TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Почнаа преговорите за формирање на израелската Влада

А1 - 02.04.2006

Израелскиот претседател Моше Кацав почна денеска преговори со претставниците на 12 партии кои се избрани во Кнесетот за да реши кој ќе биде новиот премиер. Тој до 12 април треба да донесе одлука, но се очекува дека кандидатот за нов претседател на Владата ќе биде познат во четврток.

Во Газа убиен палестински командант на народниот отпор

Утрински - 01.04.2006

Нови препукувања меѓу Израел и палестинските власти ГАЗА - При експлозија на автомобил-бомба пред џамија во Газа што се случи вчера загина висок командант на Комитетот за народен отпор (ПРЦ), група која честопати се смета за одговорна за ракетни напади врз Израел, изјавија извори од палестинските ...

Нови самоубиствени напади врз Израел

Вест - 01.04.2006

КЕЈПТАУН, 1 април (Ројтерс) - Палестинскиот претседател Махмуд Абас вчера ги осуди најновите самоубиствени бомбашки напади врз Израелците, а од западните влади побара да не ја прекинуваат помошта за владата што ја предводи Хамас.

Министрите на Хамас и натаму легална мета за Израел

Макфакс - 01.04.2006

Ерусалим Поранешниот шеф на израелската разузнавачка служба Дени Јатом денеска изјави дека министрите во палестинската влада, што ја предводи Хамас, како и новиот шеф на палестинската служба за безбедност, би можеле да бидат мета на израелските акции за ликвидација.

Израелската армија уапси 15 Палестинци на Западниот брег

Макфакс - 01.04.2006

Газа Израелската армија уапси 15 Палестинци на Западниот брег, под сомнение дека биле замешани во вооружени напади, соопшти извор во израелската војска. Според изворот, уапсените се припадници на Бригадата на мачениците Ал Акса, движење поврзано со Фатах, Исламски џихад, Хамас и Народниот фронт за ...

Бирократ во чевлите на генералот

Дневник - 31.03.2006

На изборите во Израел победи, ниту Кадима ниту Олмерт, туку визијата за мир на Ариел Шарон Ехуд Олмерт ја доведе новата центристичка партија Кадима до победа на парламентарните избори, говорејќи и позирајќи под огромни постери на Ариел Шарон.

На Хамас нема кој да му верува

Утрински - 31.03.2006

Меѓународната заедница почна со санкциите спрема новата палестинска влада Димитар Чулев Оспорувањето на кредибилитетот на новата палестинска влада формирана од Хамас, која ја доби подршката на Палестинците на јануарските избори, може да се покаже како неодмерена, па дури и погрешна реакција на ...

Кадима победи, Олмерт гради коалиција

Вест - 30.03.2006

ИЗБОРИ ВО ИЗРАЕЛ ЕРУСАЛИМ, 30 март (Ројтерс) - Премиерот на преодната израелска влада Ехуд Олмерт вчера почна да ја формира коалицијата откако победи на парламентарните избори со плановите да се утврдат финалните граници со Палестинците со уривање на населбите на Западниот Брег.

Тешка победа на Кадима

Утрински - 30.03.2006

Партијата на Ариел Шарон очекувано победи на парламентарните избори во Израел Нема да биде лесно Ехуд Олмерт да состави влада Димитар Чулев Огромна победа за партијата на изборите со само четири месеци стаж на израелската политичка сцена, но сепак релативно тенка и неуверлива за формирање стабилна ...

Израел ќе гради мир по своја мерка

Дневник - 30.03.2006

Олмерт му се обрати на палестинскиот претседател Махмуд Абас и му порача дека Израелците се подготвени да живеат во мир покрај Палестинците Ехуд Олмерт објави дека Израел е подготвен за траен мир со Палестинците откако неговата партија Кадима победи на парламентарните избори во вторникот и ќе може ...

Владата на Хамас доби поддршка

Дневник - 30.03.2006

Палестинските пратеници ја прифатија владата што ја предложи Хамас токму на денот кога Израелците гласаа за пратеници во Кнесетот. Кабинетот што го скрои Исмаил Ханија од Исламско движење на отпорот (Хамас), го поддржаа 71 пратеник, а 36 беа против.

Кадима освои 28 пратеници

Време - 30.03.2006

ИЗРАЕЛ Партијата Кадима на в. д. премиерот Ехуд Олмерт освоила најмногу пратенички места на парламентарните избори во Израел, покажуваат првичните резултати. Кадима, која минатата година беше формирана од премиерот Ариел Шарон, кој набргу потоа падна во кома по тежок мозочен удар, обезбедила 28 од ...

Чиста победа на Кадима

Вечер Прес - 30.03.2006

Новата партија на центарот Кадима (Напред) на вршителот на должност премиер на Израел, Ехуд Олмерт, победи на вчерашните предвремени парламентарни избори со 21,8 отсто гласови, покажуваат прелиминарните резултати по преброените 99 проценти од гласачките ливчиња.

Партијата Кадима победи на изборите во Израел

А1 - 29.03.2006

Новата партија на центарот Кадима (Напред) на вршителот на должност премиер на Израел Ехуд Олмерт победи на вчерашните предвремени парламентарни избори со 21,8% гласови, покажуваат прелиминарните резултати по преброените 99% од гласачките ливчиња.

ЕУ со честитки до Олмерт за победата на Кадима

А1 - 29.03.2006

ЕУ денеска упати честитки до в.д. премиерот на Израел, Ехуд Олмерт, за победата на неговата партија „Кадима“ на вчерашните парламентарни избори. Во коминике, комесарот на ЕУ за надворешна политика Бенита Ферео - Валднер го изрази надевањето на 25 - те членки на сојузот дека новата израелска влада и ...

Партијата на Шарон победи на предвремените избори во Израел

А1 - 29.03.2006

Според очекувањата, партијата на Ариел Шарон, Кадима, победи на вчера одржаните предвремени парламентарни избори во Израел. Вршителот на должност, премиер, Екуд Олмерт, кој од почетокот на годинава го заменува Шарон, кој се наоѓа во кома, ќе ја води земјата во наредните четири години.

Партијата Кадима, најверојатно, победник на изборите

Утрински - 29.03.2006

Израелците вчера гласаа на можеби најзначајните избори во поновата историја на земјата Кадима ќе освои околу 34 места, доволно за формирање коалициска влада Израелците што излегоа вчера на избори се изјаснија дека привремениот премиер Ехуд Олмерт повика на одржување референдум за неговиот план за ...

Ракетен напад на денот на изборите

Време - 29.03.2006

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ВО ИЗРАЕЛ Израелците вчера излегоа на предвремени парламентарни избори, на кои се решава меѓу три поголеми партии. Фаворит е партијата Кадима, основана од премиерот Ариел Шарон неколку недели пред да претрпи тежок мозочен удар, по кој се уште е во кома.

Партијата Кадима победи на парламентарните избори во Израел

Канал5 - 29.03.2006

Новата партија на центарот Кадима (Напред) на вршителот на должност премиер на Израел Ехуд Олмерт победи на вчерашните предвремени парламентарни избори со 21,8 отсто гласови, покажуваат прелиминарните резултати по преброените 99 проценти од гласачките ливчиња.

Кадима пред изборна победа во Израел

Вест - 29.03.2006

ЕРУСАЛИМ, 29 март (Ројтерс) - Израелците вчера гласаа на изборите кои се гледаат како референдум за иселување на неколку населби на Западниот Брег и проширување на други населби за да се утврдат финалните граници на Израел ако мировнот процес со Палестинците остане замрзнат.

Предвремени парламентарни избори во Израел

А1 - 28.03.2006

Кој ќе биде наследникот на Ариел Шарон, чија здравствена состојба и понатаму е критична откако западна во кома пред неколку месеци? Околу пет милиони Израелци гласаат на предвремените парламентарни избори, чиј исход би можел да ја смени политичката мапа во земјата.

Гулабите го зграпчуваат кормилото

Дневник - 28.03.2006

Последните анкети спроти денот на изборите на центристичката партија Кадима и даваа 34 од вкупно 120 места во парламентот Умерените партии со неискусни воени лидери се пред победа на парламентарните избори во Израел, како дијаметрална спротивност на ситуацијата кај Палестинците, на чие чело ...

Во Израел почнаа предвремените парламентарни избори

Канал5 - 28.03.2006

Во Израел утрово почнаа предвремени избори за новиот состав на Парламентот кој треба да преземе тешки решенија за иднината на еврејската држава и за нејзините граници. Ерусалим, 28 март (МИА) - Во Израел утрово почнаа предвремени избори за новиот состав на Парламентот кој треба да преземе тешки ...

Партијата на Шарон ќе ја задржи власта

Утрински - 28.03.2006

Кадима е речиси сигурен победник на парлементарните избори во Израел Партијата формирана од Ариел Шарон, која ветува поставување цврсти граници на Израел, сигурно ќе обезбеди 37 места што ќе биде добра основа за формирање стабилна коалиција: ЕРУСАЛИМ - Центристичката партија Кадима на Израел, која ...

Никој не преговара со Хамас

Дневник - 28.03.2006

Главните партии во Израел објавија дека нема да преговараат со милитантното движење Хамас, кое победи на изборите во палестинските области. Олмерт изјави дека ќе му даде на Хамас „разумно“ време за да се ...

Повлекувањето од окупираните подрачја главна изборна тема во Израел

Вест - 28.03.2006

Ерусалим, 28 март - Израелците денеска ќе излезат на предвремени избори, на кои од 31 партиски листи ќе изберат 120 пратеници на израелскиот парламент Кнесетот, а главно прашање на годинешните избори, сметаат Ерусалим, 28 март - Израелците денеска ќе излезат на предвремени избори, на кои од 31 ...