TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Буш организира конференција за климатските промени

Макфакс - 04.08.2007

Вашингтон Американскиот претседател Џорџ Буш ги повика светските сили да учествуваат на меѓународната конференција посветена на климатските промени, што ќе се одржи на 27. и 28. септември во Вашингтон. Тема на конференцијата, како што синоќа соопшти Белата куќа, ќе биде долгорочната задача за ...

Се повлекува советникот на Буш Карл Роув

Макфакс - 03.08.2007

Вашингтон Карл Роув, близок пријател и советник на американскиот претседател Џорџ Буш, најави дека кон крајот на август ќе се повлече од својата функција. Роув, кој од Буш го доби прекарот „архитект“ поради стратегијата со која тој доби два претседателски мандати, најави дека се повлекува поради ...

Буш и Браун остануваат обединети во фронтот за Ирак

Утрински - 01.08.2007

Џорџ Буш и Гордон Браун во Кемп Дејвид го промовираа блискоисточниот мир со цел да ги задушат шпекулациите за заладување на трансатлантските односи Браун не даде ветувања за тоа колку долго Британија ќе ги задржи своите 5.000 војници во Ирак КЕМП ДЕЈВИД - Американскиот претседател Џорџ Буш и ...

Џорџ Буш ни го честита 2 Август

Дневник - 01.08.2007

Соединетите Американски Држави остануваат определени да помогнат во неопходните чекори за реализирање на вашите евроатлантски аспирации и за постигнување на целта за Европа цела, слободна и во мир, во која Македонија ќе го заземе местото што и' припаѓа.

Буш и Путин во септември за Косово

Макфакс - 01.08.2007

Москва Косово ќе биде меѓу темите на руско - американски самит, на почетокот на септември во Сиднеј, јави руската агенција Итар-Тасс, повикувајќи се на официјални извори во Вашингтон. Претседателите Буш и Путин за време на Азиско - тихо океанскиот економски Форум ќе разговараат за соработката во ...

СБ ја поддржа иницијативата на британскиот премиер Гордон Браун

Макфакс - 01.08.2007

Вашингтон Претседателот на Светска банка (СБ) Роберт Зелик ја поддржа иницијативата на британскиот премиер Гордон Браун за побрзо остварување на Милениумските цели за развој на Организацијата на обединетите нации (ООН). Иницијативата на Браун предвидува до 2015 година во најсиромашните земји во ...

Буш и Браун демонстрираа единство

А1 - 31.07.2007

Американскиот претседател Џорџ Буш и новиот британски премиер Гордон Браун на вчерашната средба во Кемп Дејвид демонстрираа дека се единствени по прашањето за Ирак и блискоисточниот мировен процес. Тие, меѓу другото, исто така се обидоа да ги демантираат тврдењата за какво било заладување на ...

Џорџ Буш го честиташе Илинден

А1 - 31.07.2007

Американскиот претседател Џорџ Буш го честита македонскиот национален празник Илинден. „Го поздравувам прогресот што од нејзиното осамостојување Македонија го направи во јакнење на мултиетничките, демократските и институциите на пазарната економија.

Браун: Светот им е должник на САД

Дневник - 31.07.2007

Премиерот од една страна мора да ги увери домаќините во британската верност, а домашните гласачи дека новите односи ќе се разликуваат од оние во времето на Блер Светот им должи на САД за нивната борба со меѓународниот тероризам, изјави британскиот премиер Гордон Браун во Вашингтон, пред неговата ...

Прва средба на Браун со Буш

Вечер Прес - 31.07.2007

Британскиот премиер Гордон Браун е на својата прва официјална посета на САД откако го наследи Блер на оваа функција. На аеродромот во Кемп Дејвид, во сојузната американска држава Мериленд, добредојде му посака лично претседателот на САД Џорџ Буш.

Браун: Светот им должи на САД за борбата со тероризмот

А1 - 30.07.2007

Светот им должи на САД за нивната борба со меѓународниот тероризам, изјави британскиот премиер Гордон Браун во Вашингтон, пред неговата средба и разговорите со претседателот Џорџ Буш во Кемп Дејвид. Зборувајќи за британско-американските односи, Браун како што пренесуваат лондонските телевизиски ...

Британците сакаат надвор од Ирак

Време - 30.07.2007

ПРВА ПОСЕТА НА ГОРДОН БРАУН НА САД Британските весници тврдат дека новиот премиер Гордон Браун преку посредници ја испитувал можноста Британија да ги повлече силите од Ирак, кои се одговорни за смирување на јужните делови на земјата.

„Сандеј Тајмс“_ Лондон подготвува терен за повлекување од Ирак

Утрински - 30.07.2007

Гордон Браун отпатува во прва официјална посета на САД како нов британски премиер Лондон - Лондон подготвува терен за евентуално повлекување на британските војници од Ирак, пишува вчерашен лондонски „Сандеј Тајмс“. Според весникот, советникот за Ирак на британскиот премиер Гордон Браун, Сајмон ...

Буш бара поголема слобода за прислушување

Дневник - 30.07.2007

Претседателот на САД Џорџ Буш побара Конгресот да го модернизира Законот за безбедност, со што ќе се намалат ограничувањата во прислушувањата во рамките на борбата против тероризмот, јави Бета. Буш, во редовното обраќање до нацијата, од членовите на Конгресот побара да одобрат измени на законот, ...