TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Владата нема да го толерира ЕВН

А1 - 11.01.2009

Владата нема да толерира работење на штета на македонските граѓани и претпријатија, само затоа што ЕВН е странски инвеститор. Ова се наведува во владиното соопштение издадено како реакција на брифинзите на ЕВН, објавени во дел од медиумите.

ЕВН да не се пoигрува со македонските граѓани

Форум - 11.01.2009

Единствено што Владата на Република Македонија бара е ЕВН да го почитува законот и да не ја злоупотребува монополската позиција Владата на Република Македонија реагира на заканите кои ЕВН ги упатува кон неа преку медиумите.

Макрадули: На Владата и пречи што ЕВН увезе поевтина струја

Алсат-М - 11.01.2009

Опозициската СДСМ денеска ја повика Владата да почне да води енергетска политика и да ја вклучи ТЕЦ Неготино со полн капацитет, за да го намали увозот на струја на минимум и да обезбеди поевтина електрична енергија за македонските компании.

ЕВН: Работиме целосно според законот и ги почитуваме обврските

Алсат-М - 11.01.2009

Електроенергетската компанија „ЕВН Македонија“ денеска целосно ги отфрли обвинувања од страна на Владата на Македонија, оценувајќи ги како неосновани. „ЕВН Македонија“ работи согласно сите Закони на Република Македонија, бидејќи незнаеме поинаку.

ЕВН ги раскара власта и опозицијата

Форум - 11.01.2009

Однесувањето на австриската „ЕВН Македонија“ кое е спорно за македонската влада предизвика и реакција на компанијата, но и од партиите. Опозициската СДСМ го критикуваше, пак, однесувањето на власта кон ЕВН, а владејачката ВМРО-ДПМНЕ таквиот нивен став го ...

Продолжува битката помеѓу Владата и ЕВН

Алфа - 11.01.2009

Владата ја продолжува отворената битка со ЕВН. Преку соопштение до медиумите, ја обвинува австриската компанија дека си поигрува со граѓаните и профитира на база на незаконско работење.

Енергетска војна за профит

Дневник - 11.01.2009

Македонија годишно увезува 2.500 гигават-часови струја во вредност од 250 милиони евра што е околу 30 отсто од пот ребите на земјава Отворената војна меѓу Владата и австрискиот енергетски гигант ЕВН, кој го поседува електродистрибутивниот систем во ...

Работиме согласно сите закони на Република Македонија

Сител - 11.01.2009

ЕВН Македонија преку соопштение до медиумите целосно ги отфрла, како што велат „неоснованите обвинувања од страна на Владата на Република Македонија“. - ЕВН Македонија работи согласно сите закони на Република Македонија, бидејќи незнаеме поинаку.

Конфликтот Влада - ЕВН пред Советот на странски инвеститори во земјава

Канал5 - 11.01.2009

Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија ќе расправа за влошениот однос меѓу Владата и австриската ЕВН. Асоцијацијата на странските компаниите присутни во земјава ќе бара одговор за третманот кон нив, но и решение за ...

Дел од Чаир без струја од нова година

Сител - 11.01.2009

Веќе 10 дена живееме како да не е 21 век, нема струја на само 3 километри од центарот на главниот град, а денеска имавме струја само 50 минути - се жалат жители од Чаир.

ЕВН да не ја злоупотребува монополската позиција

Вечер Прес - 11.01.2009

Менаџментот на македонската ЕВН не размислува во правец како да почнат да работат според законот, туку како да извршат притисок врз Владата и државните институции, политички и медиумски да не ја попречуваат во незаконското работење, се наведува во ...

Влада: ЕВН да го почитува законот и да не ја злоупотребува монополската позиција

Нетпрес - 11.01.2009

Владата на Република Македонија бара од ЕВН единствено да го почитува законот и да не ја злоупотребува монополската позиција. “Заканите кои Компанијата ги упатува кон Владата користејќи ги медиумите, дека ќе добие заштита од Виена, како и притисокот на ...

ЕВН: Работиме согласно сите закони, бидејќи незнаеме поинаку

Нетпрес - 11.01.2009

ЕВН Македонија соопштува дека целосно ги отфрла неоснованите од страна на Владата на Република Македонија. “ЕВН Македонија работи согласно сите Закони на Македонија, бидејќи незнаеме поинаку.

Владата нема да го толерира ЕВН

Макфакс - 11.01.2009

Владата нема да толерира работење на штета на македонските граѓани и претпријатија, само затоа што ЕВН е странски инвеститор. Ова се наведува во владиното соопштение издадено како реакција на брифинзите на ЕВН, објавени во дел од медиумите.

СДСМ со реакција за спорот Влада-ЕВН

Макфакс - 11.01.2009

Опозициониот СДСМ денеска излезе со реакција по повод соопштението од страна на владата во врска со работењето на ЕВН. „Дали причина за ваков притисок на владата кон ЕВН е зошто некој бркна во око на енергетската политика на ВМРО-ДПМНЕ?“, запраша ...

ЕВН ги отфрла обвинувањата од Владата

Макфакс - 11.01.2009

Електроенергетската компанија „ЕВН Македонија“ денеска целосно ги отфрли обвинувања од страна на Владата на Македонија, оценувајќи ги како неосновани. „ЕВН Македонија“ работи согласно сите Закони на Република Македонија, бидејќи незнаеме поинаку.

МВР ги спроведува владините инструкции спрема ЕВН

А1 - 10.01.2009

МВР ќе ги спроведе инструкции кои ги доби од Владата, насочени против ЕВН Македонија. Продолжува организираното дејствување на власта, во кое се мобилизирани речиси сите државни институции. Се бараат незаконитости.

ЕВН: Без преседан мобилизацијата на институциите против нас

Алсат-М - 10.01.2009

Вчера објавенот заклучок на владата во медиумите со кој се бара мобилизација на инспекторите и државните институции да бараат нерегуларности во работењето на ЕВН, за австриската компанија е акт без преседан.

Влада: ЕВН работи незаконски и врши притисок врз владата и инсистуциите

Алсат-М - 10.01.2009

ЕВН се поигрува со граѓаните, го зголемува профитот врз база на незаконско работење и упатува закани кон државните институции користејќи ги медиумите обвинува Владата.

И мвр ќе го истражува случајот со ЕВН

Сител - 10.01.2009

Министерството за внатрешни работи ќе истражува дали постојат нерегуларности во работата на ЕВН. Доколку се докаже дека ЕВН работела незаконски ќе започне постапка против компанијата.

Владата го шири фронтот против ЕВН

А1 - 09.01.2009

Владата ги мобилизираше сите државни институции, од полицијата до инспекциите, да бараат незаконитост во работењето на ЕВН Македонија. Во записникот од владината седница стои дека МВР, Државниот инспекторат за техничка инспекција и Државниот пазарен ...

ЕВН може да ја загуби лиценцата

Време - 08.01.2009

Регулаторната комисија за енергетика може да и ја одземе лиценцата на ЕВН Македонија за снабдување со струја доколку утврди дека причините за масовните исклучувања не се поради дефекти во мрежата, туку дека намерно се вршеле рестрикции на електрична енергија.

Добар, лош и грд инвеститор

Дневник - 07.01.2009

Македонската влада е во отворена војна со австрискиот енергетски гигант ЕВН: премиерот Никола Груевски, преку медиумите, остро ја нападна компанијата, оценувајќи ја како најлош странски инвеститор во земјава. Во прашање е дури и лиценцата за работа на Австријците, поради честите испади и дефекти во дистрибутивната мрежа за време на новогодишните и ...

ЕВН може да ја изгуби лиценцата

Утрински - 06.01.2009

Регулаторната комисија за енергетика ќе ги испита причините за дефектите во мрежата и исклучувањата што ги прави ЕВН, но не затоа што премиерот Никола Груевски тоа јавно го побарал од неа пред два дена. Славе Ивановски, претседателот на РКЕ, вели дека на 2 јануари, пред да изјави Груевски дека од РКЕ ќе побара испитување на причините за ...

Зошто на Груевски му пречат Австријците?

Утрински - 06.01.2009

Ако досега ги немаше, сега може да бидеме сигурни дека ќе навалат странските инвеститори во Македонија. Ќе се испотепаат кој попрв да влезе во нашата инвестициска оаза во која, меѓу другото, премиерот жестоко ги навредува странските компании и се заканува дека ќе го проверува нивното работење.

Според Бесими, со продажбата на ЕСМ, Македонија влезе во ЕУ

Утрински - 06.01.2009

Некогашното државно „Електростопанство на Македонија“, во април 2006 година, се продаде за 225 милиони евра на австриската ЕВН АГ. Тоа беше во времето на владата на СДСМ, два месеца пред парламентарните избори на кои власта ја презеде ВМРО-ДПМНЕ.

Владата ги чешла инвестициите на ЕВН

Дневник - 06.01.2009

Компанијата „Ернст и Јанг“ ќе врши независна ревизија дали Австријците вложиле 96 милиони евра, а резултатите ќе бидат познати во фев руари Владата проверува дали „ЕВН Македонија“ ги исполнила условите од купопродажбениот договор кои предвидуваат Австријците да инвестираат 96 милиони евра до 2009 година во реконструкција на дистрибутивната мрежа.

Според експертите, нереални се најавите за одземање на лиценцата на “ЕВН“

Алфа - 06.01.2009

Во очекување Регулаторната комисија за енергетика да ги добие податоците за дефектите во снабдување со струја во текот на октомври, ноември и декемри и да се произнесе дали ќе ја казни ЕВН со одземање на лиценца за работа, енергетските експерти за Алфа изјавуваат дека ваквите најави се нереални.

Беџети: Државата испраќа лоша порака до странските инвеститори

Алсат-М - 06.01.2009

Економските експерти велат дека укинувањето на лиценцата за работа, на австриската компанија ЕВН од страна на Регулаторната комисија на енергетика, нема да предизвика измени во енергетскиот пазар. Слична состојба имало и порано кога држава и ја одзема лиценцата за работа на компанијата “Макпетрол“ и потоа му ја врати.

Регулаторната го повика ЕВН на отчет

А1 - 05.01.2009

Бараат детални информации за сите прекини на струја кои се случувале од 01 октомври до последниот ден во 2008. Деталите од австријците регулаторите ги очекуваат до 10-ти овој месец. Премиерот Груевски, и денеска со порака до ЕВН, да се однесува совесно, одговорно и согласно законите.

Понеделник, 5 јануари

BBC - 05.01.2009

„Груевски истури најжесток рафал врз ЕВН“, УТРИНСКИ ВЕСНИК пишува дека со изјавата премиерот јасно става до знаење оти ЕВН продолжува да биде трн во окото на Владата. УТРИНСКИ ја пренесува и изјавата од компанијата дека главната причина за испадите е огромната потрошувачка, но тие не се драматични.

Груевски истури најжесток рафал врз ЕВН

Утрински - 05.01.2009

Одделните испади што настанаа во снабдувањето со струја во земјава во текот на викендот, премиерот Никола Груевски ги искористи за отворен и невидено жесток вербален напад врз „ЕВН Македонија“, врз кои истури рафал од критики. Компанијата ја нарече „најпроблематичен монополистички инвеститор“, од кој земјава трпела само штети.

Груевски ја обвини ЕВН за блокада на владините проекти

Телма - 05.01.2009

Мирко T рајановски Премиерот Никола Груевски втор ден по ред со остра критика до “ЕВН Македонија”. Откако вчера австриските сопственици на компанијата ги нарече лош пример за странски инвеститор, денеска ги обвини дека ги блокираат проектите на Владата.

Груевски: ЕВН е лош пример за странски инвеститор

Н.Македонија - 05.01.2009

ЕВН е лош пример за странски инвеститор од кој Македонија трпи штети. Вака вчера реагираше премиерот Никола Груевски по честите исклучувања на струја што деноноќие оставија илјадници граѓани без електрична енергија. - ЕВН е еден од најпроблематичните странски инвеститори што ги имаме.

Груевски и порача на ЕВН Македонија да се однесува совесно

Алфа - 05.01.2009

Претседателот на Владата Никола Груевски денеска упати отворена порака до ЕВН Македонија, како странски инвеститор да се однесува совесно, одговорно и согласно законите во државата. По отворањето на спортската сала „Христо Батанџиев“ во скопско Ново Село, која е дел од проектот на Владата за изградба на 35 спортски сали и 50 фудбалски игралишта, ...

ЕВН под лупа на регулаторите

Алсат-М - 05.01.2009

Регулаторната комисија за енергетика почна процедура за оценување на работењето на ЕВН - Македонија, врз основа на што е можно компанијата да остане без лиценца за дистрибуција на електрична енергија. Претседателот на Комисијата Славе Ивановски, за Алсат вели дека посебно е загрижувачки фактот дека масовните исклучувања во населби и села биле ...

Повторно екипа на ЕВН – Македонија во заложништво од граѓани

Алсат-М - 05.01.2009

Екипите на ЕВН 30 минути беа држани во заложништво од жителите на скопското село Студеничани. Жителите на оваа општина ваквиот чин го оправдаа со многуте не решени дефекти во електричната мрежа и невнимателноста на работниците на ЕВН.

Премиерот незадоволен од ЕВН

Алфа - 05.01.2009

Со нов напад кон ЕВН премиерот Груевски денеска го обвини австрискиот инвеститор дека се однесува монополски и незаконски. Дефектите во енергетскиот систем што се случуваат според Груевски се или намерни или причината за нив е недоволното инвестирање. Премиерот и вчера со остра реторика ја нападна ЕВН нарекувајќи ја најпроблематичен инвеститор.

ЕВН да се однесува совесно, одговорно и согласно законите во државата

Кирилица - 05.01.2009

Премиерот Никола Груевски денеска упати отворена порака до ЕВН Македонија, како странски инвеститор да се однесува совесно, одговорно и согласно законите во државата По отворањето на спортската сала „Христо Батанџиев“ во скопско Ново Село, која е дел од проектот на Владата за изградба на 35 спортски сали и 50 фудбалски игралишта, Груевски изјави ...

ЕВН македонија да се однесува совесно, одговорно и согласно законите во државата

Сител - 05.01.2009

Премиерот Никола Груевски со нов напад за ЕВН. Компанијата 6 месеци не приклучува струја во 2 готови спортски сали во Брвеница и Демир Хисар па салите не можат да бидат отворени. Груевски смета дека монополскиот комодитет на австриската компанија и неодговорниот однос кон државата се причина за чести поплаки не само од владата туку и од приватниот ...

На ЕВН и се заканува одземање на лиценцата за работа

Сител - 05.01.2009

Регулаторната комисија за енергетика ќе го чешла работењето на австриската ЕВН. Дистрибутивната компанија најдоцна за 5 дена треба да достави детални податоци за секој дефект или било каков прекин на испораката на струја во изминатата година. Покрај овие извештаи ќе мора да достават образложение и за секое групно исклучување од струја..

Регулаторната комисија за енергетика побара отчет за дефектите во мрежата од ЕВН

Канал5 - 05.01.2009

Регулаторната комисија за енергетика бара ЕВН да достави податоци за испадите во дистрибутивната мрежа и групните исклучувања на струја во последните три месеци од 2008. Ќе ги чека до крајот на неделава, а потоа регулаторите ќе испитуваат дали ЕВН се однесува неодговорно кон потрошувачите. Отчет од ЕВН регулаторите побарале пред три дена.

Поради неприклучена струја - две сали не се функционални

Вечер Прес - 05.01.2009

Премиерот Никола Груевски ја искритикува ЕВН, поради како што рече, монополско однесување и им порача да се однесуваат совесно, одговорно, согласно со законите во државата. На отворањето на спортската сала во Ново Село, која е дел од проектот на Владата за изградба на 35 спортски сали и 50 фудбалски игралишта, тој изјави дека две изградени сали ...