TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пасошите предложени по теркот на Словенија

Вест - 22.06.2002

МВР СЕ ПРАВДА ЗА РЕШЕНИЕТО ЗА ПАТНИТЕ ИСПРАВИ -"Во изготвувањето на текстот на предлогот за новата содржина на патната исправа што го предложи Министерството за внатрешни работи, а беше прифатено на седницата на Владата, одржана во вторникот, МВР се раководеше од примерот на Република Словенија - ...

Владата го повлече предлог - законот за два пасоша

Вест - 22.06.2002

Владата вчера го повлече спорниот предлог на законот за патните исправи со кој се предвидуваше на насловната страница на пасошите, покрај македонскиот и англискиот јазик, да биде испишан и албанскиот. Според официјалното објаснување, предлогот на Владата за таквиот документ е повлечен поради ...

Владата го повлече предлогот за два вида пасоши

Утрински - 22.06.2002

По жестоките реакции на јавноста и на партиите за новите патни исправи Сашко Димевски, Томислав Кежаровски По жестоките тридневни реакции на јавноста и на дел од партиите, Владата вчера го повлече Предлогот за донесување закон за изменување и дополнување на Законот за патни исправи на државјаните ...

Владата го повлече законот за пасошите

А1 - 21.06.2002

Предлог законот за патни исправи се повлекува поради потребата од дополнително усогласување на ставовите на политичките партии потписнички на Охридскиот договор - стои во решението кое владата утрово го упати до собранието. Можеби проработила совеста на Георгиевски - коментираат во опозиционата ...

Печатот на албански прашува: Зошто се скандализира пасошот?

А1 - 21.06.2002

Во Македонија ќе има само еден пасош, во кој освен македонскиот јазик ќе фигурира и албанскиот јазик, но СДСМ и дел од медиумите ја форсираат тезата дека во државата ќе има два вида пасоши, обидувајќи се да го скандализираат ова прашање за дневно-политички потреби, пишува денеска во воведникот ...

Трајковски против пасошите на Љубчо и Џафери

Вест - 21.06.2002

ШЕФОТ НА ДРЖАВАТА ИЗНЕНАДЕН ОД "ФИНТАТА" СО ПАТНИТЕ ИСПРАВИ ИЗЛЕЗЕНИ ОД ВЛАДАТА Претседателот Борис Трајковски загрижен од самоволното интерпретирање на Рамковниот документ и манипулацијата во предизборни цели. Претседателот Борис Трајковски вчера и удри корпа на идејата на Владата за издавање ...

Два пасоша - чекор до федерализација на Македонија

Утрински - 21.06.2002

Прес на пратеничката група на ВМРО-Македонска ВМРО-Македонска смета дека новиот скандалозен предлог за два вида пасоши - еден за Македонците, еден за Албанците, значи поделба на Македонија на две федерални единици. Координаторот на оваа пратеничка група, Ненад Ристовски, на вчерашната ...

За Трајковски се неприфатливи два вида пасоши

Утрински - 21.06.2002

Шефот на државава изненаден од најновиот предлог на Владата за патните исправи Гордана Дувњак По утврдувањето на предлогот на МВР за постоење два типа пасоша, што беше усвоен на последната владина седница, не стивнуваат реакциите во политичките и стручните кругови.

Трајковски ќе стави вето на двојните пасоши

Дневник - 21.06.2002

РЕАКЦИЈА НА ШЕФОТ НА ДРЖАВАТА Шефот на државата Борис Трајковски најверојатно со правото на вето ќе го спречи можното стапување во сила на законот за двојни пасоши ако тој биде донесен од Собранието онака како што го предложи Владата.

Трајковски изненаден од предлогот за два пасоша

А1 - 20.06.2002

Предлог-верзија на измените на законот за патни исправи, со кој се предвидуваат два вида пасоши - еден за Македонците и за припадниците на другите заедници и друг - само за Албанците, е надвор од Охридскиот договор, реагираше денеска претседателот Борис Трајковски, под чие покровителство се водеше ...

Владата ќе го повлече предлог-законот за патни исправи

А1 - 20.06.2002

„ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува донесувањето на предлог-законот за патни исправи и најверојатно ваквиот предлог ќе биде повлечен од владата“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, без да потврди дали промената на ставот е во координација со коалициониот партнер ДПА.

Двојните пасоши-федерализација на Македонија

Вест - 20.06.2002

НОВ ПОТЕГ НА ДВОЕЦОТ ЉУБЧО-ЏАФЕРИ ЗА РАЗНЕБИТУВАЊЕ НА ДРЖАВАТА Едни пасоши за Македонците, други за етничките Албанци е решение со кое се губи унитарниот карактер и се става федерален печат на Македонија. СДСМ е против најновиот потег на Владата и порачува дека сакаат "Пасошот се вметнува во игра ...

Пасошите - бизнис зделка, тешка над 20 милиони евра

Вест - 20.06.2002

Еден пасош за Македонците, а друг за етничките Албанци е невиден скандал и потврда на стратегијата на тандемот Георгиевски-Џафери за федерализација и растурање на Македонија, реагираше Демократскиот сојуз. Но тој предупредува и на тежок криминал во целата ситуација со двонационалните патни ...

Бошкоски предложи два вида пасоши: за Македонците и за Албанците

Утрински - 20.06.2002

Скандалозен предлог на Министерството за внатрешни работи усвоен на последната владина седница По теркот на словенечкото искуство, Македонија би требало да добие два вида пасоши. Едниот, напишан на македонски јазик и кирилично писмо и на англиски јазик, а вториот, на македонски, англиски и албански ...

СДСМ: Пасоши за федерализација

Дневник - 20.06.2002

КОНТРОВЕРЗЕН ПРЕДЛОГ ЗА ПАТНИ ИСПРАВИ Потпретседателот на СДСМ, Никола Поповски, изјави дека тие нема да дозволат македонските граѓани да имаат два вида пасоши Македонските граѓани во иднина ќе имаат два вида пасоши - едни за етничките Македонци, а други за етничките Албанци.

Предлог законот за патни исправи се уште отворено прашање

А1 - 19.06.2002

По вчерашната одлука на владата со која се воведуваат два пасоши за македонските граѓани од кои и двата со црвена боја, но единот на македонски, англиски и француски јазик, а вториот со плус и албански, меѓу македонските паратеници постои воздржаност, прифаќање и длабоко негирање на таквата одлука.

Прифатени новите законски решенија за патните исправи

Утрински - 19.06.2002

Влада Владата на вчерашната седница го прифати Предлогот за донесување закон за изменување на Законот за патните исправи на државјаните на Македонија со кој се утврдуваат видовите патни исправи и визи и постапката за нивно издавање на државјаните на земјава.

Владата аминувала два типа пасоша за Република Македонија

А1 - 18.06.2002

Владата на денешната седница донела скандалозна одлука - за државјаните на Република Македонија да има два типа пасоша. Еден - на македонски, на англиски и на француски јазик и друг - на овие три јазика плус на албански, вклучувајќи ја и насловната страница на патната исправа.

За една година фатени повеќе од 700 лица со лажни пасоши

Дневник - 17.06.2002

ФАЛСИФИКУВАЊЕ ПАТНИ ИСПРАВИ Македонците најчесто користат пасоши со изминат рок, а странците обично самите си го продолжувале рокот на важење или користат туѓа патна исправа, велат најновите анализи на МВР Голем број Косовци, во последните неколку години, се обиделе да заминат во западно-европските ...