TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Црна Гора е една од најстарите држави во Европа

А1 - 21.05.2006

Црна Гора, со статус република во Државната заедница на Србија и Црна Гора, е една од најстарите држави во Европа, иако, поради сплет на историски околности, неправди и поради погрешни политики на самите црногорски елити во различни период од 20-ти век, овој факт денес не е широко познат.

Црна Гора е независна и суверена држава

А1 - 21.05.2006

Црна Гора е независна и суверена држава. Така решија нејзините граѓани. За независност гласаа 56,3% од граѓаните на Црна Гора, покажуваат прелиминарните и неофицијални резултати соопштени околу 21 часот и 15 минути од Центарот за мониторинг.

Црна Гора на референдум за својот државно-правен статус

А1 - 21.05.2006

Длабоко поделената Црна Гора на референдум денеска одлучува за својот државно-правен статус. Еден час по затворањето на гласачките места, во 21 часот се очекуваат првите прелиминарни и неофицијални резултати на гласањето, со кое црногорските граѓани решаваат дали Црна Гора повторно ќе биде суверена ...

Утре Црна Гора излегува на референдум

А1 - 20.05.2006

Длабоко поделената Црна Гора ја очекува драматичен ден. Утре точно во 8 часот, 488.718 гласачи со право на глас на референдум ќе го одредат идниот државно-правен статус на Црна Гора. Ќе биде независна и суверена држава или ќе остане во заедничка држава со Србија.

ЕУ и ОБСЕ не очекуваат проблеми на референдумот во Црна Гора

А1 - 20.05.2006

Специјалниот пратеник на Европската унија за црногорскиот референдум, Мирослав Лајчак изјави дека очекува одговорно однесување на политичките лидери во Црна Гора на денот на изјаснувањето и по одржувањето на референдумот, а 22 мај да биде ден на почеток на национално помирување.

Црна Гора гласа за независност

Време - 20.05.2006

ДОРАСПАЃАЊЕ НА ЈУГОСЛАВИЈА Време е Црна Гора да стане слободна - порачал премиерот Мило Ѓукановиќ на завчерашниот последен митинг во главниот град Подгорица, пред референдумот за независност. Околу 50.000 граѓани облечени во црвено и опремени со црвени знамиња со црногорскиот орел се собрале да го ...

Напад врз котата 55

Дневник - 20.05.2006

За да добие Црна Гора целосна независност, на референдумското прашање позитивно мора да одговорат барем 266.595 од вкупно 484.718 граѓани со право на глас Граѓаните на Црна Гора в недела на референдум ќе се изјаснат дали се за независност или за останување во државна заедница со Србија, јави МИА.

Тесно и драматично?

Вечер Прес - 20.05.2006

Дојде судбоносниот час - сметаат повеќето Црногорци пред утрешниот референдум на кој ќе треба да одговорат на прашањето: "Дали сакате Црна Гора да биде независна држава со целосен меѓународен субјективитет. "Шанса да се изјаснат - дали се за независност или за останување во државна заедница со ...

Масовен митинг за поддршка на референдумот во Црна Гора

А1 - 19.05.2006

Повеќе десетици илјадници Црногорци на митинг во Подгорица синоќа ја поддржаа опцијата за независна Црна Гора. Митингот, најмасовен до сега одржан кога било во Црна Гора, се одржа само два дена пред неделното референдумско изјаснување, на кое Црногорците и другите што живеат во оваа република ќе ...

Црногорците в недела ќе се изјаснуваат на референдум

А1 - 19.05.2006

Граѓаните на Црна Гора в недела на референдум ќе се изјаснат дали се за независност или за останување во државна заедница со Србија. Сакате ли Црна Гора да биде независна држава со целосен меѓународен субјективитет е прашањето за кое одговор на референдумот ќе можат да дадат 484.718 црногорски ...

Апел до Црногорците да останат

Утрински - 19.05.2006

Коштуница БЕЛГРАД - Србија во средата апелираше до Црна Гора да не излегува од заедницата, додека оние кои водат кампања за независност и противниците организираа авиони, возови и автобуси во обидот да се максимизира одѕивот на гласачите на неделниот референдум.

Поделеност за референдумот за независност

Дневник - 19.05.2006

Поради тесните резултати на анкетите, решавачки ќе бидат гласовите на малцинствата, кои сочинуваат дури една третина од гласачкото тело во Црна Гора Во атмосфера на длабока поделеност, нетрпеливост кон спротивниот блок и исчекување на позитивен исход од референдумот за независност закажан за 21 ...

Црногорците утре се изјаснуваат за независност или за останување во заедница со Србија

Канал5 - 20.05.2006

Граѓаните на Црна Гора утре на референдум ќе се изјаснат дали се за независност или за останување во државна заедница со Србија. Сакате ли Црна Гора да биде независна држава со целосен меѓународен субјективитет е прашањето за кое одговор на референдумот ќе можат да дадат 484.718 црногорски граѓани ...

Какви коефициенти за референдумот ?

Вечер Прес - 19.05.2006

Букмејкерите во српските обложувалници се уште се во дилема колкави да бидат коефициентите за типувањето на исходот на црногорскиот референдум што ќе се одржи в недела. Имено, тие ќе се утврдат во последен момент пред излегување на листите и најверојатно ќе бидат идентични или коефициентот за ...

Од полноќ предреферендумски молк во Црна Гора

А1 - 18.05.2006

Со завршниот митинг на блокот партии кои се залагаат за независност, во Црна Гора вечерва завршува кампањата за референдумот што ќе се одржи во недела. Изборниот молк почнува вечерва на полноќ и ќе трае се до недела во 21 часот, кога ќе бидат затворени гласачките места.За успех на референдумот за ...

Ѓукановиќ и Булатовиќ ќе го признаат исходот

Дневник - 18.05.2006

Црногорската власт и опозицијата ветија дека ќе ги признаат резултатите од референдумот за независност на Црна Гора, што треба да се одржи на 21 мај, јави Макфакс Црногорската власт и опозицијата ветија дека ќе ги признаат резултатите од референдумот за независност на Црна Гора, што треба да се ...

Ѓукановиќ и Булатовиќ ќе ги признаат резултатите од референдумот

А1 - 17.05.2006

Црногорската власт и опозицијата ветија дека ќе ги признаат резултатите од референдумот за независност на Црна Гора, закажан за 21 мај. Ветувањето го дадоа лидерот на суверенистичкиот блок и премиер Мило Ѓукановиќ и лидерот на опозицијата кој се залага за натамошен живот со Србија, Предраг ...

Ѓукановиќ ги повика Црногорците в недела да гласаат за независност

Вест - 17.05.2006

Подгорица, 17 мај - Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ ги повика граѓаните на републиката на референдумот в недела да ја поддржат независноста на Црна Гора. - Црна Гора е заложник на Србија, изјави Ѓукановиќ во интервју за германските медиуми.

Ѓукановиќ ги кани Црногорците да гласаат за независност

Дневник - 17.05.2006

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ ги повика граѓаните на републиката на референдумот в недела да се изјаснат за независност на Црна Гора, јави МИА. - Црна Гора е заложник на Србија - изјави Ѓукановиќ во интервју за германските медиуми.

Дорис Пак: Црна Гора е заложник на Србија

А1 - 16.05.2006

Црна Гора е заложник на Србија, која не соработува со Хашкиот трибунал. Ова остра изјава денеска ја искажа Претседателот на делегацијата на европскиот Парламент за југоисточна Европа, Дорис Пак, за подгоричкиот весник „Република“. „Црна Гора е заложник.

Ѓукановиќ ги повика граѓаните да гласаат за независност

А1 - 16.05.2006

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ ги повика граѓаните на републиката на референдумот в недела да ја поддржат независноста на Црна Гора. „Црна Гора е заложник на Србија“, изјави Ѓукановиќ во вчерашното интервју за германските медиуми.

ЕУ бара соработка меѓу Србија и Црна Гора без оглед на референдумот

Вест - 16.05.2006

БРИСЕЛ, 16 мај (АП) - Владите на државите на Европската унија вчера побараа од властите во Србија и Црна Гора да продолжат со соработката без оглед на исходот од референдумот за независност на Црна Гора што ќе се одржи следниот викенд, што може да за БРИСЕЛ, 16 мај (АП) - Владите на државите на ...

Црногорците испечатиле референдумски фалсификат

Дневник - 16.05.2006

Фалсификат се подготвува на референдумот за независност на Црна Гора, што треба да се одржи на 21 мај, предупреди Меѓународниот институт ИФИМЕС од Љубљана, јави Макфакс. Словенечката невладина организација тврди дека двата политички блока испечатиле референдумски ливчиња, кои изгледаат идентично ...

Подгорица доби нова аеродромска зграда

Дневник - 16.05.2006

Подгорица вчера доби нова аеродромска зграда, за чија изградба од буџетот на Црна Гора беа одвоени 22 милиона евра, јави Макфакс. - На свеченоста на пуштањето во употреба на зградата присуствуваа целиот државен врв и неколку илјади граѓани - објави подгоричкиот весник „Вјести“.

Ѓукановиќ ги повика Црногорците в недела да гласаат за независност

Канал5 - 16.05.2006

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ ги повика граѓаните на републиката на референдумот в недела да ја поддржат независноста на Црна Гора. Подгорица, 16 мај (МИА) - Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ ги повика граѓаните на републиката на референдумот в недела да ја поддржат независноста на Црна ...

Србија ќе биде правна наследничка на Југославија

Дневник - 15.05.2006

Србија ќе биде единствена правна наследничка на Југославија ако Црна Гора истапи од државната заедница, изјави синоќа словачкиот дипломат Мирослав Лајчак, специјален пратеник на Европската Унија за црногорскиот референдум за независност во идната недела, јави Макфакс.