TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Еуростандард ЃП верува дека ќе ги мине Швајцарките

Време - 09.10.2004

РАКОМЕТ - КУП НА ЕХФ, 2. КОЛО Младиот тим на Еуростандард Ѓорче Петров, женскиот ракометен суперлигаш, се надева дека во утрешниот меч од 2. коло од Купот на Европската ракометна федерација (ЕХФ) против ЗМЦ Амикитиа ќе ги мине Швајцарките. Натпреварот ќе се игра в недела во СРЦ „Кале“ во 19 часот.

Започнува европромоцијата на нашите ракометни претставници

А1 - 07.10.2004

Во сенка на репрезентативните фудбалски случувања кај нас се приближува викендот во кој европромоција ќе имаат нашите ракометни претставници сезонава. Реконструираниот состав на машкиот првак Вардар Про ќе стартува во гости со дуелот против големата Барселона во групата „А“ од шампионската лига.

Влезот ќе биде бесплатен за мечот Еуростандард - Амикита

Време - 07.10.2004

РАКОМЕТ - КУП НА ЕХФ Управата на женскиот ракометен суперлигаш, Еуростандард Ѓорче Петров реши влезот за мечот со ЗМЦ Амикита (Швајцарија) да биде бесплатен. „Банкарите“, в недела од 19 часот, во СРЦ „Кале“ го играат првиот меч од 2. коло од Купот на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Еуростандард ЃП двапати поразен

Време - 04.10.2004

РАКОМЕТ - ПРИЈАТЕЛСКИ СО ДИН Ракометарките на Еуростандард Ѓорче Петров, кои в недела во Скопје ќе го го почнат годинешниот настап во еврокуповите, загубија во двата контролни натпревари одиграни во Ниш (СЦГ) од ДИН. Во првиот натпревар поразот беше многу убедлив, со 16 гола разлика, 21-37 (8-23), ...