TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

„Надеж за Македонија“ песна за кампањата за референдум

А1 - 10.10.2004

Владо Јаневски, Славе Димитров, Драган Мијалковски ќе ја пеат „Надеж за Македонија“, песната со која опозицискиот блок на политичките партии и Здружението на граѓани ќе се обидат да соберат што поголем број гласови за референдумот.

Груевски: „Јас верувам дека референдумот ќе биде успешен“

А1 - 09.10.2004

Електоратот во голем дел е во една голема апатија, бидејќи масовно му даде поддржка на СДСМ во 2002-та година, врз база на големи и многу важни ветувања за животот, стандардот на граѓаните и за економската атмосфера во РМ и се тотално разочарани.

"Заокружи ЗА"

Вест - 09.10.2004

ПОЧНА КАМПАЊАТА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ Блокот политички партии, граѓански здруженија и поединци со прошетка низ Скопје вчера симболично го означи почетокот на јавната кампања за претстојниот референдум. "Ќе водиме мирна толерантна фер и демократ Блокот политички партии, граѓански здруженија и поединци со ...

Опозицијата маршираше во Скопје „за“ референдумот

Време - 09.10.2004

ПОЧНА КАМПАЊАТА Лидери и претставници на триесетина опозициски партии вчера напладне прошетаа низ центарот на Скопје, со што ја почнаа кампањата за референдумот на 7 ноември. Тие ги повикаа граѓаните на референдумското прашање да заокружат „за“ опстанок на постојните општини.

Костов: Ако успее референдумот, ќе си поднесам оставка

Време - 09.10.2004

Доколку референдумот биде успешен, јас ќе си поднесам оставка од функцијата премиер, изјави Хари Костов при вчерашната посета на Валандово и на Гевгелија. Овој свој став Костов го образложи со тоа што нема смисла да биде премиер на Влада чиј проект не би бил поддржан од граѓаните.

Со дефиле стартуваше кампањата за референдумот

Утрински - 09.10.2004

Референдумската кампања на 33 политички партии, граѓански здруженија и интелектуалци официјализирана со прошетка во Скопје „Држава не се гради со апстиненција. На 7 ноември 2004 над еден милион граѓани ќе го победат стравот, ќе ги отфрлат заканите на власта и ќе ја преземат судбината во свои раце.

Според ДУИ, референдумот е штетен

Утрински - 09.10.2004

Партијата ќе го убедува членството Скопје -Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе организира средби со граѓаните на Македонија со цел да ги запознае со процесот на децентрализација и новата територијална организација, како и со потребата од реформи во локалната самоуправа, изјави за бугарската ...

Кљусев: Власта црта етнички граници

Утрински - 09.10.2004

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Битола БИТОЛА - "Наскоро, кога ќе се одржи референдумското изјаснување на граѓаните во Република Македонија околу територијалната организација на земјава и кога ќе бидат познати резултатите од него, сигурен сум дека ќе поцрвенат лицата на сите оние што сега се против ...

Кампањата почна

Дневник - 09.10.2004

ВЧЕРА ВО СКОПЈЕ тргна референдумската колона Власта треба да сфати дека со апстиненција не се гради државата, рече Тодор Петров На седми ноември ќе се гласа за зачувување на унитарноста на државата, против етничката поделба и за отфрлање на омразата.

Ќе црвенеат противниците на референдумот

Дневник - 09.10.2004

вмро-дпмне ВО БИТОЛА Во Македонија ќе им поцрвенат лицата на тие што се против референдумот, рече академикот Никола Кљусев на трибината на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Пред повеќе од 1.000 битолчани во преполнетата сала на Центарот за култура завчеравечер говореа Ганка Самоиловска-Цветанова, Илија ...

НА 7 НОЕМВРИ ГРАЃАНИТЕ СО СУДБИНАТА ВО СВОИ РАЦЕ

Вечер Прес - 09.10.2004

Здружената опозиција вчера ја почна кампањата за референдум со дефиле низ центарот на Скопје. Лидерите на политич ките партии, здруженијата и поединци се собраа пред споменикот на Мајка Тереза, симболизирајќ и ја универзалноста, мирот, солидарноста и разбирањето меѓу луѓето.

Здружената опозиција ја почна референдумската кампања

А1 - 08.10.2004

Со симболична прошетка низ центарот на Скопје, здружениот опозициски блок денеска го означи почетокот на својата референдумска кампања против новата територијалната поделба. Лидерите на политичките партии и здруженијата кои, застана зад референдумот, со своето дефиле тргнаа од пред споменикот на ...

Започна кампањата за референдумот

А1 - 08.10.2004

Симболичниот почеток на кампањата за референдумот против територијалната организација во Македонија, започна пред околу половина час, од пред споменикот на Мајка Тереза, во центарот на Скопје. Со слоганот „Заокружи За“, учесниците на референдумското дефиле ќе се движат по улицата „Маршал Тито“, на ...

Црвенковски и Костов во одбрана на законот за новите општини

А1 - 08.10.2004

Црвенковски и Костов влегоа во кампања во одбрана на оспоруваниот закон за новите општини. И двајцата со иста порака. Костов од Валандово, Црвенковски од свеченоста на Сојузот на жените порачаа успешниот референдум, ќе ја врати Македонија назад.

Верувам дека на 7 ноември граѓаните ќе заокружат „за“

Време - 08.10.2004

ТОДОР ПЕТРОВ ЗА КАМПАЊАТА Сунчица Стојановска Јавната кампања за референдумското изјаснување на 7 ноември почнува денеска. Претставници на блокот политички партии, граѓански асоцијации и поединци претпладне ќе прошетаат од пред споменикот на мајка Тереза до Камениот мост во Скопје, со цел да ...

И Координативното тело ја почна кампањата

Време - 08.10.2004

СТРУГА Успешен референдум не значи и паѓање на владата, но неуспешен референдум значи губење на унитарниот карактер и распад на Македонија, се вели во соопштението на Координативното тело на општината Струга за успешно спроведување на референдумот.

Тито омекна

Вест - 08.10.2004

СДСМ ЕДНОГЛАСНО ПРОТИВ РЕФЕРЕНДУМОТ Петковски прексиноќа, по седницата на Централниот одбор, изјави дека не се согласувал само со формулацијата "да се повика членството да не го поддржи референдумското прашање", дека ставовите на СДСМ ќе ги по Централниот одбор на СДСМ на завчерашната седница ...

Немаме резерви кон референдумот, ама прашањето е апсурдно

Време - 08.10.2004

НИКОЛА ЌУРКЧИЕВ, ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА СДСМ Александра М. Митевска Никола Ќуркчиев, генералниот секретар на СДСМ, кој е шеф на кампањата за референдумот, вели дека социјалдемократите нема да организираат митинзи, ниту масовни манифестации какви што се практикуваат во предизборни периоди.

ВМРО-ДПМНЕ и ЛП почнуваат со кампањата

Вест - 08.10.2004

ВМРО-ДПМНЕ и Либералната партија од денес ја започнуваат кампањата за претстојниот референдум, која ќе се спроведува преку карвани, со учество на истакнати личности од политичкиот и јавниот живот на Република Македонија. "Определбата е кампањата да се спроведува преку секојдневна присутност на ...

Со "Заокружи ЗА" почнува референдумската кампања

Вест - 08.10.2004

Со слоганот "Заокружи ЗА" денес блокот политички партии, граѓаниски асоцијации и поединци ја започнува јавната кампања за референдумот, рече Тодор Петров, координатор на Координативното тело за спроведување на референдумот на вчерашната прес-конференција.

На Петковски му одржале лекција за демократски централизам

Време - 08.10.2004

ЦЕЛ СДСМ КОНТРА РЕФЕРЕНДУМСКОТО ПРАШАЊЕ Централниот одбор на СДСМ едногласно ги прифати заклучоците на партиското претседателство да се апелира до граѓаните да не го поддржат референдумското прашање. И Тито Петковски гласал за пакетот заклучоци, но претходно го издвоил своето мислење дека на ...

Се бара гласање и за дијаспората

Време - 08.10.2004

ВМРО-ДПМНЕ Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието доставила предлози за изменување и за дополнување на изборните закони. Целта на предложените измени е да им се овозможи на граѓаните што се на привремен престој и работа во странство своето уставно загарантирано избирачко право да го ...

Стружани бараат масовно гласање

Вест - 08.10.2004

Координативното тело на општина Струга за успешно спроведување на референдумот вчера ги повика граѓаните масовно да излезат на референдумот за новата територијална организација што ќе се одржи по еден месец. Членовите на Координативното тело потенцира дека референдумот има граѓанско демократски ...

ДИК нема да соопшти дали е успешен референдумот

Утрински - 08.10.2004

ЗАКЛУЧОК "За официјалните резултати од референдумот ДИК нема да ја употреби формулацијата дали референдумот е успешен или, не, туку ќе соопшти дали е усвоена одлуката од референдумското изјаснување", изјави претседателот на ДИК, Стево Пендаровски, по вчерашната прва јавна седница на највисокото ...

Тргнуваат карваните за референдумот

Утрински - 08.10.2004

Кампањата на повеќе партии, здруженија на граѓани, носители на функции и јавни личности почнува денеска од Скопје и од Неготино Со симболично дефиле во центарот на Скопје, од денеска, официјално почнува јавната кампања на 33 политички партии, здруженија на граѓани, носители на јавни функции и јавни ...

Социјалдемократите единствени - нема да се поддржи рефендумот

Утрински - 08.10.2004

Централниот одбор ја потврди одлуката на партискиот врв да не се излезе на гласање Кондарко: Одлуката е донесена едногласно, Петковски изјави дека ќе ги почитува партиските ставови, дека нема во јавноста да полемизира со тие ставови и дека нема да води никаква кампања ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Централниот ...

Груевски и Андов заедно во вториот карван на опозицијата

Утрински - 08.10.2004

Од денеска стартува карванот на ВМРО-ДПМНЕ и на ЛП за референдумот ВМРО-ДПМНЕ и ЛП, денеска, од Струга го стартуваат нивниот втор опозициски карван за анимирање на граѓаните масовно да излезат на референдумот. Двете партии, како што вчера истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски, и ...

Медиумите треба да бидат непристрасни за референдумот

Утрински - 08.10.2004

Препораки на Советот за радиодифузија и ОБСЕ за начинот на работа на електронските медиуми за време на граѓанското изјаснување ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА ?Праведно, избалансирано и непристрасно медиумско претставување и обезбедување можност заинтересираните групи во референдумот ?за" или ?против" да имаат ...

Тодор Петров на чело на колоната

Дневник - 08.10.2004

ДЕНЕСКА ПОЧНУВА КАМПАЊАТА Околу 20.000 волонтери ќе посетат половина милион домаќинства и ќе им објаснуваат на граѓаните за потребата да излезат на гласачките места Со слоганот "Заокружи за" 33 политички партии, здруженија на граѓани и јавни личности, денеска ќе ја почнат кампањата против Законот ...

Рамноправно и избалансирано известување за референдумот

Дневник - 08.10.2004

СОВЕТ ЗА РАДИОДИФУЗИЈА Електронските медиуми во известувањето за референдумот треба да обезбедат праведен, избалансиран, непристрасен и еднаков пристап на заинтересираните групи, било да се "за" или "против", рече Ѓорѓи Варошлија, претседател на Советот за радиодифузија, вчера на јавната дебата за ...

Успешен референдум: виша сила!

Дневник - 08.10.2004

КОлумна - Никола Груевски Фактот што Киро Глигоров, Тито Петковски, Лилјана Поповска, Трифун Костовски и редица други директно се спротивставија на новиот закон и го поддржуваат референдумот, многу повеќе интимно им годи отколку што им пречи на најодговорните во СДСМ.

Ќе се "удри" на прашањето и на одѕивот

Дневник - 08.10.2004

СДСМ ЈА ОПРЕДЕЛИ СТРАТЕГИЈАТА Централниот одбор на СДСМ ги усвои заклучоците на Претседателството, во кои граѓаните се повикуваат да не го поддржат референдумското прашање и се истакнува штетноста на стариот Закон за територијална организација.

СЕ ЌЕ СТОРАМ ЗА УСПЕХ НА РЕФЕРЕНДУМОТ

Вечер Прес - 08.10.2004

МИТКО Р. ЈОВАНОВСКИ Од поодамна покажувате несогласување со политиката што ја води владејачката коалиција. Вие бевте носител на листа на коалицијата "За Македонија заедно". Дали се чувствувате "искористени" од СДСМ во кампањата за парламентарните избори? - Не, немам такво чувство.

КАРВАНИ

Вечер Прес - 08.10.2004

Карваните тргнуваат. Типично македонски. Секој на своја страна. Причина и повод - поч- нува официјалната референдумска кампања. Во убедувачки поход ме- ѓу граѓаните тргнуваат: здружената опозиција во аранжман на Координативното тело; ВМРО-ДПМНЕ со подготвен соло настап; Граѓанското движење на ...

ЦРВЕНКОВСКИ И Г.Г. СТЕФАН СЕ КООРДИНИРАА?

Вечер Прес - 08.10.2004

"Ставот на претседателот на државата Бранко Црвенковски околу пакетот закони за децентрализација, вклучувајќ и го и Законот за територијална организација, како и за референдумот е веќе познат и во неколку наврати обелоденет во јавноста.

И албанските партии ќе имаат референдумска кампања

А1 - 07.10.2004

На стартот на кампањата партиите на Албанците, ДУИ, ДПА и ПДП кои одлучија да не го повикаат својот електорат да излезе и да гласа за референдумот, на средби со граѓаните ќе им објаснуваат зошто законот за територијална организација е штетен за нив.

Утре започнува јавната кампања за референдумот

А1 - 07.10.2004

Со слоганот „Заокружи ЗА“ и прошетка низ Скопје здружената опозиција утре го почнува своето референдумско дефиле во кое ќе се обидат да ги убедат граѓаните во штетноста на новата територијална поделба. Но, по се изгледа главната битка ќе биде да се натераат граѓаните да излезат на гласање за да се ...

Координативното тело на Струга ја започна кампањата

А1 - 07.10.2004

Референдумот на 7 ноември има граѓанско-демократски карактер, а законот за новата територијална организација е спротивен на рамковниот договор и на Уставот. Успешен референдум не значи паѓање на владата, а неуспешен референдум значи губење на унитарниот карактер и распад на Македонија, ова е ставот ...

Петковски и овој пат не успеа да биде опозиционер

А1 - 07.10.2004

Централниот одбор на СДСМ синоќа во нивни манир едногласно ја потврди стратегијата на партискиот врв да не се подржува референдумот. Формулација со која велат извори во партијата му се сугерира на членството да не излезе на гласање на референдумот.

Црвенковски и г.г. Стефан да повикаат на гласање

Време - 07.10.2004

АПЕЛ НА СТРУЖАНИ Кризниот штаб за опстанок на општината Струга во старите граници формира координативно тело за успешно спроведување на референдумот. Стружани ги повикуваат претседателот Бранко Црвенковски и г.г. Стефан, поглаварот на Македонската православна црква, да им се обратат на граѓаните и ...

СДСМ нема да го поддржи референдумското прашање

Вест - 07.10.2004

На гласањето за заклучокот да не се поддржи референдумското прашање, воздржан бил само пратеникот Тито Петковски кој образложил дека не се согласува да се повика членството да гласа против, бидејќи тоа било не Претседателството на СДСМ завчера одлучило да ги повика своите членови да не го поддржат ...

СДСМ ќе повика на бојкот кон крајот на кампањата

Време - 07.10.2004

ВЛАСТА СМИСЛИ ТАКТИКА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ Александра М. Митевска СДСМ ќе ги повика граѓаните да го бојкотираат претстојниот референдум, најавуваат извори од раководството на партијата. Апелот за апстиненција ќе го испратат една недела пред референдумското изјаснување, а претходно ќе водат кампања во ...

Стружани бараат Бранко да ги повика граѓаните да излезат на референдумот

Вест - 07.10.2004

Стружани го повикуваат претседателот на државата Бранко Црвенковски, како претседател на сите граѓани, да ги повика масовно да излезат на референдумот и да го дадат својот глас независно од своето убедување. Освен шефот на државата, Кризниот штаб на Струга ги повикува и поглаварот на Македонската ...

СДСМ нема јавно да повика на бојкот на референдумот

Утрински - 07.10.2004

Владејачката партија на највисоко ниво гради стратегија за народното изјаснување Тито Петковски се спротивставил на ставот да не се поддржи референдумското прашање, но останал осамен, никој не го поддржал Социјалдемократите јавно нема да го повикаат членството на бојкот на референдумот, но тие ...

Кампањата ќе почне со дефиле и три карвани

Утрински - 07.10.2004

Стартуваат активностите против новата територијална организација ВМРО-ДПМНЕ со посебен референдумски конвој, но е неизвесно е дали другите два ќе ги предводат „Третиот пат" и Трифун Костовски КАТИЦА ЧАНГОВА Дефиле во Скопје на 8 октомври, три карвани што ќе тргнат од Неготино, Куманово и Струга на ...

Кампањата ќе почне во Скопје

Дневник - 07.10.2004

РЕФЕРЕНДУМ В петок на плоштадот во Скопје ќе биде означен почетокот на кампањата против Законот за територијалната организација, соопшти Тодор Петров, овластен претставник на референдумот и лидер на Светскиот македонски конгрес.

СДСМ со улога на жена и девојка

Дневник - 07.10.2004

УТВРДЕНА СТРАТЕГИЈАТА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ Заклучокот на партиското претседателство се толкува и како повик граѓаните да гласаат „против“, но и како порака за бојкот на референдумот СДСМ да ги повика граѓаните да не го поддржат референдумското прашање е главниот заклучок што партиското претседателство ...

За личните слободи и за одговорноста пред нацијата

Дневник - 07.10.2004

Колумна - Радмила Шеќеринска Да тргнам од претпоставката дека политичарите што се залагаат за враќање во 1996 година немаат макевијалистички методи и не се користат со секое средство за да се вратат на власт, туку онака оригинерно се загрижени за здравјето на државата Клучот на успехот (приватен, ...

Дебата за медиумско покривање на референдумот

Канал5 - 07.10.2004

Избалансирано и непристрасно, ненаметливо и несугестивно известување .. Избегнување коментари.. По можност да не се објавуваат резултати од ненаучни и нерепрезентативни сондирања на јавното мислење.. На денот на референдумот да не се коментираат Избалансирано и непристрасно, ненаметливо и ...

ЦРВЕНКОВСКИ И Г.Г. СТЕФАН ДА ПОВИКААТ НА МАСОВНОСТ

Вечер Прес - 07.10.2004

Кризниот штаб за опстанок на Општина Струга два дена пред почетокот на кампањата формира координативно тело за успешно спроведување на референдумот. Нивното обраќање од првиот состанок е упатено до претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски, од кого бараат да ги повика граѓаните ...

"ОВА НЕ Е НАШ РЕФЕРЕНДУМ"

Вечер Прес - 07.10.2004

"Ова не е наш референдум" е основната порака со која Социјалдемократскиот сојуз ќе настапи во кампањата за референдумот против новата територијална организација и во која ќе ги повикаат членовите, симпатизерите и граѓаните да не излегуваат на гласање.

КОГА РЕЈТИНГОТ ПАЃА, ВИСТИНАТА Е ВО ФИОКА

Вечер Прес - 07.10.2004

Република Македонија се движи во погрешна насока, на референдумот ќе има масовност и потврден одговор на референдумското прашање, а граѓаните немаат голема доверба во македонските политич ари, особено не во репрезентите на власта.

Врвот на СДСМ против референдумот, Петковски За

А1 - 06.10.2004

Врвот на СДСМ синоќа утврди серија упатства до членството како треба да се однесува за време на кампањата пред референдумот. Наредбата гласи да не се поддржи референдумот, двосмилена формулација со која, велат извори во партијата, на членството му се сугерира да не излезе на гласање.

Кризниот штаб на Струга формирал тело за успешен референдум

А1 - 06.10.2004

Стружани го повикуваат претседателот на државата Бранко Црвенковски како репрезент на сите граѓани да ги повика граѓаните на Македонија масовно да излезат на референдумот на 7-ми ноември. И да го дадат својот глас независно од политичкото убедување.

Шефер: „Референдумот не смее да му наштети на Рамковниот“

А1 - 06.10.2004

Никого не советувам како да гласа. Македонците се слободни да гласаат како сакаат. Нивно суверено право е да имаат референдум и да гласаат, изјави во интервјуто за А1 Јап де Хоп Шефер Генерален секретар на НАТО. Г-не Шефер, за 20 дена Македонија ќе ја брани својата национална стратегија за членство ...

Посебен конвој во кампањата за референдумот

Време - 06.10.2004

ВМРО-ДПМНЕ НАЈАВИ ВМРО-ДПМНЕ во текот на референдумската кампања ќе настапува со посебен конвој, кој ќе гостува низ земјава и во кој ќе учествуваат многу познати личности од сите сфери на живеењето во Македонија. Тоа на вчерашната прес-конференција го изјави Александар Бичиклиски, портпарол на ...

Плачат и се озборуваат

Вест - 06.10.2004

СДСМ ВО ПРЕТКОНГРЕСНА ТРЕСКА - СПЛЕТКИ ВО ПОЛИТБИРОТО За шминка Тито глуми опозиција, а кога треба да се пресече стално се повлекува. Приближувањето на конгресот на СДСМ на кој треба да се избере нов лидер ги интензивира озборувањата во потесното раководство.

ВМРО-ДПМНЕ соло во референдумската кампања

Вест - 06.10.2004

ВМРО-ДПМНЕ во текот на референдумската кампања ќе настапува со посебен конвој, кој ќе гостува низ земјата и во кој ќе учествуваат голем број познати личности од сите сфери на живеењето во Македонија, соопшти вчера заменик-портпаролот на партијата Александар Бичиклиски.

Не ги бендисуваат новите општини, ама не се ни за референдум

Време - 06.10.2004

ПАРТИИ НА ЕТНИЧКИТЕ ЗАЕДНИЦИ Демократската партија на Турците во Македонија ќе го бојкотира референдумот иако нејзините пратеници во Собранието гласаа против новиот Закон за територијална организација. Па дури и се најавуваше дека партијата ќе излезе од владејачката коалиција.

АНКЕТА

Време - 06.10.2004

На претстојниот референдум ќе излезат да гласаат повеќе од 60 отсто од граѓаните. Речиси половина од анкетираните сметаат дека референдумот ќе успее. Околу 27 отсто од нив мислат дека успешниот референдум ќе има негативно влијание врз односите на Македонија со НАТО и со ЕУ.

Македонците масовно „за“, Албанците ќе бојкотираат

Утрински - 06.10.2004

Според последната анкета на Институтот за солидарност, демократија и цивилно општество, претстојниот референдум ќе биде успешен Доминантен дел од граѓаните во Македонија се подготвуваат да излезат на гласање на претстојниот референдум, а приближно половина сметаат дека тој ќе биде успешен.

Референдумската кампања почнува со дефиле во Скопје

Утрински - 06.10.2004

ОПОЗИЦИЈА Осми октомври, денот кога официјално почнува референдумската кампања против новата територијална поделба, ќе биде означен симболично, со дефиле на партии, здруженија индивидуалци, пратеници и градоначаници во Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ со посебен конвој за референдумската кампања

Утрински - 06.10.2004

ПРЕС Опозицискиот блок ќе настапи со заеднички и координирани пораки на претстојната референдумска кампања, но ВМРО-ДПМНЕ ќе организира посебна кампања, со свој конвој, во кој ќе учествуваат повеќе гости и истакнати личности од земјава.

СДСМ молчи за судирот Петковски - Бучковски

Утрински - 06.10.2004

Пред состанокот на највисоките органи на владејачката партија Во владејачкиот СДСМ молк по отворениот судир меѓу двајцата претенденти за лидерската позиција - пратеникот Тито Петковски и министерот за одбрана, Владо Бучковски.

ВМРО-ДПМНЕ со свој карван, но со иста порака

Дневник - 06.10.2004

подготовки ВМРО-ДПМНЕ во референдумската кампања ќе има свој карван што ќе мине низ цела Македонија, но ќе учествува и во активностите на здружената опозиција и Светскиот македонски конгрес, соопшти вчера портпаролот Александар Бичиклиски.

Чартери ќе долетаат за референдумот

Дневник - 06.10.2004

во организациЈа на СВЕТСКИот МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС Иселениците ќе испраќаат писма до тамошните Влади со барање тие да не се мешаат во внатрешните работи на Македонија - вели Тодор Петров Со чартер-летови, Македонците од дијаспората, кои имаат право на глас, ќе дојдат во земјава и ќе гласаат на ...

На референдумот ќе гласаат 62,2 отсто граѓани

Дневник - 06.10.2004

СПОРЕД АНКЕТАТА НА ИДСЦО Анкетата покажува дека 48,1 отсто граѓани сметаат оти референдумот ќе биде успешен, а спротивно мислат 28,9 отсто На референдумот, кој ќе се одржи на 7 ноември, на гласање ќе излезат 62,2 отсто од граѓаните, а 48,1 отсто сметаат дека гласањето ќе биде успешно.

Да се повикаат граѓаните, членовите и симпатизерите да не го поддржат референдумското прашање одлучи претседателството ...

Канал5 - 06.10.2004

Врвот на СДСМ вчеравечер се состана да го дефинира својот став за престојниот референдум. Претседателството заклучило дека треба да ангажира целото партиско членство за објаснување на граѓаните дека новото законско решение нуди единствена Македонија, Врвот на СДСМ вчеравечер се состана да го ...

РЕФЕРЕНДУМСКИ БУМЕРАНГ

Вечер Прес - 06.10.2004

Точно еден месец пред одржувањето, референдумското изјаснување на граѓаните околу новата територијална организација на државата, полека, но сигурно, станува главна одредница во внатрешниот политич ки живот. Ако во изминатите неколку месеци се изнаслушавме се и сешто, од отворени закани со војна до ...

НА РЕФЕРЕНДУМОТ ЌЕ СЕ ИЗЛЕЗЕ МАСОВНО

Вечер Прес - 06.10.2004

На референдумот, што ќе се одржи на 7 ноември, ќе излезат 62,2 отсто граѓани, покажува најновата анкета на Институтот за демократија, солидарност и цивилно општество. Истра- жувањето на јавното мислење е спроведено минатата недела, а биле опфатени 1045 испитаници.

Мнозинството граѓани ќе излезат на референдумот

А1 - 05.10.2004

Мнозинството граѓани ќе излезат да гласаат на престојниот референдум и веруваат дека тој нема негативно да влијае на релациите со ЕУ и НАТО. Ова се резултатите од првата јавно објавена анкета, што ја спроведе Институтот за демократија,солидарност и цивилно општество.

Има равенка за успешен референдум

Време - 05.10.2004

ПРИЛЕП Има една равенка што ќе го загарантира успехот на референдумот, порача Филип Петровски од ВМРО-ДПМНЕ на трибината „За успешен референдум“, викендов во Прилеп. - Секој што се потпишал на иницијативата за референдум треба да донесе уште 4 граѓани што не се потпишале бидејќи биле зафатени или ...

Анкета: 62, 2 проценти од граѓаните во Македонија ќе излезат на референдум..

Канал5 - 05.10.2004

Ова го покажува телефонската анкета на Институтот за демократија, солидарност и граѓанско општество спороведена минатата недела.. 12,5 проценти од испитаниците се уште не знаат дали на 7 ноември ќе излезат на референдумот, а 25 отсто од граѓаните нем Ова го покажува телефонската анкета на ...

РЕФЕРЕНДУМОТ - ПРИДОНЕС ОД ГРАЃАНИТЕ

Вечер Прес - 05.10.2004

Груевски му предочува на пратеникот на Унијата дека неговите претпоставки за референдумот не се точни со фактот дека 70 отсто од граѓаните се противставуваат на владиниот предлог и дека во модерна Европа самите граѓани и нивните избрани лидери одлучуваат како да продолжат напред.

Кампањите нема да одлучат за референдумот

Време - 04.10.2004

ПОЛИТИКОЛОЗИТЕ ЗА ИЗЈАСНУВАЊЕТО НА НАРОДОТ Александра М. Митевска Референдумот против новата територијална организација ќе претставува вентил за гласачите, а резултатот од него ќе се одрази на рејтингот на партиите на локалните избори, прогнозираат политичките аналитичари.