TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ДИК не прифати ниту еден приговор

А1 - 09.07.2006

Државната изборна комисија не прифати ниту еден од 45-те приговори поднесени од пет партии и коалиции, а се однесуваа на нерегуларностите при гласањето, како што се повреда на тајност, гласање во име на друго лице, полнење кутии. Биле неосновани.

Дик ги одби сите приговори

Канал5 - 09.07.2006

Нема да има прегласување на 212-те избирачки места –реши државната изборна комисија. Ги одби сите приговори на ДПА, ДУИ, ВМРО - ДПМНЕ, ДОМ и Социјалдемократската партија. Еве како помина гласањето за 23-те приговори на ДПА за како што тврдат прекршувањата на гласањето на 180 избирачки места Нема да ...

Поништено гласањето во Грчец

Макфакс - 09.07.2006

Скопје Поради инцидент поништено е прегласувањето на избирачкото место во селото Грчец со регистрирани 744 гласачи, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). “Гласањето е прекинато поради тензии на избирачкото место и нема услови да продолжи“, изјави попладнево за Макфакс портпаролот на ДИК Зоран ...

Прегласувањето заврши

Макфакс - 09.07.2006

Скопје Повтореното гласање на парламентарните избори заврши релативно мирно, со, засега, еден потврден инцидент и помали нерегуларности во дел од избирачките места на кои денеска се прегласуваше. Поради нерегуларности на денот на парламентарните избори од 5 јули, изборната процедура делумно се ...

“МОСТ“ и странски набљудувачи го следат прегласувањето

Макфакс - 09.07.2006

Скопје Прегласувањето на парламентарните избори го следат 29 набљудувачи од граѓанската асоцијација “МОСТ“ и приближно толку странски набљудувачи. За текот на гласањето на вкупно 29-те избирачки места во три изборни региони, “МОСТ“ распореди исто толку статични набљудувачи, но изборниот процес ...

МОСТ: Неправилности на девет избирачки места

Макфакс - 09.07.2006

Скопје Неправилности при гласањето граѓанската асоцијација Мост регистрираше на девет избирачки места, соопшти попладнево на прес-конференција, портпаролот на оваа организација. Според МОСТ, во тетовското село Џепчиште е регистрирано задоцнето отворање на гласачкото место, а во селото Грчец воопшто ...

ДИК:Излезност 36 отсто

Макфакс - 09.07.2006

Скопје Одзивот од повтореното гласање на парламентарните избори во Македонија до 17.00 часот изнесува 35,93 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Според истиот извор, два часа пред затворањето на избирачките места гласале 9,717 од вкупно регистрираните 27,036 избирачи во 29 избирачки ...

Прегласување на парламентарните избори

Макфакс - 09.07.2006

Скопје Гласањето за новиот собраниски состав се повторува денеска на 29 избирачки места поради нерегуларности на денот на парламентарните избори од 5 јули. Процедурата се повторува делумно во првиот, петтиот и во шестиот изборен регион, на избирачки места во осум општини, со регистрирани 27.036 ...

Првичната излезност на прегласувањето-10 отсто

Макфакс - 09.07.2006

Скопје Околу 10 отсто е излезноста до 10 часот на 29 избирачки места, каде денеска се прегласува поради нерегуларности на денот на парламентарните избори на 5 јули. Процедурата се повторува делумно во првиот, петтиот и во шестиот изборен регион, на избирачки места во осум општини, со регистрирани ...

МОСТ – Прегласувањето со нерегуларности

Макфакс - 09.07.2006

Скопје Семејно гласање, агитација и попречување на гласање, поради што едно избирачко место е затворено, забележале при денешното прегласување набљудувачите на “МОСТ“. На дел од вкупно 29 избирачки места што ги покрија набљудувачите на оваа граѓанска асоцијација регистрирани се и обиди за гласање ...

ДИК одлучува за приговорите

Макфакс - 09.07.2006

Скопје Државната изборна комисија (ДИК) денеска одлучува по сите 47 приговори што до неа пристигнаа во врска со парламентарните избори. Приговорите, поднесени од пет партии и коалиции, во најголем дел се однесуваат на нерегуларности при гласањето, како што се повреда на тајност, гласање во име на ...

Јордановски го оставил отворен датумот за свикување на Собранието

А1 - 08.07.2006

Актуелниот амбасадор во САД, Љупчо Јордановски пред да замине за Вашингтон потпишал решение за свикување на конститутивната седница на новиот собраниски состав, но датумот го оставил отворен. Оваа информација денес ја обелодени ВМРО ДПМНЕ, сметајќи дека со тоа се надминува дилемата како да се свика ...

Поднесени 46 приговори до ДИК

А1 - 08.07.2006

Државната изборна комисија ќе разгледува 46 приговори што до неа пристигнаа во врска со парламентарните избори во Македонија. Најмногу приговори до ДИК поднесе Демократска партија на Албанците - 23. ВМРО - ДПМНЕ поднесе 12, ДУИ - 9, а СДСМ и ДОМ по еден приговор.

До ДИК стигна само приговор од ДУИ

Дневник - 08.07.2006

ДПА најави дека до полноќ ќе ги поднесе приговорите за 22 општински изборни комисии и уште 188 приговори на избирачки места за нарушување на изборниот процес До вчера попладне само владејачката ДУИ доставила до Државната изборна комисија еден приговор за нарушување на изборниот процес, иако и ...

Полицијата бара скопјанка што двапати гласала во Кондово

Дневник - 08.07.2006

Основното јавно обвинителство во Тетово побарало од тетовската полиција да ги пронајде лицата кои на денот на гласањето ги избркале членовите на избирачкиот одбор од село Џепчиште и ги полнеле гласачките кутии. Од тетовската полиција е побарано да го најде и Бујар Исени од село Челопек, овластен ...

Четириесет и шест приговори до ДИК, најмногу од ДПА

Канал5 - 08.07.2006

Државната изборна комисија ќе расправа за 46 приговори. Половината, 23 се од ДПА. Се однесуваат на 180 избирачки места. Коалицијата на ВМРО - ДПМНЕ поднела 12 приговори за 12 избирачки места. ДУИ се жали за 9 прекршувања на изборниот процес во 20 места Државната изборна комисија ќе расправа за 46 ...

ДИК во недела ќе одлучува за 47 приговори

Макфакс - 08.07.2006

Скопје - Државната изборна комисија (ДИК) во рокот, до недела во 19.00 часот, ќе реши по 47 приговори, колку што до неа пристигнаа во врска со парламентарните избори. Приговорите во најголем дел се однесуваат на нерегуларности при гласањето, како што се повреда на тајност, гласање во име на друго ...

Набљудувачи од МОСТ и на прегласувањето

Макфакс - 08.07.2006

Скопје Набљудувачи од граѓанската асоцијација “МОСТ“ ќе го следат и повтореното гласање за парламентарните избори што в среда ќе се одржи на 29 избирачки места во земјава. Поединости во врска со бројот на набљудувачите, како и начинот за известување од текот на прегласувањето, граѓанската ...

Изборен молк пред прегласувањето

Макфакс - 08.07.2006

Скопје Изборен молк започна на полноќ пред повтореното гласање, в среда, на 29 избирачки места поради нерегуларности на денот на парламентарните избори од 5 јули. Гласањето ќе се повтори во осум општини, во првата, петтата и во шестата изборна единица, во кои се регистрирани 27.036 избирачи.

Поднесени 46 приговори до ДИК

Макфакс - 08.07.2006

Скопје Државната изборна комисија (ДИК) ќе разгледува 46 приговори што до неа пристигнаа во врска со парламентарните избори во Македонија. Најмногу приговори до ДИК поднесе Демократска партија на Албанците (ДПА) - 23. ВМРО - ДПМНЕ поднесе 12, Демократска унија за интеграција (ДУИ) - 9, а ...

Двајца штипјани во притвор, еден во бегство за дела против изборите

Дневник - 07.07.2006

Полициското обезбедување на избирачките места реагирало во 12 случаи, а четирите најтешки повреди се случиле во Тетовско Против тројца штипјани се поведени судски постапки и одреден им е притвор поради дела против изборите што ги извршиле завчера, на денот на гласањето, информираат во ...

Изборен молк на 18 и 19 јули

Макфакс - 07.07.2006

Скопје Советот за радиодифузија ги потсетува радиодифузерите дека на 18 и 19 јули 2006 година се денови на изборен молк поради прегласувањето на некои избирачки места. Молкот започнува на 18 јули во 00:00 часот, а завршува на 19 јули 2006 година во 19:00 часот.

МОСТ: Изборите минаа без посериозни инциденти

А1 - 06.07.2006

ВМРО-ДПМНЕ има 44 пратеници, СДСМ 32, ДПА 11, ДУИ-ПДП 18, НСДП 6, ВМРО-Народна 7, ДОМ 1, ПЕИ 1. Ова се најновите резултати што пред малку ги соопшти невладината организација МОСТ. МОСТ ги оцени изборите како стабилни и без посериозни инциденти.

Се помалку граѓани веруваат во политичарите

А1 - 06.07.2006

Се помалку граѓани веруваат во способноста на македонските политичари. Тоа го покажаа и овие избори. Само 56,15% оптимисти излегоа да гласаат. Ваквата бројка покажува тренд на намалување на заинтересираноста и кај Македонците и кај Албанците дека со својот глас можат нешто да сменат.

Партиите најмногу се жалеа на агитирањето

Време - 06.07.2006

КУМАНОВО, ЛИПКОВО И СТАРО НАГОРИЧАНЕ Главно мирно протекоа вчерашните парламентарни избори во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Во општината Куманово во претпладневните часови изборите минаа мирно, освен реакциите од страна на партиите, најмногу поради агитирањето на избирачките места.

Без поголеми прекршувања на избирачкото право

Време - 06.07.2006

КАКО СЕ ГЛАСАШЕ ВО ОХРИД И ВО СТРУГА Во мирна атмосфера со повеќе од 50 отсто одѕив на избирачите на еден час пред затворањето на гласачките кутии помина вчерашното гласање во охридско-струшкиот регион. Од општинскиот изборен штаб на СДСМ во Струга сметаат дека овие парламентарни избори се едни од ...

Ги менуваме царевите, не ни се сменува живеачката

Време - 06.07.2006

КУМАНОВСКО ПУКОВСКО НАЈГОЛЕМО ГЛАСАЧКО МЕСТО Боби Христов Низ се уште неасфалтираниот пат што води по угорница, месните жители на кумановската населба Пуковско се искачуваа кон селското училиште, каде што е сместено најголемото гласачко место во земјава со 1.705 гласачи.

Инциденти во Џепчиште и во Челопек

Време - 06.07.2006

ТЕТОВСКО Во Тетовско на денот на изборите се регистрирани два инциденти - едниот во Џепчиште, другиот во Челопек, при што гласањето било прекинато. Општинската изборна комисија од Тетово го прекинала гласањето во Џепчиште во 16 часот и 30 минути поради полнење кутии.

Промена

Време - 06.07.2006

ГЕОРГИ БАРБАРОВСКИ По една очекувано остра кампања и по еден невообичаено мирен изборен ден, Македонија исчекори скандинавски (доколку тој израз уште го има изворното значење и онака како што се толкува кај нас), а портокаловата енергија на коалицијата „За подобра Македонија“ ги преклопи ...

Во Челопек еден човек вметнал 150 гласачки ливчиња

Утрински - 06.07.2006

Прекинато гласањето во тетовското село Џепчиште откако две лица ги наполниле гласачките кутии ГОЈКО ЕФТОСКИ ТЕТОВО - Најголемиот инцидент во тетовскиот крај се случи во селото Челопек кое е во состав на Општина Брвеница. Едно лице, за кое во ДУИ тврдат дека е Синан Османи, насилно подигнало ...

Влезот во ЕУ - главен поттик за македонските гласачи

Утрински - 06.07.2006

Повеќето светски медиуми вчера објавија информации за петтите парламентарни избори во Македонија. Речиси во сите текстови на странските медиуми се потенцира дека овие избори се тест за натамошниот тек на интеграцијата на Македонија во Европската унија и НАТО.

„Мост“ агитирала

Дневник - 06.07.2006

Изборите во третата изборна единица поминаа мирно, со мали инциденти, оценија општинските изборни комисии и регионалните штабови на поголемите коалиции и партии. Во Берово, активисти на невладината организација „Мост“ пред избирачко место агитирале за владејачката коалиција.

Пресуден тест за македонската иднина

Дневник - 06.07.2006

Хрватската новинска агенција предвидува победа на ВМРО-ДПМНЕ, која нема да биде доволна самата да состави влада Повеќето светски медиуми вчера објавија обемни информации и анализи за петтите парламентарни избори во Македонија.

Прекинато гласањето во Челопек, Џепчиште и во Боговиње

Дневник - 06.07.2006

Вооружената триесетчлена група упаднала на избирачкото место 2073 во тетовското село Боговиње каде што насилно ја наполнила гласачката кутија. Се обиделе истото да го направат и во останатите две избирачки места во Основното училиште „Абдиљ Фрашери“, но полицајците успеале да ги спречат.

Со констатација за мирен изборен ден излегоа и МВР, јавниот обвинител и народниот правобранител

Канал5 - 06.07.2006

Мирен изборен ден без насилство и употреба на оружје е оценката на полицијата за вчерашното гласање на парламентарните избори . Полицијата како сериозни ги оцени само четирите интервенции во тетовско. Инциденти имало на по едно избирачко место Челопек, Теарце, Боговиње и Џепчиште Мирен изборен ден ...

Кривични пријави за три лица што ја дивееле на избирачко место

Макфакс - 06.07.2006

Скопје Против три лица од Тетово полицијата поднесе кривични пријави за сторено кривично дело „Повреда на тајноста на гласањето“, сторено на гласачко место во Г.Челопек. Како што соопшти полицијата, кривични пријави се поднесени против лицата И.Б(25), О.С(39) и Р.М(36), сите од Тетово.

Прекинато гласањето во Џепчиште и Брвеница

Вечер Прес - 06.07.2006

• Пред 7 часот на избирачките места во старото основно училиште во Сингелиќ, 2512 и 2513 фрлена е запалива материја која не предизвикала оштетување на гласачкиот материјал. Гласачкото место е отворено со еден час задоцнување.

ДИК: Одзивот до 17 часот изнесува 42%

А1 - 05.07.2006

Последните податоци во ДИК, кои беа соопштени на прес-конференција, се за одзивот на гласачите до 17 часот. Тој изнесува 42,61% од вкупно запишаните избирачи. Портпаролот на ДИК Зоран Таневски информира дека одзивот по изборни единици е: „Оценката на ДИК е дека се работи за фер и демократски избори ...

МОСТ: Забележани поситни инциденти, одзив 26%

А1 - 05.07.2006

Излезноста на изборите до 13 часот е 26,6%, соопшти граѓанската асоцијација „МОСТ“, известувајќи за неколку помали нерегуларности при гласањето. На избирачкото место 2576, општина Ѓорче Петров, помеѓу 12:30 и 13:00 часот, имало получасовен прекин на гласањето затоа што лице кое сакало да гласа, ...

Релативно мирен изборен ден

А1 - 05.07.2006

Се обиделе да гласаат со повеќе ливчиња кои не биле нивни. Други украле 100 ливчиња од купот. Интервенирала полицијата, ги спречила, но тие избегале. Тоа се два најсериозни инциденти денеска. Се случија во тетовско - во Челопек, во Џепчиште.

ДИК: Одзивот до 13 часот изнесува 25%

А1 - 05.07.2006

Според информациите добиени од ДИК до 13 часот гласале 345.551 избирач или 25,56% на ниво на цела држава. По изборни единици: ДИК има добиено податоци од 2.237 избирачки места или 75,17% од вкупниот број, на кои се запишани 1.352.168 избирачи.

Гласањето во Велес се одвива без проблеми

А1 - 05.07.2006

Почна гласањето во Велес, утрово сите 73 избирачки места беа навреме отворени. Нема проблеми при гласањето велат од општинската изборна комисија. Тоа се одвива нормално. „Гласањето се одвива во најдобар ред нема никакви примедби, си оди без никакви проблеми за сега се е добро“, изјави Љубомир ...

МОСТ информира за нерегуларностите и одзивот

А1 - 05.07.2006

3.500-те набљудувачи на граѓанската асоцијација МОСТ забележале и нерегуларности во неколку избирачки места во општина Теарце, во Џепчиште, во Боговиње, каде дошло до полнење на гласачките кутии од страна на неовластени лица кои потоа избегале.

Забележани помали неправилности

А1 - 05.07.2006

Инцидент во општината „Гази Баба“ на избирачкото место 2515 гласањето започна со задоцнување од еден час. Во училница во старото основно училиште, вчеравечер засега непознато лице фрлило запалива направа. Во училницата бил сместен избирачки материјал од четири избирачки места.

Мирно и без проблеми во шестата изборна единица

А1 - 05.07.2006

Мирно и без проблеми се одвива гласањето во тетовско. Според првичните информации од општинските изборни комисии сите избирачки места се отворени на време со комплетирани избирачки одбори. „Се е наместено, се е навремено отворено.

Бесплатно пријавување изборни неправилности на 080 080 080

Вест - 05.07.2006

Во текот на денешното гласање постојано ќе биде отворена бесплатна телефонска линија 080 080 080 на која граѓаните можат да пријавуваат евентуални изборни нерегуларности и да дадат други информации поврзани со изборниот процес.

Набљудувачите на „Мост“ на 70 отсто избирачки места

Време - 05.07.2006

НА ДЕНЕШНОТО ГЛАСАЊЕ Околу 3.500 домашни набљудувачи под знакот на граѓанската асоцијација „Мост“ ќе покријат околу 70 отсто од избирачките места во земјава. Асоцијацијата вчера соопшти дека нивните набљудувачи ќе бидат облечени во жолти маици, на кои на предната страна е напишано „МОСТ Мониторинг ...

Македонија избира нов парламент

Време - 05.07.2006

ДЕНЕСКА СЕ ОДРЖУВААТ ПЕТТИТЕ ИЗБОРИ ЗА ПРАТЕНИЦИ Александра М. Митевска Вкупно 1.741.449 избирачи на 2.976 избирачки места во земјава ќе можат да го дадат својот глас за 33 листи со 2.700 кандидати, кои се натпреваруваат за 120 пратенички места во петтиот состав на законодавниот дом.

Македонија денеска избира

Утрински - 05.07.2006

Битола вчера беше преплавена со флаери и памфлети со политичка пропагандна содржина Катица Чангова Граѓаните на Македонија денеска избираат пратеници за петтиот законодавен дом. Од народната волја зависи која партија, коалиција или група избирачи ќе добие мандат во наредните четири години да ...

„Мост" со 3.500 набљудувачи ќе покрие две третини од избирачките места

Утрински - 05.07.2006

„Мост" ќе ги следи парламентарните избори со 3.500 статични и мобилни тимови, а планира да покрие две третини од избирачките места. Граѓанската асоцијација во текот на денешниот ден ќе информира за одѕивот на гласачите во сите шест изборни единици, применувајќи ја програмата ПВТ - паралелно ...

Изборите ќе ги следат 4.997 набљудувачи

Дневник - 05.07.2006

Парламентарните избори ќе ги следат вкупно 4.997 набљудувачи од кои 4.498 се домашни . Изборите ќе ги набљудуваат 499 странски набљудувачи, а најбројни се од ОБСЕ ОДИХР со 354 набљудувачи. Централна изборна комисија од Косово ќе биде застапена со 19 набљудувачи, 26 се од Европскиот центар за ...

Граѓаните решаваат за иднината

Дневник - 05.07.2006

Вкупно 1.741.449 македонски државјани со право на глас денеска ќе може да гласаат на петтите парламентарни избори од осамостојувањето на Македонија Вкупно 1.741.449 македонски државјани со право на глас денеска ќе може да гласаат на петтите парламентарни избори од осамостојувањето на Македонија.

Полиција и на гласачките места

Дневник - 05.07.2006

Речиси сите полициски сили ќе бидат ангажирани на денот на изборите за да се спречат евентуални инциденти. Според новите изборни правила, полицијата одблиску треба да ги обезбедува објектите и просториите на сите 2.976 гласачки места, пребројувањето на гласовите и да го придружува носењето на ...

Заврши гласањето на парламентарните избори

Канал5 - 05.07.2006

Во 19 часот заврши гласањето на петтите парламентарни избори во Македонија. На 2.976 гласачки места од изутрината во 7 часот својот глас можеа да го дадат 1.741.449 избирачи. Избирачкото право по истекот на времето за гласање можат да го искористат само граѓаните кои се затекнале во избирачките ...

ДИК:До 13 часот одѕивот 25,56 проценти

Канал5 - 05.07.2006

Државната изборна комисија соопшти дека од добиените податоци во вкупно 2.237 избирачки места до 13 часот гласале 345.551 избирач или 25,56 отсто од граѓаните запишани во Единствениот избирачки список. Скопје, 5 јули (МИА) - Државната изборна комисија соопшти дека од добиените податоци во вкупно ...

Изборите во Велес почнаа навреме и без инциденти

Канал5 - 05.07.2006

Избирачките места во општините Велес, Градско и Чашка утринава беа отворени навреме и досега не е регистриран никаков проблем при гласањето, информираат од општинските изборни комисии во овие општини. Велес, 5 јули (МИА) - Избирачките места во општините Велес, Градско и Чашка утринава беа отворени ...

Изборите во Кичево почнаа навреме и без инциденти

Канал5 - 05.07.2006

Сите 35 избирачки места во Кичево, со запишани 25.884 гласачи, утрово се отворени навреме. Кичево, 5 јули (МИА) - Сите 35 избирачки места во Кичево, со запишани 25.884 гласачи, утрово се отворени навреме. Од општинската изборна комисија информираат дека гласањето всушност започнало вчера кога ...

Во кочанско гласањето се одвива нормално

Канал5 - 05.07.2006

Сите гласачки места во општина Кочани се отворени навреме, а гласањето се одвива нормално и без инциденти. Кочани, 5 јули (МИА) - Сите гласачки места во општина Кочани се отворени навреме, а гласањето се одвива нормално и без инциденти.

Во струмичко навреме отворени сите гласачки места

Канал5 - 05.07.2006

Во четирите општини од Струмичкиот регион точно во 7 часот беа отворени сите избирачки места. Веќе два часа граѓаните мирно и без никакви инциденти си го обавуваат своето демократско право, а оние граѓани кои немаат валидни лични документи можат да се обратат во МВР Струмица, каде што ќе се ...

МОСТ: На неколку избирачки места регистрирани неправилности

Канал5 - 05.07.2006

Според податоците на МОСР добиени од ПВГ програмата (парарелно пребројување на гласовите), одѕивот на гласачите со можна грешка од плус минус еден процент по изборни единици до 17 часот е: изборна единица еден 44,83 проценти, изборна единица два 38,86 проценти, изборна единица три 47,4 проценти, ...

Изборите во Тетово почнаа навреме и без инциденти

Канал5 - 05.07.2006

Сите избирачки места во Тетово се отворени навреме утрово во седум часот и досега нема никакви инциденти или пак нерегуларности, информираа од Општинската изборна комисија. Тетово, 5 јули (МИА) - Сите избирачки места во Тетово се отворени навреме утрово во седум часот и досега нема никакви ...

Во Општина Велес до 10 часот излезеноста е дванаесет отсто

Канал5 - 05.07.2006

До 10 часот во Општина Велес на гласање излегле 12 отсто од избирачите во 73 изборни места, покажуваат податоците на Општинската изборна комисија во Велес. Велес, 5 јули (МИА) - До 10 часот во Општина Велес на гласање излегле 12 отсто од избирачите во 73 изборни места, покажуваат податоците на ...

Инцидент во Скопје

Канал5 - 05.07.2006

Инцидент во општината Гази Баба. Рано наутро кога се проверувале гласачките списоци на изборното место 2515 некој се обидел да им подметне пиротехничко средства.Почнало да дими во просторија На два часа пред затворањето на гласачките места ,инцидент во Горче Петров го прекина гласањето половина час.

Изборите во Штип почнаа навреме

Канал5 - 05.07.2006

Претседателот на Општинската изборна комисија Штип Петар Пиков изјави дека навреме се отворени 69 гласачки места. Штип, 5 јули (МИА) - Претседателот на Општинската изборна комисија Штип Петар Пиков изјави дека навреме се отворени 69 гласачки места.

Парламентарни избори во Македонија

Канал5 - 05.07.2006

Во Македонија денеска се одржуваат петтите парламентарни избори. Право на глас имаат 1.741.449 избирачи на 2.976 гласачки места. Тие својот глас можат да го дадат за 33 кандидатски листи со 2.700 кандидати за 120 пратенички места во македонското Собрание.

ДОМ: Изборите со инциденти во рамките на дозволеното

Канал5 - 05.07.2006

ДОМ смета дека изборите поминале со поголем број инциденти и нарушувања на предизборниот молк за кои како што рече на денешната прес-конференција портпаролот на изборниот штаб Соња Лепиткова традиционално последна дознава ДИК.

Во прилепско гласањето без проблеми

Канал5 - 05.07.2006

Гласањето за петтите парламенатарни избори во Прилеп се одвива без проблеми, какви било забелешки и инциденти. Прилеп, 5 јули (МИА) - Гласањето за петтите парламенатарни избори во Прилеп се одвива без проблеми, какви било забелешки и инциденти.

Во Охрид и Струга навреме отворени сите гласачки места

Канал5 - 05.07.2006

Во Охрид утрово се навреме отворени сите 73 гласачки места. Во избирачкиот список се запишани 52.564 гласачи. Охрид, 5 јули (МИА) - Во Охрид утрово се навреме отворени сите 73 гласачки места. Во избирачкиот список се запишани 52.564 гласачи.

МОСТ: Неколку нерегуларности, претежно во западна Македонија

Макфакс - 05.07.2006

Скопје Неколку нерегуларности, претежно во западна Македонија, забележала граѓанската асоцијација МОСТ на два часа пред истекот на изборниот процес. Гласањето, како што беше соопштено на попладневната прес конференција е прекинато во гласачкото место број 2004, како и во општина Боговиње, каде е ...

МОСТ: Добра излезност - изолирани неправилности

Макфакс - 05.07.2006

Скопје Изолирани неправилности на гласачките места регистрирале набљудувачите на граѓанската асоцијација МОСТ во првите четири часа во избирачкиот процес. Според истиот извор, излезноста е помеѓу 12 отсто во првата и третата изборна единица и 8,7 отсто во шестата изборна единица.

ДИК; Излезност 10.21 отсто

Макфакс - 05.07.2006

Скопје Излезноста на парламентарните избори во Македонија до 10.00 часот изнесува 10,21 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Најголема излезност е регистрирана во третата изборна единица – 11.76 отсто, а најмала во шестата – 9,08 отсто.

Гласањето започна со чадна бомба

Макфакс - 05.07.2006

Скопје Чадна бомба е фрлена во едно избирачко место во скопската општина Гази Баба на кое гласањето поради инцидентот започна со задоцнување. Инцидентот, како што соопшти портпаролот на Државната изборна комисија Зоран Таневски, се случил во избирачкото место 2515.

ДИК: Излезност 25,6 отсто - нема нерегуларности

Макфакс - 05.07.2006

Скопје Излезноста на парламентарните избори во Македонија до 13.00 часот изнесува 25,56 проценти, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Податоците се добиени по обработени 75,1 проценти од вкупно 2.976 избирачки места на ниво на целата држава Според ДИК, излезноста на избирачите се движи од ...

Мирен старт на изборите во Куманово и Липково

Макфакс - 05.07.2006

Куманово Нема проблеми со стартувањето на изборите во Куманово, информираат од Општинската изборна комисија. Во 7 часот утрово сите 128 избирачки места се отворени, гласањето започнало без никакви проблеми, а право на глас во овој дел на земјата имаат 87.902 лица.

МВР - Нема поголеми нарушувања на изборите

Макфакс - 05.07.2006

Скопје Кражба на околу сто гласачки ливчиња и обид за полнење на гласачките ливчиња во тетовскиот регион, во селата Челопек, односно Џепчиште, се најсериозните инциденти на денешните избори, регистрирани од полицијата. Шефот на кабинетот на министерот за внатрешни, Горан Павловски, изјави за ...

Гласањето за парламентарните избори заврши мирно

Макфакс - 05.07.2006

Скопје Гласањето на парламентарни избори во Македонија заврши денеска во 19 часот, мирно и без инциденти во најголемиот дел од 2967 изборни места, со излезност која може да се движи околу 60 отсто. Граѓаните на Македонија избираат нов, петти состав на Собранието од воведувањето парламентарна ...

МОСТ: Излезноста 26,6 отсто - мали нерегуларности

Макфакс - 05.07.2006

Скопје Излезноста на изборите до 13.00 часот е 26,6 отсто, соопшти граѓанската асоцијација “МОСТ“ известувајќи за неколку помали нерегуларности при гласањето. Според МОСТ, излезноста и натаму е најголема во Првата изборна единица каде изнесува 29,88 проценти, а најмала во шестата - 24,1 проценти.

Парламентарни избори во Македонија

Макфакс - 05.07.2006

Скопје Граѓаните на Македонија денеска избираат нов петти состав на Собранието од воведувањето парламентарна демократија во 1990 година. За 120 пратенички места поднесени се 33 изборни листи на партии и коалиции со вкупно 2.620 кандидати Најмногу кандидати и изборни листи – 29.

ДИК: Одзивот до 17 часот 42 проценти

Макфакс - 05.07.2006

Скопје Одзивот на парламентарните избори до 17.00 часот изнесува 42,61 проценти, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Податоците се добиени по обработени 75,8 проценти, односно 2.256 избирачки места од вкупно 2.976 избирачки места во државата.

ДИК: Обработени околу 10 проценти од гласовите

Макфакс - 05.07.2006

Скопје Просечно 10 проценти обработени податоци од вкупните досега се пристигнати до Државната изборна комисија (ДИК), објавено е официјално. Според портпаролот на ДИК Зоран Таневски, во првата Изборната единица се пристигнати 9,56 проценти, во втората пет проценти, а во третата 11 проценти.

Прекинато гласањето на едно гласачко место во Тетовско

Макфакс - 05.07.2006

Тетово Околу 16.30 часот претставници на општинската изборна комисија го прекинале гласањето на избирачкото гласачко место 2004, поради „законски пропусти“. Од општинската изборна комисија, како што јави дописиникот на Макфакс од Тетово, најавија записник за причините, не сакајќи да го образложат ...

Без проблеми гласањето во охридско – струшкиот регион

Макфакс - 05.07.2006

Охрид Изборниот процес во охридско – струшкиот регион се одвива без проблеми и неправилности на гласачките места, соопштија општинските изборни комисии. Според општинската изборна комисија во Охрид, навреме се отворени сите гласачки места на кои избирачкото право можат да го остварат 52.564 граѓани ...

Изборите ќе ги набљудуваат 3.886 набљудувачи

А1 - 04.07.2006

Парламентарните избори во земјава ќе ги набљудуваат вкупно 3.886 набљудувачи. Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ги следи избори со 3.500 набљудувачи на 70% од избирачките места. Набљудувачите на МОСТ со препознатливите жолти маички ќе бидат статични на гласачките места.

Гледајте фудбал и мислете за кого ќе гласате

Утрински - 04.07.2006

Денеска е ден за одмор од кампањата која помина со многу повеќе навреди отколку програми Народот, конечно, здивна од политичарите и од притисокот на кампањата. Од синоќа на полноќ запреа изборните карвани, митинзите, собирите, говорите, пораките, сирените, песните, огнометите.

Утре Македонија избира

Дневник - 04.07.2006

Граѓаните на Република Македонија утре ќе решаваат на која партија или коалиција ќе и' го доверат мандатот да раководи со развојот на земјата во наредните четири години Граѓаните на Република Македонија утре ќе решаваат на која партија или коалиција ќе и' го доверат мандатот да раководи со развојот ...

Во Македонија утре петти парламентарни избори

Канал5 - 04.07.2006

Во Македонија утре ќе бидат одржани петтите парламентарни избори. Право да гласаат имаат 1.741.449 избирачи на 2.976 гласачки места. Тие својот глас можат да го дадат за 33 кандидатски листи со 2.700 кандидати за 120 пратенички места македонското Собрание.

Парламентарните избори под око на 6,685 набљудувачи

Канал5 - 04.07.2006

Парламентарните избори 2006 ќе се одвиваат под будното око на вкупно 6685 набљудувачи, од кои 493 странски. На ОДИХР при мисијата на ОБСЕ се 354. Во изборниот мониторинг ќе учествуваат и Амбасадите на САД, на Велика Британија и на Русија.

Искршен политички штаб за време на изборниот молк

Канал5 - 04.07.2006

Инциденти се случуваат и во време на изборниот молк. Штаб на политичка партија е демолиран во скопската населба Лисиче. Со камења се искршени прозорците на објектот. Инциденти се случуваат и во време на изборниот молк. Штаб на политичка партија е демолиран во скопската населба Лисиче.

ДИК донесе одлука да се прегласува во 29 избирачки места

Макфакс - 04.07.2006

Скопје Државната изборна комисија денеска донесе одлука да се прегласува во 29 места, по жалбите што ги прифати Врховниот суд. Станува збор за два мандата во шестата тетовска изборна единица и по еден во првиот скопски и петиот охридско-битолски изборен округ.

“Мост“ со детали за следење на изборите

Макфакс - 04.07.2006

Скопје Детали за начинот на кој граѓанската асоцијација “Мост“ ќе го следи текот на гласањето и ќе известува за изборите ќе бидат соопштени на конференција за новинари. Спроведувањето на “Парламентарните избори 2006“, асоцијацијата “Мост“ ќе го следи со 3.500 непартиски набљудувачи кои ќе покријат ...

„Мост“ подготвен за изборите – понуден бесплатен телефон за неправилности

Макфакс - 04.07.2006

Скопје Граѓаните кои ќе сакаат да пријават евентуални нерегуларности на утрешните парламентарни избори ќе може да се јават на бесплатниот телефонски број 080 080 080. Доколку пак не се сигурни каде може да го остварат своето право на глас, ќе имаат можност да проверат на интернет страната ...

Изборен молк –гласаат војници, затвореници...

Макфакс - 04.07.2006

Скопје Македонија од полноќ е во предизборен молк пред граѓаните в среда да гласаат и да го избираат петтиот состав на Собранието осамостојувањето на земјата. За 120 пратенички места поднесени се 33 изборни листи на партии и коалиции со вкупно 2.620 кандидати.

Вечерва на полноќ почнува изборниот молк

А1 - 03.07.2006

Молк. Вечерва на полноќ и официјално завршува кампањата. Дали таа имаше ефект? Последните анкети дадоа поразителни резултати, посебно за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Големи поместувања во однос на процентите нема. Кампањата за нив како да имаше и сосема спротивен ефект, ако се суди по зголемениот број ...

Готови избирачките ливчиња

Вест - 03.07.2006

Државната изборна комисија завчера од битолската печатница "Киро Дандаро" подигнала 1.741.439 гласачки ливчиња, колку што се заведени избирачи на изборните списоци, за парламентарните избори в среда. Ливчињата се печателе 10 работни дена, под силно обезбедување од МВР и надзор од претставници на ...

На полноќ почнува изборниот молк

Време - 03.07.2006

КАМПАЊАТА ПРИВРШУВА Вечерва точно на полноќ почнува молкот пред парламентарните избори што ќе се одржат в среда. Тогаш повеќе од 1,7 милион гласач ќе имаат можност да одлучат кој ќе биде пратеник во петтиот состав на законодавниот дом.

ДИК ќе ги објави резултатите најдоцна до полноќ

Утрински - 03.07.2006

ИНТЕРВЈУ: Јован Јосифовски Изјавите дека ДИК нема капацитет и авторитет се тенденциозни и недобронамерни КАТИЦА ЧАНГОВА Кога ќе ги соопштите првичните изборни резултати кои се однесуваат на освоените мандати. Ќе биде ли ДИК овој пат побрза од партиските штабови? - Овој состав на Државната изборна ...

Молк за партиите, избирачите се на потег

Дневник - 03.07.2006

Инцидентите, кои во првите денови се закануваа дека ќе ја нарушат регуларноста на изборите, стивнаа во финишот на кампањата Само уште денеска до полноќ кога завршува кампањата и настапува предизборен молк, политичките партии ќе можат да им ги испратат последните пораки на избирачите пред ...

На полноќ почнува предизборниот молк

Канал5 - 03.07.2006

На полноќ почнува 24 часовниот изборен молк во пресрет на парламентарните избори што треба да се одржат на 5 јули. Скопје, 29 јуни (МИА) - На полноќ почнува 24 часовниот изборен молк во пресрет на парламентарните избори што треба да се одржат на 5 јули.

Последен ден кампања, од полноќ предизборен молк

Макфакс - 03.07.2006

Скопје Последниот ден од изборната кампања во Македонија тече денеска, а од ноќеска на полноќ стапува во сила предизборниот молк. Кампањата за парламентарните избори што ќе се одржат в среда на 5.јули, официјално започна на 15 јуни, иако, неформално, партиите ја спроведуваа и пред тој датум.