TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Г.г. Стефан во Италија, а МВР го истражува случајот на „Изгрев“

Утрински - 21.11.2008

Поглаварот се' уште не ги информирал владиците за повторното купување на хотелот. Билјана Јовановска. СТРУГА - Архиепископот г.г. Стефан и натаму останува недостапен за каков било коментар за второто купување на струшкиот хотел „Изгрев“. Заедно со уште неколкумина соработници тој е на пат во Италија, каде што ќе учествува во осветувањето на иконостас во Пјаченца, каде што работат многу македонски ...

Полицијата го чешла „Изгрев“

Време - 20.11.2008

Министерството за внатрешни работи веќе три месеци го испитува случајот со хотелот „Изгрев“ по документацијата што ја добило од струшкиот Катастар. Полицијата се сомнева во валидноста на документите затоа што германската банка ЛХБ, која дала кредит на Миладинови, е избришана од имотниот лист на „Изгрев“. Хотелот, пак, бил ставен под залог на банката.

Во хотелот „Изгрев“ мириса на фалсификат

Дневник - 20.11.2008

Во хотелот „Изгрев“ мириса на фалсификат. МВР уште пред три месеци го зело досието за хотелот „Изгрев“ од струшкиот катастар, за да утврди дали таму има фалсификат со кој германската ЛХБ-банка е оштетена за 5,2 милиони евра, дознаваме од извори во истрагата.

Досието за „Изгрев“ веќе три месеци во МВР

А1 - 19.11.2008

Три месеци наназад полицијата го чешла катастарскиот предмет за хотелот „Изгрев“. Полицијата го побарала, а струшкиот катастар ја дала целата документација. Се испитува како е можно германската банка ЛХБ да е избришана од имотниот лист на „Изгрев“ каде претходно била впишана дека дала кредит на Миладинови, а како гаранција за враќање на парите е заложен хотелот.

Се подготвува листа на обвинети за случајот „Изгрев“

Утрински - 19.11.2008

За Oбвинителството е спорно како сред истражна постапка МПЦ пак го купи хотелот што го изгуби поради долгови. Билјана Јовановска. Во Јавното обвинителство деновиве интензивно се подготвува обвинителен акт за учесниците во случајот „Изгрев“.

„Изгрев“ зајде во струшкиот Катастар

Дневник - 19.11.2008

Не се знае од каде и' се парите на МПЦ да го купи хотелот „Изгрев“. Зад „Случајот Изгрев“ стои криминален фалсификат на имотниот лист за хотелот од кој е избришана хипотеката на германската ЛХБ банка за кредитите од 5,2 милиони евра, тврди Панче Нефтенов, правен застапник на банката.Тој вели дека банката веќе повела судски спор за докажување на фалсификатот, по што ќе бара обесштетување од ...

Струшкиот хотел Изгрев оставен на милост и немилост

Сител - 19.11.2008

Од 2004 година, хотелот Изгрев кај месноста Калишта, еден од најелитните и најпосетувани хотели на охридското крајбрежје, препуштен е самиот на себе. Од хотелот остана само неговото скеле. Потресна и зачудувачка е сликата на овој познат хотел на струшката ривиера, останува отворено прашањето каде отиде целиот инвентар, од хотел којшто располагал со околу 600 лежаи, 200 соби и 90-тина вработени, ...

И МВР и Јавното обвинителство водат истрага за хотел Изгрев

Сител - 19.11.2008

Комплетниот предмет за Изгрев од струшкиот катастар, веќе три месеци е на детална анализа во Министерството за внатрешни работи. Одделението за организиран и економски криминал ги анализира сите движења на овој имот во последниве 10 години.

Институциите го одмотуваат клопчето Изгрев

Вечер Прес - 19.11.2008

Она што засега е нејасно е зошто Македонската православна црква упорно молчи. И вчера недостапни за коментар останаа поглаварот Стефан, неговиот финансиски советник, Димитар Белчовски, но и секретарот на Скопската епархија. Комплетниот предмет за некогашниот хотел Изгрев веќе три месеци е на детална анализа во Министерството за внатрешни работи.

Со кои пари г.г. Стефан повторно го купи „Изгрев“

А1 - 18.11.2008

Молк во МПЦ по информациите дека Скопската епархија, со која раководи архиепископот г.г. Стефан за милион и пол евра го купила струшкиот хотел „Изгрев“. Клучните луѓе во аферата се недостапни за објаснување. Го нема секретарот на епархијата, Коста Станоевски кој учествувал на минатонеделната лицитација, но го нема ниту архиепископот кој денеска свесно ги избегна камерите непојавувајќи се на ...

Обвинителите први гости на „Изгрев“

Дневник - 18.11.2008

Никако да раскрсти со аферите: г.г. Стефан. Јавното обвинителство ќе го истражува случајот со струшкиот хотел „Изгрев“ , кој Скопската епархија на МПЦ го купи на јавна лицитација за 1,5 милион евра од фирмата „Миладинов“ ДОО. Целта е да се утврди дали имало злоупотреби и малверзации при земањето кредити од сопствениците на фирмата, браќата Димитар и Ѓорѓи Миладинов, во кои како залог бил ставен ...

МПЦ по втор пат го купи хотелот „Изгрев“, сега за 1,5 милион евра

Утрински - 18.11.2008

Не е исклучено продажбата да биде поништена, а во целиот случај да се вклучат органите на прогонот. Билјана Јовановска. Македонската православна црква одново го купи струшкиот хотел „Изгрев“ и тоа за 1,5 милион евра! Веста веројатно ќе беше многу поубава доколку Црквата истиот хотел еднаш веќе не го купи во 2001 година на Берза за 700.000 евра, но тој многу кусо време остана во нејзина ...

Трет ден нема одговор за хотелот Изгрев од г.г. Стефан

Сител - 18.11.2008

Денеска иако најавен дека ќе присуствува на садењето дрвца во кругот на Католичката црква, заедно со поглаварите на петте уставни верски заедници, сепак не се појави. Во својство на негов заменик го испрати свештеникот од Соборниот храм, Драги Костадиновски. И тој вели дека воопшто не е запознаен со случувањата околу Изгрев.

Г.Г. Стефан молчи и се крие од јавноста

Вечер Прес - 18.11.2008

Трет ден архиепископот г.г. Стефан молчи и се крие од јавноста за струшкиот хотел Изгрев. Вчера, иако најавен дека ќе присуствува на садењето дрвца во кругот на Католичката црква, заедно со поглаварите на петте уставни верски заедници, сепак не се појави. Во својство на негов заменик го испрати свештеникот од Соборниот храм, Драги Костадиновски.

МПЦ повторно газда на „Изгрев“

А1 - 17.11.2008

Дали е на повидок нов раскол меѓу македонските владици по информациите дека архиепископот г.г. Стефан без знаење на останатите архиереи, на лицитација со црковни пари го купил хотелот „Изгрев“ во Калишта?. Дел од македонските владици збунети. Тврдат дека ништо не знаат за купувањето хотел, ниту пак архиепископот ги известил за такво нешто.

Хотел Изгрев и мпц, кој манипулира?

Сител - 17.11.2008

Секретарот на скопската епархија, Коста Станоевски е единствениот кој се јавил како купувач на струшкиот хотел Изгрев. Тој, во името на епархијата со која раководи директно поглаварот Стефан, на 11 овој месец лицитирал и понудил 1.5 милиони евра и со тоа скопскта епархија станала сопственик на Изгрев.

Обвинителството работи на случајот Изгрев

Вечер Прес - 17.11.2008

- Изгрев е еден од најкомплицираните случаи на организиран криминал, велат за Вечер извори од истрагата. За струшкиот хотел предмет оформи и Анткорупциската комисија, а пред два месеца и дирекцијата за перење пари испратила дописи до Јавното обвинителство и до МВР со податоци за основан сомнеж дека во случајот има елементи на перење пари. Јавното обвинителство оформило предмет за случајот Изгрев ...