TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Од банкомат на ИК банка украдени 800.000 денари

Вест - 16.10.2007

ТЕШКА КРАЖБА ВО БУТИКОТ "БОКСЕР" ВО НАСЕЛБАТА АЕРОДРОМ Непознат сторител во вторникот ограбил банкомат на ИК банка, лоциран во скопската населба Аеродром. Кражбата вчера ја потврди и полицијата која вели дека презема засилени мерки за пронаоѓање и фаќање на непознатиот крадец.

Ограбен банкомат на ИК-банка

Дневник - 16.10.2007

Крадци украле 800.000 денари од банкомат на ИК-банка во бутикот „Боксер“ на булеварот Видео Смилевски-Бато, во скопската населба Аеродром, ноќта помеѓу вторникот и средата, соопшти МВР. Провалниците од магацинот на бутикот украле уште 250.000 денари и мобилен телефон.

Провалник однел милион денари

Време - 16.10.2007

ТЕШКА КРАЖБА Крадец минатата недела провалил во бутик во населбата Аеродром во кој имало банкомат и зел околу 800.000 денари. Незадоволен од пленот, тој го обил и магацинот на бутикот, од каде што однел уште 250.000 денари и техничка стока.

Од банкомат во скопски Аеродром украдени 800.000 денари

Утрински - 16.10.2007

Околу 150.000 евра е вкупната штета направена по кражбата во бутик за облека во скопската населба Аеродром, на чиј излог бил вграден банкомат. Непознатите крадци за време на продолжениот празничен викенд провалиле во бутикот „Боксер“ на булеварот „Видое Смилевски-Бато“, а потоа го скршиле ...

Ограбен банкомат на ИК Банка со повеќе од 13.000 евра

Вечер Прес - 16.10.2007

Повеќе од 13 илјади евра биле украдени од банкомат на ИК Банка, која бил вграден во бутикот "Боксер" во скопската населба Аеродром. Кражбата според полицијата, се случила завчеравечер, кога непознат крадец провалил во просториите на бутикот "Боксер", сопственост на Т.С.