TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Обвинителството ќе понуди дополнителни докази

Време - 22.02.2008

ПРОДОЛЖУВА ИСТРАГАТА ЗА „ЛАВОВИТЕ“ Продолжува истрагата за Марјан Маркоски-Мачето, командант на единицата „лавови“, и за Звонко Илиоски-Лутото, Емил Ангелески, Самоил Илиоски, Злате Јованоски-Бомбата и за Горан Петрески-Трде, осомничени за предизвикување општа опасност и злосторничко здружување.

"Патриот" бара ослободување на прилепските "лавови"

Вест - 21.02.2008

Со мирни протести пред Прилепскиот суд, членовите на здружението на "Лавовите" "Патриот" вчера бараа ослободување на нивни членови и на претседателот на Здружението Марјан Маркоски - Мачето, притворени по полициската акција од втори овој месец.

Македонските „лавови“ бараат ослободување на притворените

Утрински - 21.02.2008

ПРИЛЕП - Околу 200 припадници на Граѓанското здружение на македонските лавови „Патриот“, роднини и пријатели вчера пред прилепскиот Основен суд протестираа во знак на револт зашто и по 18 дена не се ослободени нивните притворени членови.

„Патриот“ бара да ги ослободат „лавовите“

Време - 21.02.2008

ПРОТЕСТИ ПРЕД ПРИЛЕПСКИОТ СУД Ослободување од притвор на Марјан Маркоски-Мачето, командант на поранешната единица „лавови“, и на останатите петмина осомничени за злосторничко здружување бараат членовите на здружението „Патриот“.

Поранешните „Лавови“ протестираа во Прилеп

А1 - 20.02.2008

Стотина припадници на поранешните „Лавови“ од цела Македонија денеска протестираа пред судот во Прилеп. Побараа итно ослободување на тројцата поранешни „Лавови“, кои се во притвор под обвинување за земање на рекет и фамозните бомбашки напади.

Патриотите и екс-лавовите протестираа во Прилеп

Канал5 - 20.02.2008

Над 100-на членови на здружението Патриот, поранешни припадници од расформираната единица лавови и семејствата на шесттемина поранешни и сегашни полицајци осомничени и притворени за криминал и за подметнување на бомби кашикари денеска пред прилепскиот основен суд протестираа.