, најдолгиот ден во годината. Во партнерска организација на Младински културен центар- Битола и Француска Алијанса- Битола, по примерот на медитеранските градови за денот на летото се пееше на Широк сокак и тоа на повеќе разни локации.

Објектот на "Железници" ќе се урива?!

Вечер Прес - 22.06.2005

Пробивањето на улицата "Народен фронт", според сигналите кои доаѓаат од новите градски структури, ќе се реализира согласно Деталниот урбанистички план кој предвидува уривање на објектот на "Македонски железници". Во Градот, засега се уште немаат јасна претстава за тоа кога може да се очекува ...

Хераклејски концерт на "Синтезис"

Вечер Прес - 22.06.2005

В петок, први јули, групата "Синтезис" во рамките на прославата на своето десетгодишно постоење, ќе одржи концерт на локалитетот Хераклеа во Битола. Настанот е во рамките на манифестацијата "Гоцеви денови", а под покровителство на Министерството за култура.

Каролина со спот за "Се лажам себе"

Вечер Прес - 22.06.2005

По спотот за песната "Љубовта е религија", кој беше снимен точно пред 12 месеци, нашата најголема поп-дива Каролина Гочева од денеска на ТВ-станиците во Македонија го промовираше својот најнов спот за песната "Се лажам себе".

"Бај-пас" за извозниците

Вечер Прес - 22.06.2005

До понеделник, Царинската управа на Македонија треба да и го достави на Владата иницијалниот список со 300 до 400 царински тарифни броеви кои ќе се укинат интервентно. Нив владата во најкус можен рок треба да ги "прочешла" и одобри и веќе од јули за таа палета на земјоделски, текстилни производи и ...

"Тајната книга" е во Австрија

Вечер Прес - 22.06.2005

Првата работна копија на "Тајната книга" во режија на Владо Цветановски, се очекува до крајот на месецов. Филмот го привршува својот постпродукциски период и се наоѓа во лабораторија во Австрија. Снимен е на локации во Македонија, во регионот на Битола и Преспанското Езеро, во Бугарија и Франција, ...

"Парни Ваљак" доаѓаат на "Макфест"

Вечер Прес - 22.06.2005

Легендарната рок-група "Парни Ваљак" ќе одржи концерт на плоштадот "Слобода" во Штип, за време на одржувањето на 25. издание на забавниот фестивал "Макфест". Разговорите меѓу главните луѓе на "Макфест" и "Парни ваљак" се во завршна фаза.

Тоифор кабините - предуслов за "селидба"

Вечер Прес - 22.06.2005

Меѓуградската автобуска станица нема да се премести од руинираниот простор спроти МАНУ се додека на новата локацијата под Транспортниот центар не се изгради санитарен чвор или не се најде друго привремено решение. Според надлежните во Градскиот комитет за урбанизам и сообраќај, екипите на ...

Уапсени 28 "руски босови"

Вечер Прес - 22.06.2005

Шпанската полиција соопшти дека уапсила 28 осомничени членови на "руската мафија", кои во земјата организирале широка мрежа за перење пари. Според соопштение на Министерството за внатрешни работи во Мадрид, повеќето од уапсените се шефови на мафијашки групи кои се занимавале со перење пари добиени ...

Дали ќе се затвори "Орка холдинг"?

Вечер Прес - 22.06.2005

Деновиве, во АД "Орка Холдинг" во Демир Хисар, поради штрајкот на вработените се уште има прекини во работењето. Според нивните искажувања, тие штрајкуваат поради ниските плати (3.500 денари) и големите норми што ги поставил сопственикот Камчев.

Социјалистите го бришат "Третиот пат"?

Вечер Прес - 22.06.2005

По напуштањето на Демократската алтернатива, врските меѓу преостанатите коалиционите партнери од "Третиот пат" се повеќе попуштаат. Заедничките прес-конференции на оваа коалиција стануваат се поретки, а Демократскиот сојуз и Социјалистичка партија на Македонија се определуваат за "соло" настапи ...

Циле се токми за "Руен"

Вечер Прес - 21.06.2005

Васил Тупурковски - Циле удрил мерак на кочански "Руен". И не само што го удрил меракот, туку прави се за да го добие ова претпријатие наменето за производство на резервни автоделови. Циле веќе се сретнал со сегашните француски газди и со нив преговарал за можностите да го купи "Руен".

Бучковски го "мести" Љубчо за претседател?

Вечер Прес - 21.06.2005

ВМРО- Народна не се откажува од претседателското место во новоформираното национално тело Совет за евроинтеграции и за таа функција го предлага пратеникот Слободан Чашуле. Оваа функција им припаѓа природно како на "најголема опозициона партија", но и врз основа на договорот постигнат меѓу Владо ...

"Света Елисавета" дели метадон

Вечер Прес - 21.06.2005

Во Центарот за прифаќање, третман и лекување на зависници успешно се реализира метадонската терапија. На 40 зависници, од кои четворица од Радовиш, а преостанатите од струмичкиот регион, секојдневно под контрола на стручен тим се дели метадон.

"Ваква среќа им посакувам на сите"

Вечер Прес - 21.06.2005

"Вечер" продолжува со доделувањето на златниците од новата наградна игра. Весникот злато вреден секој ден изненадува по еден наш редовен читател кој собрал пет купони од насловната страница и ги испратил на нашата адреса. Овој пат среќата и се насмевна на скопјанката Цевта Трајановска.

"Туш" ќе вложи 61 мил. евра во пумпи и супермаркети

Вечер Прес - 21.06.2005

Трговскиот синџир "Енерготуш" од Целје има намера да инвестира во Македонија и тоа во изградба на синџир типски супермаркети со бензиски пумпи. Деновиве планираат да имаат корпоративно претставување во Владата со цел да ги покажат свите сериозни намери да влезат на нашиот пазар.

Македонија на "мундијалот"

Вечер Прес - 21.06.2005

Во трилер натпревар, полн со пресврти, многу возбудувања, на крајот и со неочекувана Хичкоковска завршница, Македонија по четири години пауза успеа да влезе во светскиот ракометен крем. Во возвратниот бараж натпревар за пласман на СП во декември во Русија, нашите девојки загубија во Ниш од Србија и ...

"Денс машин" повторно се активира

Вечер Прес - 20.06.2005

По двете досегашни композиции, од кои едната беше испеана на "Еврофест" и беа наградени за најуспешни дебитанти, групата "Денс Машин" сними нова песна со наслов "Сам". Автор е Диџеј Партимен. - Нашето повлекување не беше строго од финансиски причини, првенствено нашите лични обврски малку не ...

Кумановци се поделија "за" и "против" Линка

Вечер Прес - 20.06.2005

Два и пол месеци по двојното убиство пред кумановскиот ноќен бар "Линка" се уште не е почната судската разврска на случајот. Според информациите од судот во моментов уште трае истражната постапка, што конкретно значи дека врз Горан Стојковски-Линка се врши психолошко вештачење.

Каматите може да "оладат"

Вечер Прес - 20.06.2005

Каматните стапки, кои и покрај неколкукратни намалувања се уште го држат плафонот во однос на повеќето земји во регионот, конечно може да паднат. За ова, како што тврди министерот за финансии Никола Поповски се веќе создадени услови, а дека има простор за нивно намалување сметаат и банкарите.

Еснафот задоволно "крои" стратегија

Вечер Прес - 20.06.2005

Еснафот на Старата скопска чаршија е задоволен од последните случувања и подготвеноста на македонската Влада да одвои дел од дивидендата на Телеком за реализирање на проектите наменети за ревитализација на оваа најстара Чаршија на Балканот.

Нема одмор за "Сетстат"

Вечер Прес - 20.06.2005

Џез- рокерите "Сетстат" следната недела (на 26 јуни), со концертот во Куршумли ан ( 20.30 часот), ќе настапат на Скопско лето. Потоа одат на мини-турнеја, каде на седми јули ќе настапи на БеЛеФ - Белградски летен фестивал, каде што тие концертираа и пред седум-осум години.

Џаро ги кандисувал "дугмињата" за концерт во Скопје

Вечер Прес - 20.06.2005

Спектакуларниот повратнички концерт на "Бијело дугме" не можеше да помине без нашиот Џаро. Џаровски, во име на старите другари и клиенти отпатува во Сараево. При влезот во Зетра, пред стадионот Бреговиќ го забележал Џаро како влегува, притрчал и му рекол: " Со што ја заслужив оваа чест да ми дојдеш ...

"Нема политика без мотика"

Вечер Прес - 20.06.2005

Пратеникот Марјан Ѓорчев е избран за лидер на Земјоделската народна партија (ЗНП). Партијата, што завчера го одржа својот прв конгрес, во моментов брои 6.000 членови. Ќе дејствуваат под мотото "нема политика без мотика", а ќе се обраќаат на околу 400. 000 потенцијални гласачи.

Заеднички се создава нов "конкорд"

Вечер Прес - 20.06.2005

Јапонија и Франција најавија заеднички развој на наследникот на "конкорд" кој пред две години "замина во пензија". За таа цел, компании од двете земји ќе вложуваат по 1,84 милиони долари годишно во следните три години. Новото летало ќе има 300 седишта и патот од Њујорк до Токио ќе го скрати на шест ...

"35мм" во Москва

Вечер Прес - 20.06.2005

Екипата на "35 мм" повторно ќе патува на филмски фестивал во Москва, заедно со екипата на филмот "Балканкан", кој е во официјална конкуренција на овој интернационален фестивал. По Канскиот фестивал на ред е Москва, а на крајот на летото 35 мм заедно со Нехар турс ќе присуствува на Венецискиот ...

"Наше море" и во Охрид

Вечер Прес - 20.06.2005

"Наше море" е новата емисија која ќе ја збогати програмата на "Канал 5" ова лето. "Наше море" е летна емисија и ќе се емитува директно од плажа 2 во "Градиште". Емисијата ќе ја подготвува и реализира "Лимиер продукција", а ќе донесе вистинска свежина на малиот екран.